велосипеди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 12:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велосипеди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен тинејџер кој крадел велосипеди во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-koj-kradel-velosipedi-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-koj-kradel-velosipedi-vo-skopje/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=894506

На 29.10.2023 во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-koj-kradel-velosipedi-vo-skopje/feed/ 0
Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=879027

Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети. И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице. Повеќе информации за јавниот повик и барањето кое треба да се пополни при аплицирање, може да се прочитаат на следниот линк: http://bit.ly/3NpZeeu. Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден - прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 Октомври, односно денот кога истекува јавниот повик. Чиста, зелена и европска општина со многу велосипеди и тротинети, како алтернативен начин за транспорт. На овој начин, Општина Аеродром промовира мобилност и поттикнува здрав живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/feed/ 0
Годишен раст на производството на велосипеди во ЕУ од 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-rast-na-proizvodstvoto-na-velosipedi-vo-eu-od-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-rast-na-proizvodstvoto-na-velosipedi-vo-eu-od-10-otsto/#respond Thu, 14 Sep 2023 10:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=877991

Во текот на минатата година во Европската Унија биле произведени 14,7 милиони велосипеди, што претставува раст од 10 проценти во споредба со 2021-та, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Според овие податоци, ланското производство на велосипеди во ЕУ во споредба со она во 2012 година е зголемено за 29 отсто. Најголем производител на велосипеди во Унијата во 2022 година била Португалија со произведени вкупно 2,7 милиони парчиња. По неа следуваат Романија со 2,6 милиони, Италија со 2,5 милиони, Германија со 1,7 и Полска со еден милиони произведени велосипеди. Како што посочува Евростат, возењето велосипед го поттикнува индивидуалното здравје и благосостојба и со потенцијална замена за користење на автомобили, придонесува за намалување на загадувањето на воздухот. - Тоа е еколошки и здравствено свесен начин на транспорт, се додава во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-rast-na-proizvodstvoto-na-velosipedi-vo-eu-od-10-otsto/feed/ 0
Ова кај нас нема да биде ни за 100 години: Погледнете како изгледа „шпицот“ во сообраќајот во Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-kaj-nas-nema-da-bide-ni-za-100-godini-poglednete-kako-izgleda-shpitsot-vo-soobrakajot-vo-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-kaj-nas-nema-da-bide-ni-za-100-godini-poglednete-kako-izgleda-shpitsot-vo-soobrakajot-vo-kopenhagen/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=876950

Нема подобар ден од понеделник за да дознаете како изгледа „шпицот“ во сообраќајот во другите светски градови. И додека кај нас сме навикнати на колони автомобили додека одиме накај работа или се враќаме дома, во Данска, поточно во Копенхаген тоа изгледа малку поинаку. Еден ТикТок корисник објавил видео од сообраќајниот „шпиц“ во Копенхаген на кое се гледа непрегледна колона од велосипедисти. Снимката е прегледана над 700 илјади пати, а во коментари тој објаснил дека е направена во август, околу 8:50 часот наутро.
@virtualwayfarer Danish rush hour isnt like other rush hours… #copenhagen #denmark #funny ♬ original sound - Alex
Велосипедизмот е длабоко вкоренет дел од данската култура Инаку, Данците веќе неколку години се на врвот на листата на најсреќни нации на светот, а многумина веруваат дека една од причините е тоа што практикуваат поинакви секојдневни рутини од остатокот од светот. Тие дневно во просек поминуваат 1,6 километри со велосипед, а велосипедизмот е длабоко вкоренет во данската културата. Претходните податоци покажуваат дека во Копенхаген има повеќе велосипеди отколку жители, а се пишуваше дека дури и данското кралско семејство ги придружува децата на училиште со велосипеди. Копенхаген е промовиран и како најдобар главен град во светот за велосипедисти. 49 отсто од сите патувања на работа или училиште во Копенхаген се извршуваат со велосипед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-kaj-nas-nema-da-bide-ni-za-100-godini-poglednete-kako-izgleda-shpitsot-vo-soobrakajot-vo-kopenhagen/feed/ 0
Општина Гази Баба доделува субвенции за купување на велосипеди https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-kupuvane-na-velosipedi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-kupuvane-na-velosipedi/#respond Mon, 24 Apr 2023 08:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=826829

Објавивме јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на велосипед за 2023 година, информира градоначалникот Бобан Стефковски. „Оваа мерка ја реализираме со цел да ги стимулираме граѓаните од нашата општина за користење на велосипеди. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед. Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат мерката и да аплицираат“ - посочи тој. Јавниот повик можете да го погледнете ТУКА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-kupuvane-na-velosipedi/feed/ 0
Вака Скопје никогаш нема да стане метропола (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vaka-skopje-nikogash-nema-da-stane-metropola-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vaka-skopje-nikogash-nema-da-stane-metropola-foto/#respond Wed, 22 Mar 2023 16:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=815117

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доби нова велосипедска патека, која веднаш беше „пренаменета“ во бесплатен паркинг од страна на возачите на автомобили. - Имајќи ги предвид досегашните искуства со постоечките вело ленти во градов (бул. Св. Климент Охридски, Центар, ул. Московска, Тафталиџе, ул. Борис Сарафов, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни столбчиња, овозможуваат косо паркирање возила на велосипедската лента, евидентно е дека надлежните не водат сметка за лошите/нефункционални пракси од минатото и истите ги повторуваат, реагираат од „НаТочак“. Од „НаТочак“ побараа реакција од надлежните служби за решавање на проблемот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vaka-skopje-nikogash-nema-da-stane-metropola-foto/feed/ 0
Норвешка ќе го отвори најдолгиот велосипедски тунел во Европа – погледнете како изгледа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/norveshka-ke-go-otvori-najdolgiot-velosipedski-tunel-vo-evropa-poglednete-kako-izgleda-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/norveshka-ke-go-otvori-najdolgiot-velosipedski-tunel-vo-evropa-poglednete-kako-izgleda-video/#respond Tue, 07 Mar 2023 12:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=809099

Норвешкиот град Берген се подготвува да го отвори најдолгиот наменски изграден тунел за пешаци и велосипеди во светот, јавува „Евроњуз“. На 15 април, тунелот долг 2.9 километри ќе биде отворен за јавноста со настани за трчање и велосипедизам. За да се помине низ тунелот, потребни се околу 10 минути со велосипед и 30 до 45 минути пешки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/norveshka-ke-go-otvori-najdolgiot-velosipedski-tunel-vo-evropa-poglednete-kako-izgleda-video/feed/ 0
Скопјанец украл два велосипеди, па ги продал- на крај биле вратени на сопствениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-ukral-dva-velosipedi-pa-gi-prodal-na-kraj-bile-vrateni-na-sopstvenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-ukral-dva-velosipedi-pa-gi-prodal-na-kraj-bile-vrateni-na-sopstvenitsite/#respond Tue, 21 Feb 2023 16:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=803276

На 20.02.2023 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека во периодот помеѓу 15 и 18.02.2023 на ул.„Рузвелтова“ одзел велосипед, сопственост на Ж.Т.М. од Скопје и дека ноќта помеѓу 10 и 11.07.2022 одзел велосипед на ул.„Методија Андонов Ченто“, сопственост на В.Т. од Скопје, по што ги продал на А.Н.(44) од Скопје. Во службен разговор во полициска станица Д.К. ги признал делата. Во полициска станица на службен разговор бил повикан и А.Н., а кај него биле пронајдени одземените велосипеди, кои биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-ukral-dva-velosipedi-pa-gi-prodal-na-kraj-bile-vrateni-na-sopstvenitsite/feed/ 0
За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prvpat-gradot-skopje-subvencionira-elektrichni-trotineti-i-velosipedi-za-mladi-lica-do-29-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prvpat-gradot-skopje-subvencionira-elektrichni-trotineti-i-velosipedi-za-mladi-lica-do-29-godini/#respond Wed, 31 Aug 2022 15:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=726822

Во насока на стимулирање на младите лица да користат алтернативен и еколошки начин за превоз, Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлуки за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди. Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје. Со првата одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на електрични тротинети за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со втората одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на велосипеди за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prvpat-gradot-skopje-subvencionira-elektrichni-trotineti-i-velosipedi-za-mladi-lica-do-29-godini/feed/ 0
Објавени повиците за субвенции за граѓаните за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaveni-povicite-za-subvencii-za-gragjanite-za-kupuvanje-velosipedi-i-elektrichni-trotineti-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaveni-povicite-za-subvencii-za-gragjanite-za-kupuvanje-velosipedi-i-elektrichni-trotineti-vo-2022-godina/#respond Fri, 26 Aug 2022 08:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=724217

Град Скопје денеска објави Јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година. Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk. Покрај информациите, граѓаните ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава која треба да се завери на нотар. Јавните повици и сите потребни документи сите заинтересирани можат да ги најдат и преземат на следниот линк – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ Јавните повици ќе траат заклучно со 01.11.2022 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303, како и на бројот 02/3207 548.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaveni-povicite-za-subvencii-za-gragjanite-za-kupuvanje-velosipedi-i-elektrichni-trotineti-vo-2022-godina/feed/ 0