велосипедска трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 16:36:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велосипедска трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца македонски претставници на престижна маунтинбајк трка во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/#respond Mon, 11 Apr 2022 16:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=661517

Дуња Иванова и Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се македонските претставници кои заедно со уште 34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови” ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка во Хрватска. Од 19 до 23 април, велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на „немилосрдните“ патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување. Етапната трка ,,4 Острови” за прв пат оваа година е под називот на серијата натпревари ,,Епик” кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/feed/ 0
ВНИМАВАЈТЕ: Денеска посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-deneska-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-centarot-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-deneska-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-centarot-na-skopje/#respond Sun, 03 Nov 2019 08:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=259438

Вториот велосипедски настан „Скопје на точак“ ќе се одржи денеска кај фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, со правец на движење кон ТЦ „Сити мол“. Покровител е Град Скопје, а организатор Сојузот на спортови на Скопје. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час, а учесниците ќе бидат предводени од полицијата и организаторот. Според програмата, од 11 до 12 часот се предвидува поделба на стартни броеви-лепенки за велосипед. Стартот на караванот е во 12:00 часот на булеварот „Илинден“, кај фонтаната „Лотос“, со правец на движење кон „Сити мол“. Учесниците ќе возат по улицата „Љубљанска“, булеварот „Партизански одреди“, се до зградата Тифани, по булеварот „ВМРО“, преку мостот „Гоце Делчев“ и по булеварот „Гоце Делчев“ се вози до Судска палата, каде се врти десно на булеварот „Крсте Мисирков“ и долж булеварите „Кочо Рацин“ и „Кирил и Методиј“. Се вози до крстосницата со булеварот „Климент Охридски“ каде се врти десно и се вози се до крстосницата со бул „Илинден“ каде се врти лево и се завршува пред фонтана „Лотос“ во Градски парк. Се предвидува караванот да заврши во 12:30 часот, а потоа ќе има лотарија и велосипедски дружења. Ќе биде воведен и посебен режим на сообраќај поради велосипедската трка. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по улиците каде ќе се одвива трката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vnimavajte-deneska-poseben-soobrakjaen-rezim-vo-centarot-na-skopje/feed/ 0
Велосипедски трки во општина Илинден, посебен режим на сообраќај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/velosipedski-trki-vo-opshtina-ilinden-poseben-rezim-na-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/velosipedski-trki-vo-opshtina-ilinden-poseben-rezim-na-soobrakjaj/#respond Sun, 22 Jul 2018 07:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=79560

По повод денот на општина Илинден, денеска во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што  ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки. Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“. Трасата, пак, на велосипедска трка за професионалци што  е закажана за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино,  Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“. Се очекува трката да заврши до 19:30 часот. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите на кои ќе се движат натпреварувачите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/velosipedski-trki-vo-opshtina-ilinden-poseben-rezim-na-soobrakjaj/feed/ 0