Весна Јаневска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 10:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Јаневска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневска: МОН го крши законот, нема учебници, родителите мора да копираат иако образованието е бесплатно по закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/#respond Fri, 27 Oct 2023 08:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=893692

Во моментов се случува хаос во образованието. Родителите кажуваат дека мора да копираат книги, а образованието е бесплатно по закон, значи државата го крши законот. Наставниците се принудени да подготвуваат материјали кои треба веќе да им се подготвени и направени и би предупредила дека ако изборите бидат во мај, тоа значи дека уште сега треба да ги подготвуваат учебниците за да има готови учебници за на 1 септември следната година, изјави претседателката на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во утринска емисија на Алфа телевизија. Таа истакна дека неверојатно е што министерот тие што треба да го брифираат не го брифираат, а второ ја слуша и јавноста и конечно треба да се запраша и провери дали има учебници. - Министерот дава изјави и не можам да поверувам дека нема точни информации за учебниците. А точните информации се дека нема учебници и тоа не само во Скопје, туку нема низ целата земја.. во различни училишта недостасуваат различни учебници, но недостасуваат од прво до деветто, но и во средно. Ние постојано предупредувавме дека ова ќе се случи. Начинот на кој се однесува министерот е просто изненадувачки, рече Јаневска. Во однос на бројните грешки, лошиот квалитет Јаневска вели дека тоа е затоа што се брзало и затоа што веројатно се потпишувало без учебниците да се рецензираат. - Моите сознанија велат дека се инсистираше одредени луѓе да бидат автори на учебниците, за да работат по новата концепција. Направија притисок на автори кои им беа подобни и брзаа да ги направат книгите. Не може да се направи учебник за еден месеци, брзаа, во тоа брзање и за да го скратат времето, мислам дека и одреден број рецензенти беа приморани да потпишат без да прочитаат. Потоа истото и во Националната комисија истото, изјави Јаневска. Таа нагласи дека свесно се прави ова за да настане се поголем хаос во општеството и да се намали одговорноста на најодговорните. - Виновни се и политиките кои оваа власт се обиде да ги спроведе. Мила Царовска укина учебници, свесно не сакаше да печати велејќи дека ќе направи дигитални, а не направија ни дигитални. Но ќе се смени власта и ќе се побара одговорност, ова е преголем крах. Да немате учебници за да учат децата е срамота и ќе има одговорност, потенцираше Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/feed/ 0
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети се уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-oktomvri-e-a-uchebnitsi-po-site-predmeti-se-ushte-nema-shakiri-i-veleva-avtorite-na-uchebnitsite-gi-delat-na-partiski-podobni-i-nepodobni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-oktomvri-e-a-uchebnitsi-po-site-predmeti-se-ushte-nema-shakiri-i-veleva-avtorite-na-uchebnitsite-gi-delat-na-partiski-podobni-i-nepodobni/#respond Fri, 13 Oct 2023 10:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=888457

Скандалите и уништувањето на образованието никако да запрат, октомври е, а учебници се уште по сите предмети нема, но затоа има министер и Педагошка служба во состав на министерство за образование и наука, во чии ингеренции се издавањето и откупот на учебници, каде има директор кој е малку познат во јавноста, а без оглед на актуелноста на темата „Учебници“, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. -Јавно ги прашувам министерот Јетон Шаќири и директорката на Педагошка служба во МОН г-ѓа Вангелија Велева: 1. Дали не се загрижени за непочитување на законот и ефикасноста на сите процеси и дејствија за навремено и објективно обезбедување на учебниците по сите предмети, одделенија, години, и за сите ученици? 2. Дали директорката на Педагошката служба, авторите на ракописи за учебник ги дели на партиски „подобни“ и партиски „неподобни“, на пример партиски член на СДСМ е избран автор на учебници за прво, второ и четврто одделение? Дали пријателството и фаворизирањето е стекнато од посетување на исти трибини организирани од Форумот на жени на СДС? 3. Дали министерот и г-ѓа Велева се запознаени дека веќе укажавме на сомнителноста на постапката за избор на учебници за странски јазици за основно образование и дали г-ѓа Велева знае дека со нетрпение ги очекуваме решенијата за избор на учебници по странски јазици со нејзин потпис за да ги повикаме сите релевантни институции да проверат како е спроведена оваа постапка. Прашуваме зошто објавивте оглас со одредени услови кој потоа го поништивте? Дали видовте дека сте згрешиле и повикот не ви одговара вам и на фаворизираната фирма? 4. Дали некој партиски „подобен издавач“ успеал да обезбеди договор со фирма-човек издавач на учебник за учење на англиски јазик што веројатно е само бледа копија на учебник издаден од престижните издавачки куќи за изучување на англиски јазик? Дали тој ќе набавува учебници по англиски јазик од човек- фирма, наспроти големи познати издавачи куќи? 5. Дали министерот и г-ѓа Велева ги слушаат гласините за притисок на рецензентите и дали се истите поврзани со претходно добитните издавачки куќи? 6. Дали е вистина дека раководителот на секторот за одобрување на учебници одбива да учествува во комисиите за избор и да потпишува било што, што е поврзано со овој конкурс? Ако е така прашуваме зошто?, прашува Јаневска. Таа додава дека овој конкурс кој претставува „одобрување на учебник по странски јазици“ тежи најмалку фантастични 5 милиони евра за година. -Прашуваме дали постапката се спроведува законски и колку издавачки куќи со кој процент ќе учествуваат во распределбата на овие средства? Министре и и г-ѓа Велева, дали истиот овој конкурс кој беше распишан во 2020 го стопитравте затоа што не успеавте да ги одберете вашите „подобни“ фаворити. Да ја потсетиме јавноста дека Конкурс за избор на учебници по странски јазици во основно образование беше распишан од Ваша страна во 2020 година, и по донесени конечни мислења што се платени од Буџетот затоа што рецензентите ја извршиле својата обврска, на Ваше инсистирање постапката беше поништена. Зошто? Министре, г-ѓа Велева, Педагошка служба не е ваша приватна издавачка куќа каде важат вашите Закони. Хаосот кој секојдневно го продуцирате го еродира образовниот систем и создава трајни и несогледливи последици, а за тоа одговорност ќе има, вели Јаневска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-oktomvri-e-a-uchebnitsi-po-site-predmeti-se-ushte-nema-shakiri-i-veleva-avtorite-na-uchebnitsite-gi-delat-na-partiski-podobni-i-nepodobni/feed/ 0
Јаневска: Крахот во образование е резултат на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе обезбеди навремено учебници за секое дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-krahot-vo-obrazovanie-e-rezultat-na-sdsm-i-dui-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-ke-obezbedi-navremeno-uchebnitsi-za-sekoe-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-krahot-vo-obrazovanie-e-rezultat-na-sdsm-i-dui-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-ke-obezbedi-navremeno-uchebnitsi-za-sekoe-dete/#respond Wed, 11 Oct 2023 12:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=887738

„Би сакала да го честитам на сите граѓани 11-ти Октомври, еден од најзначајните празници во нашата држава. 11-ти Октомври не е само симбол за борба против фашизмот, 11-ти Октомври е симбол за наше национално ослободување. И затоа да е вечен и вековит“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“, која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. „Огромно е значењето на историјата и на образованието во формирањето и на младите, зрели, корисни личности и за себе и за себе и за општеството и во формирањето и одредувањето на целите на една држава. Јас вообичаено кога се наоѓаме на средби помали велам родителот не е обврзан да знае се, тој е обврзан да го воспита детето, меѓутоа училиштето е тоа кое од него треба да направи лојален граѓанин на државата“, рече Јаневска. Јаневска додаде дека македонскиот народ не е од вчера и не е од 1945-та. И образованието на македонскиот народ не почнува така како што вели бугарската страна. Туку почнува многу, многу одамна во црковните ќелии уште во Средновековието, кога тие црковни ќелии почнале да го користат народниот јазик. Но, уште тогаш Македонците се собирале за да се разберат на својот јазик и да им ги прераскажат приказните на своите деца на народниот македонски јазик. „Во времето на преродбата, значи доцниот 17-ти век, почетокот на 18-ти век веќе се јавуваат нашите преродбеници и тогаш се кристализира и почнува да излегува од маглата и јавно да се обзнанува она што тлеело во душата на народот, а тоа е националното осознавање, македонскиот јазик и идејата за формирање на национална држава“, појасни професорката Јаневска. „Кога некој се обидува да ја преземе туѓата историја, значи ја презема државата и го презема народот. Тие всушност и не велат ја преземаме државата, велат нека ви стои државата ние ви ја признавме, ама не го признаваме народот и не го признаваме јазикот. И замислете која е таа Влада која има право да рече да ние ќе правиме договори во однос на нашата историја и нашиот јазик. Зошто е важна историјата? Историјата е исклучиво значајна затоа што таа се наоѓа во нашата колективна свест, во приказните на нашите баби и дедовци, ние сме тоа што тие не учеле, а сега што училиштето, наставниците и професорите се ред не учат“, појасни Јаневска. Таа нагласи дека ова што се случуваше во изминатиот период со учебниците и бришењето на историјата е атак на државата и тоа од внатре за жал. „Дали е тоа направено од незнаење можеби, но дури и од незнаење да е направено, а можеби и не е, не е за оправдување и не е за простување“, рече Јаневска. Таа нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт историја ќе се изучува како посебен предмет за да се чуваат и негуваат не само корените туку и дрвото кое расте. „Образованието не е само историја, образованието опфаќа огромен број на сегменти кои треба да формираат една здрава личност и де факто учителите се оние кои треба да го модулираат мислењето на младите. Што треба да им донесе образованието? И зошто образованието е мост меѓу минатото и иднината? Образованието треба на младите од историски аспект да им покаже од каде потекнуваат, но образованието треба и да им каже кои се, што претставуваат, каде тргнале, каде треба да одат, кои се целите“, рече таа. Јаневска истакна дека оваа власт и прави штета на нацијата бидејќи забранува учебник. Но, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе има учебници за секое дете. „Овие последни години во образованието се случуваат такви крахови што факт е и самите родители дома забележуваат и наставниците јавно кажуваат, децата не ги постигнуваат потребните знаења, вештини и компетенции“, појасни Јаневска. Таа нагласи она што се случува во основното и средното образование е резултат е на комплетниот крах што се случи на образованиот систем со владеење на ДУИ и СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-krahot-vo-obrazovanie-e-rezultat-na-sdsm-i-dui-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-ke-obezbedi-navremeno-uchebnitsi-za-sekoe-dete/feed/ 0
Jаневска: Министерството нема пари за печатење на учебници, парите на граѓаните за жал се трошат за други цели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ministerstvoto-nema-pari-za-pechatene-na-uchebnitsi-parite-na-graganite-za-zhal-se-troshat-za-drugi-tseli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ministerstvoto-nema-pari-za-pechatene-na-uchebnitsi-parite-na-graganite-za-zhal-se-troshat-za-drugi-tseli/#respond Mon, 04 Sep 2023 19:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=874527

„Не само немањето учебници, јас ќе ве потсетам дека проблемот на дискриминацијата почна уште од моментот на креирањето на оваа несреќна т.н. реформа во основното образование наречена - Концепција. Уште тогаш концепцијата предвидуваше дигитални учебници и тоа само дигитални учебници. Па, сега слушам благо ретерирање дека се предвидувале и печатени и дигитални. Но, јас добро се сеќавам дека Мила Царовска објави на големо дека секој родител кој му дава книга на детето во рацете му прави штета“, потсети Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“. Јаневска додаде дека нема ниту дигитални учебници, туку има само ПДФ формат учебници. Дигитални учебници јавноста да знае се учебници на кои што детето на таблет или на компјутер ќе може да работи на истите. И наставникот така може да следи дали сработил ученикот, кога сработил итн. „Родителите во нашето бесплатно образование почнаа да трошат пари за да печатат учебници за да учат нивните деца. Училиштата немаат печатари за да им испечатат на учениците“, нагласи таа. Јаневска рече дека сегашниот министер после долго размислување одлучи да печати учебници. Но, на една емисија министерот рече дека нема пари за печатење на учебници. „Зошто нема пари, сите знаеме. Меѓутоа се гледа каде се трошат државните пари. И наместо тие да се насочат на она најнеопходното, ние сега немаме пари за учебници“, нагласи Јаневска. Таа укажа дека концепцијата е неостварлива. Но власта упорно ја турка концепцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ministerstvoto-nema-pari-za-pechatene-na-uchebnitsi-parite-na-graganite-za-zhal-se-troshat-za-drugi-tseli/feed/ 0
Јаневска: Пропаднатата концепција за основно мора да се менува, но во соработка со наставниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/#respond Fri, 01 Sep 2023 18:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=873517

За добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително вели Јаневска, ова не е реформа, ова е пропадната реформа како што вели и еден од креаторите на истата, Кирил Барбареев. „Не е реформа во број и распород на часови реформата е во тоа што ќе улат децата, како ќе учат каков ќе биде резултатот на крај од тоа што наставниците вложиле. Ние сите знаеме дека треба реформа, дека треба да се менуваат податоците кои се застарени, да се учат децата да анализираат и слично. Но, за образованието треба консензус. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде позиција која не ја слуша опозицијата. Ние ќе ги слушаме нивните критики ако се издржани. Оваа концепција ќе мора да претрпи длабоки реформи, она што е добро ќе се задржи вече насртавниците имаат искуство, но она за уште сека кажуваат дека не е во ред е запишано и ќе се најде начин да се среди тоа“, кажа Јаневска. Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење. Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар. „Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари“, вели Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/feed/ 0
Јаневска: Пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека сè е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propagandnata-mashinerija-na-sdsm-i-dui-ne-ubeduva-deka-se-e-vo-red-i-bleskame-ama-za-nekolku-dena-ke-vidime-deka-ne-e-taka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propagandnata-mashinerija-na-sdsm-i-dui-ne-ubeduva-deka-se-e-vo-red-i-bleskame-ama-za-nekolku-dena-ke-vidime-deka-ne-e-taka/#respond Fri, 01 Sep 2023 17:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=873512

Не сме спремни за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ не убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така. „Министерот за тоа што нема книгу бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, се е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната“, вели Јаневска. Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, речиси во паника. „Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта“, вели Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propagandnata-mashinerija-na-sdsm-i-dui-ne-ubeduva-deka-se-e-vo-red-i-bleskame-ama-za-nekolku-dena-ke-vidime-deka-ne-e-taka/feed/ 0
Јаневска: Да не поминат уште 2 и половина години за на Владата и стане јасно, потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-da-ne-pominat-ushte-2-i-polovina-godini-za-na-vladata-i-stane-jasno-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-da-ne-pominat-ushte-2-i-polovina-godini-za-na-vladata-i-stane-jasno-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/#respond Fri, 01 Sep 2023 09:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=873365

Почитувани ученици и наставници ви посакувам среќен почеток на новата учебна година. На првачињата им истурам река вода по нивните стапки за образованието да им тече како вода, да им биде убаво и забавно во училиште, да учат најмногу што можат и да бидат најдобри што можат, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. -На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците. Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната. ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа. Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години. Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток. Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше. Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата. Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Аррика, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија. Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони. Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците. Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот. За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта. Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски, истакна Јаневска. Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа, додаде Јаневска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-da-ne-pominat-ushte-2-i-polovina-godini-za-na-vladata-i-stane-jasno-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/feed/ 0
Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници заради власта на СДС и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-uchenitsite-i-ovaa-godina-ke-ja-pochnat-bez-uchebnitsi-zaradi-vlasta-na-sds-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-uchenitsite-i-ovaa-godina-ke-ja-pochnat-bez-uchebnitsi-zaradi-vlasta-na-sds-i-dui/#respond Thu, 24 Aug 2023 09:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=870373

Како што беше очекувано, и покрај лажните ветувања на Власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. -Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма односно во ПДФ формат. Тоа значи дека учениците пак ќе бидат дискриминирани како што заклучи Комисијата за антидискриминација и дека одреден број ученици повторно ќе учат од скрипти односно фотокопии. Вториот скандал приреден од власта на ДУИ и СДСМ на само 7 дена пред почетокот на учебната година е Решение за донесување на Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1 во до 6то одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година. Почитувани, станува збор за документ објавен на веб страната на БРО, непотпишан, кој објаснува како треба да се одвива наставата според „Новата програма за унапредување на образованието во Македонија”, која Министерот тајно ја потпиша, без да ја информира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ два пати реагираше и укажа на неквалитетот на оваа програма, но дури денес, кога треба да се имплементира, во јавноста станува јасно за што станува збор. Станува збор за комплетна импровизација во наставата во основното образование. Имено откако измислија интегрирани предмети, природни и општествени, сега откако видоа дека Концепцијата е неспроведлива, што ние 3 години го тврдиме, воведуваат модули. Во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. Историја во 6то одделение ќе се предава во прво полугодие со 62 часа. Географија на почеток на второ полугодие до мај со 36, а граѓанско образование на крај со 10 часа. Така наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја туку изборни предмети според потребите на децата, на пример за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично. Истото ќе го прави и наставникот по географија и наставникот по граѓанско образование, истакна Јаневска. Таа рече дека за да добиете претстава за какво катастрофално речение станува збор ќе ви цитирам делови од документот. -Во документот пишува: Училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници, горе споменатите, што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Значи наставник со 15 часа неделно од предметот + изборни предмети, ќе има иста плата како наставник по математика или македонски со 20 часа, кој при тоа има обврска да спроведува и дополнителна и додатна настава, се‘ за исти пари. Па нели е ова дискриминација? Се навраќам на 10 часа граѓанско образование за кои децата треба да се запознаат со наставните теми и да бидат оценети. Оценувањето е посебен проблем. Нели е еден предмет Историја и општество? Како сега ќе имаат оценки децата по сите три модули? Ја прашувам владата како ова ќе го решат во е-дневникот или сега наново ќе првите нов е-дневник и повторно ќе плаќате од наши пари, заради вашата кусогледот? Како во главните книги? Ќе печатите ли нови? Во овој документ пишува: Планирањето на часот не го водат наставните содржини, туку стандардите за оценување – планирањето се прави за да се овозможи да се постигнат стандардите за оценување, а не за да се совладаат содржините. Молам некој да објасни како. Да не се совладаат содржините. Интересно. Понатаму пишува: При планирањето се користат електронските верзии на наставните програми и унифицирани урнеци за планирање објавени на веб страницата на Бирото – наставниците само прават реорганизација согласно потребите на учениците и условите во училиштето. Унифицирани урнеци за планирање вчера на страната на БРО немаше, ама и да имаше, па нели наставниците требаше да бидат креативни, неунифицирани? Малку подолу пишува: Наместо дневно планирање наставниците (индивидуално или тимски) го планираат секој час одделно подготвувајќи сценарија и соодветни наставни материјали. Значи наставниците стануваат сценаристи и подготвуваат материјали. Добро. Понатаму во програмата за одредени предмети се предвидени, топчиња, пластифицирани картички, картони, за технолошки средства не зборувам. Кој ќе ги набави Министре? Наставниците? Тука ќе запрам со објаснување на документот. Само ќе додадам дека според Законот за основно образование, член 49 училиштето изготвува развојна програма за период од 4 години со конкретно наведени активности. Врз основа на оваа развојна програма училиштето ја изготвува годишната програма. Со годишната програма се планира наставата. Алинеја (7) Училишниот одбор ја доставува годишната програма најдоцна до 15 Август. Вчера кога решението беше доставено до училиштата беше 23 Август што значи Годишната програма е предадена. Сега Министре, како, што понатаму? Училиштата ќе го кршат законот со неспроведување на програмата? Го повикувам Министерот за образование и наука веднаш неодложно, уште денес да ги поништи 3 те документи: Новата програма за унапредување на образованието, Насоките за планирање, организација и реализација на настават од 1-6 то одделение во 2023/2024 година и решението за Насоките, потенцираше Јаневска. Министре Шаќири ве повикувам веднаш да ја суспендирате Концепцијата на Мила Царовска, ако не сакате цел живот на совест да го носите комплетното руинирање на образовниот процес во Македонија и булингот кој Владата го врши над наставниците и учениците, донесувајќи вакви со културен збор необјасниви документи, додаде Јаневска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-uchenitsite-i-ovaa-godina-ke-ja-pochnat-bez-uchebnitsi-zaradi-vlasta-na-sds-i-dui/feed/ 0
Јаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат за овој случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-direktorot-na-dpi-ferati-e-protivpravno-postaven-na-funktsijata-institutsiite-da-postapat-za-ovoj-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-direktorot-na-dpi-ferati-e-protivpravno-postaven-na-funktsijata-institutsiite-da-postapat-za-ovoj-sluchaj/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=865425

Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да практикува лицемерие и неправда и самоволие во државата. Ја информирам јавноста, но и МВР, а и Владата доколку не знае, а треба да знае затоа што тие ја донеле одлуката, дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите. Директорот на Државниот просветен инспекторат дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија, ние зборуваме за друго, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција:  Во својата биографија Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство: -Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор; -Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата; И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат. Почитувани, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Потенцирам 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција. Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот. Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција. Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо. Таа е глува и за коментарите и апелите на опозицијата, но и на народот. Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека Комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите. Дополнително, Концепцијата има нерешени прашања. Така е и ние така тврдиме, и постојано тврдевме. Сега Комисијата на СДСМ давала препораки, мислење и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата. Значи МОН и БРО не се способни да си вршат работата, па комисијата на СДСМ мора да им помага или во прашање е диктатура над двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска. Владата секојдневно го засилува нелегалното работење и партизацијата на институциите со злоупотреба на моќ при што врши булинг и терор на цел еден народ. Што е многу многу е и доста е. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-direktorot-na-dpi-ferati-e-protivpravno-postaven-na-funktsijata-institutsiite-da-postapat-za-ovoj-sluchaj/feed/ 0
Јаневска: Со ваков премиер којшто го имаме, не е ни чудно зошто во Македонија ништо не функционира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-so-vakov-premier-kojshto-go-imame-ne-e-ni-chudno-zoshto-vo-makedonija-nishto-ne-funktsionira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-so-vakov-premier-kojshto-go-imame-ne-e-ni-chudno-zoshto-vo-makedonija-nishto-ne-funktsionira/#respond Thu, 27 Jul 2023 18:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=860918

„Во опасност е целата македонска нација, односно сите македонски граѓани за тоа што ни се случува на образованието. Ако имате некомпетентни луѓе на одредени позиции, ако имате премиер каков што имаме, ќе имате ваква ситуација каква што е во нашата држава. Ако имате министер кој што не знае да води надворешна политика, ќе имате ваква ситуација каква што имаме во нашата држава нападната од повеќе страни, а сега особено од страна на источниот сосед. Ако имате луѓе кои што не знаат да се справат со економски кризи, населението ќе паѓа во сиромаштија. Ако имате луѓе кои што не знаат да се справат со енергетски кризи, тогаш постојано ќе ви расте цената на струјата. Ако имате директори кои што ги поставувате од политичка позиција, а не се компетентни да ги водат институциите тогаш ќе имате нефункционални институции“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Јаневска додаде дека се случува и одредени луѓе кои немаат 7 години работено во образование, станува директор во одреден инспекторат. И што граѓаните да очекуваат да се случува во општеството, или пак во образованието. „Целото општество, целата држава како што вели народот ќе се сруши како кула од карти поради несоодветните политики на оваа Влада“, рече Јаневска. Таа посочи дека Владата за се и сешто најде пари, ама за учебниците немаше пари, па така учениците наместо книгите да ги добијат на почетокот на учебната година ги добија на крајот од учебната година. „Денес во Македонија царува корупција, има невладеење на право, и потоа ние се прашуваме покрај толку многу афери кои што се случуваат секојдневно зошто не се постапува по законот“, укажа Јаневска. Јаневска рече дека меѓународните фактори секој ден укажува дека судскиот систем е нефункционален, дека има енормна корупција и воопшто не се постапива по правото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-so-vakov-premier-kojshto-go-imame-ne-e-ni-chudno-zoshto-vo-makedonija-nishto-ne-funktsionira/feed/ 0