вес мичел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Jan 2019 17:20:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вес мичел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вес Мичел поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ves-michel-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ves-michel-podnese-ostavka/#respond Tue, 22 Jan 2019 17:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=155403

Вес Мичел, врвниот дипломат за европски прашања на Стејт департментот, се повлекува од функцијата, дознаваат американските медиуми. Вес Мичел беше особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија. Портфолиото на Мичел во Стејт департментот го вклучуваше и справување со Русија, што е особено чувствително прашање, со оглед на тековните истраги за тоа дали кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Москва за време на претседателската кампања во 2016 година. „Вашингтон пост“ прв ја објави веста за заминувањето на Мичел. „Пост“, наведувајќи го писмото за оставка на Мичел испратено до државниот секретар Мајк Помпео, напиша дека дипломатот си заминува од лични и професионални причини и дека 15 февруари ќе му биде последен ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ves-michel-podnese-ostavka/feed/ 0
Мицкоски му одговори на Мичел: Договорот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, убедливото мнозинство на граѓани го отфрли на референдумот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-mu-odgovori-na-michel-dogovorot-e-neprifatliv-za-vmro-dpmne-ubedlivoto-mnozinstvo-na-gragjani-go-otfrli-na-referendumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-mu-odgovori-na-michel-dogovorot-e-neprifatliv-za-vmro-dpmne-ubedlivoto-mnozinstvo-na-gragjani-go-otfrli-na-referendumot/#respond Wed, 17 Oct 2018 12:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=116271

Интегрално ви го пренесуваме писмото од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатено до помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел. Почитуван помошник државен секретар г-дин Мичел, Со посебно внимание го прочитав Вашето писмо и би сакал да ја искористам оваа можност да Ви се заблагодарам за поддршката која мојата татковина ја добива во поглед на евроатланските интеграции што се и стратешки интерес на мојата партија и граѓаните на мојата земја. Се надевам дека многу скоро Република Македонија ќе биде дел од НАТО И ЕУ семејствата, но горда и достоинствена, а не понижена, обезличена и омаловажена. Во продолжението на ова писмо би сакал да потенцирам неколку факти, имено процесот на преговори беше воден без создаден амбиент, авантуристички, манипулативно сокриен од јавноста, без вистинска стратегија и со лажни пораки. Во целиот тој период на преговори, детализирање и начинот на доаѓање до договорот ние како најголема политичка сила бевме исклучени, бевме надвор од процесот и не бевме консултирани. Ова го потенцирам од причина што ова решение кое се дискутира е решение кое припаѓа на субјектите на власт, и до истото не е дојдено по пат на консензус, во период и време кога таков консензус се бара и од опозицијата. Понатаму, Владата узурпирајќи го процесот, наметна манипулативно и повеќезначно референдумско прашање кое ги инкорпираше и НАТО и ЕУ. Моите јасни сугестии беа дека прашањето е свесно повеќезначно и збунувачко, и дека потребно е да бидат формирани две одвоени прашања, едно кое ќе се однесува чисто за прифаќање или неприфаќање на договорот, и друго кое ќе ја изрази волјата на граѓаните дали се за членство во НАТО и ЕУ, што според моето длабоко уверување е наш стратешки интерес. Повторно ВМРО-ДПМНЕ не наиде на разбирање од Владата и реши процесот да го продолжи без консезус со опозицијата. Целокупниот овој процес изобилува со погрешни проценки, лажни надежи и погрешни очекувања кои за жал беа производ на Владата, која ја лажеше целокупната меѓународна заедница дека ќе испорача нешто што не е во можност да го испорача. Почитуван г-дин Мичел, Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, што впрочем и се покажа на последниот референдум каде што и покрај бруталното и насилничко полнење на кутиите од страна на луѓе блиски до Владата, сепак на крај не успеаjа во намерата да обезбедат ни приближно услови за да референдумот биде прогласен за успешен. Имаме места каде што брутално и насилно се полнеа кутии и излезеноста е поголема од 90%, иако долгогодишниот просек не надминува 45%. Зарем тоа се вредностите во кои треба да веруваме? Зарем тоа е начинот како треба да се уништуваат демократските придобивки кои ги развивавме во годините на независна, суверена и самостојна Република Македонија? Зарем треба да останам нем на прашањата на моите студенти кога споредуваат примери каде се побиваат законите на физиката со гласање на секои 5 секунди?Зарем европска вредност ли се заканите уцените кои ги доживуваа граѓаните директно од власта за да излезат и гласаат, лажното преставување на лица од власта и лобирање во време на референдумскиот молк, а да не споменувам за стотиците дисциплински мерки, уназадувања, санкции и отпуштања на вработените во државната администрација кои не го поддржаа договорот, или пак продолжувањето на политичкиот прогон врз неистомислениците на власта, нешто што за нас стана секојдневие и навика со која се научивме да живееме во нашето општество. Зарем треба да го премолчиме фактот дека сите институции молчат за тоа што се случуваше на денот на гласање на референдумот и она потоа? Одговорот е едноставен, одбивам тоа да го прифатам и не само што одбивам туку и жестоко ќе се спротивставам со сето свое знаење, капацитет и демократски алатки против ваквите девијантни појави. Ова не е Македонија во која сакаме да живееме. Продолжувам и навистина не можам да поверувам како ќе се придонесе за стабилноста, мирот и сигурноста доколку се прифати Договор кој:  
  1. убедливото мнозинство на граѓани го отфрли на референдумот,
 
  1. со кој се менува Уставот со цел промена на Уставното име на државата,
 
  1. со кој се поништуваат сите стекнати права на Република Македонија како
  2. a) резолуцијата на ОН за прием на Република Македонија од 1993 година, б) времената спогодба со Грција од 1995 година и c) Хашката пресуда во полза на Македонија од 2011 година,
 
  1. со кој со членот 8 од договорот се предвидува формирање на Комисија помеѓу двете држави Република Македонија и Грција задача за ревидирање на историјата, археологијата и образованието, трајно наштетувајќи на идентитетот на мојата земја.
 
  1. со кој се откажува земјата од грижата за Македонските малцинства во други земји, но истовремено се откажува и од Македонците во дијаспората.
Што се однесува до делувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени кои во моментот се во Собраниска процедура истото е плод на нашиот претходен став дека договорот не можеме да го прифатиме, кој беше едногласно прифатен  вклучително и од пратеничката група, а притоа црпејќи го легитимитетот од референдумот кој се случи. И можам да ве уверам дека доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија. Јас не прифаќам таков начин на делување и истиот го осудувам. Во многу наврати ја предупредував јавноста и нашите меѓународни пријатели, истото го посочувам и денес, овој процес му е доверен на човек кој не е искрен во намерите и ветува нешта што не може да ги исполни, притоа знаменосецот на таа идеја е посипан со десетици афери, сомнежи за криминал и отсуство на секаква волја за расчистување со случаите на корупција и вистинско владеење на правото. Факторот време покажува дека впрочем најголемата опасност поради кој земјава влегува во криза е токму првиот човек на владата. Јас како пријател на вашата земја, силно ја уважувам вашата ангажираност да помогнете во процесот, и како човек кој се образувал и работел во државите од ЕУ и целосно ги споделува тие западни вредности сакам заеднички да ја градиме иднината на мојата татковина, базирајќи се на принципи и искрен однос. Но, исто така сум човек кој силно верува во основните цивилизациски придобивки на самоопределување како Македонец и самоименување на мојата татковина Република Македонија. “секогаш е најтемно пред зората” Со почит, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-mu-odgovori-na-michel-dogovorot-e-neprifatliv-za-vmro-dpmne-ubedlivoto-mnozinstvo-na-gragjani-go-otfrli-na-referendumot/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pomoshnik-amerikanskiot-drzaven-sekretar-za-evropa-i-evroazija-ves-michel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pomoshnik-amerikanskiot-drzaven-sekretar-za-evropa-i-evroazija-ves-michel/#respond Thu, 13 Sep 2018 16:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=100585

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. Како што велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ  е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник. Мицкоски подвлекол дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела и додал дека  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање. -Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pomoshnik-amerikanskiot-drzaven-sekretar-za-evropa-i-evroazija-ves-michel/feed/ 0
Вес Мичел в четврток во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-v-chetvrtok-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-v-chetvrtok-vo-skopje/#respond Tue, 11 Sep 2018 06:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=99141

Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел на 13 септември ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември, соопшти Стејт департментот. Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американска поддршка за приклучувањето на Македонија во Западното семејство, се наведува во соопштението. Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-v-chetvrtok-vo-skopje/feed/ 0
Мичел во телефонски разговор со Вучиќ и Тачи со подршка на дијалогот на Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/michel-vo-telefonski-razgovor-so-vuchikj-i-tachi-so-podrshka-na-dijalogot-na-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/michel-vo-telefonski-razgovor-so-vuchikj-i-tachi-so-podrshka-na-dijalogot-na-srbija-i-kosovo/#respond Thu, 30 Aug 2018 14:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=94339

Помошник државниот секретар на САД Вес Мичел денеска имаше одделни телефонски разговори со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, давајќи им притоа поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Српскиот претседател Вучиќ, разговарал со Мичел за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, европскиот пат на Србија и за подобрување на билатералните односи-соопштија од кабинетот на Вучиќ. „Во разговорите е констатовано дека САД  му даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на Европската Унија, како и дека се надеват на постигнување на сеопфатно и долгорочно решение„-се наведува во соопштението. Вучиќ на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија му кажал дека мисли да ќе му биде многу тешко да постигне договор меѓу Белград и Приштина, но дека ќе продолжи да вложува максимални напори за постигнување трајна стабилност на Западниот Балкан. Тачи, по разговорот со Мичел на својот Твитер профил напиша дека имал одличен разговор со Мичел и дека му е благодарен за неговата и поддршката на САД за постигнување на мирниот, правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија. „Договоривме координирани чекори за постигнување напредок. Американската поддршка беше и останува од витално значење за евроатлантската перспектива на Косово“, напиша Тачи по телефонскиот разговор со Мичел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/michel-vo-telefonski-razgovor-so-vuchikj-i-tachi-so-podrshka-na-dijalogot-na-srbija-i-kosovo/feed/ 0
Мичел: ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан, правиме напори спорот за името да се реши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-eu-go-zagubi-fokusot-na-zapaden-balkan-pravime-napori-sporot-za-imeto-da-se-reshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-eu-go-zagubi-fokusot-na-zapaden-balkan-pravime-napori-sporot-za-imeto-da-se-reshi/#respond Thu, 07 Jun 2018 06:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=63104

За САД југоисточното крило на Европа, вклучително и Западен Балкан, е стратешки важен сегмент во одбраната од руското и кинеското влијание во регионот и Вашингтон прави активни напори за решавање на спорот за името за Македонија да влезе во НАТО. Ова го истакна Вес Мичел, помошник државен секретар во Стејт департментот задолжен за Европа и Евроазија, на обраќање во Херитиџ фондацијата каде што ја промовираше стретегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа. - ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан во последните години и Стејт департментот зазеде став за активна улога во решавање на проблемите на Балканот – помеѓу Косово и Србија, внатрешните проблеми во Босна и надминување на ќорсокакот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, изјави Мичел, одговарајќи на прашања од присутните. Тој посочи дека неодамна ги посети Србија, Косово и Македонија и оти Вашингтон е во секојдневна координација со партнерите од Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а за решавањето на проблемите во Западниот Балкан се дискутира секојдневно во неговиот ресор. Мичел истакна  дека САД  продолжува да игра тивка улога заедо со ЕУ, Германија и останатите и охрабрува да се најде решение за името за Македонија да стане членка на НАТО. - На сите овие области на дневна основа трошима време и енергеија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан. Не очекувам некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, да бидат целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, рече Мичел. Тој исто така кажа дека САД работат активно на запирање на руската кампања на дезинформации во регионот, почнувајќи од балтичкиот регион, источна Европа па се до Балканот и Кипар. - Постои голем предизвик со руските вложувања во Кипар и затоа работиме на тоа да го запреме руското влијание таму и во југоисточна Европа, со поцврста воена соработка со такви сојзници како Грција. САД се против изградбата на вториот крак од гасоводот „Северен тек“, проект на рускиот енергетски монопол Газпром со кој се зголемува зависноста од руски гас во западна Европа со тоа што се заобиколуваат балтичките земји и Полска. - Овој проект не само што прави комерцијална штета туку и ја загрозува енергетска безбедност на ЕУ. Како и „Јужниот тек“, ова е чисто геополитички проект против кого застанаа редица земји членки на ЕУ од централна и источна Европа, изјави Мичел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-eu-go-zagubi-fokusot-na-zapaden-balkan-pravime-napori-sporot-za-imeto-da-se-reshi/feed/ 0
Мичел: САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-sad-gi-poddrzuvaat-makedonija-i-grcija-da-najdat-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-sad-gi-poddrzuvaat-makedonija-i-grcija-da-najdat-reshenie-za-imeto/#respond Tue, 13 Mar 2018 14:35:41 +0000 http://kurir.mk/?p=29607

САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името. Единственото решение ќе биде заедничкото решение. Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите. Ова го порача американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Што се однесува до НАТО и престојниот Самит на Алијансата, нагласи дека поканата за членство не е поврзана со точен датум или настан. - Но, мислам дека можеме да направиме се што можеме за да го одбележиме напредокот и заложбите на САД кон Македонија за да стане членка и на НАТО и на ЕУ. Ова е наша заложба долги години и не е врзана со конкретен датум или настан, рече Мичел. Тој додаде дека САД ја поддржува Македонија во нејзините евроатлантски аспирации и нагласи дека вратата кон НАТО останува отворена и оти стојат зад поканата упатена на самитот во 2008 година. На новинарско прашање дали Вашингтон директно ќе се вмеша во преговорите за името, Мичел рече дека САД се ангажирани и ќе продолжат да бидат ангажирани во процесот, но оти двете држави треба самите да дојдат до решение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michel-sad-gi-poddrzuvaat-makedonija-i-grcija-da-najdat-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Вес Мичел во Скопје на разговори за името и за НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-vo-skopje-na-razgovori-za-imeto-i-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-vo-skopje-na-razgovori-za-imeto-i-za-nato/#respond Tue, 13 Mar 2018 08:00:03 +0000 http://kurir.mk/?p=29415

Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска пристигнува во Скопје, како втора дестинација во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, се пораките кои Мичел ќе ги пренесе на средбите со македонскиот државен врв. Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Заев и Мичел по заедничката средба ќе дадат изјави за медиумите. Премиерот Заев посетата на високиот претставник на Стејт департментот на Скопје ја оцени како потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија. Заев вчера нагласи дека Мичел доаѓа во време кога Македонија сака да ја унапреди соработката со стратешките партнери. - Една од главните стратешки цели на РМ е НАТО, а земјата е буквално на чекор од членството во Алијансата. Ова може да биде од огромна помош. Ќе разговараме за соработката на двете земји, но и за НАТО перспективите, ќе имаме поддршка и за нашата интеграција во ЕУ, бидејќи таа е стратешки партнер, рече Заев коментираќи ја посетата на Мичел. Шефот на македонската дипломатија Димитров вчера најави дека прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со Мичел. - Мислам дека состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров и додаде дека од македонска страна ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот. За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што Мичел на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите. Мичел вчера ја почна својата турнеја по земјите од Балканот со посетата на Приштина, а ќе трае до 17 март. Тој освен Приштина и Скопје ќе ги посети и Белград, Атина и Никозија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-vo-skopje-na-razgovori-za-imeto-i-za-nato/feed/ 0
Вес Мичел утре во Скопје, во четврток во Атина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-utre-vo-skopje-vo-chetvrtok-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-utre-vo-skopje-vo-chetvrtok-vo-atina/#respond Mon, 12 Mar 2018 08:35:21 +0000 http://kurir.mk/?p=29121

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје. Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите. Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ves-michel-utre-vo-skopje-vo-chetvrtok-vo-atina/feed/ 0
Србија очекува Мичел да донесе нови американски предлози за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ochekuva-michel-da-donese-novi-amerikanski-predlozi-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ochekuva-michel-da-donese-novi-amerikanski-predlozi-za-kosovo/#respond Sun, 11 Mar 2018 08:23:27 +0000 http://kurir.mk/?p=28943

Српскиот весник „Новости“ пишува дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел на регионот. Според весникот, предлозите на Мичел содржат барање Србија да овозможи прием на Косово во меѓународните организации. За возврат, заедницата на четирите општини во Косово кои се со мнозинско српско население ќе добие широки овластувања во образованието, здравството и културата, а потпретседател на косовската Влада кој е Србин ќе има овластувања да го контролира функционирањето на оваа заедница. Србија ќе добие поддршка за прием во Европската унија, како и посериозна економска поддршка, пишува весникот. „Новости“ пишува дека предлозите ќе бидат претставени пред српскиот претседател Александар Вучиќ, како најсилна политичка фигура во Србија, а евентуалното негово одбивање на предлогот би довело до блокада на српските евро-интеграции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ochekuva-michel-da-donese-novi-amerikanski-predlozi-za-kosovo/feed/ 0