вера милошевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Dec 2019 09:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вера милошевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/#respond Sun, 22 Dec 2019 09:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=280673

Љубојна еден од најреномираните македонски етно-бендови вечер со почетокот во 19:30 часот, во Македонската опера и балет, по прв пат ќе одржат акустичен концерт  насловен „Љубојна unplugged“. Вокалот на составот Вера Милошевска по повод претстојниот концерт најави дека на сцената ќе има многу музичари, сценографијата е дигитално изработена и ќе долови амбиент на шума, а фокусот ќе биде на пеењето. -Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на “Љубојна”. Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот “Севдо Ле” кој е наше последното остварување, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање. Акустичното Е за Душа. Акустичното Е за Мерак!, затоа што кога срцето ти пее и здивот е музика, порачуваат од „Љубојна”. Порано неделава беше презентиран и најновиот албум на Љубојна со Оркестарот на Македонската Филхармонија и Емин Џијан насловен „B.Y.Z.A.N.C.E”. Албумот содржи материјал од концертот што бендот го одржа со Филхармонијата на 1 февруари, годинава, под диригентската палка на Џијан Емин. На албумот се поместени осум нумери, од кои две се авторски – „Севдо ле“ и „Горки чувства, слатки немири“ кои се работени на текстови од Вера Милошевска, а музиката е на Оливер Јосифовски. Останатите нумери се традиционални, аранжирани и преработени теми прв пат објавени на нивен албум. Ова е 12-ти по ред албум на „Љубојна“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/feed/ 0
Вера од Љубојна: Сега дознав за настанот, не знам дали ќе настапувам! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-od-ljubojna-sega-doznav-za-nastanot-ne-znam-dali-kje-nastapuvam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-od-ljubojna-sega-doznav-za-nastanot-ne-znam-dali-kje-nastapuvam/#respond Fri, 13 Jul 2018 10:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=76377

Вокалот на етно групата „Љубојна“, Вера Милошевска -Јосифовска, во изјава за Лидер дадена доцна синоќа рече дека штотуку дознала од медиумите дека ќе настапува на владината прослава по повод најавеното влегување во ЕУ и НАТО, за кое владата слави иако Република Македонија не стана членка на ниту една од овие организации. Неа за настанот и локацијата никој до вчера не ја известил. -Да бидам искрена и јас денес видов дека ќе настапуваме таму. До сега не знаевме дека сме во програма, има таму ангажман, букерот дава ангажман и не знам што друго да ви кажам, изјави Вера Милошевска за Лидер. На прашање дали заедно со групата Љубојна ќе настапува на оваа владиина парада, Милошевска ни одговори кратко со „не знам.“. Запрашана дали верува во настанот и промената на името таа одговори: -Јас сум прашана за нешто? Еве нека се откаже прославата, нема проблем, ќе се смени нешто?, кажа Милошевска. Инаку Љубојна, пред се затоа што е етно група која на репертоарот има егејски песни, беше една од најпрозваните на социјалните мрежи, каде што илјадниците граѓани го искажаа револтот од ваквата прослава за интеграции во ЕУ и НАТО кои сеуште се немаат случено.Инаку, таа жестоко реагираше и за промената нја името, каде што премиерот и министерот за надворешни јавно на фејсбук ги нарече копуци. Дека не биле информирани дека ќе пеаат на партиско-политички настан на СДСМ и Влладата, открија и Гоце САФ, Пикисипи и Conquering Lion. Сите овие изведувачи на социјалните мрежи напишаа дека немале претстава на каков настан ќе присуствуваат. Како што неофицијално дознаваме, авторите не биле информирани за што и каде ќе пеат се до вчера, што се потврдува со изјавите на неколкумина од артистите. Имено, владата нив уште минатиот месец им дала да потпишат рамковни договори за извесен културен настан за кои во ниту една прилика не биле известени дека е од политички карактер. Утринава се обидовме да стапиме во контакт со портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кој затоа што не е во Македонија не замиоли прашањата да му ги пратиме по СМС порака. Инаку, скандалозната манифестација ќе се одржува во 15 градови и на неа ќе настапуваат 40 артисти помеѓу кои Попов Мирко, Вртев Ристо, Ориѓански Златко, Јаневски Владо, Нонстоп Бени, Арнаудова Христа, Ристеска Елена, Блажевски Панчо ДНК, Слаткаристика Маринковиќ Марко и други. Фама се крена и околу настапот на рап бендот САФ кој е познат по анти-системска социјално ангажирана музика. Од таму рекоа, дека затоа што од владата биле наместени, нема да ја изведуваат нивната единствена весела песна, насловена „Раце горе“. Извор: ЛИДЕР  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-od-ljubojna-sega-doznav-za-nastanot-ne-znam-dali-kje-nastapuvam/feed/ 0
Вера „Љубојна“ пишуваше до власта: Арам да ви е земјата што ја газите и душата што ја носите, името е поважно од се https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-ljubojna-pishuvashe-do-vlasta-aram-da-vi-e-zemjata-shto-ja-gazite-i-dushata-shto-ja-nosite-imeto-e-povazno-od-se/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-ljubojna-pishuvashe-do-vlasta-aram-da-vi-e-zemjata-shto-ja-gazite-i-dushata-shto-ja-nosite-imeto-e-povazno-od-se/#respond Fri, 13 Jul 2018 08:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=76312

Вера Милошевска од Љубојна пред неколку месеци пишуваше против промена на името. Денес таа се најде како дел од манифестација организирана од владата која е од пошироката кампања за промена на името, и која ќе се одвива во 15 градови. На социјалните мрежи се објавуваа информации дека пејачите се изманипулирани од владата и дека всушност не знаеле дека ќе бидат дел од поголема политичка кампања. Инаку Милошевска која и самата е предвидено да настапува со Љубојна како дел од таа кампања, пред неколку месеци на социјалните мрежи наголемо беше против промената на име и чекорите кои ги презема Владата, а сега ќе пее на манифестација токму за истото. ИМЕ е поважно од нашите мали животенца, поважно и поголемо е дури и од нашите секојдневни политички и егзистенцијални проблеми. И нашето завршува еден ден. Со сè нашата тесноградост. Во само едно ИМЕ се крие цел еден вековен микрокосмос, го почнува Милошевска својот фејсбук статус адресиран до властите кој подоцна го избриша. Милошевска во текот на таканаречената шарена револуција скоро секој ден беше на протестите организирано од истата. Очигледно е разочарувањето кај неа од политиките кои ги спроведува власта и практично лагата која им беше сервирана во текот не периодот додека се бореа да дојдат на власт. Наместо демократија и подобар животен стандард граѓаните добија антидржавнни договори, непросперитетни политики, задолжување и трговија со името, идентитетот и јазикот на нацијата. Животот не завршува со вас драги ЕГОТРИПОВИ, ќе оставиме ли нешто за идните генерации? Треба ли да оставиме достојна слика за оваа земја и оваа култура? Ќе почнеме ли да ја почитуваме и градиме вистински вредности или ќе тераме прудолу БЕЗ НИКАКОВ КРИТЕРИУМ И КАПАЦИТЕТ во амбисот на “демократијата”?! – Прашува Милошевска. Таа вели дека нашите предци не врзувале крај со крај, немале ни државна свест и своина, ама имале СЕБЕДОЖИВУВАЊЕ и знаеле кои се, а тоа е суштината на сето творештво низ вековите и сета духовна култура која и предничи на материјалната и врз која се гради материјалната култура, онаа опипливата. – Тоа е она што ги извива сите култури во светот со сè нивниот видлив просперитет, по кој упорно паѓаме во несвест, а нашата не си ја почитуваме, уствари супер далеку сме од неа, заклучува Милошевска. „ Сетете се на чукун и прадедовците кои ни се среќаваале брат со брат на различни соседни фронтови, апсурдно регрутирани. Сетете се каква специјална мекост и питомост носи ова земјуле.“ – Стои во статусот. – Ако јас досега не ви покажав како се сака Македонија, АРАМ ДА ВИ Е ЗЕМЈАТА ШТО ЈА ГАЗИТЕ И ДУШИТЕ НА ВАС ШТО ГИ НОСИТЕ. КАДЕ ВИ Е СОБИТИЕТО, КАДЕ ВИ Е ЧОВЕЧНОСТА И СЕБЕПОЧИТУВАЊЕТО? ЗА МЛИТАВИ СТАВОВИ? ЗА ТОА ЛИ ТВОРИМЕ И СЕ БОРИМЕ СО СЕКОЈ НОВ МУЗИЧКИ И КУЛТУРЕН НИКУЛЕЦ? ТОЛКУ НАРОДНА ТВОРЕВИНА ШТО СИ ГО ЈАДЕ И ГАЗИ СВОЕТО, НЕМАМ СРЕТНАТО НИ ВИДЕНО. Милошевска пишува дека властите се кријат зад правни и политички акти, се кријат зад измислени и неосновани ставови од незнаење, од немање интерес за гледање подалеку од сопствениот нос. – Е па доста е ќутење другари. Доста е трпење ваши промашени перцепции за сè што се однесува на ова тло!!! Почнете одоздола, од искуството на овој менталитет. Нема ништо погрдно во тој збор, има само погрешно толкување и манипулирање, пишува Милошевска, во својот фејсбук статус. Таа го завршува своето пишување со реченицата :  – БЕЗ ПОЧИТ кон партиски војници, другари, соборци-влекачи. Потпишувајќи се на крајот како Вера Македонска. Инаку Милошевска е вокалот на македонската етно-музичка група Љубојна формирана уште во 2001 година. Љубојна најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Посебен дел од творештвото на Љубојна опфаќаат препеви на стари песни од Егејскиот дел на Македонија. За Милошевска нејзините колеги и јавноста ќе рече дека е вистински музички наследник на великанот на македонската песна Вања Лазарова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vera-ljubojna-pishuvashe-do-vlasta-aram-da-vi-e-zemjata-shto-ja-gazite-i-dushata-shto-ja-nosite-imeto-e-povazno-od-se/feed/ 0