Весна Кусакатска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 12:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Весна Кусакатска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на Весна Кусакатска: НЕ, БЛАГОДАРАМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ne-blagodaram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ne-blagodaram/#respond Sun, 28 May 2023 12:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=839732

Почитуван Министре Шаќири, Точна ли е информацијата дека деновиве се дистрибуирале учебници по македонски јазик за петто одделение, за учебната 2022/2023 година? За колку часа: За 13,за 14? Да ги добиевме на 25 септември, октомври..... Но на 25 мај? НЕ, БЛАГОДАРАМ! Јас работев без учебник безмалку цела учебна година и успеав да се справам. Моите ученици успешно ги постигнаа целите на учење, кои со новата концепција само ги преименувавте во стандарди за оценување, а ништо суштински не променивте. Научени се децата, уште од минатата година да учат од испечатени црно-бели копии. Но, бидете без грижа, не пропуштија ништо, благодарение на креативните наставници и на многубројните текстови и песни од нашата богата ризница. Можеби на некој начин им направивте и услуга на учениците, ако и овој учебник изобилува со обемни текстови, многу непознати зборови (несоодветни за возраста), како ланскиот. Од друга страна пак, ги поштедивте од неизвесноста да не наидат на грешки, како што се случуваше со учебникот по историја и општество. На секое прашање од ученик, давам соодветен одговор, но бидејќи овој учебник и покрај многуте грешки не го повлековте, се прашувам како во иднина ќе го објаснам значењето на зборот рецензент или уредник, ако некој случајно ме праша. И уште нешто: Не чекав ничии препораки и укажувања во однос на мобилни телефони. Мои ученици телефоните ги оставаат во џебови,исклучени, од доаѓање, па до завршување на наставата. И да, неодамна реализиравме настава во природа во времетраење од 5 дена. Ниту еден ученик не носеше телефон. Ги учев (како и секогаш) на вистински вредности: другарување, емпатија, социјализација. Без ничие задолжување. Телефоните не им недостигаа на учениците, но печатени, шарени учебници, со убави, разбирливи текстови-да, им недостигаа. И убаво ќе беше да ги добиеја навреме. Сега, на крајот на учебната година? НЕ, БЛАГОДАРАМ! Колумна на Весна Кусакатска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ne-blagodaram/feed/ 0
Кусакатска: ДА ГО СПРЕЧИМЕ ИСЕЛУВАЊЕТО! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=791145

Колумна на Весна Кусакатска,  член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука. Трендот на иселувањето од Македонија од ден на ден зема сѐ поголем замав. Се одливаат „мозоци“,заминуваат инженери, доктори. За жал се одливаат и ,,раце“, сѐ повеќе квалификувани мајстори својата иднина ја гледаат во некоја западна земја. Некогаш на печалба оделе само татковците, ,,главата“на семејството, за да заработат и да обезбедат поубав живот за оние кои ги оставиле во својот роден крај, коишто со години не ги гледале, макотрпно работеле и живееле во неизвесност кога и дали воопшто ќе се вратат. Поради ваквата неизвесност, тешка била разделбата со семејствата. Кога Костадин во ,,Печалбари“ се разделува од Симка, со насолзени очи вели: „Ех, Симке, Симке!!! Тажна и неизвесна разделба. Денес и Костадин и Симка и нивните деца се иселуваат заедно. Сѐ почесто цели семејства одлучуваат да заминат заедно во потрага по сигурна работа и подобри услови за живот, но не за да заработат и да се вратат, туку да останат каде што заминале. Сѐ повеќе го губиме работоспособното население, а иселувањето ќе доведе и до директни последици на демографскиот развој на државата. Како да го спречиме тоа? Како да ги задржиме младите? Прво, што побргу треба да се соочиме со сериозноста на овој проблем. Оваа држава, Република Македонија,ќе има надеж за својата иднина. Македонија ќе се исправи,ќе одбере иднина. Што треба да сториме? Да го донесеме,,западот“овде,да им го вратиме оптимизмот на младите.Да им ја вратиме вербата во институциите. Да ја направиме Македонија, земја која прилега на оние земји каде што младите најмногу милуваат да заминат. Целосно да ја демократизираме државата.Политиката да ја направиме оружје во рацете на граѓаните,а не причина за прекуграничен егзодус.Да го заборавиме зборот непотизам,зборот,,врски“ и други слични на нив. Да направиме план за инвестиции и работни места, да ја стимулираме сигурноста на работното место. Да воведеме стручно усовршување за учениците и студентите во завршната година од своето школување. Со тоа пазарот на трудот би се прилагодил и навикнал на примање и стручно усовршување на кадри кои ќе стекнат големо искуство пред стекнување на својата диплома. Да ги задржиме децата со развивање на ИТ, да вложуваме во истражувањето и развојот,во науката,во иновациите, образованието,но и во култрата. Да направиме суштински и структурални промени во општеството за да ги задржиме младите во својата држава,но и за да ги мотивираме да се вратат оние кои веќе заминале. Затоа што и ним не им е лесно далеку од овде. Ние, Македонците како народ сме емотивни,се врзуваме, поинаку гледаме на животот и сакаме да уживаме во него.Иако западот им овозможува подобри услови за живот,сепак не може да им го овозможи комфорот и сигурноста,како што тоа го може градот од кој потекнуваат, семејството, пријателите... Да ја спасиме и унапредиме оваа земја, Република Македонија! Да ја направиме земја која подава рака на оние што вредат,земја која ќе носи прогрес и ќе обезбедува иднина. Да создадеме земја во која може да се дише и во која може да се живее. Да создадеме услови овој тренд на исрлување да се намали,затоа што не само стандардот и парите се на прво место,туку и правната држава и чувството за перспектива,која оваа власт полека,но сигурно го гаси. Македонија тоне со оваа власт.Владата се задолжува со брзина на светлината,државните пари се повеќе завршуваат во џебовите на поединци,криминалот и корупцијата се на цена. Оваа Влада мора да падне и ќе падне за да се исправи Македонија!  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-da-go-sprechime-iseluvaneto/feed/ 0
Нема ни благодарам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-ni-blagodaram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-ni-blagodaram/#respond Sun, 27 Jun 2021 18:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=528632

Уште стопати да треба да одбирам професија, стопати ќе одберам да бидам учителка. Не залудно за една од најмоќните пораки на Достоевски се смета: ,,Душата се лекува кога сте меѓу децата“. Убаво е чувството кога можеш освен образование и воспитување и љубов да им дариш, пријател да им бидеш, солза да им избришеш, да ги посоветуваш. А за возврат добиваш многу, многу... Тоа многу во нивните очи го читаш. Среќен си и исполнет. Ете тоа беше реалноста. Но, пандемијата ја измести реалноста, го измени секојдневието... Тешко беше за сите во образовниот процес: и за учениците и за родителите и за наставниците. Сите многу се вложивме, дадовме сè од себе. И ете, вака или онака, наставната година заврши. Но, свидетелства нема да има. Или пак ,,сведителства“ како што надлежните инститтуции милуваат често да кажат. Можеби некој ќе каже ќе има, но не сега, туку до крајот на учебната година, 31август. Да, верувам дека така ќе биде, но потребно ли беше нарушување на традицијата од памтивек, свидетелствата да се доделат во првата сабота по 20 јуни, па по завршување на свечениот чин, украсен со насмеани детски лица, да се појде кај најблиските и заеднички семејно да се прослави. За тие пусти тендери ли, се прашувам? Нејсе, свидетелствата се надевам и ќе бидат доделени, но зошто да се уништи нешто практикувано со децении? Убав гест од надлежните, што во дописот во кој се најавува одложувањето на доделувањето на свидетелствата, им се заблагодаруваат на директорите за нивните залагања за успешно реализираната учебна година. Убаво што им се искажува благодарност и на учениците и нивните родители за разбирањето и соработката. Но, за нас наставниците - нема ни благодарам! Само ни посакале убав одмор. Одморот го заслуживме, сигурна сум. А не заслуживме ли некој и нам да ни заблагодари за тоа што дадовме сè од себе за од учениците да го извлечеме максимумот? Што насобравме доволно стрес слушајќи и гледајќи колку наши колеги кои наставата ја изведуваа со физичко присуство, се уште се борат со постковид последици. А ги спомна ли некој оние 34 наставници чинам беа, кои животот го изгубија како последица од КОВИД-19. И тие изведуваа настава со физичко присуство и беа изложени на ризик. Барем ним да им се заблагодаревте. Тие одмор не дочекаа. А ние, ние ќе чекаме поубави времиња кои се надевам ќе дојдат многу бргу и во кои ќе се врати достоинството на наставникот. Како и да е, наставниците ако не добија благодарам од вас, ќе добијат од оние кои се мотив и инспирација за вложување. А тоа се гледа од преголемата желба на учениците да се вратат во своите клупи, па благодарноста кон наставникот да ја искажат со топла прегратка, која и нам многу ни недостига. И повторно да треба да одберам професија, повторно би одбрала да бидам учителка. Пишува: Весна КУСАКАТСКА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-ni-blagodaram/feed/ 0
Туѓ срам ме јаде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tugj-sram-me-jade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tugj-sram-me-jade/#respond Tue, 27 Apr 2021 18:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=502941

Долги години сум наставник и поминав низ многу промени и реформи во образованието. Секоја од нив си носеше свои позитивни страни, но секогаш имаше и недостатоци. Но вакво нешто досега не доживеав и искрено кажано: ТУЃ СРАМ МЕ ЈАДЕ! Јас знам дека развојот на технологијата донесе револуција во модерниот свет и драстично го промени современото општество. Влијаеше на секој аспект од нашиот живот: од споделување на информации, комуникација, бизнис, образование, до поедноставување на секојдневните задачи, правејќи го поедноставен и побрз, но не и нужно подобар. Паралелно со технологијата, се разви и еден од многуте новитети, за некои погодност, а за некои не: е-учебниците. Можеби многумина веднаш ќе речат дека е-учебниците станаа сè повеќе популарни со причина, затоа што се штеди хартија, или дека зафаќаат малку простор и децата не мора да ги носат во ранецот, на грб до училиште. Како и да е, јас не сум една од тие и не се согласувам хартиени учебници да има само до трето одделение. Не се согласувам, бидејќи, иако дигитализацијата во образованието е потребна, Вие ја воведувате, а не создадовте никакви предуслови за тоа. Тоа е долготраен процес кој подразбира претходни активности и подготовки. Сметам дека дигитални материјали со мултимедијални содржини треба да се користат во наставата, но и за таа цел ќе треба да обезбедите таблет за секое дете и интерактивна табла во секоја училница. Но, хартиени учебници мора да има. Зарем не е доволно што децата и онака поминуваат премногу време во виртуелниот свет и стануваат зависници од електронските уреди, со што ја уништуваат и меѓусебната социјална комуникација? Иако и двата вида учебници имаат иста цел, јас во ниту еден случај не се согласувам со тоа што хартиените учебници ќе ги исфрлите од употреба. Печатените книги понекогаш се опишуваат  како „традиционални“ или „застарени“, но сепак овозможуваат прецизен и ефективен начин на читање. Тие го зголемуваат начинот на размислување, ги подобруваат комуникациските вештини, влијаат на тоа како читателот се изразува и нудат проширување на умот кон нови идеи и креативности. Не смееме да заборавиме дека печатените книги се дел од нашата култура и наследство и дека нашите библиотеки содржат културни и историски богатства. Исто така, тука е и доживувањето при читањето. Љубителите на книги знаат дека нема ништо подобро и поубаво од тоа да седиш во фотелја со добра книга во рака, чуствувајќи го допирот и мирисот на страниците на книгата. Претпоставувам сте го доживеале тоа чувство? Со години ги учев децата да градат посебна почит кон книгата, ги носев и запишував во Градска библиотека уште од прво одделение, со цел да им ја разбудам љубовта кон пишаниот збор и книгата, а тоа се постигнува само со директен контакт со книгата во нашите раце, а не преку екранот на уредот. Со години ги советувам учениците да не седат долго пред компјутер и им ги предочувам штетните последици од тоа. Зарем сега ќе треба да се исправам пред истите тие деца и да им кажам дека треба да поминуваат многу часови од денот пред истиот тој уред, ако сакаат да научат и да ги усвојат потребните знаења? Пишува: Весна КУСАКАТСКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tugj-sram-me-jade/feed/ 0
Кусакатска: Над 10% од учениците нема да имаат можност да следат онлајн настава и да продолжат со образованието, бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/#respond Wed, 21 Apr 2021 10:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=500309

Мила Царовска, министер за образование и наука, најави дека ќе ги укинува печатените учебници, а учениците на располагање ќе имале електронски учебници. -Царовска влегува во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа, министер за образование сама ги лишува од образование 10 проценти од децата, создава нееднаквост и едноставно им го укинува законски задолжителното образование! Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и сега ги исклучува од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици. Ете толку, и според податоците со кои и Царовска настапува, сега за време на епидемијата, толку деца се исклучени од образованието. 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници. Во бројка, околу 25.000 ученици, изјави на денешната прес-конференција Весна Кусакатска, член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука. Таа посочи дека и ним министерката од следната година им ги зема учебниците од раце. Тие ќе бидат дискриминирани. -Ја потсетуваме Царовска, дека година и половина не успеа за нив, за тие за неа „само 10%“ ученици да обезбеди електронски уреди и интернет, па и струја. Како и секогаш, Царовска вината и обврските ги префрла на други, така и сега вели училиштата ќе обезбеделе и таблет библиотеки, или ќе печателе, принтале учебници. А, училиштата се под општините, општините се во долгови и немаат средства. Владата постојано ги сервисира, но тие пак се во долгови. Што ако сите ученици во училиштето побараат печатени учебници по сите предмети. Ќе им ги забраните? Препорачуваме Царовска да помине во Студена Бара, Дедебалци, Враништа и бројни други места и да ги посети училиштата. Така ќе добие вистинска слика, и ќе и стане јасно што треба да стори. Царовска, не случајно, учебниците се илустрирани и шарени, за децата да ја засакаат книгата и стекнувањето на знаења, за да ја засакаат науката, да можат да просперираат во животот, за да придонесат и за себе и за Македонија. За книги зборуваме, Царовска, за книги! Западните, современите, богатите држави фрлаат ли пари во ветер, што се уште печатат книги. Секакви, од учебници до енциклопедии и белетристика, се чуваат и обновуваат светски библиотеки, иако се може да има само во електронска форма? Тие нели се грижат за нивните идни генерации? За книги станува збор министерке, за книги и знаење. Не им ја одземајте книгата на децата од раце, ниеден тендер, ниеден софтвер или платформа не вреди толку, нагласи Кусакатска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/feed/ 0
Кусакатска: Владата шири лажни вести и го злоупотребува Финскиот модел за правдање на својата неуспешна концепција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-vladata-shiri-lazni-vesti-i-go-zloupotrebuva-finskiot-model-za-pravdanje-na-svojata-neuspeshna-koncepcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-vladata-shiri-lazni-vesti-i-go-zloupotrebuva-finskiot-model-za-pravdanje-na-svojata-neuspeshna-koncepcija/#respond Sat, 26 Dec 2020 12:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=448707

Слушнавме дека предложената концепција за реформа на основното образование од страна на министерката Мила Царовска била по урнек на финскиот модел на образование. Во тој модел наводно посебните предмети се интегрирани во природни и општествени науки, изјави денеска за медиумите, Весна Кусакатска од ВМРО-ДПМНЕ. - Меѓутоа, Македонско-Финското друштво обзнани дека веста не е точна и во финското образование предметот историја постои, се изучува и постојано се зајакнува. Истото може да се види и на страницата на Европската унија за образованието во Финска. Лажната вест веројатно служи за зајакнување на влијанието и давање на тежина на неиздржаната и набрзина конструирана концепција, создадена само за потребите на власта, вели таа. - Ако министерката имаше искрени намери да направи вистинска реформа во образованието прво ќе ги консултираше релевантните чинители од образовниот систем и ќе се потпреше на нив. Таа во тој случај немаше да ја поткрепува својата неуспешна концепција со злоупотреба на финскиот систем. Срам и бламажа. Навистина премногу го потценуваат својот народ, додаде Кусакатска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-vladata-shiri-lazni-vesti-i-go-zloupotrebuva-finskiot-model-za-pravdanje-na-svojata-neuspeshna-koncepcija/feed/ 0
Колумна на Весна Кусакатска: ИМА ЛИ СМИСЛА? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ima-li-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ima-li-smisla/#respond Thu, 29 Oct 2020 19:35:13 +0000 https://kurir.mk/?p=422358

Учебната година започна по одложување од еден месец. За да се избегне на чија одговорност ќе започне наставата со физичко присуство, топката се префрлаше од едни кај други. Министерството на општините, тие на директорите, директорите пак на крај им ја подадоа на родителите кои на своја одговорност ги пуштија децата во училиште немајќи кому да ги остават. Немаа избор, пишува Весна Кусакатска, одделенски наставник. Нејзината колумна ја пренесуваме во продолжение: Се дозволи и дневен престој за ученици до 15 часот, а сега родителите бараат и дежурства до 17 часот за децата да им бидат згрижени додека не им заврши работното време. Со право. Немаат избор. А можеше да биде поинаку. Можеше да се врати мерката за еден од двајца вработени родители на деца до 10 години да биде ослободен и онака се задолживме до гуша, долг што ќе го враќаат повеќе генерации. Се носат одлуки администрацијата да работи што повеќе од дома за да се намали можноста на енормното ширење на вирусот. Во состојбава во која се наоѓаме овие денови кога бројката на заразени поминува 500 стана секојдневие и бројот на упокоени да е над 10, 20... Се размислувало и наставниците да почнат да работат од дома, да се заштеди на греење. Прашањето било во процес на дискусија. На греење некој ќе заштеди, но интернетот на наставниците кој ќе им го плаќа? Никој не помисли само на една група наставници, оние од прво до трето одделение. Тие, не по своја волја се жртвени јагниња, фрлени се во оган, секој ден играат руски рулет со самото влегување во училишната зграда. Работат неуморно со голема напнатост и концентрација обидувајќи се во исто време да ги реализираат часовите, да внимаваат некој ученик случајно да не ја извади маската, да не му кивне на другарчето, да не се закашла. Или треба со едно око да ги следат во ходникот оние кои ги пуштиле во тоалет, а со друго оние кои се во клупите и притоа да седат на одморите во училница, да внимаваат на учениците. А да, истовремено да внимаваат и на себе бидејќи не се „пелцувани“ против сите болести, па короната да бега од нив. Ако истовремено изведуваат и настава ,,на близина“ и на далечина е тогаш не знам што да кажам. Истовремено внимаваат на децата во училница, пишуваат на табла, трчаат до компјутерот, ги вклучуваат оние што се онлајн надевајќи се дека некој ученик во меѓувреме не ги ставил на ,,mute“ и истовремено работат и со едните и со другите. Со тоа што училницата е ,,отворена“ и наставата ја следат и родители, баби, дедовци исто така истовремено размислуваат и дека ќе бидат изложени на проценки од типот колку работи, како работи... Работи двојно, дупло, како милувате наречете го, но за двајца е. Нема пауза, нема тоалет, нема ништо. Се прашувам, ИМА ЛИ СМИСЛА?   Весна Кусакатска, одделенски наставник]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-ima-li-smisla/feed/ 0
Колумна на Весна Кусакатска:  НАДЕЖ ЗА ИДНИНАТА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nadez-za-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nadez-za-idninata/#respond Sat, 04 Jul 2020 08:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=368793

Трендот на иселувањето од Македонија, од ден на ден зема сѐ поголем замав. Се одливаат ,,мозоци“, заминуваат инженери, доктори. За жал се одливаат и ,,раце“, сѐ повеќе квалификувани мајстори својата иднина ја гледаат во некоја западна земја. Некогаш, на печалба оделе само татковците, т.е. ,,главата“ на семејството, за да заработат и да обезбедат поубав живот за оние кои ги оставиле во својот роден крај, кои со години не ги гледале, макотрпно работеле и живееле во неизвесност кога и дали воопшто ќе се вратат. Поради ваквата неизвесност, тешка била разделбата со семејствата. Кога Костадин (во ,,Печалбари“) се разделуваше од Симка, со насолзени очи рече: „Ех Симке,Симке!“. Тажна и неизвесна разделба. Денес и Костадин и Симка и нивните деца се иселуваат заедно. Се почесто младите одлучуваат да заминат во потрага по сигурна работа и подобри услови за живот. Сѐ повеќе го губиме работоспособното население, а иселувањето ќе доведе и до директни последици на демографскиот развој на државата. Како да го спречиме тоа? Како да ги задржиме младите? Најпрвин, што побргу треба да се соочиме со сериозноста на овој проблем. Оваа држава, Република Македонија ќе има надеж за својата иднина. Македонија ќе се исправи, ќе одбере иднина. Што треба да сториме? Да го донесеме,,западот“ овде, да им го вратиме оптимизмот на младите. Да им ја вратиме вербата во институциите. Да ја направиме Македонија земја која прилега на оние земји каде што младите најмногу милуваат да заминат. Целосно да ја демократизираме државата. Политиката да ја направиме оружје во рацете на граѓаните, а не причина за прекуграичен егзодус. Да го заборавиме зборот непотизам, зборот ,,врски“ и други слични на нив. Да направиме План за инвестиции и работни места, да ја стимулираме сигурноста на работното место. Да воведеме стручно усовршување за учениците и студентите во завршната година од своето школување. Со тоа пазарот на трудот би се прилагодил и навикнал на примање и стручно усовршување на кадри кои ќе стекнат големо искуство пред стекнување на својата диплома. Да ги задржиме децата со развивање на ИТ технологијата, да вложуваме во истражувањето и развојот, во науката, во иновациите, образованието, но и во култрата. Да направиме суштински и структурални промени во општеството, за да ги задржиме младите во својата држава, но и за да ги мотивираме да се вратат оние кои веќе заминале. Зошто и ним не им е лесно далеку од овде. Ние Македонците како народ сме емотивни, се врзуваме, поинаку гледаме на животот и сакаме да уживаме во него. Иако западот им овозможува подобри услови за живот, сепак не може да им го овозможи комфорот и сигурноста, како што тоа го може градот од кој потекнуваат, семејството, пријателите... Да ја спасиме и унапредиме оваа земја...Република Македонија! ДА ОДБЕРЕМЕ ОБНОВА!   Весна Кусакатска, одделенски наставник]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nadez-za-idninata/feed/ 0
Колумна на Весна Кусакатска: НАСТАВНИКОТ ДА ОДЛУЧИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nastavnikot-da-odluchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nastavnikot-da-odluchi/#respond Fri, 10 Apr 2020 10:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=330128

Како долгогодишен наставник, имам свое размислување за начинот на одвивање на воспитно-образовниот процес во ваква, вонредна состојба, но и обврска истото да го споделам со вас. За да го задржиме нивото на образованието, во вакви отежнати околности треба да се преземат мерки и начини целиот тој процес најдобро, наједноставно и најбезболно за сите да се реализира. Наставникот  може најдобро да процени на кој начин треба да работи со своите ученици, какви и колку задоллженија да им дава и како да ги оцени. Нема никаква потреба од дополнителен притисок со административни дописи. Не треба да се плашиме: Секој наставник ќе го пронајде најдобриот начин, за да ја заврши учебната година како што треба. Зарем треба од наставниците да се бара да водат целосна евиденција во е-дневникот,кој  патем, ретко кога дозволува пристап? Ќе внесуваат ли наставни содржини за часови што реално не ги одржале? Реализиран час ли е да користиш некоја од посочените платформи, да испраќаш материјали, задачи, од кои бараш повратна информација? Претпоставувам, ќе треба и отсутни ученици да евидентираат. А, впрочем: Е-дневникот, требаше нели и да се укине? Почитувани колеги, Подготовките за вонредни состојби се прават пред нештата да се случат. Да се држиме до едноставноста: Никој не треба од нас да очекува перфектна умешност во спроведување на онлајн наставата, кога за тоа не сме ниту обучени. За да да си ја сочуваме силата за периодот што следува, за да не дојде до премореност и конфузија предлагам: Да одбереме нешто за што ние мислиме дека е најдобро, наједноставно и да се држиме за тоа. Што поедноставно, тоа подобро. Целите на наставата  и очекуваните резултати  може да се постигнат не само со електронските платформи што ни се посочени, туку и од учебниците. Насока може да дадеме преку различни форми и методи познавајќи си ги нашите ученици како спој од учебниците и нашето евентуално дообјаснување во постојана комуникација со учениците. Не е исто седењето пред екран и седењето пред книга. Да им го скратиме на децата времето поминато пред компјутер. Всушност учебниците, за што и за кого се печатеа? Да не се залажуваме: квиз ли е, презентација ли е, онлајн час ли е, или едноставно-учебник, ефектот е ист. А и сите ученици не се во рамноправна положба, немаат сите еднакви можности за спроведување на ваквиот начин на учење и оценување. Има ли услови секој ученик да дава повратна информација, за сѐ што се бара од него? Како што се шири вирусот, бројот на заболени секојдневно расте, а пикот сѐ уште не е достигнат, можеби некој од оние што на нас наставниците ќе ни бараат електронско портфолио за постигнувањата на секој ученик, ќе се запраша дали на учениците кои во семејството имаат заболени, ќе им дојде до пишување на есеи, изготвување постери или можеби скајп комуникација со наставникот. Не, нема. И затоа треба ние наставниците сами да одлучиме како ќе ја завршиме учебната година, Затоа што никој од нас не е на ,,распуст“, ние работиме сега и повеќе отколку во нормални услови.     Весна Кусакатска, одделенски наставник]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-kusakatska-nastavnikot-da-odluchi/feed/ 0
Колумна на Кусакатска: ДА НЕ ПРЕТЕРАВМЕ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-preteravme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-preteravme/#respond Wed, 01 Apr 2020 17:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=325760

Со самиот факт дека МОН излезе неподготвено за вакви вонредни состојби, а во обид да се заврши учебната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците. Добар дел од наставниците претераа со давање обврски на учениците. Но, ова време не е вистинскиот момент, за да има докажувања. Зарем не е подобро тоа претходно да се правело и да се прави во нормални услови? Сега, во една ваква состојба, ние наставниците треба да ја скратиме програмата колку што може повеќе, да ја прилагодиме на моменталната состојба, а имам чувство дека некои наставници дури и ја продлабочуваат. Сега, во услови кога  повеќето сме најмногу во нашите домови, додека повеќето родители работат од дома, треба ли наставниците да им даваат обврски и да им држат онлајн часови на децата и детето во просек половина ден да го помине на компјтер... Може ли дете од 7-8 години да следи онлајн час, да добива насоки за пишување во тетратки и згора на се да пополнува наставни листови. Може ли тоа да го направи само? Треба ли родителите да се претвораат во наставници? Па кога во едно семејство (како на пример моето) со еден лаптоп и само со едно дете (осмо одделение), не можеме да се договориме кој ќе седне да работи, што ли се случува со тие со две, три или повеќе деца? Ќерка ми (иако не е преоптоварена со обврски од редовната настава) секојдневно е приклучена на онлајн часод курсеви по англиски и француски јазик, или од училиште или прави проекти, пишува домашни, пополнува тестови, квизови... Што да кажат тогаш децата што се преоптоварени? А каде сум јас како наставник?...... Јас на моите ученици им задавам минимални задолженија, бидејќи на дете од седум години, на кое му е скратен чистиот воздух, дружењето со врсниците и целокупниот социјален живот, според мене не е во ред дополнително да го преоптоваруваш со толкави обврски што секако не може да ги исполни без присуство и помош од родителот. Двонасочна комуникација користам-да, правам и презентации за часовите, но се обидувам да ја реализирам програмата во минимални рамки, затоа што сепак ова се вонредни услови и токму така треба и да се однесуваме. И да, Зоом вклучив, чисто за да ги видам учениците, да им дадам поттик да издржат во оваа состојба за која и самите се свесни дека ќе потрае, да им кажам колку многу ми недостасуваат. Весна Кусакатска ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-ne-preteravme/feed/ 0