верски заедници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 15:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png верски заедници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 05 May 2023 15:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=831043

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување. - Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви. Предлог-законот за родова еднаквост, се подвлекува во соопштението, отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните. - Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, посочуваат во соопштението. Изворот на овој, како што велат, загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија. Предлог-законите, како што наведуваат, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници. - Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Пендаровски со поглаварите и претставниците на верските заедници зборуваше за претстојните празници и пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-poglavarite-i-pretstavnicite-na-verskite-zaednici-zboruvashe-za-pretstojnite-praznici-i-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-poglavarite-i-pretstavnicite-na-verskite-zaednici-zboruvashe-za-pretstojnite-praznici-i-pandemijata/#respond Thu, 08 Apr 2021 09:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=494179

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија. На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Скопски бискуп и епарх Скопски и Струмички, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Марјан Димов, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Тема на средбата беа претстојните велигденски и рамазански празници и условите во кои поради пандемијата на Ковид-19 и оваа година ќе биде неопходна претпазливост на верниците при празнувањето во верските објекти во државата. Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници, како во негувањето на соживотот што е важен предуслов за просперитет и напредок на државата, така и на важноста на нивните постапки во време на пандемијата на Ковид-19. Поглаварите и претставниците на верските заедници упатија апел до верниците за внимателно и одговорно однесување, сериозно и безусловно почитување на мерките и препораките од здравствените власти, за да се заштитат себе си и оние кои ќе одлучат оваа година да ги посетат храмовите по повод празниците, како и за неопходноста од вакцинација на граѓаните. Претседателот Пендаровски ги повика сите граѓани на одговорно и совесно однесување за време на празнувањето на претстојните верски празници. На средбата беше реафирмиран ставот дека соживотот и почитувањето на различноста се темелни вредности на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-poglavarite-i-pretstavnicite-na-verskite-zaednici-zboruvashe-za-pretstojnite-praznici-i-pandemijata/feed/ 0
Претставник на државна институција не применува мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/#respond Fri, 08 May 2020 14:21:47 +0000 https://kurir.mk/?p=343595

Директорот на Комисијата за верски заедници не ги почитува мерките против новиот коронавирус кои што се донесени од страна на Владата а со цел спречување на ширењето на вирусот. На фоотографиите јасно се гледа дека тој не ја почитува препораката за социјална, односно физичка дистанца која што е донесена од страна на надлежните, а со тоа го загрозува животот и здравјето на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnik-na-drzavna-institucija-ne-primenuva-merki/feed/ 0
Пендаровски на средба со поглавари и претставници на верските заедници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poglavari-i-pretstavnici-na-verskite-zaednici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poglavari-i-pretstavnici-na-verskite-zaednici/#respond Tue, 17 Dec 2019 06:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=278433

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Северна Македонија. – На средбата ќе присуствуваат поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Северна Македонија. На средбата ќе присуствува и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, соопштија од кабинетот на Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poglavari-i-pretstavnici-na-verskite-zaednici/feed/ 0
Поглаварите на верските заедници на прием кај г.г. Стефан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-verskite-zaednici-na-priem-kaj-g-g-stefan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-verskite-zaednici-na-priem-kaj-g-g-stefan/#respond Wed, 11 Apr 2018 08:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=38968

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска по повод Велигденските празници ќе приреди празничен прием за поглаварите и претставниците на петте верски заедници застапени во Уставот на Република Македонија. Приемот ќе се одржи во 14 часот во Архиепископската резиденција, а најавено е присуство и на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-verskite-zaednici-na-priem-kaj-g-g-stefan/feed/ 0