Весна Атанасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Mar 2022 13:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Атанасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Атанасовска: Ниту од далеку не ја гледаме вистинската поддршка од власта за преживување во услови на криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovska-nitu-od-daleku-ne-ja-gledame-vistinskata-poddrshka-od-vlasta-za-prezivuvanje-vo-uslovi-na-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovska-nitu-od-daleku-ne-ja-gledame-vistinskata-poddrshka-od-vlasta-za-prezivuvanje-vo-uslovi-na-kriza/#respond Sat, 05 Mar 2022 13:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=641533

Денес во Штип Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше протестен марш по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Меѓу говорниците кои испратија силни пораки беше  членот на ИК на Унијата за жени на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Атанасовска која пренесе едно обраќање на една нејзина сограѓанка Рајна Стојанова од здружението „Креација 2009„ која од оправдани причини не беше присутна на маршот, а која порача дека никако не можеме да излеземе од кризата која се повеќе се продлабочува од ден на ден а вистинската поддршка за преживување граѓаните не ја гледаат ни од далеку, потенцирајќи дека власта изрецитира многу мерки но со ништо не го подобри животот на населението. -Никако да се излезе од кризата која се повеќе се наметнува и продлабочува од ден на ден. Ниту од далеку не ја гледаме вистинската поддршка за преживување во услови на криза. Многу мерки понудени, изрецитирани од страна на власта но со ништо не го подобрија животот на граѓаните. За понудените мерки, голем дел од женското претприемништво како и малите микро фирми, сезонските дејности, не ги исполнуваат условите за аплицирање за помош бидејќи условот за да нема намалување на бројот на вработени е тешко да се исполни.  Секој ден затворени се повеќе мали фирми а малите дуќани скоро и да не постојат, стои во обраќањето на Стојанова која го пренесе Атанасовска. Стојанова во нејзиното обраќање пренесено од Атанасовска вели дека е неопходно да вратиме со барање за зајакнати и специфични мерки за заздравување од оваа криза. -Неопходно е да се вратиме со барање за зајакнати и специфични мерки за заздравување од оваа криза, подобри можности и обуки и посебни фондови за поддршка. Но, неопходна е голема поддршка за ускладување на работните и семејните услови како важни за еден нормален живот, порача Стојанова во нејзиното обраќање кое го пренесе членот на Извршниот комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Весна Атанасовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasovska-nitu-od-daleku-ne-ja-gledame-vistinskata-poddrshka-od-vlasta-za-prezivuvanje-vo-uslovi-na-kriza/feed/ 0
Туркање на избори по секоја цена е безобразно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turkanje-na-izbori-po-sekoja-cena-e-bezobrazno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turkanje-na-izbori-po-sekoja-cena-e-bezobrazno/#respond Mon, 15 Jun 2020 10:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=358087

Самиот термин  “избори”  во најосновното значење е право на граѓанинот да избере помеѓу понудените политички опции, идеи, концепти, програми, визии за иднината на државата и општеството. Имајќи ја во предвид позицијата на граѓанинот во современето демократско општество и поставувањето на изразот на волјата на истиот на пиедесталот на она што се нарекува демократски систем на вредности,  политичките чинители мораат да создадат услови за конкурентни,  фер,  демократски,  легитимни и легални избори со два услови кои ќе обезбедат политички мир наместо политичка криза. Мисија на  ОБСЕ/ОДИХР, во полн состав и јасни протоколи за заштита на здравјето на избирачите. Туркањето на избори по секоја цена, без создадени услови за нивно фер и коректно спроведување е  безобразно и крајно дрско занемарување и игнорирање на основната обврска на власта да ги слушне граѓаните на кои треба да им служи. И апстиненцијта е некаков политички став, но не и кога истата е предизвикана од немање на минимум услови за одржување на избори. Во вакви околности добиваме чуство како Македонија да е приватен остров на една самопрогласена политичка елита, а граѓаните публика на нивната престава. Дотолку повеќе,  што нашата економска,  социјална и политичка состојба е последица на делувањето на оние кои сме ги делигирале да ја остваруваат власта. Спроведувањето на популистички економски и социјални мерки, кои не само што не помагаат, туку и ќе ја одолговлечат кризата, најверојатно работниците и стопанствениците најмногу ги погодува. Во држава каква што е нашата со скоро климав , недоволно квалитетен и функуционален образовен, здраствен, правен, социјален систем и те како граѓаните имаат потреба да видат и слушнат различните концепти и визии на политичките партии. Сведоци сме дека пред  пред да станат власт, гласно зборуваа за некаков режим, тоталитаризам и ветуваа дека Македонија ќе ја претворат во лулка на демократијата. Денес гледаме немање на инклузивност на клучните политички  чинители со најважните процеси во земјата.  А не уверуваат дека блескаме. Ваквиот начин на однесување е само обележје на тоталитарни, недомократски општества и држави во која властодржецот е од бога пратен и на него треба да му се служи. Пишува: Весна Атанасовска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turkanje-na-izbori-po-sekoja-cena-e-bezobrazno/feed/ 0
Колумна на Весна Атанасовска: СЕКОЈА ЖЕНА Е ВАЖНА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-sekoja-zena-e-vazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-sekoja-zena-e-vazna/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=331882

  „Доколку вие или вашето дете сте жртви на семејно насилство, полицискиот час не ве ограничува да го напуштите домот, да го пријавите насилството или да побарате лекарска помош.“   Додека светот се соочува со пандемија од светски размери предизвикана од корона вирусот, почитувајќи ги мерките сите ние остануваме дома во кругот на семејството, со своите најблиски. За повеќето тоа е најубаво поминато време, но за жал има и такви за кои седењето дома се претвора во вистински кошмар. Време е да проговориме гласно. Време е да им кажеме дека дури и во вакви вонредни состојби не се сами, затоа е потребно гласно да говориме за насилството врз жените и да се бориме против него. Затоа што секоја жена е важна! Според статистиките, една од три жени се жртви на некаква форма на родово базирано насилство на глобално ниво. Подеднакво загрижувачки се и податоците што се однесуваат на нашата земја. Ниту една жена не е изземена, независно од нејзиниот општествен, професионален, социјален или било каков друг статус, иако ранливоста кај некои жени е поголема. Жртва е можеби вашата најдобра пријателка, колешка, претпоставена, сосетка... Најголемиот дел од жените кои трпат насилство молчат од страв и срам, друг дел не се ни свесни дека се жртви на насилство, поради тоа што во Македонија како да е општо прифатено и нормално однесувањето кое во светот се квалификува како насилство. Покрај физичкото постои и психичко насилство,а тоа е секое дејствие кое предизвикува чувство на страв, загрозеност, вознемиреност или повреда на достоинството и интегритетот на жртвата. Психичко насилство се заканувањето, навредувањето, прекумерна контрола, исмевањето, изнудувањето, принудувањето, прекумерна љубомора, замолчувањето итн. Последиците од психичкото насилство можат да бидат подолготрајни од оние на физичкото. Насилството врз жена во кој било облик е тотално неприфатливо .Честопати погрешната претстава за што всушност е насилство, стравот како главен фактор и манипулацијата врз една жена се сосема доволни фактори дека сте дел од еден ментален и емотивен кафез, но притоа да не сте свесни. Интернетот изобилува со најразлични информации за оваа тема, што за жал повеќето жени не ја разбираат сериозно и фактот дека остава трајни последици врз самата личност и нејзиниот карактер, најчесто се занемарува поради големата неинформираност дека за ваков тип на насилство се одговара кривично. Зборот е најмоќното оружје, што не се заборава а чувството на вина и беспомошност, стравот во секоја мисла и помисла, се носители на едно големо бреме, внатрешна борба и одново градење на себе. Најчесто, одреденото однесување на просечен маж во Македонија кога ќе направи вакво нешто, се препишува на тоа дека тоа е нормално на Балканот, вие сте си го барале, љубоморен е ќе му помине, ајде не мислел така, маж треба да биде маж па и да тресне со тупаница по маса, или да посегне по вас со навреди или во краен случај физички напад. Не, неговото однесување воопшто не е прифатливо ниту ќе се промени, како што лузната од неговите зборови ќе ја памтите вечно, а ќе ве избруси во една нова личност, некогаш во светло до непрепознатливост, другпат во личност што никогаш не сте сакале да ја запознаете. Запомнете дека никој нема апсолутно право да ве навредува поради неговите лични погрешни сфаќања, не ги оправдувајте постапките и навредите со евтината манипулација дека проблемот е до Вас, дека Вие провоцирате и дека намерно така ви зборува за да ве освести или во краен случај дека ќе останете сами и несреќни ако не ги задоволувате неговите желби, и дека тој ви е единствената надеж во животот. Денот и Сонцето се доволно светли за да ве расони и од најдлабокиот емотивен сон, воспитувањето и љубовта од семејството се главни показатели на доза љубов и основи темели на почит. Не чекорете по патот каде се посадени трња од зборови, токсичен воздух и зашеметеност од небулози наметнати да ги верувате. Процесот на емотивното лекување е долготраен. Емотивниот манипулатор не бира возраст ниту какво искуство имате. Доволно е да ја осети вашата послаба страна, и да започне емотивната тортура од зборови, ќорсокак без патокази. Заштитете се себеси. Затоа не молчете и не го трпете насилството, независно во која форма е! Секоја жена е важна! Пријави насилство!   Весна Атанасовска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-sekoja-zena-e-vazna/feed/ 0
Колумна на Весна Атанасовска: Економско-финансиска енигма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/#respond Sun, 05 Apr 2020 12:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=327640

„Manifestum non eget probatione“ Римјаните своето искуство го преточиле во мудрост и затоа запишале: „Очигледната работа не треба да се докажува“. Кај нас повеќе од очигледно е дека во услови на ширење на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ комплетно ги става на располагање своите капацитети, подавајќи рака за помош во справувањето со глобалната опасност која и нам не демне, но за жал и во вакви услови егоизмот, политичкото блефирање и профитирање на СДСМ им се над сите приоритети. Verba volant, scripta manent – Зборовите летаат, а она што е напишано останува. Исто така, летаат и зборовите на челниците на СДСМ, почнувајќи од контрадикторниte изјави преку техничкиот премиер Спасовски и министерката за финансии Ангеловска, онаа која треба да излезе со финансиска стратегија, со план за тоа како ќе ја преброди македонската економија кризата. Пред почетокот на кризата буџетот беше солветен и ликвиден за по кратко време од политичките актери на власт да слушнеме контрадикторност со изјавата дека „... буџетот е листа хартија и реалните пари ги нема“. И нормално збунети се прашуваме имаме или немаме пари? Во моментов целиот свет се соочува со пандемијата предизвикана од корона вирусот, која сериозно го загрозува здравјето и благосостојбата на човекот. Со сигурност можеме да речеме дека, покрај сериозното нарушување на здравјето, човекот ќе треба да се соочи и со економска криза која ќе ја предизвика оваа пандемија, а чиишто последици ќе почнеме да ги чувствуваме во најскоро време. Со оглед на тоа што имаме веќе рецесија во многу држави, едно е сигурно – неминовна е светска економска криза. Приоритет на секоја држава во вакви услови е да се обиде производството, ликвидноста на средствата, движењето на капиталот и размената на добра и услуги да не забават, а најмногу од сѐ, да не сопрат. Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор. Во овој момент, од суштинска важност е државните власти колку што е можно побрзо да се организираат за преземање мерки за спречување на општествен колапс. Наместо тоа, тие спроведуваат популистички економски и социјални мерки, кои не само што нема да помогнат, туку и ќе ја одолговлечат кризата, која, како и секогаш, најмногу ќе ги погоди работниците и стопанствениците. Економската криза во Македонија допрва доаѓа. Наместо да бидеме држава која следи и применува реални мерки како други држави за да ја надминеме кризата предизвикана од Корона вирусот, челниците на власта повикуваат на солидарност. Повеќе од јасно е дека ова не треба да биде борба за политички поени, ова е борба против невидливиот непријател, подадената рака за помош. Големината на политичарите и власта е кога ќе ја прифатат подадена рака од опозицијата за сет мерки кои и се неопходни на државата, на граѓаните. Време е да се ослободите од суетата и за доброто на народот заедно да победиме во оваа војна. Пишува: Весна АТАНАСОВСКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/feed/ 0