венецијанска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 10:42:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венецијанска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/#respond Thu, 10 Nov 2022 10:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=758499

Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски. – Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање. Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации. – Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски. Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок. – Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/feed/ 0
За власта нема ништо спорно Законот за здруженија да биде испратен во Венецијанската комисија, опозицијата бара негова итна примена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/#respond Thu, 10 Nov 2022 06:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=758292

Откако завчера шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија најави дека ќе и предложи на Владата да го испрати Законот за здруженија до Венецијанската комисија, за да даде оценка по забелешките од бугарските власти дека со него се прави директен удар врз бугарските здруженија во земјава, вчера премиерот Димитар Ковачевски со порака дека без разлика дали Законот ќе биде испратен или не на оценка таму, сите наши закони ќе минат низ филтерот на билатералниот скрининг со ЕУ. За министерот за правда Никола Тупанчевски испраќањето на Законот во Венецијанската комисија би претставувало превентива од евентуални несакани последици пред Европскиот суд за човеков права. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак, смета дека Законот треба што е можно поскоро да се применува. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи завчера во Софија на прес-конференција со неговиот бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ минатата недела ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Со измените на двата закона се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и националсоцијализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени. На законот реагираше Софија, со став дека тој е всушност против бугарските здруженија. Бугарското МНР минатата недела изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии. Според Министерството, измените имаат за цел „дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија“, бидејќи има „еднострано толкување на историските факти“. Ковачевски вчера порача дека измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали ќе оди или не во Венецијанска комисија, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања. Премиерот не очекува дека овој закон ќе претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани, што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва. – Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот. За министерот за правда Никола Тупанчевски испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции, кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права. Европската пракса, како што рече тој, покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување. -Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина, но тоа да биде пред донесувањето на законите, затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот, па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права, изјави Тупанчески. Мицкоски, пак, вчера, во врска со најавата на Османи рече дека Законот треба да почне да се применува. -ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, рече Мицкоски. Додаде дека ако власта не знае како да почне да го применува, да почне со бугарскиот клуб во Охрид. -Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Односно, на бидам попрецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна, рече Мицкоски. Според него министерот за надворешни работи Османи во последниот период континуирано работи против интересите на македонскиот народ, a дипломатијата ја сфаќа како задоволување на интересите на сите. -Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата, истакна Мицкоски. Шефот на дипломатијата, пак, завчера потенцира и дека институциите и министерствата за надворешни работи треба да ја предводат соработката меѓу двете земји и оти не смее да се дозволи некој друг да ја води надворешната политика и во неа да наложува друг дневен ред. Додаде дека културно-информативните центри во Скопје и Софија се вистинскиот начин на културна и општествена промоција, начинот на кој двете држави треба да комуницираат, да разменуваат култура и тоа да се прави во духот на добрососедството и пријателството. -Ова особено го сметам за важно, бидејќи изминатиот период се злоупотребуваат теми преку манипулации на чувстувата на граѓаните, се креираат непријатни настани,а крајната цел е да се киднапираат активностите на двете земји за унапредување на добрососедските односи. Тоа не е интерес ниту на Северна Македонија, ниту на Република Бугарија. Сакам да верувам дека заедно со Милков ќе сториме се за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други да ни ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, со дипломатите од министерствата да ја градиме европска иднина за сите наши граѓани, нагласи Османи и додаде дека двете држави се актуелни сојуници во НАТО, идни партнери во ЕУ и добри соседи. На прашањето дали ќе биде отворен македонски културен клуб во Благоевград, Османи повтори дека институциите и министерствата за надворешни работи треба да ја навигираат билатералната соработка и дека културно-информативните центри во Скопје и Софија се начините на кои треба да се зајакнува соработката меѓу двете земји. Тој додаде дека сепак граѓаните имаат право на здружување по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на пријателството, соработката и добрососедството. Ковачевски, пак, вчера во однос на Културниот центар во Благоевград, посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/feed/ 0
Муцунски: Не можеме да напредуваме непочитувајќи ја Венецијанската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ne-mozeme-da-napredduvame-nepochituvajkji-ja-venecijanskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ne-mozeme-da-napredduvame-nepochituvajkji-ja-venecijanskata-komisija/#respond Fri, 27 Mar 2020 19:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=323282

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, а во врска со евроинтеграциите и владеењето правото во вечерашната емисија „Еуро Фокус“ на Телма телевизија, истакна дека ние не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува кога имаме Јавно обвинителство што гледа ноторно нарушување на јавното здравје од лекар и одбива да постапува, како и тоа дека процесот за влез во ЕУ треба да биде деполитизан. -Не може да има напредок земја кадешто имаме Јавно обвинителство што гледа ноторно нарушување на јавното здравје од лекар и одбива да постапува, веројатно заради некои субјективни причини, вели Муцунски. Тој истакна исто така дека не можеме да одиме напред напред кога неколку месеци пред одржување на парламентарни избори се вршат партиски вработувања во јавниот сектор во ек на вонредна состојба. -Не можеме да бидеме земја којашто ќе напредува, а одбива да ги почитува препораките на Венецијанската комисија по многу значајни закони, каде во рамки на парламентаризмот не се почитува Деловникот за работа, не се почитува Уставот, не се почитува законот за влада, што значи дека ќе треба да почнеме да тргаме дневната политизација на страна и да речеме доста беше од злоупотребите на системот, жалам што тоа не го видов во последните три години, рече Муцунски. Муцунски предложи главниот преговарач за евроинтеграциите да биде аполитичен, експерт затоа што како што вели ако сакаме да го деполитизаме процесот за влез во ЕУ треба да почнеме од врвот на процесот, ако не завземаме погрешна траекторија која ќе го наруши подоцнежниот процес. Тој посочи дека имаме сериозни недостатоци во рамки на оној првиот кластер којшто ќе треба да отвори, како владеење на правото, реформата на јавната администрација, тука имаме фактички уназадувања, и тука ќе бидеме гледани низ објективна призма од страна на европските институции. -Затоа оној што треба да ја има нашата клучна улога во процесот за влез во ЕУ треба да биде некој за којшто ќе се согласиме дека е надполитичка личност. Ако немаме согласност за ова од старт правиме грешка и ќе бидеме повторно разочарани за политизација на процесот за евроинтеграции, вели Муцински во дискусија со вицепремиерот Бујар Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ne-mozeme-da-napredduvame-nepochituvajkji-ja-venecijanskata-komisija/feed/ 0
Колку е „квалитетно“ брифирана Антикорупциска за директниот конфликт на интереси на Дескоска за Венецијанската комисија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolku-e-kvalitetno-brifirana-antikorupciska-za-direktniot-konflikt-na-interesi-na-deskoska-za-venecijanskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolku-e-kvalitetno-brifirana-antikorupciska-za-direktniot-konflikt-na-interesi-na-deskoska-za-venecijanskata-komisija/#respond Sat, 15 Feb 2020 08:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=304290

Колку е „квалитетно“ брифирана Антикорупциската комисија во случајот со директниот конфликт на интереси на Дескоска да биде едновремено министер и член на Венецијанската комисија?
Зошто ДКСК при постапувањето по претставката го земала предвид само Статутот на Венецијанската комисија, но не и Процедуралните правила на комисијата (Rules of Procedure) кои се најважни  и прецизни правила на постапување и работа на Комисијата?
Да ги имаа предвид овие правила ќе видеа зошто Дескоска не смее да биде едновремено министер и член на Венецијанската комисија.
Во чл. 3а од Правилата насловен како Независност и непристрасност на членовите на Комисијата, во точка 1 прецизно е наведено дека „Членовите треба да делуваат на начин кој е, или кој се смета дека е независен, непристрасен и објективен во однос на секое прашање што е предмет на разгледување од страна на Комисијата.
Во точка 3, од чл. 3а понатаму стои дека „Членовите треба да го информираат претседателот преку секретарот на Комисијата за каков било потенцијален конфликт на интерес, односно каква било околност која би можела да влијае врз неговата/нејзината непристрасност и објективна проценка на кое било прашање кое го разгледува Комисијата, посебно, но не и ограничено во случај на извршување одредена обврска, во случај на одредени исплатени средства или доделени од влада.Во случај ако ваква точка се појави во дневниот ред на Комисијата претседателот на Комисијата, ако тој или таа смета дека станува збор за потенцијален конфликт на интерес, може да и укаже на Комисијата дека членот нема да учествува во гласањето по точката.
Дали ДКСК не знае што значи поимот НЕПРИСТРАСНОСТ?
Дали министерската функција е непристрасна во случајот со Дескоска или напротив, комплетно пристрасна и во секој момент зависна од политиките на Владата?
Како тоа според ДКСК вршење министерска функција нема конфликт на интереси во делот на непристрасноста кога се знае дека 90% од прашањата/законите што се испраќаат на мислење до Комисијата доаѓаат токму од ресорот правда каде министерува токму Дескоска?
Дали министерката кога ќе дојдат точки на дневен ред од нејзината влада постојано ќе се оградува од владините политики иако таа седи во владата, активно работи во неа и се јавува како предлагач на законите што ги испраќа на мислење до Венецијанската комисија?
Кој и зошто упорно ја манипулира јавноста со небулози и кој ќе одговара за неодговорноста на институциите?
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolku-e-kvalitetno-brifirana-antikorupciska-za-direktniot-konflikt-na-interesi-na-deskoska-za-venecijanskata-komisija/feed/ 0
СКАНДАЛ: Антикорупциска оцени дека кај Дескоска немало конфликт на интереси во самономинацијата за Венецијанска комисија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-antikorupciska-oceni-deka-kaj-deskoska-nemalo-konflikt-na-interesi-vo-samonominacijata-za-venecijanska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-antikorupciska-oceni-deka-kaj-deskoska-nemalo-konflikt-na-interesi-vo-samonominacijata-za-venecijanska-komisija/#respond Fri, 14 Feb 2020 14:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=304052

Нема судир на интереси во предлогот на владата министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија, утврдила Антикорупциската комисија по анализа на целокупната документација за предметот. Соопштенеито на ДКСК, од друга страна,  воопшто не соодветствува со реалниот проблем во случајот на Дескоска. Антикорупциска го пренебрегнува фактот што министерката сама се предложи за место што знае дека комисијата нема да го одбие, туку навлегува во тоа дали во Венецијанската комисија имало лица кои имале конфликт на интерес и ја примиле Дескоска?! „Според статутот на Венецијанската комисија, таа е составена од независни експерти, но она што е најважно во статутот е дека е предвидено дека членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата од каде што доаѓаат. Тие воопшто не учествуваат во расправата и гласањето поврзано со земјите кои ги претставуваат. На ваков начин сметаме дека Венецијанската комисија сама се има заштитено од судир на интереси,” велат од ДКСК. Експертите за Курир велат дека ова е класично извртување на случајот од страна на ДКСК. Во случајот на Дескоска таа самата се номинираше за позиција во Венецијанската комисија, свесна дека комисијата не избира дали ќе ја прифати или не националната номинација, туку само ја констатира националната номинација која доаѓа токму од министерството за правда. Венецијанска и верува на земјата дека изборот  на членот е добар, така функционирала и ќе функционира. Познавачите на состојбите, потегот на тогаш Заевата влада и дозволата Дескоска да се самономинира, свесна дека ќе стане член, го протолкува како  утешна награда и стимул за неа за да ја истера работата со контраверзниот Закон за ЈО, кој треба да го аменстира токму Зоран Заев. Како професорка таа не може да не биде свесна дека Законот е лош, потенцираат експертите, но со вакви „мали“ награди, може малку да замиже за истото. Други познавачи, пак, наградата со станувањето дел од Венецијанската комисија, ја протолкуваа како нејзина утешна предизборна награда за спас од владиниот брод кој очигледно тоне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-antikorupciska-oceni-deka-kaj-deskoska-nemalo-konflikt-na-interesi-vo-samonominacijata-za-venecijanska-komisija/feed/ 0
СДСМ и ДУИ обезбедија да не добиеме датум: Со законот за ЈО се погазуваат препораките на Венецијанска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-dui-obezbedija-da-ne-dobieme-datum-so-zakonot-za-jo-se-pogazuvaat-preporakite-na-venecijanska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-dui-obezbedija-da-ne-dobieme-datum-so-zakonot-za-jo-se-pogazuvaat-preporakite-na-venecijanska/#respond Tue, 11 Feb 2020 21:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=302632

Во третата којзнае каква верзија на предлог законот за јавно обвинителство, ДУИ преку ноќ си доби двојазичност и Бадинтер во сите обвинителства, а Македонија и прати порака на Венецијанската Комисија - кој ве врти што ни препорачувате, објавува Вечер.мк. Имено, ТВ21 од владини извори дознава дека имало дебата меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ за законот за јавно обвинителство, пред да биде усвоен од страна на владата и пред да биде испратена првичната верзија до Собранието. Интегративците имале неколку барања. Од страна на владејачката партија биле прифатени, но она што било договорено не било испратено до Собранието, па потоа го испратија. Претходно, владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ го имаат истиот притап и за Законот за двојазичност. Венецијанската комисија одговори НЕГАТИВНО. Венецијанската комисија во усвоеното мислење, ги повикува властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението, издадено по денешниот состанок во Венеција, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Венецијанската комисија, додека ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците, таа оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката. Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Комисијата понатаму забележува дека законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците. Венецијанската комисија дава неколку препораки до властите на Северна Македонија, особено за напуштање на одредбите што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки. Исто така, препорачува обврската да се користи албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација меѓу државните службеници, да се ограничи на писмените службени комуникации или да биде одложено додека не стане реално соодветното спроведување на таа одредба. Што се однесува до спроведувањето на паричните санкции, правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека треба да се одложат се додека не се измени законот за да се обезбеди доволно правна јасност, да се намалат износите на казните, како и да се воведе елементот на грешка и принципот на пропорционалност. Властите, исто така, се поканети да направат анализа за спроведувањето на законот од 2008 година и проценка за влијанието на новиот закон за јазици за буџетот и човечките ресурси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-i-dui-obezbedija-da-ne-dobieme-datum-so-zakonot-za-jo-se-pogazuvaat-preporakite-na-venecijanska/feed/ 0
Техничкиот Спасовски контра Венецијанска комисија: „Спроведувањето на Законот за јазиците е на добар пат“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/#respond Tue, 14 Jan 2020 23:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=289753

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги „утеши“ граѓаните, особено Македонците. Воедно, чуварот на Заевиот трoн, како што го нарекуваат во јавноста, застана целосно контра Венецијанската комисија која даде лоши оценки за овој преседан во светското законодавство. „Спроведувањето на Законот на јазиците е на добар пат“, изјави Спасовски. Оливер Спасовски, една година откако стапи во сила Законот за спроведување на јазиците, популарно наречен Закон за двојазичност, кој владата на СДСМ предводена од неговиот претходник Заев го протна со европско знаменце, сега смета дека неговото спроведување било на добар пат. Усвојувањето на законот, Спасовски го сметал за храбар чекор кон решавање на проблемите од минатото. За потсетување, Венецијанската комисија, најеминентното европско тело на ова поле, даде катастрофална оценка за овој контроверзен закон. Прашањето кое се поставува, велат познавачите на состојбите, е дали со непочитувањето на мислењето на Европјаните, кон кои и чија „демократија“ СДСМ декларативно се стреми, партијата на Заев всушност, целосно се демистифицира и покажува колку е неевропска и е домашно-пазарно ориентирана, се’ со и само со цел да остане на власт. https://youtu.be/_396VnLkIO8]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/feed/ 0
Вистината за скандалот со Дескоска: Владата лаже за начинот на кој се врши номинација за член на Венецијанската комисија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinata-za-skandalot-so-deskoska-vladata-laze-za-nachinot-na-koj-se-vrshi-nominacija-za-chlen-na-venecijanskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinata-za-skandalot-so-deskoska-vladata-laze-za-nachinot-na-koj-se-vrshi-nominacija-za-chlen-na-venecijanskata-komisija/#respond Fri, 27 Dec 2019 13:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=282968

Владата не е искрена во случајот со номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска. Правните експерти за Курир потврдија дека владата сурово калкулира со јавноста во врска со начинот на кој се врши изборот и прифаќањето на претставникот во ова високо тело. Вистината е поинаква од онаа лиферувана од Заевата Влада дека тие само номинираат, а Венецијанска го има последниот збор. Всушност, постапката е многу поинаква од прикаската на институцијата од „Илинденска“ бр.2. Правните експерти за Курир велат дека неспорен факт е дека членот на Венецијанската комисија секогаш се предлага од Министерството за правда, а го потврдува Владата на Македонија. Таквата одлука се праќа до Венецијанската комисија која само го почитува изборот направен од националната влада. Венецијанска не одобрува или враќа, туку го прифаќа понуденото решение, сметајќи дка тоа е право на државата. Тоа е принципот кој секогаш се почитува. Тоа значи дека воопшто не се точни информациите дека Владата врши само номинација, а дека Венецијанската комисија го потврдува членот на државата. Во случајов со министерката за правда, таа самата се предложила пред владата, а владата сигурно ќе ја потврди како член на Венецијанската комисија, чин кој претставува правен преседан и скандал од меѓународни размери кој може да влијае и на онака нарушениот имиџ на земјата. Се работи за почитувано тело и институција со огромен кредибилитет и светска репутација. Проблемот и прашањето е дали изборот, направен на ваков начин од самиот старт, го става под знак на прашање кредибилитет на претставникот од Макеоднија? Домашните експерти, пак, на овој чин гледааат како подготовка за во опозиција на Заевата Влада, која со овој чин можеби ја наградува професорката за министерувањето со образование и правда во овој мандат на Заев. Јавноста во последно време во повеќе наврати сведочеше на случаи со „вдомување“ на советници и членови од кабинетот на Заев. Последен беше случајот со Забрчанец, а претходно дел од премиерскиот кабинет се пресели во кабинетот на Пендаровски, кој има уште повеќе од четири години мандат како шеф на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinata-za-skandalot-so-deskoska-vladata-laze-za-nachinot-na-koj-se-vrshi-nominacija-za-chlen-na-venecijanskata-komisija/feed/ 0
Ахмети: Венецијанската комисија ја користевме за да се намалат тензиите и предрасудите кај македонските сограѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/#respond Thu, 12 Dec 2019 08:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=276432

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека Законот за употреба на јазиците бил испратен на мислење во Венецијанската комисија само заради намалување на тогашните актуелни тензии што се јавиле кај Македонците. Според претседателот на владиниот коалиционен партнер, законското решение и тогаш било договорено и никој немал проблеми со истото, односно немало потреба да се се оценува. -Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани, изјави вчера Ахмети. Инаку при испраќањето на овој закон во Венецијанската комисија од Владата истакнаа дека во Венеција треба да се провери параграфот од член 8 кој се однесува на униформите, парите и хартиите од вредност, а во меѓувреме комисијата издаде мислење дека неговата имплементација во правосудниот систем би можела да биде нефункционална. На ова реагираше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој останува на ставот дека институциите ќе направат се што е потребно за тој целосно да се имплементира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/feed/ 0
Каракамишева: Силни критики за Законот за јазици од Венецијанската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/#respond Fri, 06 Dec 2019 20:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=274477

Откако денес, на пленарна сесија, Венецијанската комисија и официјално го усвои мислењето за Законот за јазиците јавноста треба да ги знае клучните забелешки што Комисијата ги напиша во врска со законот, и кои останаа непроменети и покрај притисоците на Владата истите да не бидат наведени во овој формат, анализира професорката Тања Каракамишева. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:  1. Нотирана е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Во мислењето е наведено дека Комисијата за европски прашања во Собранието на Македонија и покрај предложените околу 80 амандмани од страна на опозицијата одлучи да дискутира по само неколку од нив. Во мислењето е нотирано и отсуството на инклузивна и неопходна јавна расправа за законот кој е од широк јавен интерес. Нотирано е дека гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста. 2. Комисијата констатира дека законот за јазиците не може да се смета за „некомплексен или за „не-екстензивен“ со оглед на фактот дека регулира област која фактички се однесува на целото општество. Венецијанската комисија смета дека законот за јазиците влегува во категоријата на закони од широк јавен интерес поради што смета дека јавна расправа треба да биде организирана во согласност со Деловникот за работа на Собранието. Целата анализа погледнете ја на нејзиниот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/feed/ 0