версајска палата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 16:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png версајска палата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Версајската палата повторно евакуирана поради закана за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-zakana-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-zakana-za-bomba/#respond Sun, 22 Oct 2023 16:58:59 +0000 https://kurir.mk/?p=891980

Версајската палата денеска повторно е евакуирана поради анонимна закана за бомба, соопшти управата на туристичката атракција во близина на Париз, цитирана од ДПА. Како што објави ДПА, полицијата ги претресува просториите на палатата на француските кралеви. Ова е седмо затворање на „Версај“ во рок од осум дена поради закани за бомб. И покрај тоа што еден осомничен е веќе уапсен, пријавите продолжуваат, а за сите досега е потврдено дека се лажни. Во текот на изминатите неколку дена, стотици училишта во Франција, како и регионалните аеродроми, беа принудени да затворат поради лажни пријави за поставени експлозивни направи. Властите соопштија дека многу од заканите биле упатени од млади луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-zakana-za-bomba/feed/ 0
Версајската палата повторно отворена по претходна закана за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-otvorena-po-prethodna-zakana-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-otvorena-po-prethodna-zakana-za-bomba/#respond Tue, 17 Oct 2023 15:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=889894

Версајската палата во Франција попладнево повторно ги отвори вратите за посетителите, откако беше затворена неколку часа од безбедносни причини, објави раководството на палатата на социјалната платформа Х. Францускиот радиодифузер БФМ, повикувајќи се на полициски извори, претходно објави дека на местото на настанот е испратена саперска екипа. Подоцна локалната полиција во областа Версај соопшти дека полициската акција е завршена и дека е укинат безбедносниот кордон кој претходно беше поставен. На 14 октомври, еден ден откако беше убиен наставник по француски, заканите за бомба кои се покажаа како лажни, наложија евакуација на музејот Лувр, палатата Версај и париската железничка станица во Лион.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-otvorena-po-prethodna-zakana-za-bomba/feed/ 0
Версајската палата повторно евакуирана поради дојава за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-dojava-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-dojava-za-bomba/#respond Tue, 17 Oct 2023 13:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=889847

Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден. Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради дојава за поставена бомба. „Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денешниот ден“, објави Версајската палата на својот налог на мрежата „Икс“. Версајската палата беше евакирана и во саботата исто така поради дојава за поставена бомба. Франција од петокот вечерта го подигна нивото на безбедност на највисок степен, по убиството на наставникот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во градот Арас, а во тој инцидент уште три луѓе се тешко повредени, вклучувајќи го и напаѓачот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versajskata-palata-povtorno-evakuirana-poradi-dojava-za-bomba/feed/ 0
Версај повторно ја отвора просторијата во која е основана француската демократија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/#respond Thu, 31 Mar 2022 07:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656084

Близу Версајската палата во Париз утре се отвора целосно реновираното и досега неправедно запуштено Игралиште (Сала за рекреација, Salle du Jeu de Paume), просторијата во која се поставени темелите на француската демократија. Салата била изградена за Луј Четиринаесетти во 1686 година, а се користела за спортот „игра со дланки“, претходник на денешниот тенис, популарна игра во француската историја (ја играле кралеви и аристократи). Но, повеќе од еден век подоцна, собата стана место на клучен миг во историјата на Франција… На 20 јуни 1789 година, група народни пратеници од Третиот сталеж, барајќи реформи во монархијата, наишле на затворен влез во Хотел де Мењу-плезир (Hôtel des Menus-Plaisirs), каде што требало да се состанат. Тие барајќи алтернативно место за состанок завршиле во Игралиштето, каде дале заклетва што ја потврдила нивната решеност да инсистираат на промени во режимот на владеење. Пратениците настојувале на нов устав, и покрај кралската забрана. Заклетвата ја потпишале 577 лица, а само еден ја одбил. Заклетвата на Игралиштето (Serment du Jeu de Paume) го означи почетокот на Француската револуција. Потоа е основано Националното конститутивно собрание коешто го укина феудализмот и ја одобри Декларацијата за човекови права. Меѓу луѓето присутни таму тој ден имало многу познати историски личности: Максимилијан де Робеспјер, Оноре Габриел Рикети де Мирабо, Жозеф Ињас Гиљотин (по кого подоцна беше именувана гилотината)… Салата се отвора по осум месеци реновирање, нудејќи ѝ на јавноста „еден заборавен дел од историјата“ на Франција, како што истакна претседателка на Управата на палатата, Катрин Пегар. Просторијата ја краси монументално реставрирано платно засновано на познатото недовршено дело на Жак-Луј Давид, кое го прикажува потпишувањето на Заклетвата. По Револуцијата, салата прво станала складиште, потоа сликарско атеље, а во 1840 година ѝ била вратена намената на игралиште. Подоцна во неа бил сместен Музејот на Француската револуција, а потоа паднала во запуштеност со десетлетија. Палатата повторно се отвора за јавноста, како и просториите што ги користеле членовите на кралската куќа пред Револуцијата, целосно обновени во првичната состојба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/feed/ 0