венко андоновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 05:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венко андоновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Европската ноќ на литературата во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-veshtitsa-od-venko-andonovski-na-evropskata-nok-na-literaturata-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-veshtitsa-od-venko-andonovski-na-evropskata-nok-na-literaturata-vo-sofija/#respond Wed, 27 Sep 2023 05:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=882073

Во Софија вечер ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Софија. Од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија информираат дека на настанот кој ќе се одвива во централниот дел во Софија ќе бидат претставени најново преведени книги на автори од различни европски земји, а секој културен центар или амбасада ќе промовира своја книга од избран автор. За оваа пригода КИЦ на РСМ во Софија, со помошта на актерот Игор Дамјанов, ќе ја претстави книгата „Вештица“ од Венко Андоновски во Централното фоаје на Националниот студентски дом во Софија. -Настанот има за цел да ја популаризира добрата европска литература преку литературни читања на различни и неоддалечени места, во таканаречените „читателски гнезда“, во кои познати личности читаат еден ист дел од книга на секои 30 минути - од 18:00 до 21:30 часот. Публиката има можност да ги менува местата каде се читаат делови од различна литература и да се запознае со современото творештво на различни европски автори, се додава во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knigata-veshtitsa-od-venko-andonovski-na-evropskata-nok-na-literaturata-vo-sofija/feed/ 0
Награда „Стале Попов“ за романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-stale-popov-za-romanot-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-stale-popov-za-romanot-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=795714

Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1975 година. Претседателката на комисијата, Александра Јуруковска, на денешната прес-конференција информираше дека на конкурсот за оваа награда пристигнале осумнаесет дела од исто толку автори. Членови на комисијата се Милован Стефановски и Весна Дамчевска Илиевска. Како што рече, по внимателното исчитување на книгите и по неколкуте одржани состаноци, комисијата едногласно ја донесе одлуката наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2022 година да му ја додели на романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Според образложението, станува збор за слоевито, комплексно дело, кое пред читателот открива неколку светови и мноштво силни пораки. - Андоновски многу свесно, прецизно и луцидно си поигрува со времето и просторот, со временскиот дисконтинуитет, но и со една од вечните човекови опсесии – бесмртноста. Трите главни приказни се одвиваат во три периоди, со (не)случајни синхроницитети меѓу нив и низ неколку клучни теми: верност, вечност, туѓиот грев и сопствената безгрешност. Играта со постоењето во повеќе времиња истовремено (или во повеќе паралелни вселени) е поткрепена со динамичната нарација, во која нема коинциденција, а истовремено има мноштво метатекстуални забелешки сведени под дилемата - дали нарацијата ни е дадена за да сфатиме дека во исто време сè е и сегашност и минато и иднина? Романот отвора и силни прашања за семиотиката како демонологија, за губењето на невиноста на јазикот и писмото низ пишувањето и говорењето, се вели меѓу другото во образложението на комисијата. Како што се наведува во образложението, „Папокот на светлината“ е возбудливо одгатнување неколкукратно кодирани кодови, отворен дијалог со дела важни за книжевниците, филозофите и теоретичарите, но и со теми важни за читателот без кој не би постоеле ниту текстот, ниту маргините, ниту книгата“ - стои во образложението на комисијата. Авторот Венко Андоновски во своето видеообраќање на денешната прес-конференција се заблагодари за признанието и истакна дека со оваа награда го заокружува својот романескен опус. - Прв пат оваа награда ја освоив со „Папокот на светот“ пред цели 20 години, потоа, по десет години со „Ќерката на математичарот“, а по десет години со „Папокот на светлината“. Оваа награда ми доаѓа како некој циклус на десет години, а така доаѓаат и моите романи. Кон Стале Попов негувам исклучителна творечка почит и го сметам за еден од канонските автори на нашиот, македонскиот роман. За „Папокот на светлината“ немам што многу да кажам, тоа е дело кое го пишував буквално како да дишам. Во него ме има многу мене, го има Јан Лудвиг од пред 20 години, но сега веќе созреан во една сосема друга атмосфера и во него се наоѓа севкупното мое животно искуство преточено низ устите на ликовите. Тука е акумулирана и добра литература од морален тип, од знаењето на светите отци, посочи Андоновски. Традиционалното врачување на наградите за најдобрите остварувања е на 13 февруари, на денот на Друштвото на писателите на Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-stale-popov-za-romanot-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski/feed/ 0
Новиот роман на Венко Андоновски вечерва пред публиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/noviot-roman-na-venko-andonovski-vecherva-pred-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/noviot-roman-na-venko-andonovski-vecherva-pred-publikata/#respond Thu, 01 Dec 2022 09:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=769343

Вечерва со почеток од 19 часот, во кино „Милениум“, ќе се случи промоција на новата книга на едно од најголемите имиња на македонската книжевна сцена, Венко Андоновски – „Папокот на светлината“. Дваесет и две години од објавувањето на најнаградуваниот македонски роман „Папокот на светот“ и десет од последниот „Ќерката на математичарот“, Венко Андоновски блеснува со нов, мајсторски напишан роман кој има моќ да го промени поредокот. Од ТРИ најавуваат голем настан со многу интересни говорници – промоцијата ќе ја отвори проф. Весна Мојсова-Чепишевска која ќе зборува за творештвото на Венко Андоновски, а потоа сцената ќе ја преземе авторското трио – Винка Саздова, Игор Џамбазов и Венко Андоновски. Вратите се отворени за сите читатели – за сите кои низ годините уживаа во зборовите, приказните, филозофијата на Венко Андоновски и сите кои сакаат да го најдат патот до новиот продуховен свет. Не пропуштајте го овој книжевен настан на годината и уживајте во најдоброто од македонската книжевност!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/noviot-roman-na-venko-andonovski-vecherva-pred-publikata/feed/ 0
„Папокот на светлината“ – нов роман на Венко Андоновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/papokot-na-svetlinata-nov-roman-na-venko-andonovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/papokot-na-svetlinata-nov-roman-na-venko-andonovski/#respond Fri, 25 Nov 2022 11:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=766431

Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“. Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“. Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“. -Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот, велат од  „ТРИ“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/papokot-na-svetlinata-nov-roman-na-venko-andonovski/feed/ 0
Раскол во СДСМ: Петар Атанасов и Венко Андоновски со поддршка за Максим Димитриевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-sdsm-petar-atanasov-i-venko-andonovski-so-poddrshka-za-maksim-dimitrievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-sdsm-petar-atanasov-i-venko-andonovski-so-poddrshka-za-maksim-dimitrievski/#respond Mon, 13 Sep 2021 11:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=562994

Расколот во СДСМ не престанува. Откако Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура за градоначалник на Куманово  почнаа „препукувањата“ со лидерот на неговата матична партија. Македонскиот писател, есеист и критичар Венко Андоновски испрати писмо со поддршка за кандидатурата за градоначалник на независниот кандидат и актуелен „татко“ на општина Куманово Максим Димитриевски. Оваа вест дека Македонскиот писател Венко Андоновски го поддржува Димитриевски на својот Фесјбук профил ја сподели Петар Атанасов, актуелен заменик министер за образование кој исто така доаѓа од СДСМ кој напиша:
„Конечно нешто здраво... за суштината на еден конфликт“
Со ова повеќе од јасно е дека партијата СДСМ се разделува, односно нејзини членови и актуелни функционери се одделуваат од актуелното владеење на Зоран Заев. Да потсетиме, Максим Димитриевски изминатиов период изјаци дека СДСМ е „киднапирана“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-sdsm-petar-atanasov-i-venko-andonovski-so-poddrshka-za-maksim-dimitrievski/feed/ 0
Среќен роденден Венко Андоновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srekjen-rodenden-venko-andonovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srekjen-rodenden-venko-andonovski/#respond Sun, 30 May 2021 09:10:15 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516763

Maкедонскиот писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар, Венко Андоновски е роден на денешен ден во 1964 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Негови најпознати дела се:„ Нежното срце на варварот“, „Квартот на лиричарите“, „Фрески и гротески“, „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“, „Адска машина“, „Бунт во домот за старци“, „Црни куклички“, „Текстовни процеси“, „Структура на македонскиот реалистичен роман“,„Ќерката на математичарот“ и други. За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на бројни награди, меѓу кои: „Рациново признание“, наградата на “Утрински весник” за роман на годината, наградата „Балканика“, „Стале Попов“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srekjen-rodenden-venko-andonovski/feed/ 0
Венко со порака до Пендаровски и Заев: На јазикот можат да му пресудат административци кои плукале во мајчиното млеко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-so-poraka-do-pendarovski-i-zaev-na-jazikot-mozat-da-mu-presudat-administrativci-koi-plukale-vo-majchinoto-mleko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-so-poraka-do-pendarovski-i-zaev-na-jazikot-mozat-da-mu-presudat-administrativci-koi-plukale-vo-majchinoto-mleko/#respond Tue, 05 May 2020 14:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=341998

Македонскиот писател и книжевен теоретичар, Венко Андоновски во интервју за „Фокус“ говореше за состојбите во кои се наоѓа нашиот јазик, по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик и денот кога во 1945 година Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, Како што истакна тој, никој од надвор не може да му наштети на нашиот јазик, затоа што како што вели, јазикот е мајчино млеко. „Македонскиот јазик се наоѓа во одлична состојба во книгите на писателите, во многу добра до добра состојба кај народот, во доволна состојба по медиумите, во доволна до недоволна состојба кај политичарите, бизнисмените и другите општествени личности. Но, јазикот не е само граматика и правопис. Јазикот е и способност да се мисли светот, во духот на еден јазик, култура и народ. Во таа смисла, нашиот јазик се повеќе, наместо за мислење и изразување автентични чувства, се претвора во алатка за навреда, клевета и дискредитација на различниот. Таа состојба на „филозофијата“ на еден јазик, наспроти граматичката е многу поважна за „здравјето“ на еден јазик. За жал, таа е незадоволителна. И конечно: во таа филозофија се повеќе доминира китењето со туѓо перје – таканаречените интернационализми и посебно англицизми. За среќа, главно се однесуваат на техниката и сочинуваат технички вокабулар“, ни порача Андоновски. Писателот додава дека јазикот ќе исчезне само кога ќе исчезне и последниот говорник на тој јазик. „Никој однадвор не може да му наштети на еден јазик, посебно на таков во кој се родиле и се развивале еден Конески, Чинго, Петре Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски. Јазикот е место на нашето второ раѓање, по она во акушерската клиника. Тој е и мајчино млеко. На јазикот можат да му пресудат само АДМИНИСТРАТИВНО луѓе одвнатре, кои плукнале на мајчиното млеко. Никој однадвор не може. И да се укине со закон еден јазик, останува националната и духовна меморија складирана во секој збор, во секој пишан или запомнет текст на тој јазик. Тоа не треба да не загрижува: јазикот исчезнува дури кога ќе го снема последниот говорник на тој јазик. Се друго може да исчезне и преку ноќ“, додава писателот. Андоновски ни посочи и со кои алатки би можел да се сочува и негува нашиот македонски јазик. „Со љубов и секојдневно практикување на тој јазик, со тестирање на можностите на тој јазик, со развивање на неговата чувственост и капацитети за изразување на она што тешко се изразува. На ниво на секој од нас, обичните луѓе тоа би значело: пробајте секој ден да најдете „втора реченица“ за вашата омилена реченица, да ја замените со варијанта. Не употребувајте клишеа, иновирајте со зборовите. Не го закостенувајте јазикот во јазични навики“, го заврши разговорот тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-so-poraka-do-pendarovski-i-zaev-na-jazikot-mozat-da-mu-presudat-administrativci-koi-plukale-vo-majchinoto-mleko/feed/ 0
Венко Андоновски напиша песна за Билјана Беличанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-andonovski-napisha-pesna-za-biljana-belichanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-andonovski-napisha-pesna-za-biljana-belichanec/#respond Sun, 07 Apr 2019 14:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=183539

Писателот,поет и есеист Венко Андоновски напиша емотивни стихови со посвета на актерката Билјана Беличанец, која сношти си го одзеде животот во својот дом во Скопје. Во нив, тој вели дека Билјана не умрела, туку само се лизнала. -Камена, а стаклена и дребна, ја нарече Беличанец Андоновски во песната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venko-andonovski-napisha-pesna-za-biljana-belichanec/feed/ 0
Боговите нека нѐ именуваат, кога им дозволуваме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogovite-neka-n-imenuvaat-koga-im-dozvoluvame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogovite-neka-n-imenuvaat-koga-im-dozvoluvame/#respond Wed, 17 Jan 2018 16:11:28 +0000 http://kurir.mk/?p=12342

„Речник на човековата  душа“ e заеднички наслов на новиот  серијал колумни на Венко  Андоновски, што премиерно ги објавува  „Нова Македонија“. Во нив  Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот на современото живеење. Ова не е колумна. Ова се белешки околу „проблемот со името“, уште една подметната флоскула, која, како и секоја флоскула, означува нешто што реално не постои, туку е илузија произведена во мас-медиумите и глобалната политика. Прифатена од нас здраво за готово, без проверка. Најпрвин: за кого постои „проблемот со името“? За нас, се разбира, не. Ние немаме проблем со името и знаеме како се викаме и ние, и нашата заедничка татковина, и нашиот јазик. Македонци, Македонија, македонски јазик. Кој има проблем со тоа? Не верувам дека освен Грција и екстремните албански шовинисти, некој друг би имал проблем со тоа име (Кина, Русија, Индија, арапските земји, Мексико, Венецуела, Гватемала, Египет). И се разбира, некои светски ментори на Грција, и тоа исто така поради вешто создадената НОВОГРЧКА илузија дека денешните Грци се продолжувачи (а не само прости географски наследници) на античката елинска култура: на Софокле, Аристотел и на „грчките митови“. Патем, тие митови и не се „грчки“, иако така се именуваат дури и во изданијата на Роберт Грејвс. Зошто не се именуваат барем како СТАРОгрчки, или антички, или елински? Зошто тоа не е „проблем со името“? Значи, проблем со нашето име имаат Грција и некои моќни пријатели на Грција, доста далеку во географска смисла од нас, но доста блиску до нас според други параметри - економскиот и воено-политичкиот интерес. Така што, треба да се дехипнотизираме од таа илузија - дека постои „проблем со името“, зашто тој проблем не е проблем со именувањето, туку проблем со - стекнување материјална корист и политичка доминација. Не станува збор за семиотика, туку за економија и моќ. Второ од што треба да се ослободиме е - чувството на вина за настанатиот „проблем“. Многу лесно се согласивме дека има проблем, уште полесно дека ние сме виновни за него. Во основа, она што таа пропагандна машинерија создадена за промена на името го прави, е постапка карактеристична за секој психопат - ќе ве убеди во вистинитоста на првата своја хипотеза (на пример, дека вие сте виновен и дека имате проблем), така што хипотезата, со вашето согласување да ја прифатите како вистинита, ќе се претвори во ТЕЗА. Од тој момент натаму сте „готов“, во канџите на психопатот, кој секогаш ќе биде чекор напред во битката со вас, а вие ќе каскате зад него. Ние од осамостојувањето наваму упорно наседнуваме на тој трик - се согласивме да бидеме виновни за името, се согласивме дека тоа е „проблем“, и сега не ни останува ништо друго освен да го „решаваме“ проблемот, така што други ќе ни сугерираат решенија. Тие сугестии, меѓутоа, ќе имаат сила на облигација, зашто ние сме ПРИЗНАЛЕ дека сме виновници, па ете, и први сме заинтересирани за „изнаоѓање решение“. Здравата логика учи сосема спротивно: проблем ќе беше ако веќе постоеше некоја ДРЖАВА со име „Македонија“; вака, станува збор само за провинција во рамките на друга држава, која се вика Грција. Ако сакаат Грците навистина да направат проблем со нашето име, треба на таа своја провинција да ѝ дадат уште утре статус на држава; е тогаш, ако постои таа Македонија како држава, ние не ќе можеме да се викаме така. Но, зошто Грците не го направат тоа? Просто е: треба да „заборават“ дека во таа нивна провинција има многу Македонци. Или имало, ама ги изгониле во еден од големите егзодуси на историјата. Ќе треба да си го разбијат историскиот мамурлак, ама не им се трезни. Трезнењето е соочување со стварноста. Втор апсурд што докажува дека „проблемот со името“ е вешто и долго подготвувана белосветска илузија, во врвни глобализирачки кабинети е оној целосно глупав обид да се раскине магнетното поле и да се издвои една страна на светот од нејзината спротивност. Имено, да се претстави дека постои север, ама не и југ, иако се знае дека без „југ“ не може да се дефинира „север“, затоа што бинарните спротивности инверзно се дефинираат. Мислам на онаа (стара) шпекулација дека би можеле да се викаме „северна Македонија“. Секое дете од планетава, кога ќе ја гледа новата светска карта, ќе праша: „А каде е јужна Македонија, учителке?“. Учителката не ќе може да му одговори точно, ако не ја знае историјата со онаа Македонија што повторно, во рулетот на големите светски сили, остана во денешна Грција како последица од 1913 година и Букурешкиот мировен договор. Логично објаснение ќе нема, зашто како тоа - постојат Северна и Јужна Кореја, постојат Северна и Јужна Америка, постојат Северен и Јужен Пол, постои северна и јужна хемисфера, а постои само „северна Македонија“, без јужна? Со тоа, токму Грците и нивните белокоси западни ментори оставаат простор детето, откако ќе просурфа по Интернет, да забележи дека има и една Македонија што е провинција во Грција, па да му падне на ум дека во некоја историска „бајка“ од 1913 година, исто како и во другите бајки, постоеле ненаситни чудовишта што голтале не само баби и црвенкапи, туку и цели држави и народи. Настрана што, ако се усвои како термин „северна Македонија“, не ќе може веќе да се пеат многу песни за Македонија како јужна земја; на памет ми паѓа во овој момент само легендарната, на Дадо Топиќ: „Тамо гдје сунце вечно сја, тамо је Македонија“. Нема вечно сонце во северни земји, најмалку во таквата замислена нордиска Македонија. Конечно, има(ше) и една сосема будалеста идеја да се викаме „нова Македонија“. Тоа е неприфатливо не само затоа што тогаш би можеле да нè викаат и република колибри (поради популарниот додаток на дневниот и најстар наш весник - „Нова Македонија“), туку затоа што за „нова Македонија“ беше сметана онаа од 1945 година. Сега би требало, за да се задоволи логиката, да се викаме „најнова Македонија“; онаа првата беше социјалистичка (и наводно недемократска), а оваа е капиталистичка (и наводно демократска). Со тоа, на еден ироничен начин би се потврдиле мечтателските тези на македонските национал-романтичари дека создавањето македонска држава не е ИСТОРИСКИ, туку ТРАНСИСТОРИСКИ процес, библиски проект без крај, како и космосот. Зашто, ако по „нова“ постои „најнова“ Македонија, тогаш и таа, како привремена состојба на трансисториска Македонија брзо ќе „застари“, па треба да се мисли уште отсега за идните нејзини идентитети. Можеби сето ова звучи како шега, ама логички произлегува едно од друго. Како и да е, она што најмногу навредува во целата оваа фарса со името, е бедниот материјализам на УЦЕНАТА: ако сакате да јадете, ако сакате во ЕУ и во НАТО, прекрстете се. А веќе и врапците знаат дека ни ЕУ ни НАТО не се никакви гаранти за полни амбари. Па сепак, тоа ни се става како (повторно лажен) влог за името. Нè сметаат само за гладни усти со празни црпки, и тоа најмногу навредува. Не знам што ќе се случи, ниту некој ме прашува што мислам дека треба да се случи, ама знам за две последици од евентуалното прекрстување. Едната е лоша, другата добра. Ајде, прво лошата: со кој образ ќе излеземе пред студентите по (ново)македонистика да им ја предаваме „Македонска крвава свадба“ на Чернодрински (почетокот на македонскиот театар), и да им укажеме дека Цвета ХЕРОЈСКИ одбила да се потурчи и да си го смени името? Значи, ќе го бришеме и Војдана. А добрата вест е: ако нè преименуваат на сила, тоа треба да го сфатиме во духот на Елините (повторувам, уште една западна илузија е дека некогаш воопшто постоеле хомогени „стари Грци“, освен ако не мислиме на денешните Грци по геријатриските домови). Во духот на оној врвен етички идеал на возвишеното, за кој пишува славниот Милош Н. Ѓуриќ во своите книги „Историја хеленске књижевности“ и „Историја хеленске етике“ - дека именувањето на светот било - божја работа. Боговите први им дале имиња на нештата. Тоа се вика ОНОМАТУРГИЈА. Дали денешниве белосветски богови, кои преименуваат воопшто знаат да зборуваат и да мислат - е друга работа. Во секој случај, умните Елини одамна се сомневале дека дури и боговите погрешиле во именувањето, па на некои нешта им дале погрешни имиња. Легендарен е примерот од дијалогот „Кратил“ каде што се прашува зошто во зборот за тврдо, „склеротес“, покрај тврдите гласови („т“ и „к“) боговите ставиле и еден многу мек („л“). Европската романтика, надоврзувајќи се на Елините, тврди дека на луѓето им останува ПОЕЗИЈАТА како коректив на тие божји грешки. Таа ги именува нештата вистински, тврдеа романтичарските поети, мислејќи и на метафората, која иако изгледа како „погрешно име“ за нештото („горам“ наместо „љубам“), всушност ја изразува неговата суштина. Со други зборови, ќе си свиркаме, пееме и ќе си рецитираме поезија, ќе ја исправаме неправдата, и повторно ќе си останеме јужна, поетска земја. Главна метафора ќе ни биде „срам“. Ќе се употребува како второ име за „ценкања околу името“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogovite-neka-n-imenuvaat-koga-im-dozvoluvame/feed/ 0