верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 20:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Постојат ДВЕ верувања за тоа како настанало китењето на елка – дознајте ги https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/postojat-dve-veruvanja-za-toa-kako-nastanalo-kitenjeto-na-elka-doznajte-gi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/postojat-dve-veruvanja-za-toa-kako-nastanalo-kitenjeto-na-elka-doznajte-gi/#respond Thu, 29 Dec 2022 20:51:51 +0000 https://kurir.mk/?p=782259

Секоја година пред Нова година китиме елка. Постојат две верувања за тоа како настанало китењето на елка. Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја бор околу кој сите се собрале. На местото каде се наоѓал борот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот. Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката почнала да плаче бидејќи немала плод и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја пуштила ѕвездата покрај Исус. Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи (Египќаните, Кинезите, Евреите). Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка. Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11 век. „Рајското дрвце“ украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со тек на времето почнало да се внесува дома и да се кити со разни видови на колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле обавезен дел од украсите за елката. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсени со зеленило, свеќи и ѕвезди. Со спојување на тие два обичаи во 16 век се прифатил ритуалот за украсување на божикно дрво, а до 18 век тој се приширил на цела Германија, Франција и Австрија. Принцот Алберт, маж на кралицата Викторија, донел елка во виндзорскиот замок во 1841 година. Таа елка била украсена со играчки и мали подароци, венчиња, колачиња и цветови од хартија. Обичајот од кралскиот круг брзо почнал да се шири на средната класа, а потоа и кај обичниот народ. Со посредство на Германците елката во раниот 17 век се доселила и во Северна Америка, а преку западните мисионери божикното дрво во текот на 19 и 20 век стигнало и во Кина и во Јапонија. Раскошниот изглед кој симболизира среќа, богатство и благосостојба елката го добила во 19 век.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/postojat-dve-veruvanja-za-toa-kako-nastanalo-kitenjeto-na-elka-doznajte-gi/feed/ 0
Старо верување за ЗМИИТЕ: Ако и го направите ОВА, ќе донесете несреќа на целото семејство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/#respond Tue, 12 Jul 2022 14:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=703977

Постои верување дека самото појавување на змија во дворот на куќата има пророчки карактер – може да биде застрашувачки знак, но може да биде и само змија чувар Секоја куќа имала своја змија чувар. Оваа змија би претставувала олицетворение на предците. Змијата чувар обично имала бела боја, но во некои региони била замислена како црна. Обично не се појавувала. Постоело и верување меѓу луѓето дека змијата може да навести смрт. Чувар змијата се појавувала само кога требало да се случи нешто лошо – да ги предупреди домашните. Ако некој од куќата убие таква змија, тоа би значело дека некое дете во тој дом наскоро ќе умре. Исто така, постои верување дека оној што ќе стапне на змија со боса нога, стекнува способност да исцелува. Исто така, се верува дека појавата на повеќе змии во пролетта навестува топло лето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/feed/ 0
Доаѓа еден од најзначајните празници: Што треба, а што не треба да правите на Голема Богородица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-eden-od-najznachajnite-praznici-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-golema-bogorodica-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-eden-od-najznachajnite-praznici-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-golema-bogorodica-2/#respond Tue, 24 Aug 2021 11:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=554442

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот. Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-eden-od-najznachajnite-praznici-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-golema-bogorodica-2/feed/ 0
Обичаи и верувања за Велика Сабота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-3/#respond Sat, 01 May 2021 09:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=504238

На Велика Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празнимкт, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник. Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велика Сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓаат на пазар во градот носејќи со себе многу стока за празникот. За Велигден секој (и најбедните) купуваат јагне или повеќе месо од кое приготвуваат разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршуваат жените, кои понекогаш од многу работа не легнуваат до полноќ. Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги разбудува сите домашни за во црква. На сите однапред им дава по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брза да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, зашто таа свеќа ја носат дома и од неа си го запалуваат оганот. Откога сите ќе ги запалат свеќите го чекаат попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегуваат на западната врата од црквата и свртуваат три пати околу неа. Потоа постарите остануваат во црквата за големата литургија и на крајот се причестуваат. Помераклиите се к’цаат во црквата со јајцата и уште веднаш се омрсуваат со нив. Додека тртае литургијата обичај е да се отиде на гробишта каде се запалува свеќа со велигденската, оставаат црвено јајце и им се кажува на мртвите дека дошол Велигден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-3/feed/ 0
Обичаи и верувања за Велика Сабота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-2/#respond Fri, 30 Apr 2021 17:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=504138

На Велика Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празнимкт, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник. Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велика Сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓаат на пазар во градот носејќи со себе многу стока за празникот. За Велигден секој (и најбедните) купуваат јагне или повеќе месо од кое приготвуваат разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршуваат жените, кои понекогаш од многу работа не легнуваат до полноќ. Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги разбудува сите домашни за во црква. На сите однапред им дава по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брза да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, зашто таа свеќа ја носат дома и од неа си го запалуваат оганот. Откога сите ќе ги запалат свеќите го чекаат попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегуваат на западната врата од црквата и свртуваат три пати околу неа. Потоа постарите остануваат во црквата за големата литургија и на крајот се причестуваат. Помераклиите се к’цаат во црквата со јајцата и уште веднаш се омрсуваат со нив. Додека тртае литургијата обичај е да се отиде на гробишта каде се запалува свеќа со велигденската, оставаат црвено јајце и им се кажува на мртвите дека дошол Велигден.]]>

На Велика Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празнимкт, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник. Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велика Сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓаат на пазар во градот носејќи со себе многу стока за празникот. За Велигден секој (и најбедните) купуваат јагне или повеќе месо од кое приготвуваат разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршуваат жените, кои понекогаш од многу работа не легнуваат до полноќ. Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги разбудува сите домашни за во црква. На сите однапред им дава по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брза да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, зашто таа свеќа ја носат дома и од неа си го запалуваат оганот. Откога сите ќе ги запалат свеќите го чекаат попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегуваат на западната врата од црквата и свртуваат три пати околу неа. Потоа постарите остануваат во црквата за големата литургија и на крајот се причестуваат. Помераклиите се к’цаат во црквата со јајцата и уште веднаш се омрсуваат со нив. Додека тртае литургијата обичај е да се отиде на гробишта каде се запалува свеќа со велигденската, оставаат црвено јајце и им се кажува на мртвите дека дошол Велигден.]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-velika-sabota-2/feed/ 0
Ова никако не смеете да го правите на Велики петок – се верува дека така дополнително „се истура сол на раните на Исус“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-na-veliki-petok-se-veruva-deka-taka-dopolnitelno-se-istura-sol-na-ranite-na-isus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-na-veliki-petok-se-veruva-deka-taka-dopolnitelno-se-istura-sol-na-ranite-na-isus/#respond Thu, 29 Apr 2021 07:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=503583

Велики петок е денот кога повеќето православни верници постат, без оглед дали ги почитувале правилата на велигденскиот пост или не. Многумина се во дилема што треба да има на маса тој ден. Бидејќи велигденскиот пост е построг од Божиќ, тоа значи дека во текот на претходните недели беше дозволено масло и вино само во сабота и недела, а риба беше дозволено да се јаде на два големи празници - Благовештение, кое секогаш „паѓа“ на 7 април и Цветници, кои припаѓаат на подвижните празници и секогаш се слават една недела пред Велигден. На сите други денови за време на велигденскиот пост, беше дозволено да се јаде само храна складирана на вода. Такво е правилото за Велики петок. На трпезата треба да има само храна складирана на вода - варен зеленчук, свежо или суво овошје и зеленчук, како и леб, мед и варен ориз. Многу луѓе прават грешка кога мислат дека на тој ден се дозволени посни грицки - крекери, стапчиња за јадење, чипс, наполитанки и други кондиторски производи без млеко, бидејќи содржат или масло или маргарин. Според канонот, ниту ратлук ниту желе бонбони не се пожелни, бидејќи содржат желатин. Во повеќето православни домови, се верува дека треба да јадете риба и рибина супа на Велики петок, како и компир салата прелиена со масло. Според православните канони, овој вид пост не е соодветен два дена пред Велигден. Особено, не треба да користите вилушка и нож кога јадете, ниту да солите храна. Според традицијата, оној што ја солел храната на Велики петок, дополнително „истурил сол на раните на Исус“. Ако сте верник кој строго се придржува кон правилата на велигденскиот пост, на Велики петок треба да се воздржувате од храна и пијалоци до зајдисонце. Децата, бремените жени и болните имаат право да се изостават од ова правило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-na-veliki-petok-se-veruva-deka-taka-dopolnitelno-se-istura-sol-na-ranite-na-isus/feed/ 0
Новогодишни суеверија: Ако сакате да ви се исполнат желбите и плановите – не правете ги овие работи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novogodishni-sueverija-ako-sakate-da-vi-se-ispolnat-zelbite-i-planovite-ne-pravete-gi-ovie-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novogodishni-sueverija-ako-sakate-da-vi-se-ispolnat-zelbite-i-planovite-ne-pravete-gi-ovie-raboti/#respond Fri, 01 Jan 2021 08:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=450934

Долгата традиција на славење на Нова Година доведе до многу суеверија кои и денес продолжуваат да преовладуваат во нашето општество. Повеќето верувања се за работи што никогаш не смееме да ги правиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во наредната година. Едно од важните верувања се однесува на емоционалните односи со драги луѓе. Имено, не треба да заборавите да им честитате Новата година на најблиските, затоа што ќе бидете далеку од нив во наредната година. Финансиската безбедност е една од работите за кои се стреми секој од нас, затоа постои силна верба дека не треба да се позајмуваат пари на 31 декември и 1 јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци материјални проблеми. Не изнесувајте ништо од куќата на 1 јануари! Ова верување важи за апсолутно сè; се верува дека не треба да го фрлате ѓубрето од куќата на овој ден. Колку и да звучи ригидно, ова правило е флексибилно и различно во сите делови на светот. Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат одредени работи на 1 јануари ако претходно нешто се донесе во куќата. Постојат некои кои, сепак, сметаат дека не е добро дури да се тресат теписите тој ден. Eдно од старите верувања е дека првиот човек кој ќе го премине прагот на вашата куќа по полноќ не треба да биде жена. Исто така, некогаш се сметало дека првиот што влегол во куќата не треба да биде некој со руса или црвена коса. Еден од многу лошите знаци е дека не треба да се јаде пилешко или мисирка на првиот ден од новата година. Причината е што птиците некогаш се сметале за „валкани“. Поради ова, се верува дека „нечистотијата“ што ја внесувате во куќата сигурно нема да може да се ослободи од целата година. Иако постои верување дека треба да се прават некои ситници во врска со работата, тоа треба да биде умерени. Суеверието вели дека не е добро да се работи претерано на 1 јануари. Голем ангажман, особено започнување на нова активност на овој ден, значи дека нема да биде просперитетно, туку напротив – ќе биде осудено на неуспех. Во нашето општество, постои верување дека на црковен празник никогаш не треба да извршувате домашни задачи. Истото верување важи и за Новата година, а луѓето веруваат дека не треба да се мијат ниту судовите на овој ден. Кога се слави на Балканот постои мерак нешто да скршиме, особено чаша или шише. Сепак, ова не е правило за новогодишната ноќ затоа што сè што ќе се скрши е многу лош знак. Затоа, бидете внимателни. Дајте се од себе за да бидете во добро расположение, затоа што постои верба дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари ќе ве следат во текот на целата година. Постарите верувале дека дури и ветерот може да биде добро навестување за тоа каква би била следната година. Значи, ако воопшто нема ветер или ветрот дува од југ – тоа значи дека следната година ќе биде добра и полна со просперитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novogodishni-sueverija-ako-sakate-da-vi-se-ispolnat-zelbite-i-planovite-ne-pravete-gi-ovie-raboti/feed/ 0
Обичаи и верувања за да имате парите: Направете триаголник од 10 денари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/obichai-i-veruvanja-za-da-imate-parite-napravete-triagolnik-od-10-denari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/obichai-i-veruvanja-za-da-imate-parite-napravete-triagolnik-od-10-denari/#respond Fri, 01 Mar 2019 21:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=170078

Начинот на кој се однесувате кон парите, па дури и положбата на метлата во куќата, велат нашите стари, може да влијаат на финансиската ситуација во домот. Платата треба да преноќи За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да трошите ниту денар. Целата сума, според верувањето, треба да преноќи во вашиот дом. Кога ќе позајмувате пари и барате покачување Покачувањето треба да го барате во среда за време на денот. Не позајмувајте пари на пријателите и познаниците во вторник. Како што се верува, наутро треба да давате и земате заем, затоа што било какви операции со пари кои ги извршувате навечер водат во пропаст. Обидете се никогаш да не барате заем, а често давајте пари на оние кои од вас бараат бидејќи така ќе ги програмирате да ви се вратат на друг начин. Куќни правила за полн буџет Пари нема да има ако ги чистите трошките со рака. На соседите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом. Џебовите од облеката која виси во орманот наполнете ги со метални и книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или испаднати копчиња. За во куќата да има пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу. Направете триаголник од 10 денари Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета – први заработени пари или добиени од добар човек. Таа монета не треба да ја трошите – таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат до вашите раце. Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некој денар. Сите пари мора со главната страна да бидат свртени кон газдата. Во куќата или станот година дена треба да чувате крупна банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари. Не крадете туѓа среќа Добиените пари на коцка, нечесно заработени, најдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во вашиот паричник. Поделете ги со сиромашните или брзо потрошете ги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/obichai-i-veruvanja-za-da-imate-parite-napravete-triagolnik-od-10-denari/feed/ 0
Петровден – обичаи и верувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovden-obichai-i-veruvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovden-obichai-i-veruvanja/#respond Thu, 12 Jul 2018 06:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=75861

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Во народното верување Петар бил богат и сербес (кабадахија), а Павле сиромав и праведлив. Меѓутоа, како што е познато Петар не бил брат на Павле туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик. Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцна бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе. Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден. Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во Мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус – мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу Христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал Христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката. Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и тамо да се бори против Христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој веднаш ослепел и паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?” „Кој си ти?” – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!” – одговорил гласот. „Господе, што да правам?” – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Тамо ќе ти кажам што да правиш!“ Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на Христјанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле”, за некоја личност што од голем противник станал приврзеник на одредена дејност. Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги светата христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар). Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука” што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: “…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евенгелието. (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!” им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битли во походот кон Европа и светот. На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно. Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично. Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам” се молеле за дожд. Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј жоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovden-obichai-i-veruvanja/feed/ 0
На Велигден се исполнуваат сите љубовни верувања- ноќта пред празникот направете го ова https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-veligden-se-ispolnuvaat-site-ljubovni-veruvanja-nokjta-pred-praznikot-napravete-go-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-veligden-se-ispolnuvaat-site-ljubovni-veruvanja-nokjta-pred-praznikot-napravete-go-ova/#respond Sat, 07 Apr 2018 10:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=37533

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција. Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот. Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје. Младите жени кои се уште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна! Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања. Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов. Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом. Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна!  А, одговорот е Навистина воскресна! Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела. Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-veligden-se-ispolnuvaat-site-ljubovni-veruvanja-nokjta-pred-praznikot-napravete-go-ova/feed/ 0