Весела Чернева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 May 2023 20:21:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весела Чернева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советничка на Кирил Петков под истрага за пренесување информации на македонски државјанин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-na-kiril-petkov-pod-istraga-za-prenesuvane-informatsii-na-makedonski-drzhavjanin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-na-kiril-petkov-pod-istraga-za-prenesuvane-informatsii-na-makedonski-drzhavjanin/#respond Tue, 30 May 2023 20:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=840644

Бугарските власти водат предистражна постапка против советничката за надворешни работи на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, Весела Чернева за издавање на информации за позицијата на Софија за влезот на Северна Македонија во ЕУ, изјави првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев. Како што објави 24 часа.бг, во одговор на прашање на пратеникот на националистичката партија Преродба „дали биле издавани информации за преговарачкиот процес на Република Северна Македонија и за чекорите што ги презема бугарската држава“, Тончев во бугарското Собрание, без да го спомне името на Чернева, изјави дека е покренат случај за тоа дека „тогашен советник на премиерот ги координирал ставовите на МНР со државјанин на Република Северна Македонија“. - Нема да можам да одговорам детално, бидејќи е поведена предистражна постапка, одговори Тончев. Според него, некои министри од тогашната бугарска Влада „дефинитивно не го штителе националниот интерес“ на Бугарија. Ова не се први обвинувања на сметка на Чернева во врска со земјава. Поранешната шефица на бугарската дипломатија Теодора Генчовска во една прилика ја обвини Чернева дека води паралелна надворешна политика и дека лобира во преговорите со Скопје. Кабинетот на Петков беше на власт од декември 2021 до август 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-na-kiril-petkov-pod-istraga-za-prenesuvane-informatsii-na-makedonski-drzhavjanin/feed/ 0
Чернева: Секогаш кога ќе замириса на избори ескалираат тензиите во односите меѓу Скопје и Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherneva-sekogash-koga-ke-zamirisa-na-izbori-eskaliraat-tenziite-vo-odnosite-megu-skopje-i-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherneva-sekogash-koga-ke-zamirisa-na-izbori-eskaliraat-tenziite-vo-odnosite-megu-skopje-i-sofija/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=792735

Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам кој треба да придонесе за намалување на тензиите и за идентификување на појавите на омраза, кој е јасно наведен во Протоколот што лани го потпишаа министерствата за надворешни работи на двете земји, но тој не се спроведува, вели советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева. – Не можеме да кажеме дека нема доволно инструменти, вели Чернева во интервју за  емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи го најновиот развој на настаните меѓу Скопје и Софија. Чернева потенцира дека последните месеци е видливо зголемување на тензиите во меѓусебните односи, додавајќи дека ваков тип на ескалации има секогаш кога ќе „замириса на избори“. – Од двете страни на границата има партии кои ги користат тензиите за да го подигнат својот рејтинг, заклучува Чернева. Таа смета дека во вакви услови обичните луѓе се наоѓаат во средини изложени на притисок на „екстремите од двете страни“ и стануваат жртви на таквиот притисок. – Тоа се процеси кои не оддалечуваат од срцето на евроинтеграциите и не ставаат во маргинална позиција, затоа што се занимаваме со билатерални кавги. Квалитетот на нашето европско членство се повеќе слабее, додава Чернева. Според неа, ваквото зголемување на тензиите „дополнително им го отежнува животот на Бугарите во Република Северна Македонија“. – Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот претседател со атентат. Ваквиот тип на закани не треба да бидат дел од билатералните односи. Одржувањето на добар тон и пристојност ќе им помогне на Бугарите кои живеат во Северна Македонија многу повеќе од овој прилично неодговорен пристап, смета Чернева. Таа нагласува дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје претставува „несоодветен гест“, бидејќи такви чекори се преземаат во „исклучителни ситуации“. – Оваа ситуација почнува да ми изгледа како намерна. Многу е лесно да се предизвика надолна траекторијата во билатералните односи. Тешко е спротивното – да се создаде амбиент во кој нема да се случуваат такви работи, вели Чернева, додавајќи дека „по толку години непријателство“ работите не може да се остават да се случуваат сами од себе. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherneva-sekogash-koga-ke-zamirisa-na-izbori-eskaliraat-tenziite-vo-odnosite-megu-skopje-i-sofija/feed/ 0