Весна Дамева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 12:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Дамева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драмата од Судски совет се сели во обвинителство: Дамева со кривична пријава за нејзиното разрешување и тужба до Управен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramata-od-sudski-sovet-se-seli-vo-obvinitelstvo-dameva-so-krivichna-prijava-za-nejzinoto-razreshuvane-i-tuzhba-do-upraven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramata-od-sudski-sovet-se-seli-vo-obvinitelstvo-dameva-so-krivichna-prijava-za-nejzinoto-razreshuvane-i-tuzhba-do-upraven-sud/#respond Fri, 19 May 2023 12:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=836418

Дамева отворила правна битка во Управниот суд и обвинителство. Во писмена изјава за Телма вели дека во тужбата пред Управен ја оспорува законитоста на донесената одлука за нејзино разрешување од функцијата претседател на Судскиот која е донесена без постоење на законски основ и без да биде спроведена постапка пропишана со закон. Во отсуство на законски одредби кои ја регулираат ситуацијата за разрешување на претседател на Судскиот совет, недозволено е тоа да се користи и да се супституира со арбитрерно постапување, донесување, па отповикување на одлуки и создавање на правна несигурност внатре во Советот, што се одразува и во перцепцијата за работењето на овој важен орган во остварување на неговата задача, да ја обезбеди и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите, пишува Весна Дамева, поранешен претседател на судски совет И обвинителството кое не отвори предмет за случувањата во Судскиот совет со образложение дека разрешувањето влегло во сила односно не беше објавено во Службен весник ќе се занимава со разрешувањето на Дамева која поднела кривична пријава за злоупотреба на службемата положба. Против колку од колегите е пријавата Дамева не открива -Со оглед дека во случајот за да се дојде до целта и да бидам разрешена од претседател на Судски совет на Република Северна Македонија беа сторени и прекршувања и пречекорувања на законот кои спаѓаат во доменот на кривично-правната област, до ОЈО Скопје поднесов кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека е сторено продолжено кривично дело Злоупотреба на службената должност и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ., вели Дамева Во писмената изјава тврди дека тужбата и кривичната пријава ги поднела поради владеење на правото, и дека незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон. -Останувам доследна на моето убедување дека правосудниот систем има капацитет да одговори на сите предизвици и да им обезбеди правна заштита на граѓаните и верувам дека надлежните институции ќе бидат на ниво на својата задача, со што во законита постапка ќе се утврди дека самоволие и беззаконие не смее да владее во институциите на државата и дека истото нема да остане заборавено и несанкционирано. Правната заштита ја побарав не поради мене лично, најмалку важно е кој е претседател на Судскиот совет, туку поради заштита на угледот на институцијата Судски совет, значењето на функцијата претседател на Судскиот совет и интегритетот на оние кои ја сочинуваме институцијата, пишува Дамева во одговорот на прашањата од Телма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramata-od-sudski-sovet-se-seli-vo-obvinitelstvo-dameva-so-krivichna-prijava-za-nejzinoto-razreshuvane-i-tuzhba-do-upraven-sud/feed/ 0
Дамева: За корумпираните судии компромис нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-za-korumpiranite-sudii-kompromis-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-za-korumpiranite-sudii-kompromis-nema/#respond Fri, 05 May 2023 12:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=830931

Одговорност за незаконско постапување и одлучување мора и треба да има, вели Весна Дамева по вчерашната седница на Судскиот совет, за која рече дека е чин кој за некои најверојатно е завршница на претходните дејствија и нема ниту правна ниту законска основа. -Судскиот совет беше блокиран изминатите денови, мое мислење е дека истото е со цел да се обезбеди потребното мнозинство за мое разрешување и за избор на нов претседател. Целата оваа ситуација стана предмет на јавен интерес. Но, и покрај тоа, Судскиот совет одлучи да ја исклучи јавноста, со што ја лиши од правото да знае што се случува зад затворените врати во оваа важна институција која треба да се грижи за самостојноста и независноста на судството. Пред да ја напуштам салата за да не бидам учесник во понатамошните дејствија, јасно укажав дека јавноста не смее да биде исклучена и остро се спротивставив на тоа, посочува Дамева во изјава за Дојче Веле. Таа прашува чиј интегритет се штитеше зад затворените врати и што се крие зад „вистинските“ причини за нејзиното повторно разрешување без присуство на јавноста, со, како што наведува, грубо прекршување на сите правила и процедури. Дамева истакнува дека останува доследна на нејзината изјава на денот на нејзиниот избор за претседател на Судскиот совет дека за корумпираните судии нема место во судовите. -Од оваа заложба не отстапувам и токму поради тоа останувам да бидам член на Судски совет, се додека не се обидат да ме „отстранат“ и од таа позиција. За корумпираните судии компромис нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава во која владее правото, а државата заслужува самостојно и независно судство, децидна е Дамева во изјавата. На 26 април Адеми во присуство на Дамева, по неколку часа тензии и караници на седница во Советот го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за нејзино разрешување со кревање рака. За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови - Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. За постапката за разрешување на Дамева Коалицијата „Сите за правично судење“ изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет за која мора да се спроведе дизциплинска постапка, а по сето тоа за да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето не учествуваат во гласањето. -Поради ова, Судскиот совет не можел да донесе одлука за разрешување од функцијата претседател на Судски совет без да донесе одлука за разрешување на членот како член на Судски совет, односно не ја испочитувал процедурата во која може да се одлучи за каква било дисциплинска одговорност на член, вклучително и претседателот на Судски совет, како и ја донел одлуката со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, одлуката ја донел со 7 гласа „за“, од кои еден бил и глас на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување, нагласуваат од Коалицијата. Судскиот совет вчера попладне на Седницата која ја најави 15 минути пред почетокот со осум гласа „за" и четири „против" го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател, откако претходно на две нејавни седници го „расчистил“ патот за излез од состојбата во која се најде со одуката од 26 април годинава за разрешување од функцијата на претходната претседателка Весна Дамева. Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата и Деловникот, а со став излегоа претседателот на држвата, пратеници во Собранието, ДКСК, Министерството за правда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-za-korumpiranite-sudii-kompromis-nema/feed/ 0
Судскиот совет треба да избира нов претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-treba-da-izbira-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-treba-da-izbira-nov-pretsedatel/#respond Tue, 02 May 2023 05:56:08 +0000 https://kurir.mk/?p=829527

Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за избор на нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Директен повод за смената беше нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот. Првично беше најавено дека наследникот на Дамева ќе биде избран ден по нејзиното разрешување, но заменик-претседателот на Советот Адеми во четвртокот побара одлагање на изборот за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева оти „во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство“. - Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без спроведена каква било постапка, понатаму на некој начин ќе се легализира, коментираше Дамева. Коалицијата „Сите за правично судење“ за седницата на Судскиот совет на која беше разрешена Дамева изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет, за што мора претходно да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии. За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа и претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, пратеници во Собранието, ДКСК, како и правни експерти. Разрешувањето на Дамева за експертите во правосудството претствува непочитување на процедурата и Деловникот. Викендов за случајот се произнесоа и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и поранешната врховна судика Вера Коцо. Грковска оценува дека наместо да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, што е една од основните функции на Советот, од таму „се манифестира прекршување на процедурите и постапките во самото работење на Советот, што е срамно не само за нив туку и за државата“. - Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење. Јавно прашувам, со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки? Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество, додава Грковска Поранешната врховна судијка Коцо случувањата во Судскиот совет ги оцени како аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми. - Како успевала (Дамева) да ги менаџира состојбите во Советот, јас не знам. Но, ова што се случи e недозволено. Не е дозволено од страна на нејзиниот заменик, да си земе за право во нејзино присуство да го преземе водењето на седницата, да нафрлува работи кои не се испитани и наједноставно да ги повика присутните да гласаат за нејзино разрешување. Со кое право? Немаше такво право, од причина што со Законот за Судски совет не е предвидено разрешување на претседател на Судскиот Совет., рече Коцо во интервју за Радио Слободна Европа, подвлекувајќи дека нема законска одредба во таа смисла, а самата седница како што беше изведена била сосема непристојна и надвор од сите законски решенија. Демократскиот сојуз, пак побара членовите на Судскиот совет да поднесат оставки, а како причина ги наведе актуелните случувања, но пред сѐ, додадаваат, некредибилниот судски систем и недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем. По констатирањето на оставките треба да започне постапка за избор на нови членови на Судскиот совет, се наведува во соопштението на ДС. Писмото што ја разбранува јавноста и правосудната власт, американската амбасадорка Агелер го испратила на 11 април годинава до судските и извршните органи. Во него таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили. Од Министерството за правда потврдија дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“. Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови. Скопскиот Апелациски суд изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-treba-da-izbira-nov-pretsedatel/feed/ 0
Тошковски: Дамева без разлика каква и да била, сменета е на дивјачки и незаконски начин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-dameva-bez-razlika-kakva-i-da-bila-smeneta-e-na-divjachki-i-nezakonski-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-dameva-bez-razlika-kakva-i-da-bila-smeneta-e-na-divjachki-i-nezakonski-nachin/#respond Thu, 27 Apr 2023 19:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=828454

Смената на веќе претходната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева без разлика каква и да била е сменета на дивјачки, незаконски и спротивен начин од она што го предвидува законот, Деловникот за работа на Судскиот совет. Постапката е спроведена без правен основ, рече адвокат Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата „24 анализа“ што се емитува на телевизија 24. Според него се крие во јавноста вистинската причина за разрешување на Дамева и се вели дека тоа е затоа што го криела писмото од американската амбасадорка. „Како не им е срам да кажуваат вакво нешто. Што мислат дека ние нафта пиеме, како злоупотребуваат име на амбасадор во насока на затскривање на вистинската причина за разрешување на Дамева. Претходната претседателка на Судскиот совет која беше пред Дамева, Павлина Црвенковска даде оставка поради влијание од политичко-бизнис елита, оваа заминува вака на овој крајно незаконски начин. Дали ова значи дека сме го допреле дното, дали има поголемо дно од ова“, посочи Тошковски. Адвокатот Тошковски посочи дека ова што се случи во Судскиот совет, разрешувањето на Дамева кое беше вчера на 26 април, претходниот ден беше најавено на еден портал. „Порталот од нивни блиски извори добиле информација дека пет членови веќе се договориле да биде разрешен претседателот на Судскиот совет и се договориле дека причината за разрешувањето е тоа што претседателот сакал да стави на дневен ред точка за разрешување на судијата кој држел одреден предмет девет месеци во фиока во Апелацискиот суд. Исто така пишуваше и дека недостасуваат двајца членови од Судскиот совет кои се во фаза на обработка, на дел од нив се делува дипломатски, а на дел со културни закани по семејствата, така стоеше во порталот. Наредниот ден имаме седница на Судскиот совет и се случува разрешувањето. И таа се разреши со незаконито мнозинство“, укажа Тошковски. Тошковски го праша Мирослав Вујиќ, исто така адвокат, кој е дел од тимот на СДСМ, кој беше дел од дебатата на телевизија 24, кога ќе дојде она што го ветуваа „нема правда, нема мир“. „Велевте нема правда, нема мир, ова што се случува сега што е. Кога ќе дојде тоа вашето нема правда, нема мир“, рече Тошковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-dameva-bez-razlika-kakva-i-da-bila-smeneta-e-na-divjachki-i-nezakonski-nachin/feed/ 0
Дали сопругот на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е член на СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-soprugot-na-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-vesna-dameva-e-chlen-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-soprugot-na-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-vesna-dameva-e-chlen-na-sdsm/#respond Fri, 09 Dec 2022 11:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=773073

Дали покрај Весна Дамева која минатата недела беше избрана за претседател на Судскиот совет и нејзиниот сопруг Младен има тесни врски со СДСМ? На социјалните мрежи се појавија објави на Младен Дамев од 2015 година со недолична содржина, објави порталот Република. Тогаш Дамев повикуваше на улица и го навредуваше поранешниот премиер Никола Груевски. Делев во бизнис круговите е познат како еден од директорите на „Скопски пазар“. Во основниот Кривичен суд се води процес за „Скопски пазар“. Затоа прашуваме дали Дамев е учесник во овој процес и дали можеби има активни кривични пријави против сопругот на новата претседателка на Судскиот совет? Ќе даде ли одговор Јавното обвинителство дали има поднесени и евентуално прифатени кривични пријави против Дамев?! Дали можеби Дамева како прв човек на телото кое именува и разрешува судии може да влијае во процесот кој се води за фирмата каде што работи нејзиниот сопруг? Ако Дамева не можеше да избега од фактот дека е поранешен член на СДСМ и од фотографијата со поранешниот премиер Заев, прашуваме дали и нејзниот сопруг е член на владејачката партија? Очекуваме одговор и од семејството Дамеви. извор: republika.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-soprugot-na-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-vesna-dameva-e-chlen-na-sdsm/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Дамева од судски приправник преку фотка со Заев до прв човек на Судскиот совет- партизирањето пуштено на најјако https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dameva-od-sudski-pripravnik-preku-fotka-so-zaev-do-prv-chovek-na-sudskiot-sovet-partiziranjeto-pushteno-na-najjako/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dameva-od-sudski-pripravnik-preku-fotka-so-zaev-do-prv-chovek-na-sudskiot-sovet-partiziranjeto-pushteno-na-najjako/#respond Wed, 07 Dec 2022 07:45:38 +0000 https://kurir.mk/?p=772085

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е показател за партизирањето на судството во Македонија кое го прави власта на СДС и ДУИ. Што би рекле граѓаните „партизирањето пуштено на најјако“. Без ден искуство како судија таа прво беше избрана за член, а сега дојде до позиција претседател на совет, кој ќе оценува и избира основни, апелациони и врховни судии. Судски приправник како Дамева да догура до вака висока позиција во судството е како болничар да стане неврохирург и без било какво образование и искуство да влезе на операција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ваквите црпнати и насадени кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат. Исто како и изборот на Ислам Абази така и изборот на Дамева се класичен партиско политички договор на владејачките партнери. Тие дури и запазиле во текот на изборот лицата да имаат фотографии со врвните партиски фигури од двете партии како врвна препорака за функцијата. Ова ако им е критериумот, тогаш очигледно строго го почитувале. Да биде уште потрагично за Дамева ваквата фотографија со Заев не била ништо спорно. Тоа го покажува капацитетот и моралниот интегритет на една особа која од партиската правна комисија на СДС брзопотезно стана претседател на Судскиот совет. Вакви залутани ликови во правосудството треба час поскоро да си заминат. Време е да понесат одговорност сите оние кои преку партиски нарачки дојдоа на функции да го штитат криминалот на власта, стои во партиското соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dameva-od-sudski-pripravnik-preku-fotka-so-zaev-do-prv-chovek-na-sudskiot-sovet-partiziranjeto-pushteno-na-najjako/feed/ 0
„Срамниот избор на Дамева за претседател на Судски совет го покажува трулиот систем, Ковачевски продолжува да го распупува правосудството“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramniot-izbor-na-dameva-za-pretsedatel-na-sudski-sovet-go-pokazuva-truliot-sistem-kovachevski-prodolzuva-da-go-raspupuva-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramniot-izbor-na-dameva-za-pretsedatel-na-sudski-sovet-go-pokazuva-truliot-sistem-kovachevski-prodolzuva-da-go-raspupuva-pravosudstvoto/#respond Tue, 06 Dec 2022 07:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=771586

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство. Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Распупеното судство од Заев, Ковачевски продолжува да го распупува. Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс. Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право. Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика. Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена. СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот, се вели во соопштенеито на партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramniot-izbor-na-dameva-za-pretsedatel-na-sudski-sovet-go-pokazuva-truliot-sistem-kovachevski-prodolzuva-da-go-raspupuva-pravosudstvoto/feed/ 0
Панова: Избраната претседателката на Судскиот совет Дамевска е партиски активист и поранешен член на партиска комисија на СДС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-izbranata-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-damevska-e-partiski-aktivist-i-poraneshen-chlen-na-partiska-komisija-na-sds/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-izbranata-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-damevska-e-partiski-aktivist-i-poraneshen-chlen-na-partiska-komisija-na-sds/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=771299

Партизацијата на судството не застанува. Во услови кога сите па и самата власт посочува незапирливо загрижувачко растечко ниво на криминал и корупција, денеска за претседател на Судски совет е избран активист и поранешен член на партиска комисија на СДС, Весна Дамева. На изборот претходеше оставка на претседател на Судски совет којшто посочи на, цитирам, хајка од судско-бизнис елита, посочува Ели Панова, пратеник. -Весна Дамева и денеска по изборот мораше да ја правда фотографијата на којашто таа е фотографирана со сета партиска комисија на СДС заедно со Зоран Заев. Скандалозно е нејзиното објаснување за фотографијата, кога вели дека тоа што е сликана во партиски простории на СДС, со сите членови на партиската комисија на СДС, со Зоран Заев од СДС, дека тоа не давало впечаток за нејзина партиска припадност. Понатаму продолжува дека „не било спорно“, и дека „ Ние како граѓани сме симпатизери, сме поддржувачи“ на политичка опција.  Почитувани, за партиско политичкиот момент во овој скандалозен избор на претседател на Судски совет, не може да се изземе и претходниот избор на Дамева за член на Судскиот совет, кога од стручна соработничка во Основен суд, којашто никогаш не облекла тога и не влегла во судница, не донела ниедна пресуда, на предлог на СДС и Стево Пендаровски беше избрана да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд, вели таа. Панова обвинува дека поголем доказ за партизација и избор на судии и членови на Судски совет, како и на сега претседател на Советот по, со зборови на Дамева, „тевтерче“- едноставно нема! „Тевтерчето од кое што таа е избрана го видоа сите на фотографијата! Почитувани, Ова е четврти скандал поврзан со партизација на судството и судските органи во само две недели. По изборот на Весна Дамева за претседател на Судски совет продолжува да се девастира судството и да се уништува правниот систем“ - порача Панова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-izbranata-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-damevska-e-partiski-aktivist-i-poraneshen-chlen-na-partiska-komisija-na-sds/feed/ 0
Новата претседателка на Судски се сликаше со Заев, а сега вели: Сите ние сме симпатизери на политички партии (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-pretsedatelka-na-sudski-se-slikashe-so-zaev-a-sega-veli-site-nie-sme-simpatizeri-na-politichki-partii-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-pretsedatelka-na-sudski-se-slikashe-so-zaev-a-sega-veli-site-nie-sme-simpatizeri-na-politichki-partii-foto/#respond Mon, 05 Dec 2022 11:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=771110

Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е видно насмеана, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија и додаде: „Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“. -Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста. Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење. Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана, вели Дамева. Таа цело време се повикува на нејзиниот интегритет. -Јас ќе ги направам горди по две години кога ќе докажам дека сум успеала во мојата визија и мисија. Еден од првите мои чекори ќе биде иплементација на акциониот план. Злото наречено корупција мора да се сопре и тука нема простување. Судијата кој ќе биде коруптивен, врз основа на факти и докази, вратата ќе му биде широко отворена за надвор. Нема друга шанса за таков судија, ќе му биде кажано: ‘не’. Ве уверувам дека Судскиот совет е отворен за Вас, бидејќи вие сте единствен коректор на нашата работа, а за таа цел, треба нонстоп да бидеме достапни и да одговориме на било кое прашање, додава Дамева. Не знае дека посоти судско-бизнис елита. -Таа кованица судско-бизнис елити, првпат ја слушнав од Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти и докази тоа го кажува. Тоа прашање треба на неа да и го нарушите. Може се работи за лична перцепција или нејзино согледување. За мене изјавата е загрижувачка дека доколку имала сознанија или дознала, била должена да го извести Советот бидејќи ние имаме механизми, а да ги извести и надлежните институции. Ова криење, бидејќи било подолг период, остава само сомнеж за поинакво размислување, додаде таа. Спремна да им застане на патот на сите кои ќе прават притисоци. -Јас не сум имала влијание ниту притисоци, ниту ќе дозволам тоа да се случи. Интегритетот е единствен за одбрана од влијание. Доколку како член, а сега како претседател, јавно, не само пред членовите, туку и пред медиумите ќе известам. Не е доволно да се дознае туку и да се сузбие. Јас ќе побарам од Црвенковска, да каже, додаде Дамева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-pretsedatelka-na-sudski-se-slikashe-so-zaev-a-sega-veli-site-nie-sme-simpatizeri-na-politichki-partii-foto/feed/ 0
Дамева: Нема место и втора шанса за корумпиран судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-nema-mesto-i-vtora-shansa-za-korumpiran-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-nema-mesto-i-vtora-shansa-za-korumpiran-sudija/#respond Mon, 05 Dec 2022 10:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=771109

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија. Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија. – Голем предизвика е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Сускиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив, рече Дамева. Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција. – Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија, изјави Дамева. Таа, исто така, посочи дека и транспарентноста и отчетноста ќе бидат еден од нејзините приоритети, уверувајќи дека Судскиот совет од денеска е отворен за сите прашања од јавноста. Прашана кои се тие „судско-бизнис елити” за кои зборува Црвенковска како причина за отставка, Дамева рече дека не знае на што мисли Црвенковска, но дека загрижува тоа што како претседател на Судски совет таа била должна за тоа да го извести Советот, кој има механизми за справување со тоа. – Тоа криење, самото остава простор за сомнеж, изјави Дамева. Интегритетот, посочи Дамева е единствен штит против такви притисоци. – Не е доволно само да се дознае за такви предизвици, туку и тие да се сузбијат. По враќање од боледување на Црвенковска ќе побарам да извести за таквите сознанија, изјави Дамева. За наводите дека е член на СДСМ, Дамева рече дека со својата досегашна работа докажала дека има интегритет и не е член на ниту една политичка партија. Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа за и еден против. Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет. Функцијата претседател на Судски совет на РСМ се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dameva-nema-mesto-i-vtora-shansa-za-korumpiran-sudija/feed/ 0