венко филиче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Apr 2021 15:46:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png венко филиче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филипче тврди дека се вакцинирани околу 60.000 граѓани, од МЗ не го откриваат бројот на досега пристигнати вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-tvrdi-deka-se-vakcinirani-okolu-60-000-gragjani-od-mz-ne-go-otkrivaat-brojot-na-dosega-pristignati-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-tvrdi-deka-se-vakcinirani-okolu-60-000-gragjani-od-mz-ne-go-otkrivaat-brojot-na-dosega-pristignati-vakcini/#respond Thu, 29 Apr 2021 15:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=503818

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во Република Македонија досега наводно биле вакцинирани околу 60 илјади граѓани против Ковид-19, а во меѓувреме од министерството со кое токму раководи одбиваат да дадат одговор за тоа „колку дози на вкцини против коронавирус до овој момент вкупно од сите производители се пристигнати во Македонија?“. Имено, министерот Филипче денеска по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести, на новинарско прашање истакна дека во земјата досега биле вакцинирани околу 60 илијади граѓани. -Досега вкупно се вакцинирани околу 60 илјади граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура, изјави Филипче. Од ваквите изјави на Филипче и со оглед на фактот дека секојдневно се информира дека вакцинацијата продолжува секој ден, единствено може да се заклучи дека во земјата пристигнати се повеќе од 60-70 илјади вакцини против Ковид-19. Но, доколку се направи една мала пресметка на сите досега пристигнати дози на вакцини против Ковид-19 во Македонија, со бројот вакцинирани граѓани за кој што тврди министерот Венко Филипче, не се совпаѓа. Односно, бројот на вакцини со кој што располага до овој момент Република Македонија е помал, освен ако Филипче во оваа бројка на вакцинирани ги внесува и граѓаните кои што се вакцинирале во соседна Србија. Бидејќи станува збор за јавен интерес од кој најмногу се засегнати граѓаните, Курир на двапати побара одговор од Министерството за здравство за тоа „Колкава е вкупната бројка на пристигнати вакцини против Ковид-19 (од сите производители) во Република Македонија?“, но одговор на ова прашање до овој момент нема, на што останува сомнежот дека министерот Венко Филипче свесно манипулира со бројот на вакцинирани лица или пак во вкупната бројка ги вбројува и граѓаните кои што се вакцинирале надвор од Македонија. Инаку, пред малку само што пристигна информација од МЗ дека утре ќе пристигнат 200 илјади дози на вакцина на кинеската „Синофарм“ за што е предвидено да се оддржи и настан во Поликлиниката Јане Сандански во општина Аеродром. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-tvrdi-deka-se-vakcinirani-okolu-60-000-gragjani-od-mz-ne-go-otkrivaat-brojot-na-dosega-pristignati-vakcini/feed/ 0
Важни информации за вакцинираните со „АстраЗенека“: Еве кога се создава имунитет и кои се најчести несакани ефекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-vakciniranite-so-astrazeneka-eve-koga-se-sozdava-imunitet-i-koi-se-najchesti-nesakani-efekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-vakciniranite-so-astrazeneka-eve-koga-se-sozdava-imunitet-i-koi-se-najchesti-nesakani-efekti/#respond Mon, 29 Mar 2021 06:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=488994

Голем број македонски граѓани викендов заминаа во Србија каде се вакцинираа против коронавирус со вакцината на „АстраЗенека“. Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави важни информации за сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат. - По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита. - Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa. - Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-vakciniranite-so-astrazeneka-eve-koga-se-sozdava-imunitet-i-koi-se-najchesti-nesakani-efekti/feed/ 0