вештачка интелигенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 12:57:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вештачка интелигенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите луѓе без работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-gi-ostavi-site-luge-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-gi-ostavi-site-luge-bez-rabota/#respond Fri, 03 Nov 2023 12:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=896168

Вештачката интелигенција (ВИ) може да ги остави без работа сите луѓе, изјави претприемачот и најбогатиот човек на светот Илон Маск на настан во официјалното седиште на британската Влада, Ланкастер Хаус, во Лондон. „Тешко е да се каже точно кога, но ќе дојде момент кога работата нема да биде потребна. Можете да работите поради лично задоволство, но вештачката интелигенција ќе биде во состојба да направи сè. Не знам дали луѓето се чувствуваат добро или лошо поради тоа“, рече Маск, пренесува Си-Ен-Би-Си. Маск ја спореди вештачката интелигенција со дух од шише што ја исполнува секоја желба без ограничувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-gi-ostavi-site-luge-bez-rabota/feed/ 0
Велика Британија објави декларација за вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:13:38 +0000 https://kurir.mk/?p=895460

Велика Британија денеска ја објави Декларацијата Блечли, договорена со земји како САД и Кина, за зајакнување на глобалните напори за соработка за безбедноста на вештачката интелигенција. Декларацијата, потпишана од вкупно 28 земји, беше објавена на денот на отворањето на Самитот за вештачка интелигенција во Блечли парк, централна Англија. -Декларацијата ги исполнува клучните цели на Самитот за воспоставување заеднички договор и одговорност за ризиците, можностите и продолжување на процесот на меѓународна соработка за истражување на безбедноста и вештачката интелигенција, особено преку поголема научна соработка, наведе Велика Британија во посебна изјава што ја придружува декларацијата. Велика Британија ги собра владите, академијата и компаниите кои работат на вештачка интелигенција за инаугуративниот Самит за безбедност на вештачката интелигенција денеска за да разговараат за тоа како да се ограничат ризиците од технологијата и дали тоа може да се направи. Средбата е идеја на премиерот Риши Сунак, кој сака Британија да стане посредник меѓу економските блокови на САД, Кина и Европската унија. Листата од 100 гости вклучува светски лидери, технолошки лидери како Илон Маск и шефот на ChatGPT Сем Алтман и академици. Усвоената декларација повикува на транспарентност и одговорност на актерите кои ја развиваат најнапредната технологија за вештачка интелигенција во нивните планови за мерење, следење и ублажување на потенцијално штетните способности. Британскиот крал Чарлс III изјави дека меѓународната заедница мора да одговори на ризиците од вештачката интелигенција со чувство на итност и единство, како во случајот со климатските промени. -Вака меѓународната заедница се обиде да се справи со климатските промени, да го осветли патот до нула емисии и да ја заштити иднината на нашата планета. Мораме да одговориме на сличен начин на ризиците што ги носи вештачката интелигенција, со чувство на итност, единство и колективна сила, рече кралот во видео пораката прикажана на самитот за вештачка интелигенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
„Гугл мапс“ со сѐ повеќе новитети засновани на вештачка интелигенција https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-maps-so-s-poveke-noviteti-zasnovani-na-veshtachka-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-maps-so-s-poveke-noviteti-zasnovani-na-veshtachka-inteligentsija/#respond Fri, 27 Oct 2023 13:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=893796

Директорите на „Гугл“ во мај ја претставија функцијата „Имерсив вју“ за рути, којашто овозможува навигациски фотографии за планирани патеки. Сега оваа опција е достапна за корисниците ширум светот. Кога корисникот се движи пешки, на велосипед, во јавен превоз или во свое возило, новата опција ќе му овозможи и виртуелно да се движи по улиците следејќи визуелни слики на патеката што ја избрал. Функцијата, надградена со технологијата за вештачка интелигенција, ќе биде достапна за уредите со „ИОС“ и „Андроид“ почнувајќи од оваа недела за Амстердам, Барселона, Лондон, Даблин, Фиренца, Лас Вегас, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк, Париз, Сан Франциско, Сан Хозе, Сиетл, Токио и Венеција, т.е. во САД и 20 земји во Европа. „Гугл мапс“ обично се користи во сѐ поголем број електрични возила како дел од екосистемот „Андроид аутомотив ОС“. Корисниците наскоро ќе можат да бараат блиски дестинации коишто исполнуваат повеќе езотерични критериуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-maps-so-s-poveke-noviteti-zasnovani-na-veshtachka-inteligentsija/feed/ 0
Вештачката интелигенција во фокусот на претстојното издание на Конференцијата за е-трговија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtachkata-inteligentsija-vo-fokusot-na-pretstojnoto-izdanie-na-konferentsijata-za-e-trgovija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtachkata-inteligentsija-vo-fokusot-na-pretstojnoto-izdanie-na-konferentsijata-za-e-trgovija/#respond Thu, 26 Oct 2023 08:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893272

Со помалку од месец дена до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата. Учесниците ќе имаат ексклузивната можност да научат од интернационалните и домашните индустриски пионери и лидери кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да ја забрзаат својата успешност во онлајн трговијата. Конференцијата ќе истражува како вештачката интелигенција ја менува реалноста на е-трговијата, навлегувајќи во клучни теми како што се искористувањето на вештачката интелигенција за персонализација на корисничкото искуство, донесување на одлуки базирани на податоци и многу други. Конференцијата со свое воведнo обраќањe ќе ја отворат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска. Конференцијата потоа продолжува со првата сесија наречена „Маркетплејс пионери и нивниот успех во е-трговијата“ која се содржи од панел-дискусија и студија на случај, кои ги вклучуваат индустриски лидери од регионалните и глобалните маркетплејс платформи како Марко Царевиќ, извршен директор во „Ананас“, Катарзина Роса, лидер за образование и развој на трговци во „Алегро“ и Ралука Буџореану, продукт-лидер во „Заландо“, Никола Илчев од „Екомерц Академи“ од Бугарија и други. Подоцна во денот, преку сесијата "Фокус на доставата и плаќањата и нивната повезаност со прекугранична е-трговија" поддржана од НЛБ банка, присутните ќе ги истражуваат опциите за плаќања во е-трговија во регионот, патот кон успехот и научените лекции. Оваа сесија вклучува разговори со еминентни говорници од регионот меѓу кои и Бранко Грегановиќ, извршен директор во НЛБ Банка Македонија, Иван Мирковски, извршен директор во „Смарт ливинг“ , Елвис Пивиќ, ко-основач во „Мој бренд“ од Босна и Херцеговина, Фидан Рамизи, основач на платформата aoos.com.al од Албанија, Соња Буха, менаџер за е-трговија во „Мона Мода“ од Србија и многу други. Конференцијата продолжува со сесијата "Трка за иновации и технологија: Како да се искористат вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во е-трговија" поддржана од А1 Македонија. Оваа сесија ги истражува иновациите и напредокот во областа на е-трговијата, вклучувајќи ја презентацијата на Стефан Ковачевиќ, глобален е-комерц лидер во „Нестле“ и подоцна следува дискусија на панелот за иднината на маркетингот со експерти од различни области. Четвртата сесија, "Купувачот во центарот на е-трговијата: Нови начини за подобрување на неговото онлајн шопинг искуство", се фокусира на создавањето на персонализирани искуства и разбирањето на навиките на корисниците. Каи Херцбергер, групациски директор за DACH и EMEA во „Мета“ и Саманта Тилет, глобален директор за партнерства во „Хттпоол“ за Amazon Ads, ќе споделат вредни искуства поврзани на оваа тема со присутните гости. Последната сесија насловена „Финансирање во е-трговијата: Кои се барањата на инвеститорите?“ се фокусира на можностите за финансирање и раст на бизнисите со е-трговија во земјава и регионот. За потсетување, оваа година конферецијата за втор пат ги отвора вратите за регионалната публика. Очекувано е присуство на повеќе од 600 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави конференцијата уникатна и единствена во регионот во своето шесто издание. Настанот е поддржан од Германското друштво за соработка - ГИЗ како организациски партнер, Мастеркард како генерален партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Ананас, НЛБ Банка и Пивара Скопје како златни партнери и Комерцијална банка, Корпа, Геиники Таксидромики, Фит Кит, Халкбанк и Фешн Груп како сребрени партнери на настанот. Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и последните 50 картите во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtachkata-inteligentsija-vo-fokusot-na-pretstojnoto-izdanie-na-konferentsijata-za-e-trgovija/feed/ 0
ЦИА се подготвува да воведе сопствен модел на вештачка интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsia-se-podgotvuva-da-vovede-sopstven-model-na-veshtachka-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsia-se-podgotvuva-da-vovede-sopstven-model-na-veshtachka-inteligentsija/#respond Wed, 27 Sep 2023 06:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=882113

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) се подготвува да воведе во употреба функција слична на програмата OpenAI која ќе користи вештачка интелигенција за да им овозможи на аналитичарите подобар пристап до интелигенција со отворен код, објави Блумберг. Според агенцијата, станува збор за поширока владина кампања за искористување на моќта на вештачката интелигенција за да се натпреварува со Кина, која се обидува да стане глобален лидер во оваа област до 2030 година. „Таа алатка за вештачка интелигенција ќе им овозможи на корисниците да го видат оригиналниот извор на информациите што ги гледаат, рече директорот на Одделот на ЦИА за отворени извори, Ренди Никсон, додавајќи дека функцијата за разговор е логичен дел од побрзата дистрибуција на интелигенција. ЦИА не објави кој модел на вештачка интелигенција ќе користи за да ја поддржи новата алатка или како ќе ги заштити информациите од протекување на отворениот интернет. Алатката за вештачка интелигенција ќе биде достапна за разузнавачката заедница на САД од 18 агенции, која ги вклучува ЦИА, Агенцијата за национална безбедност, Федералното биро за истраги и агенции управувани од ограноците на војската, но нема да биде достапна за креаторите на политиката или јавните кампањи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsia-se-podgotvuva-da-vovede-sopstven-model-na-veshtachka-inteligentsija/feed/ 0
Шефовите на големите технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/#respond Thu, 14 Sep 2023 06:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=877847

Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција. -Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена..., последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот. Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, а поканети се шефовите на технолошките гиганти, како и застапниците за граѓански права. Многумина се загрижени дека брзиот технолошки напредок ќе доведе до губење на работни места, повеќе дезинформации на интернет и други штетни ефекти. -Денес започнуваме огромен, комплексен и витален потфат - поставување на основата за консензуална политика за вештачка интелигенција која Конгресот може да ја претвори во закон, рече Шумер. Цукерберг нагласи дека Конгресот „треба да се осврне на вештачката интелигенција за да ги поддржи иновациите, но и заштитните мерки“. Тој додаде дека „стандардот е подобро поставен од американските компании кои можат да соработуваат со владата за да ги обликуваат овие модели за важни прашања“. Републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека на Конгресот ќе му треба време да дејствува. -Дали сме подготвени да го напишеме законот? Апсолутно не, рече Раунд. Демократскиот сенатор Кори Букер посочи дека сите учесници се согласиле дека „владата има регулаторна улога“, но дека изработката на законодавството ќе биде предизвик. Моќта и предностите на вештачката интелигенција, како и потенцијалните опасности, се предмет на голем интерес кај научниците ширум светот. Во мај, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, компанијата зад ChatGPT, сведочеше пред комисијата на американскиот Сенат, опишувајќи ги потенцијалните стапици на новата технологија. -Мислам дека ако оваа технологија тргне наопаку, може да тргне многу наопаку... Сакаме да бидеме јасни кога зборуваме за тоа. Оптимист сум за вештачката интелигенција, но тоа не значи дека нема да има проблеми на патот, рече Алтман, додавајќи дека сакаат да работат со владата за да спречат тоа да се случи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-golemite-tehnoloshki-kompanii-vo-kongresot-razgovaraa-za-idninata-na-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Фон дер Лајен: Вештачката интелигенција носи ризици, но и огромни можности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-veshtachkata-inteligentsija-nosi-rizitsi-no-i-ogromni-mozhnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-veshtachkata-inteligentsija-nosi-rizitsi-no-i-ogromni-mozhnosti/#respond Sun, 10 Sep 2023 11:59:06 +0000 https://kurir.mk/?p=876579

Едно се чини јасно: иднината ќе биде дигитална. Вештачката интелигенција има ризици, но нуди и огромни можности, а клучното прашање е како да се искористи технологијата која брзо се менува, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на третата сесија на Самитот на Г20, насловена „Една иднина“, што се одржува во Њу Делхи. - Она што го прави светот сега ќе ја обликува нашата иднина. Европа и нејзините партнери треба да развијат нова глобална рамка за ризиците со вештачка интелигенција. Таа треба да не заштити од системски општествени ризици и во исто време да поттикне инвестиции во безбедни и одговорни системи за вештачка интелигенција, додаде Фон дер Лајен. Според неа, на глобално ниво потребно е да се формира тело од научници и иноватори, кои треба „да обезбедат знаење за ризиците што ги носи вештачката интелигенција“, како и за потенцијалните придобивки за човештвото. Таа истакна дека јавната дигитални инфраструктура може да биде вистински поттик за економиите во развој. - Можностите се огромни, инвестициите мали. Трикот е да се изгради јавна дигитална инфраструктура, која е интероперабилна, отворена за сите и доверлива, додаде претседателката на ЕК. Таа како успешен пример во таа насока го посочи дигиталниот Ковид сертификат на ЕУ. - Моделот беше толку функционален и толку доверлив што 51 земја на четири континенти го преземаа бесплатно. Денес, СЗО го користи како глобален стандард за да ја олесни мобилноста во време на здравствени закани, потенцира Фон дер Лајен во обраќањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-veshtachkata-inteligentsija-nosi-rizitsi-no-i-ogromni-mozhnosti/feed/ 0
Путин побара од владата да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-pobara-od-vladata-da-go-zabrza-razvojot-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-pobara-od-vladata-da-go-zabrza-razvojot-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-rusija/#respond Thu, 07 Sep 2023 19:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=875863

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од владата во Москва да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија за да може да се натпреварува со западните земји во глобалната трка за вештачка интелигенција. Според документот објавен денеска на официјалната веб-страница на Кремљ по состанокот на владата, рускиот претседател побарал до 2030 година да се обезбеди воведување мерки за поддршка на активностите на истражувачките центри во областа на вештачката интелигенција. Трката за развој на вештачка интелигенција почна во последниве години меѓу најголемите технолошки групи во светот, како што се американските Гугл и Мајкрософт и кинескиот интернет гигант Бајду. Рускиот претседател сака да го забрза и воведувањето на вештачка интелигенција во јавните претпријатија. А компаниите кои сакаат да добијат субвенции од федералниот буџет ќе имаат обврска да користат вештачка интелигенција. Од 2024 година, програмата Системи за вештачка интелигенција ќе стане задолжителна и во високото образование, се вели во документот. Путин во последниве месеци постојано повторуваше дека сака да постигне технолошки суверенитет бидејќи меѓународните санкции кои ја засегаат Москва ја спречуваат Русија да пристапи до странски софтвер и делови како што се полупроводници. Во април, компанијата Сбер, еден од руските лидери во новата технологија, го лансираше својот робот кој зборува, приклучувајќи се на глобалната трка за такви средства создадени врз основа на вештачка интелигенција, како што е американскиот ChatGT. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-pobara-od-vladata-da-go-zabrza-razvojot-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-rusija/feed/ 0
Алиу и Стриер: Работиме во развој на Национална стратегија за вештачка интелигенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-i-strier-rabotime-vo-razvoj-na-natsionalna-strategija-za-veshtachka-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-i-strier-rabotime-vo-razvoj-na-natsionalna-strategija-za-veshtachka-inteligentsija/#respond Tue, 05 Sep 2023 09:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=874713

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу е во Талин каде што во рамки на Дигиталниот самит ќе има обраќање на панел сесијата насловена: „Дигитална безбедност на Западен Балкан“. МИОА соопшти дека Алиу во Талин имал средба со Кеит Стриер, потпретседател на Светската иницијатива за вештачка интелигенција во Корпорацијата NVIDIA. - Имавме продуктивна средба за тоа како да ја поттикнеме соработката помеѓу Северна Македонија и NVIDIA за различните аспекти на вештачката интелигенција. Ние, се договоривме да формираме работна група која ќе го следи развојот на националната стратегија за вештачка интелигенција, која  ќе ги истражува можностите и предизвиците на учење и неговите апликации. Да имплементираме решенија за вештачка интелигенција во јавниот сектор и да го подобриме процесот на донесување одлуки во креирање политики, да ја оптимизираме хардверската инфраструктура и процесите за воспоставување на вештачката интелигенција.  Се договоривме да ги “здружиме силите” за да аплицираме во програмата „Дигитална Европа” за подобрување на дигиталната инфраструктура и процесот на дигитализација на нашата земја, изјави Алиу. Министерот изразил  благодарност до Страјер за вредните совети и поддршката и истакнал дека со нетрпение очекува унапредување на агендата за Вештачка интелигенција и во нашата држава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-i-strier-rabotime-vo-razvoj-na-natsionalna-strategija-za-veshtachka-inteligentsija/feed/ 0
Папа Франциск: Вештачката интелигенција има нарушувачки можности и амбивалентни ефекти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-veshtachkata-inteligentsija-ima-narushuvachki-mozhnosti-i-ambivalentni-efekti-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-veshtachkata-inteligentsija-ima-narushuvachki-mozhnosti-i-ambivalentni-efekti-2/#respond Tue, 08 Aug 2023 13:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=864689

Папата Франциск повика на глобално размислување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција, укажувајќи на „нарушувачките можности и амбивалентни ефекти“ на новата технологија. Папата, кој има 86 години и претходно изјави дека не знае да користи компјутер, го издаде предупредувањето во пораката за следниот Светски ден на мирот на Католичката црква, кој се паѓа на Нова година. Ватикан ја објави пораката многу однапред, како што е вообичаено. „Папата нè потсетува на потребата да бидеме будни и да работиме логиката на насилство и дискриминација да не пушти корен во производството и употребата на таквите уреди, на штета на најчувствителните и најисклучените“, се вели во пораката. „Итната потреба концептот и употребата на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, за таа да биде во служба на човештвото и заштитата на нашиот заеднички дом, бара етичкото размислување да се прошири и во сферата на образованието и правото“, се додава во пораката. Во 2015 година, папата Франциск призна дека технологијата е „катастрофа“, но интернетот, социјалните мрежи и СМС пораките ги нарече „дар од Бога“, под услов да се користат мудро. Во 2020 година, Ватикан ги здружи силите со технолошките гиганти Мајкрософт и ИБМ за да го промовира етичкиот развој на вештачката интелигенција и да повика на регулирање на наметливите технологии како што е препознавање на лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-veshtachkata-inteligentsija-ima-narushuvachki-mozhnosti-i-ambivalentni-efekti-2/feed/ 0