Верица Белчовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Nov 2021 16:54:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Верица Белчовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 18 годишниот возач кој ја прегази Верица Белчовска ПРВО ДОБИ СРАМНИ 15, А ДЕНЕС 30 МЕСЕЦИ КАЗНА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-belchovska-prvo-dobi-sramni-15-a-denes-30-meseci-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-belchovska-prvo-dobi-sramni-15-a-denes-30-meseci-kazna/#respond Wed, 17 Nov 2021 16:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=596673

Две години и шест месеци затвор доби момчето што лани во април ја прегази 20-годишната Верица Белчовска на пешачкиот премин во центарот на Струмица. Ваквата одлука ја донесе штипска Апелација по пет месеци од пресудата на Основниот суд во Струмица. Со новата пресуда на штипска Апелација, двојно се зголемува казната од година и три месеци, но за мајката на Верица тоа е неприфатливо ниска казна. Адвокатката на Белчовски, Сања Мирчов, вели дека Апелациониот суд не ги известил за одржувањето на јавната седница, за да може семејството да присуствува и да ја искаже болката за загубата. – Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живот – рече адвокатката Сања Мирчов. Семејството на Верица по нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, бидејќи, како што истакнаа, со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-belchovska-prvo-dobi-sramni-15-a-denes-30-meseci-kazna/feed/ 0
ЖИВОТ ПЛАТЕН СО МИЗЕРНА КАЗНА: 18 годишниот возач кој ја прегази Верица на пешачки премин доби само 15 месеци затвор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zivot-platen-so-mizerna-kazna-18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-na-peshachki-premin-dobi-samo-15-meseci-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zivot-platen-so-mizerna-kazna-18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-na-peshachki-premin-dobi-samo-15-meseci-zatvor/#respond Fri, 09 Jul 2021 13:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=534433

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново. Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица. Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи. За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zivot-platen-so-mizerna-kazna-18-godishniot-vozach-koj-ja-pregazi-verica-na-peshachki-premin-dobi-samo-15-meseci-zatvor/feed/ 0
Русиново се прости од младата девојка чии органи беа донирани, а беше удрена од несовесен возач – сограѓаните во солзи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/#respond Sun, 18 Apr 2021 19:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=498976

Жителите на беровското село Русиново денеска ѝ оддадоа почит на младата девојка Верица Белчовска која животот го загуби во сообраќајна несреќа, а признание примаше за огромната хуманост нејзиното семејство зошто се одлучи да ги дарува нејзините витални органи да им помогната во животот на три лица. Нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите ќе им помогнат на две лица кои долго време беа на дијализа. Жителите на Русиново се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство е покажана на дело, иако донациите нема да им ја надоместат загубата. Блаже Сапунџиев (28 г.) од Кавадарци го доби едниот бубрег од Верица. Другиот бубрег на Белчовска беше трансплантиран кај 40-годишен пациент, и кај двајцата пациенти состојбата е стабилна. Мајката на Блаже, Форка вели дека се сочувствуваат со семејството на младата девојка и изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому живот значат. -До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа. Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјави мајката на Блаже. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев. Д-р Маја Мојсовска е со надеж дека гласно ќе одекне во јавноста органодарувањето. Последните години ги посветила на тоа отворено да се разговара на темата, да се крене свеста за можноста за дарување органи при мозочна смрт и начинот нечиј живот да продолжи во друг живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/feed/ 0
Дваесетиосум годишниот Блаже од Кавадарци доби бубрег од Верица Белчовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetiosum-godishniot-blaze-od-kavadarci-dobi-bubreg-od-verica-belchovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetiosum-godishniot-blaze-od-kavadarci-dobi-bubreg-od-verica-belchovska/#respond Sat, 17 Apr 2021 19:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=498656

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци вечерва преку изјава за МИА се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже. Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат. – Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, рече мајката. Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат. -До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа, раскажа мајката со многу емоции. Со денешната трансплантација, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент. – Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetiosum-godishniot-blaze-od-kavadarci-dobi-bubreg-od-verica-belchovska/feed/ 0