венецуелска амабасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 May 2019 14:17:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венецуелска амабасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата започна со иселување на антивоените активисти од Венецуелската амбасада во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-zapochna-so-iseluvanje-na-antivoenite-aktivisti-od-venecuelskata-ambasada-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-zapochna-so-iseluvanje-na-antivoenite-aktivisti-od-venecuelskata-ambasada-vo-vashington/#respond Tue, 14 May 2019 14:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=197817

Безбедносните служби во Вашингтон по барање на новоименуваниот амбасадор на Венецуела во САД, Карлос Векио, денеска започнаа со иселување на активистите и демонстрантите кои ја запоседнаа напуштената Венецуелска амбасада, јави Си-Ен-Ен. Полицијата започна со акција на бркање на активистите од објектот, што го запоседнаа пред еден месец. Тие се дојдени во Амбасадата со лични предмети, како четки за заби и таму живеат и преспиваат на каучите или на воздушни душеци. Помеѓу нив има и членки на организацијата „Коуд пинк“, меѓународно движење за мир и социјална правда. Вработените во Венецуелската амбасада го напуштија објектот откако Хуан Гауидо, лидер на венецуелската опозиција, кој многу западни земји го признаваат за привремен претседател на Венецуела, започна масовни протести во земјата против власта на претседателот Николас Мадуро. Демонстрантите порачаа дека нема да заминат се додека во објектот не се вратат избеганите дипломати на актуелниот претседател Мадуро. Антивоените активисти го зазедоа објектот со дозвола на дипломатите, со цел да се спречи зградата на Амбасадата да ја преземат да го сторат поддржувачите на Гуаидо, бидејќи „тоа би ги засилило тензиите во односите помеѓу САД и Венецуела, што може да доведе до ескалација и воена интервенција“. За Владата на Мадуро акцијата на полицијата е „нарушување на меѓународното право и запоседнување на суверена територија на Венецуела“. Американскиот Стејт департмент во соопштение за јавноста синоќа укажа дека позицијата на САД е дека за амбасадата е надлежна „легалната власт на Гуаидо“, повикувајќи ги „преостанатите неавторизирани лица да ја напуштат зградата, а сите идни протести да ги спроведуваат на мирен и законски начин“. Во соопштението се додава дека Векио, амбасадорот на Венецуела во САД именуван од Гуаидо, побарал помош од САД за да влезе во Амбасадата. Пред Амбасадата на Венецуела во Вашингтон во моментов има распоредено полициски сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-zapochna-so-iseluvanje-na-antivoenite-aktivisti-od-venecuelskata-ambasada-vo-vashington/feed/ 0