Весна Кожинкова Карагунова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 17:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Кожинкова Карагунова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кожинкова Карагунова: Имаме демотивирани ученици и наставници затоа што немаме образование кое што ќе биде прилагодено на потребите на ученикот на 21-от век https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kozhinkova-karagunova-imame-demotivirani-uchenitsi-i-nastavnitsi-zatoa-shto-nemame-obrazovanie-koe-shto-ke-bide-prilagodeno-na-potrebite-na-uchenikot-na-21-ot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kozhinkova-karagunova-imame-demotivirani-uchenitsi-i-nastavnitsi-zatoa-shto-nemame-obrazovanie-koe-shto-ke-bide-prilagodeno-na-potrebite-na-uchenikot-na-21-ot-vek/#respond Thu, 11 May 2023 17:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=833193

На денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите", на тема „Современи образовни политики“, свое обраќање имаше претседателката на Советот на општина Штип, проф. д-р Весна Кожинкова Карагунова која зборувајќи за состојбите во образованието истакна дека како резултат на погрешните политики во образованието има демотивирани ученици и демотивирани наставници, бидејќи како што рече, образованието треба да се прилагоди кон потребите на учениците, а не образованието да бара учениците да се прилагодуваат кон него. „Ако некоја претходна власт на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди компјутер за секое дете и на таков начин ги подготви нашите најмлади за 21-от век, за идниот електронски техничко-технолошки век, веќе во тој 21-ви век ние слушавме повици за палење на книгите, уништување, забрана на книгите, небаре се вративме во 17-ти век назад во времето на инквизицијата. Која е последицата и кои се состојбите во образованието? Ние имаме демотивирани ученици, имаме демотивирани наставници затоа што немаме образование кое што ќе биде прилагодено на потребите на ученикот на 21-от век. Залудно ги напаѓаме учениците и велиме дека се вакви-такви, тие бараат поинакво образование, а тоа значи дека образованието треба да се прилагоди кон потребите на учениците, а не образованието да бара учениците да се прилагодуваат кон него“, истакна Кожинкова Карагунова. Таа исто така потенцираше дека идната нова влада на ВМРО-ДПМНЕ ги знае и соодветно ќе одговори на проблемите во образованието. „Се надевам и убедена сум во тоа дека идната нова влада, предводена од идниот премиер на република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски добро ќе ги знае овие проблеми и добро ќе го менаџира образованието затоа што на нас ни треба училница на 21-от век. Училница во која што учениците ќе учат, меѓутоа не само на ниво на помнење и репродукција како што се случува сега, затоа што е потребно критичко размислување во кое учениците ќе бидат способни за анализа, за синтеза, за примена и највисокото ниво за евалуација, изразување на личен став изразување на сопствен став, давање на свое мислење во однос на тоа што и како треба да биде“, Кожинкова Карагунова и додаде: „Токму затоа мојот апел како практичар и како професор кој директно е вклучен во наставната практика е дека образованието под итно треба да се реформира. Да им пружиме на нашите ученици, затоа што тие не се такви какви што ние мислиме дека се. Тие само бараа добри и поинакви услови во кои што тие би се развивале како што треба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kozhinkova-karagunova-imame-demotivirani-uchenitsi-i-nastavnitsi-zatoa-shto-nemame-obrazovanie-koe-shto-ke-bide-prilagodeno-na-potrebite-na-uchenikot-na-21-ot-vek/feed/ 0