велс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jan 2023 06:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бејл би можел да добие улога во селекцијата на Велс https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-bi-mozhel-da-dobie-uloga-vo-selektsijata-na-vels/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-bi-mozhel-da-dobie-uloga-vo-selektsijata-na-vels/#respond Wed, 11 Jan 2023 06:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=785751

Селекторот на Велс, Роб Пејџ изјави дека Герет Бејл, кој најави дека се пензионира, сака да задржи одредена улога во националниот фудбалски тим. Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид во понеделникот објави дека ја завршува својата играчка кариера на 33 години.
„Кога имате некој со големина на Герет Бејл, со сето она што тој го направи за Велс и влијанието што може да го има дури и ако е само околу играчите во соблекувалната, тоа е нешто што треба да го искористам“, рече Пејџ. Тој е заинтересиран. Каква улога? Ќе разговараме за неколку недели“, додаде селекторот на Велс.
Бејл за репрезентацијата одигра 111 натпревари и постигна 34 гола, последниот на Светското првенство во Катар против селекцијата на САД. Пред тоа, Велшаните стигнаа до полуфиналето на Европското првенство во 2016 година, нивното прво големо натпреварување по 58 години. „Она што го направи е феноменално, не само од фудбалска гледна точка, туку и за земјата, бидејќи го врати Велс на светската фудбалска мапа“, рече Пејџ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-bi-mozhel-da-dobie-uloga-vo-selektsijata-na-vels/feed/ 0
ВИДЕО: Фудбалерите на Велс го завршија СП, но нивните жени станаа хит во медиумите поради лудите забави со алкохол во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-fudbalerite-na-vels-go-zavrshija-sp-no-nivnite-zeni-stanaa-hit-vo-mediumite-poradi-ludite-zabavi-so-alkohol-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-fudbalerite-na-vels-go-zavrshija-sp-no-nivnite-zeni-stanaa-hit-vo-mediumite-poradi-ludite-zabavi-so-alkohol-vo-katar/#respond Thu, 01 Dec 2022 08:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=769280

Фудбалерите на Велс не се снајдоа најдобро и го зазедоа последното место во групата Б на Светското првенство во Катар. Во Велс се враќаат и нивните сопруги кои станаа главна тема во светските медиуми бидејќи постојано пиеле и правеле забави на базен во Катар. На социјалните мрежи кружат видео клипови од лудите забави на поубавите половини на велшките фудбалери, па иако фудбалерите лошо поминаа, изгледа дека жените имале одлична забава. Покрај девојките и верениците, се посрамоти и сестрата на Хари Вилсон, Ен Вилсон, која пијана се обиде да  направи ѕвезда, но неславно падна.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-fudbalerite-na-vels-go-zavrshija-sp-no-nivnite-zeni-stanaa-hit-vo-mediumite-poradi-ludite-zabavi-so-alkohol-vo-katar/feed/ 0
Штрајк на вработените во брзата помош во Англија и Велс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-vrabotenite-vo-brzata-pomosh-vo-anglija-i-vels/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-vrabotenite-vo-brzata-pomosh-vo-anglija-i-vels/#respond Wed, 30 Nov 2022 17:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=769013

Повеќе од 10.000 вработени во службата за брза помош низ Англија и Велс одлучија да штрајкуваат поради спор околу платите и работните услови, соопшти денеска директоратот на синдикатот ГМБ. Британската Национална здравствена служба (НХС) се подготвува за бран штрајкови без преседан. Како што е најавено, околу 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат од 15 и 20 декември и тоа е прв ваков протест во 100-годишната историја на британските медицински синдикати. НХС, која обезбедува бесплатна здравствена заштита од 1948 година, се соочува со рекорден број пациенти на листи на чекање за болничко лекување и недостиг на стручен кадар поради пандемијата на Ковид-19. – Наш приоритет е безбедноста на пациентите за време на кој и да е штрајк. НХС ги проверуваше и тестираше плановите за намалување на нарушувањето на работата на здравствената служба и продолжување на функционирањето на итните медицински служби, изјави министерот за здравство и социјална заштита на Велика Британија, Стив Баркли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-vrabotenite-vo-brzata-pomosh-vo-anglija-i-vels/feed/ 0
Бејл: Ќе излеземе од соблекувалната со кренати глави, треба да сме горди што сме тука https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-kje-izlezeme-od-soblekuvalnata-so-krenati-glavi-treba-da-sme-gordi-shto-sme-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-kje-izlezeme-od-soblekuvalnata-so-krenati-glavi-treba-da-sme-gordi-shto-sme-tuka/#respond Wed, 30 Nov 2022 07:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=768646

Капитенот на Велс, Герет Бејл го коментираше поразот (0:3) од Англија синоќа на натпреварот од Светското првенство во 2022 година. – Беше тежок натпревар против многу добар тим. Разочарани сме од резултатот, но мора да разбереме дека изминавме долг пат за да го постигнеме ова. Треба да бидеме горди на себе што сме тука. Дадовме се, и сите ќе излеземе од соблекувалната со кренати глави и горди на постигнатото. Многу сме разочарани бидејќи би сакале да играме подобро, но реалноста е дека фудбалот е тежок. Мораме да научиме од ова искуство и да гледаме напред, изјави Бејл, цитиран од Би-би-си. Селекцијата на Велс на три натпревари освои еден бод и заврши на четвртото место во својата група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bejl-kje-izlezeme-od-soblekuvalnata-so-krenati-glavi-treba-da-sme-gordi-shto-sme-tuka/feed/ 0
СТАРТНИ СОСТАВИ: Саутгејт ги измеша картите со Фоден, Рашфорд, Вокер… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startni-sostavi-sautgejt-gi-izmesha-kartite-so-foden-rashford-voker/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startni-sostavi-sautgejt-gi-izmesha-kartite-so-foden-rashford-voker/#respond Tue, 29 Nov 2022 17:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=768434

Пред островското дерби на Светското првенство (СП) во Катар во рамки на третата рунда во групната фаза, работите речиси и да се јасни. Англија е фаворит за пласман во следната рунда, Велс добива осминафинале само со чудо. Селекторите Роб Пејџ и Герет Саутгејт веќе ги одредија стартните состави. Нема некои големи изненадувања во изборот на Велс и Англија, со тоа што во тимот на „Гордиот албион“ има неколку измени во однос на дуелот со САД: Велс: Ворд; Мифам, Родон, Дејвис; Вилијамс, Ампаду, Ремзи, Ален;Мур, Бејл, Џејмс Англија: Пикфорд; Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо; Рајс, Фоден, Белингем; Хендерсон, Кејн, Рашфорд Велшаните можат до нокаут-фаза во два случаја. Победа од 4-0 или повеќе над Англија, или минимална победа и реми на натпреварот меѓу Иран и САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startni-sostavi-sautgejt-gi-izmesha-kartite-so-foden-rashford-voker/feed/ 0
Си-ен-ен: Иранските власти испраќаат илјадници лажни навивачи на натпреварот со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=768184

Иранските власти испратија лажни навивачи на мечот со Велс, а на натпреварот со САД ќе ги има илјадници. За ова пишува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на извори од теренот. -За последниот натпревар против Велс, режимот испрати преку стотина лажни навивачи за да создаде лажно чувство на поддршка и наклонетост кај навивачите. Пред да игра со САД, режимот планира значително да го зголеми бројот на овие актери. Ќе ги има илјадници, стои во написот на Си-ен-ен. Исто така, беше објавено дека иранските репрезентативци биле повикани во Исламската револуционерна гарда откако одбиле да ја пеат националната химна. -На репрезентацијата и беа ветени подароци и автомобили пред натпреварот со Англија, но подоцна властите се свртеа кон закани. Тие напишаа и дека семејствата на играчите добиваат закани. Револуционерната гарда се грижи играчите да не се сретнат со странци. Репрезентацијата на Иран денеска ќе игра со САД во натпреварот од последното коло од групната фаза на Светското првенство во 2022 година. Почетокот е во 20 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/feed/ 0
Брутална тепачка меѓу Англичани и Велшани (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brutalna-tepachka-megju-anglichani-i-velshani-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brutalna-tepachka-megju-anglichani-i-velshani-video/#respond Sat, 26 Nov 2022 16:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=766988

Фудбалерите на Англија и Велс се наоѓаат во групата Б на Светското првенство (СП) во фудбал, а пред нивниот дуел во третото коло се случи тепачка меѓу навивачите на двете репрезентации. На социјалните мрежи се појави снимка, која наводно е направена во Тенерифе, каде што се степале фанови на Англија и Велс, а притоа се користеа столчиња и шишиња, но летаа и боксови на сите страни. Шпанските медиуми претходно објавија дека околу 2.500 навивачи од Островот го посетиле Тенерифе, откако не успеале да заминат за Катар. https://twitter.com/i/status/1596270948864659456

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brutalna-tepachka-megju-anglichani-i-velshani-video/feed/ 0
Прва победа на Иран https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prva-pobeda-na-iran/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prva-pobeda-na-iran/#respond Fri, 25 Nov 2022 12:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=766471

Во првиот натпревар од шестиот ден на Светското фудбалско првенство 2022, репрезентацијата на Иран го победи Велс со 2:0. Стрелци на головите беа Чесми и Резаин во судиското надополнување. Со овој натпревар започна второто коло на Мундијалот во Катар. Иран по два натпревара има три бода и шанси за пласман во осминафиналето, додека Велс остана на само еден бод и само со теоретски шанси да ја мине групата Б во која се уште и Англија и САД Денес на распоредот се уште три натпревари: Катар – Сенегал (14 часот) Холандија – Еквадор (17 часот) Англија – САД (20 часот).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prva-pobeda-na-iran/feed/ 0
САД и Велс одиграа нерешено, Бејл постигна гол од пенал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-i-vels-odigraa-neresheno-bejl-postigna-gol-od-penal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-i-vels-odigraa-neresheno-bejl-postigna-gol-od-penal/#respond Mon, 21 Nov 2022 21:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=764433

САД и Велс одиграа нерешено во својот прв натпревар на Светското првенство во Катар. На двете репрезентации им припадна по едно полувреме, а на крајот мечот заврши 1:1. Репрезентацијата на САД беше многу подобра во првиот дел, неколкупати сериозно се закани, а по една одлична акција во 36. минута, Пулишиќ асистираше до Веа кој погоди за водство од 1:0. Во 82. минута Герет Бејл постигна гол од пенал и го изедначи резултатот на 1:1. Со тој резултат заврши и натпреварот кој беше продолжен 10 минути согласно новите правила на ФИФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-i-vels-odigraa-neresheno-bejl-postigna-gol-od-penal/feed/ 0
Пејџ на клупата на Велс до 2026  https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pejdz-na-klupata-na-vels-do-2026/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pejdz-na-klupata-na-vels-do-2026/#respond Tue, 13 Sep 2022 17:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=732317

Досегашниот вршител на должноста селектор на Велс, Роб Пејџ, потпиша четиригодишен договор и ќе ја предводи репрезентацијата низ квалификациите за Светското првенство 2026, објави денеска Фудбалската федерација на Велс.  Пејџ (48) го презеде селекторското место од Рајан Гигс, кој ја напушти екипата по обвинение за семејно насилство за што следната година го очекува судски процес.  Под водство на Пејџ, репрезентацијата на Велс се пласираше во шеснаесетфиналето на Европското првенство лани, а обезбеди настап и на Мундијалот во Катар што за Велс ќе биде прво учество на мундијалите од 1958 година.  „Нема поголема чест да ја предводиш националната репрезентација и едвај го чекам предизвикот кои ќе го донесат следните четири години, почнувајќи со нашето прво ФИФА Светско првенство во последните 64 години“, изјави Пејџ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pejdz-na-klupata-na-vels-do-2026/feed/ 0