Very Peri – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Dec 2021 10:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Very Peri – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Избрана бојата за 2022 година, наречена е „Very Peri“ и ја симболизира иднината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-izbrana-bojata-za-2022-godina-narechena-e-very-peri-i-ja-simbolizira-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-izbrana-bojata-za-2022-godina-narechena-e-very-peri-i-ja-simbolizira-idninata/#respond Thu, 09 Dec 2021 10:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=606023

Додека луѓето на крајот на 2021 година размислуваат за она што се случило изминативе 12 месеци, светскиот авторитет за бои – Центарот за истражување и податоци за бојата „Пантон“ (Pantone), вчера ја избра „бојата на 2022 година“. Всушност, тие овојпат ја создадоа бојата на годината. Таа е наречена „Very Peri“. Оваа сино-виолетова нијанса е опишана како „динамична сина нијанса на малата винка (билката vinca minor) со живописна виолетово-црвенa нишка“, во твитер-објавата. – За нас беше навистина важно да излеземе со нова боја бидејќи сега имаме многу нова визија за светот!, рече извршната директорка на Институтот „Пантон“, Леатрис Ајсман. – Ова е буквално најсреќната и најтопла од сите нијанси на сино. Поради оваа црвеникава нијанса, таа носи моќно чувство на новина, а новото е она што го бараме!, додаде таа. Пандемијата има големо влијание врз начинот на кој вообичаено живееме и работиме, создавајќи бариери што ги принудуваат луѓето да размислуваат и вон рамката. – Минавме низ толку многу предизвици во ова време што денес не знаеме што ќе се случи утре. Љубопитноста е она што им помага на луѓето да ги пребродат овие тешки времиња. Ова е нешто што би го нарекле смела креативност, рече потпретседателката на „Пантон“, Лори Пресман. Ајсман додава дека бојата ја симболизира иднината. – Ја создадовме оваа боја на годината за да ги натераме луѓето да зборуваат за улогата на боите во нашите животи. И, кога ќе ги натерате да зборуваат за тоа, „правите врева“ и свеста се подига!, вели таа. Според неа, бојата е составен дел од нашето секојдневие, но ние ја земаме здраво за готово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-izbrana-bojata-za-2022-godina-narechena-e-very-peri-i-ja-simbolizira-idninata/feed/ 0