верски календар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 05:45:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png верски календар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска ги славиме Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-gi-slavime-svetite-aleksandar-jovan-i-pavle-patrijarsi-tsarigradski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-gi-slavime-svetite-aleksandar-jovan-i-pavle-patrijarsi-tsarigradski/#respond Tue, 12 Sep 2023 05:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=877111

Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. Свети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците. Му беше претходник на големиот Тарасиј, а се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-gi-slavime-svetite-aleksandar-jovan-i-pavle-patrijarsi-tsarigradski/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се слават Светите сестри Марта и Марија и еве уште кои други светци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-svetite-sestri-marta-i-marija-i-eve-ushte-koi-drugi-svetci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-svetite-sestri-marta-i-marija-i-eve-ushte-koi-drugi-svetci/#respond Wed, 16 Jun 2021 21:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=524454

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот Вселенски Собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот за свој заменик го одреди хороепископот Александар. Царот му го издејствува кај соборот чинот Патријарх. И така тој беше првиот патријарх Константинополски. Царот уште и го повика целиот Собор да го почести со посета престарениот и болен архипастир. Кога царот го запраша кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го назначи Александар, а потоа му рече на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зеде за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофали пред сите. По ова пророштво се прости со сите и по десет дена ја предаде душата на Бога, во 325 година. Светиот маченик Конкордиј Беше голем испосник и чудотворец за време на овоземниот жиовт. Во времето на царот Антонин уапсен заради верата во Христа. После мачење и робија, беше изведен пред камениот идол Диј за да му се поклони. Тој плукна на идолот и заради ова веднаш беше убиен со меч. Светите маченици Фронтасиј, Северин, Северијан и Силан Мачени во времето на царот Клавдиј, во Франција. Кога им беа отсечени главите тие станаа, си ги зедоа своите глави в раце, преминаа преку реката Ил и дојдоа до црквата на Пресвета Богородица, во којашто се молеше епископот Фронтон. Штом влегоа в црква, ги положија своите глави пред нозете на епископот, па легнаа и си ги прекрстија рацете на градите. Овде беа чесно погребани. На нивниот погреб се слушаше пеење на невидливите војски ангелски. Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, град мисирски. Се подвизуваше на Синајската Гора. Дојде по работа во Александрија, но тогаш беше посветен за епископ Вавилонски од блажениот патријарх Аполинариј. Пресветол пастир на Христовото стадо. Кога го совладаа староста и уморот, се повлече повторно на Синај, кај што ја предаде душата своја на Бога и прими венец на слава меѓу јерарсите. Живееше и се упокои во 6 век. Светиот свештеномаченик Астиј, епископ Драчки Пострада во времето на Трајан. Најпрво го биеја со оловни прачки, а потоа го соблекоа и гол го распнаа на дрво. Телото му го намачкаа со мед за да го касаат осите и стршените. Славејќи Го Бога во најголеми маки, Свети Астиј издивна и прими два венци: на маченик и на јерарх. Светите сестри Марта и Марија Сестрите на Лазар. По Вознесението на Господ, Лазар отиде да го проповеда Евангелието. Во ова му помагаа неговите сестри. Не е познато каде се упокија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-svetite-sestri-marta-i-marija-i-eve-ushte-koi-drugi-svetci/feed/ 0
Денес се празнуваат Св. Козма и Дамјан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuvaat-sv-kozma-i-damjan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuvaat-sv-kozma-i-damjan/#respond Thu, 14 Nov 2019 06:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=263828

Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuvaat-sv-kozma-i-damjan/feed/ 0
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобни Симеон и Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-e-prepodobni-simeon-i-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-e-prepodobni-simeon-i-jovan/#respond Sat, 03 Aug 2019 07:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=225929

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јули. Денеска е Преподобни Симеон и Јован. Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот. Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот соподвижник Јован, кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека. Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година. Според Католичкиот календар денеска е Св. Благословен Августин Кажотиќ. Бил роден во Трогир, околу 1260 година. Бил бискуп во Загреб и во Лучера. Во Загреб се истакнал со пастирските походи во бискупијата и со уредувањето на богослужбата, а во Лучера како проповедник против кривоверството. Умрел во Лучера, Италија, во 1323 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-e-prepodobni-simeon-i-jovan/feed/ 0
Календар на МПЦ: Денеска Св. маченици Прокло и Илариј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-sv-machenici-proklo-i-ilarij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-sv-machenici-proklo-i-ilarij/#respond Thu, 25 Jul 2019 09:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=222465

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јули. Денеска е Св. маченици Прокло и Илариј. Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови. Инаку, тој потекнуваше од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара. Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче Илариј и извика дека и тој е христијанин. Така тој во вечноста го врза своето име за името на свети Прокло. Прокло беше погубен уште истиот ден, а по три дена и Илариј беше обезглавен. Според Католичкиот календар сенеска е Св. Јаков. Роден е во Бетсаид. Бил брат на Иван Апостол. Во 42 година, кралот Херод наредил да го убијат свети Јаков. За неговата смрт, се говори во Светото писмо. Во негова чест во Компостело, во Шпанија е изградена црква во која секоја година стотици илјади луѓе се молат за разни животни потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpc-deneska-sv-machenici-proklo-i-ilarij/feed/ 0