Весна Бендевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 13:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Бендевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бендевска: Недостигаат една третина од учебниците, подготвуваме тужба против државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/#respond Thu, 05 Oct 2023 13:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885635

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска. На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети. Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици. Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници. - Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/feed/ 0
КСЗД: Заканите кон Бендевска се поттикнување на насилство од омраза и обид за вршење влијание врз Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-zakanite-kon-bendevska-se-pottiknuvanje-na-nasilstvo-od-omraza-i-obid-za-vrshenje-vlijanie-vrz-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-zakanite-kon-bendevska-se-pottiknuvanje-na-nasilstvo-od-omraza-i-obid-za-vrshenje-vlijanie-vrz-komisijata/#respond Mon, 17 Oct 2022 13:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746530

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост. Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини. – За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна  Македонија и Република Бугарија, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција, наведуваат од КСЗД.. Ваквите објави, за кои Комисијата смета дека не само што спаѓаат во говор на омраза што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост, посочуваат од таму, следеа по прес – конференцијата, во која беа објавени Мислењето и препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, одржана во петокот, наведуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“, воедно, е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди во петокот Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-zakanite-kon-bendevska-se-pottiknuvanje-na-nasilstvo-od-omraza-i-obid-za-vrshenje-vlijanie-vrz-komisijata/feed/ 0
Поранешна пратеничка на СДСМ со поддршка за протестот: Оваа лакрдија го повредува моето право на самосвест за национална припадност, нема да молчам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshna-pratenichka-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-ovaa-lakrdija-go-povreduva-moeto-pravo-na-samosvest-za-nacionalna-pripadnost-nema-da-molcham/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshna-pratenichka-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-ovaa-lakrdija-go-povreduva-moeto-pravo-na-samosvest-za-nacionalna-pripadnost-nema-da-molcham/#respond Sat, 02 Jul 2022 09:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=698764

Актуелниот член на комисија за борба против дискриминација и поранешен пратеник на СДСМ, Весна Бендевска преку социјалните мрежи изрази поддршка за народниот протест кој ќе се одржи вечерва. Таа вели дека тоа го смета за лично право и за изразување протест гледа како лична потреба и борба. -Утре излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ со кои се гордеам. Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив до крај. Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект. Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот. И никој нема право да ми го спори моето право, пишува Бендевска.   Народниот протест ќе се одржи денеска со почеток во 19 часот пред Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshna-pratenichka-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-ovaa-lakrdija-go-povreduva-moeto-pravo-na-samosvest-za-nacionalna-pripadnost-nema-da-molcham/feed/ 0
Ивор Мицковски и Бендевска жестоко удрија по Заев заради вработувањето на Хоџа во владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivor-mickovski-i-bendevska-zestoko-udrija-po-zaev-zaradi-vrabotuvanjeto-na-hodza-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivor-mickovski-i-bendevska-zestoko-udrija-po-zaev-zaradi-vrabotuvanjeto-na-hodza-vo-vladata/#respond Mon, 07 May 2018 17:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=51176

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски остро реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев за вработувањето на Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа како советник за безбедност во Владата. „Заев го ресоцијализирал Хоџа, па каже: 'Со таа плата ќе може да го нарани и своето многучедно семејство, така да тука има и една социјална димензија'. -Ние сме лудаци другари“, напиша Мицковски на социјалната мрежа Фејсбук.

На тоа коментираше и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Весна Бендевска. -А како не се сети да го стави во некоја од приватните фирми на Заев.... заради ресоцијализација мислам... општествено-одговорни фирм итд, коментираше Бендевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivor-mickovski-i-bendevska-zestoko-udrija-po-zaev-zaradi-vrabotuvanjeto-na-hodza-vo-vladata/feed/ 0