венчавки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 08:31:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венчавки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доналд Трамп повторно ѕвезда на туѓи венчавки – овие парови овој ден никогаш нема да го заборават, се појавил од никаде! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/donald-tramp-povtorno-zvezda-na-tugi-venchavki-ovie-parovi-ovoj-den-nikogash-nema-da-go-zaboravat-se-pojavil-od-nikade/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/donald-tramp-povtorno-zvezda-na-tugi-venchavki-ovie-parovi-ovoj-den-nikogash-nema-da-go-zaboravat-se-pojavil-od-nikade/#respond Wed, 05 Apr 2023 08:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=820400

Доналд Трамп неретко „сам се кани“ на свадбените свечености што се одржуваат на неговите голф-терени и во неговите луксузни хотели, па ги користи сите тие прилики и за политички говори... Овојпат се случи нешто слично, но сепак, различно, коментираат западните медиуми. Неговото пристигнување во Судот во Њујорк вчера по повод новите обвиненија околу секс-скандалите, привлече поголеми групи поддржувачи, новинари, како и љубопитни и случајни минувачи. Тоа, повторно, му даде „поинаков тек“ на денот на двојките кои беа присутни да ја озаконат својата врска во Матичната служба на Градот Њујорк од другата страна на улицата. - Не знаев дека тоа се случува токму таму, изјави Питер (30), кој дошол да се венча за својата избраничка Моник. - Тоа е смешно и нема да ни го уништи денот. Ова е наш ден!, се надоврза Моник. И друг пар - Џејсон и Доминик ја имаа својата венчавка, но ниту тие немаа ништо против ваков „медиумски циркус“. - Сигурно никогаш нема да го заборавиме ова, прокоментира Џејсон. - Тоа што Доналд Трамп е обвинет на денот на нашата венчавка нѐ прави уште посреќни, додаде неговиот избраник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/donald-tramp-povtorno-zvezda-na-tugi-venchavki-ovie-parovi-ovoj-den-nikogash-nema-da-go-zaboravat-se-pojavil-od-nikade/feed/ 0
Авиокомпанија нуди венчавки во лет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/#respond Fri, 06 Nov 2020 13:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=425861

Британската авиокомпанија „Ер чартер сервис“ отсега ќе нуди т.н. „венчавки на небото“, односно организирање свадба во авион. Компанијата нуди резервации за помали свечености во своите приватни авиони. Во услугата е вклучена храна и пијалак, како и превоз до дестинацијата за „меден месец“. Младиот брачен пар – можат да летаат сами, но и со одреден број гости. Цената се движи во просек околу 28.000 американски долари, а авионот може да прими 16 патници. Пакетот, исто така, вклучува лимузина со возач кој ја вози двојката до аеродромот. Натаму – шампањско, музика и цвеќиња за украсување на авионот. Има и поскромна опција која чини 18.000 американски долари, а вклучува свадба без гости. „Ер чартер сервис“ изведува околу 23.000 чартер-летови годишно и има претставништва на сите континенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-nudi-venchavki-vo-let/feed/ 0
Коронавирусот ги стопираше склучувањата на браковите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/#respond Mon, 13 Apr 2020 09:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=331316

Иако подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги работат непречено, коронавирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение. Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат процедурата да ја направат во иднина. Во тетовското подрачно одделение велат дека вработените одат на работа и од тој аспект нема пречки за потпишување во матичната книга на венчаните. Единствена рестрикција има за присуство на луѓе при одвивање на церемонијата. Дозволено е да има само пет лица внатре за да има доволно оддалеченост и да бидат присутни само двајцата кои склопуваат брак, двајца сведоци и матичарот. – Одделението работи без проблем. Согласно препораките и мерките на Владата, намален е капацитетот на вработените. Од друга страна, намален е интересот сега да се склучуваат браковите. Надвор од нашите службени простории воопшто нема склучување бракови бидејќи, нели, не работат угостителските објекти, а нема венчавки ни во верските објекти, во црквите, како што било практика досега. Има и откажувања на пријавите. Лично сметам дека бракот сега дојде време да се смета како луксуз поради атмосферата, така што сите сега ја одложуваат оваа работа, вели Нагип Назмиу, раководител на тетовското одделение на Управата за водење на матичните книги. Отец Марјанчо Мадевски од тетовската епархија објаснува дека кај православните верници додека трае велигденскиот пост (од 2 март до 19 април) согласно правилата на Македонската православна црква не се прават венчавки. Сепак, има барања од младоженците за одложувања и во периодот што следува. – Венчавки закажани пример за во мај се одложуваат. Младите се одлучуваат на тоа поради состојбата со коронавирусот, а воедно бидејќи не се знае дали ќе работат рестораните во тој период. Имаме примери кои презакажуваат од мај за неколку месеци понатаму, во август и септември, објаснува отец Марјанчо Мадевски. И угостителските објекти кои не смеаат да работат сега, се договораат со заинтересираните свадбени прослави да се прават во понатамошните периоди на годината. – Нема откажувања, туку презакажувања, со тоа што се договораме и презакажаниот термин повторно да се разгледа со оглед на тоа како ќе се одвива ситуацијата и мерките околу коронавирусот, објаснува Жарко Неделковски, сопственик на угостителски објект за свадби. Статистичките показатели во Управата секоја година укажуваат на опаѓање на бројката на склучени бракови и сега ја потврдуваат состојбата со негативниот тренд. На целокупното тетовско подрачје заедно со руралните одделенија во февруари лани се склучени 142 брака, додека во февруари 2020 има 108 брака. Во март 2019 имало 131 брак, додека во март 2020 само 82 брака. Во текот на 2019 во Тетовско вкупно имало склучено 1 224 брака. На годишно ниво за целата држава има 11 059 склучени бракови. Управата за водење на матичните книги има 178 месни канцеларии низ целата држава каде што може да се стави потпис за склучен брак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/feed/ 0
Барањата за венчавки во Вухан зголемени за 300 отсто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baranjata-za-venchavki-vo-vuhan-zgolemeni-za-300-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baranjata-za-venchavki-vo-vuhan-zgolemeni-za-300-otsto/#respond Thu, 09 Apr 2020 06:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=329493

Жителите на Вухан, кинескиот град откаде што почна ширењето на новиот коронавирус, полека се враќаат во нормала… А, паровите чиишто врски го преживеаја сѐ ова, сѐ почесто решаваат да прослават со – брак. Според официјални бројки, барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто последниов период. Властите на Вухан официјално ја отворија службата за венчавки минатиот петок. Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baranjata-za-venchavki-vo-vuhan-zgolemeni-za-300-otsto/feed/ 0