венеција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 06:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венеција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Венеција воведува дневни влезници за туристи, еве колку ќе чинат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venetsija-voveduva-dnevni-vleznitsi-za-turisti-eve-kolku-ke-chinat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venetsija-voveduva-dnevni-vleznitsi-za-turisti-eve-kolku-ke-chinat/#respond Thu, 07 Sep 2023 06:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=875520

Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание. -Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата на оние кои живеат, студираат и работат во Венеција и посетителите на градот. Ова не е потег за заработка на пари... Надоместокот ќе ги покрие само трошоците за водење на програмата. Точните датуми на планот и како ќе се реализира ќе бидат договорени по конечното одобрување во Градскиот совет, коешто се очекува следната седмица, изјави Симоне Вентурини, туристички советник на Градот Венеција. Надоместокот пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу туристи. Планот што се разгледува од 2019 година, беше одложен поради корона-пандемијата, а подоцна и од технички и процедурални причини.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venetsija-voveduva-dnevni-vleznitsi-za-turisti-eve-kolku-ke-chinat/feed/ 0
ФОТО: Зелена боја во каналите во Венеција, туристите во шок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zelena-boja-vo-kanalite-vo-venetsija-turistite-vo-shok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zelena-boja-vo-kanalite-vo-venetsija-turistite-vo-shok/#respond Tue, 30 May 2023 15:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=840528

Водата во Венецијанскиот Гранд Канал стана зелена во неделата поради тестирање на мрежата за отпадни води. Жителите на Венеција и туристите ги вознемири светло зелената боја на венецијанскиот канал. Полицијата ги истражуваше причините, а се шпекулираше дека може да се работи за диверзија од радикални екологисти. Се шпекулираше и дека зад сето тоа стојат еколошки активисти и борци за климатски промени. Промената на бојата на водата настанала поради излевање на супстанцијата флуоресцеин. Не е токсичен и се користи за тестирање на мрежата за отпадни води, објави Гардијан. Регионалната агенција навела дека во земените примероци на вода е пронајден флуоросцеин, а во анализираните примероци не е докажано присуство на токсични елементи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zelena-boja-vo-kanalite-vo-venetsija-turistite-vo-shok/feed/ 0
ВИДЕО: Каналите во Венеција останаа без вода, гондолите стојат, загриженоста од суша расте https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/#respond Tue, 21 Feb 2023 12:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=803138

Неделите на суви зимски временски услови ја зголемија загриженоста дека Италија е изложена на ризик од нова суша по алармантната состојба минатото лето, а научниците и еколошките здруженија велат дека главната причина е тоа што на Алпите има помалку од половина од нормалното количество снег. Венеција, каде што поплавите се голем проблем, сега се справува со невообичаено ниска плима што ги спречува гондолите, водните такси и амбулантите да пловат по каналите, пишува Гардијан. За проблемите во Венеција се обвинуваат комбинација од фактори, вклучувајќи недостаток на дожд, висок воздушен притисок, полна месечина и океански струи. Еколошката група Легамбиенте во понеделникот соопшти дека реките и езерата во Италија страдаат од сериозен недостиг на вода, а северните региони на земјата се особено загрозени. - Најдолгата италијанска река По, која тече од Алпите на северозапад сè до Јадранот, во овој период од годината има 61 отсто помалку вода од вообичаеното, велат податоците. Минатиот јули, Италија ја претрпе најголемата суша во последните 70 години и прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, кои сочинуваат околу една третина од земјоделското производство во земјата. - Вододефицитната состојба започна во зимата 2020/2021 година и оттогаш проблемот расте. Ни требаат 50 дена дожд за да ги надоместиме 500 мм во северозападните региони, изјави експертот за клима Масимилијано Паски од италијанскиот научно-истражувачки институт CNR. Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија падна на рекордно ниско ниво, што овозможува пеш да се стигне до малиот остров Сан Бјаџо. Антициклон доминира во времето во Западна Европа во изминатите 15 дена, носејќи благи температури кои вообичаено се забележуваат кон крајот на пролетта. Најновите временски прогнози го најавуваат доаѓањето на многу потребните врнежи и снег на Алпите во наредните денови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/feed/ 0
Ако патувате во овој град, ќе треба да платите влез https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovoj-grad-ke-treba-da-platite-vlez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovoj-grad-ke-treba-da-platite-vlez/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=793772

Посетете ја Венеција пред да почне да се наплаќа влез. Во првата половина на 2023 година, вклучително и периодот на познатиот венецијански карневал од 4 до 21 февруари, нема да треба да се плаќа за влез во градот. Властите за шест месеци ја одложија одлуката за наплата на влезници. Според претходно планираното, мерката требаше да стапи на сила во јануари. Но, премините не беа обезбедени навреме и затоа ќе почекаат. На дневно ниво ќе ограничуваат колку луѓе смеат да влезат. Многу места во светот го ограничуваат бројот на посетители за да не ги уништат знаменитостите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovoj-grad-ke-treba-da-platite-vlez/feed/ 0
УБАВА ВЕСТ ЗА ТУРИСТИТЕ: Венеција ја одложува одлуката за наплата на влез, еве до кога ќе биде бесплатно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubava-vest-za-turistite-venetsija-ja-odlozhuva-odlukata-za-naplata-na-vlez-eve-do-koga-ke-bide-besplatno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubava-vest-za-turistite-venetsija-ja-odlozhuva-odlukata-za-naplata-na-vlez-eve-do-koga-ke-bide-besplatno/#respond Fri, 27 Jan 2023 18:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=792999

Властите на Венеција ја одложија одлуката за наплата на билетите, која требаше да почне веќе овој месец, за шест месеци, „бидејќи навреме не биле обезбедени премините, што ќе го ограничи бројот на туристи кои можат да влезат во градот на дневно ниво". Овој туристички бисер е еден од најпосетуваните градови во светот со седум милиони туристи годишно, но неговите жители страдаат поради него. - Ова е првиот град во светот, единствениот град кој со наплата на влезници ќе се обиде да даде конкретен одговор на преголемиот број туристи во одредени периоди од годината - велат од Туристичката организација на Венеција. Цената на билетот ќе зависи од очекуваниот број на влезови, како и од денот во неделата, а ќе се движи од три до максимум десет евра со задолжителна резервација. Ова се однесува на влегување во самиот центар на градот, кој беше буквално опкружен со туристи. - Ни претстои голема работа да ги вратиме стаоседелците на плоштадот Свети Марко, бидејќи тие веќе не одат таму поради огромниот број туристи, а граѓаните мора да бидат присутни во својот град, да живеат во него - велат жители на Венеција. Надлежните ветуваат дека постепено ќе ги решаваат сите технички проблеми поврзани со плаќањето билети и пунктовите на кои ќе се идентификуваат посетителите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubava-vest-za-turistite-venetsija-ja-odlozhuva-odlukata-za-naplata-na-vlez-eve-do-koga-ke-bide-besplatno/feed/ 0
Венеција го одложи наплаќањето за влез во градот за туристите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-go-odlozi-naplakjanjeto-za-vlez-vo-gradot-za-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-go-odlozi-naplakjanjeto-za-vlez-vo-gradot-za-turistite/#respond Fri, 11 Nov 2022 20:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=759475

Венеција ги одложи плановите за воведување билети за посетители бидејќи градскиот совет сè уште целосно не го одобрил новиот процес на издавање билети, според портпаролот на градоначалникот Луиџи Бруњаро. Туристичките власти во јули истакнаа дека дневните посетители ќе треба да ја резервираат својата посета на градот преку Интернет од 16 јануари 2023 година и да платат помеѓу три и 10 евра за да влезат, во обид да го контролираат влезот во градот. Но, портпаролот на градоначалникот рече дека градскиот совет сè уште не ги одобрил потребните прописи, што значи дека датумот за почеток ќе треба да се одложи. Процесот ќе трае најмалку шест месеци, додаде тој. Планот, кој првпат беше откриен во 2019 година, првично беше одложен поради Ковид-19, што ги оддалечи туристите. Сепак, годинава има обновен прилив на туристи во Венеција, а бидејќи посетителите често се побројни од 50.000 жители на центарот на градот, поплавувајќи ги тесните улички, наплатата на дневни билети повторно е на агендата на градоначалникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-go-odlozi-naplakjanjeto-za-vlez-vo-gradot-za-turistite/feed/ 0
Продадени сите билети за светската премиерa на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/#respond Fri, 02 Sep 2022 06:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=727514

Светската премиера на најновиот филм на Теона С. Митевска – „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“. Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и продадени се сите карти за проекциите. – Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука, изјавија од продукцијата. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Агенцијата за филм е презадоволна од успехот на филмот досега и очекува успешен прием на филмот кај жирито и кај публиката. Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство. Овој филм ги размотува слоевите емоции полека носејќи го гледачот до точка на вртоглавица. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Северна Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. мд/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodadeni-site-bileti-za-svetskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-venecija/feed/ 0
Казнети туристи кои сурфале по Венеција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kazneti-turisti-koi-surfale-po-venecija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kazneti-turisti-koi-surfale-po-venecija/#respond Fri, 19 Aug 2022 06:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=720785

Откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на Венеција, вандализирале имоти и позирале полуголи, јавноста и надлежните лица се шокирани од тоа однесување. Сурферите биле снимени завчера, додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал. Тој пак, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција. Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата надмоќни идиоти го исмевале градот“. Тој, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите. На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател. Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недзволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја. Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата мажи се казнети и со по 1.500 евра. Потоа биле протерани од градот. Градските власти покренаа постапка и против сурферите поради напад кон угледот на Венеција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kazneti-turisti-koi-surfale-po-venecija/feed/ 0
Венеција воведува влезници за еднодневните посетители, еве колку ќе чинат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-vleznici-za-ednodnevnite-posetiteli-eve-kolku-kje-chinat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-vleznici-za-ednodnevnite-posetiteli-eve-kolku-kje-chinat/#respond Sat, 02 Jul 2022 09:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=698771

Поради регулирање на огромниот број туристи, посетителите од следната година ќе мора да купат билет за влез во Венеција. Одредбата ќе се применува од 16 јануари, а беше усвоена со цел да се контролира бројот на посетители, особено во текот на сезоната, изјави туристичката аналитичарка Симоне Вентурини. Локалното население долго време го критикува градот поради масовниот туризам, кој создава огромен метеж околу најпопуларните венецијански знаменитости и го отежнува движењето низ тесните улички на градот. Пред пандемијата, не беше невообичаено над 100.000 посетители дневно да го посетуваат градот. Градските власти сега сакаат да ги регулираат еднодневните патници и посетителите со крузери кои, во најголем дел, не придонесуваат многу за локалната економија. Жителите на провинцијата Венето, луѓето родени во Венеција и секој кој резервирал сместување во градот нема да треба да купуваат билет. Цената на билетите ќе варира до максимум 10 евра по лице, а оние кои ќе резервираат порано ќе плаќаат пониска цена. Посетителите пред да пристигнат ќе треба да резервираат билети преку Интернет, додека оние кои ќе влезат во градот без билет ќе платат казна од 50 до 100 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/venecija-voveduva-vleznici-za-ednodnevnite-posetiteli-eve-kolku-kje-chinat/feed/ 0
СТРУМИЦА ЛИ Е, ВЕНЕЦИЈА ЛИ Е: Големото невреме го стави градот под вода! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-li-e-venecija-li-e-golemoto-nevreme-go-stavi-gradot-pod-voda-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-li-e-venecija-li-e-golemoto-nevreme-go-stavi-gradot-pod-voda-foto-video/#respond Mon, 06 Jun 2022 17:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=687410

Македонија попладнево беше зафатено од силно невреме. Невремето предизвизвика големи штети во делови од Македонија, а таков случај е и со Струмица. Дека големо невреме ја зафатило Срумица сведочат и фотографиите на Курир, а поради неспособноста на власта и долгогодисното владеење на на една политичка партија направија да овој македонски град личи, како што викаат граѓаните на Венеција, односно поради невремето кое ја зафати државата, Струмица заврши под вода. Во продолжение фотографии и видео од Струмица: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-li-e-venecija-li-e-golemoto-nevreme-go-stavi-gradot-pod-voda-foto-video/feed/ 0