весна вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 May 2020 20:24:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png весна вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И СЕ СРУШИЈА СИТЕ ПЛАНОВИ ЗА ВО ИДНИНАТА: Од овие зборови на сопругата на Вучиќ кажани пред еден месец солзите сами ќе ви надојдат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-se-srushija-site-planovi-za-vo-idninata-od-ovie-zborovi-na-soprugata-na-vuchikj-kazani-pred-eden-mesec-solzite-sami-kje-vi-nadojdat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-se-srushija-site-planovi-za-vo-idninata-od-ovie-zborovi-na-soprugata-na-vuchikj-kazani-pred-eden-mesec-solzite-sami-kje-vi-nadojdat/#respond Mon, 04 May 2020 20:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=341632

Се радувам што ќе одам во пензија, што здравјето ме служи. Доста беше! Најважно нешто е што здравјето ги служи и моите во семејството, што имам прекрасен маж, син, а од скоро, нели, и прекрасна снашка. Пензионерските денови сакам најмногу да ги поминувам релаксирано покрај море со моето добро друштво, ова пред само еден месец во интервју за Вечер Прес го истакна сопругата на Драган Вучиќ. Една е од, сакале тоа да го признаете или не, најзгодните (и најпопуларни) македонски радио-спикерки со милозвучен глас, иако поради медиумот во кој работи не можеме да ја гледаме, нејзината вечна убавина како да излегува од тоа мало „чудо“ од техниката. Станува збор за Весна Вучиќ, спикерка во Македонско радио, сопруга на исто така надалеку познатиот водител и некогашен пејач и член на групата „Гравче-тавче“ Драган Вучиќ, но и ќерка на славниот музичар Пеце Атанасовски. Но тоа се воглавно познати работи, како што е познато дека син ѝ е Мартин Вучиќ, актуелен директор на „Танец“. За ВЕЧЕР Весна вели дека е среќна што е жива и здравa и како таква вљубена во животот го одработила својот работен век. Наскоро, на почетокот на ова лето се подготвува да замине во заслужена пензија. Таа работниот век го помина во македонско радио (и поранешно радио-Скопје) некои 40-тина години. – Доста беше, се радувам што ќе одам во пензија, што здравјето ме служи. Тоа ми е најважно нешто и што здравјето ги служи моите во семејството, што имам прекрасен маж, син, а од скоро, нели, и прекрасна снашка. Пензионерските денови сакам најмногу да ги поминувам покрај море со добро друштво, во добро расположение, па ќе видиме како коцкичките ќе се наместат. Јас сум секогаш оптимист! Инаку, од сопругот Драган со години ја разведувале, а тие, еве, уште се заедно. Нивниот брак повеќе од 40 години одлично функционира и e еден од оние ретките бракови кои во ова време-невреме успева да им пркоси на сите трачеви. Весна никогаш не возвраќала на таквите муабети, не е тоа нејзино ниво, но само еднаш и никогаш повеќе навистина ѝ пукнал филмот кога преку ФБ мораше да застане во одбрана на семејството, кога се „прелеа чашата“, кога малограѓанштината се обиде да земе замав. Но и тие безуспешно. На шпекулациите дека наскоро ќе биде и вистинска баба, дека чека внуче, таа вели дека нема ништо ново на тоа поле, но не сака да им се меша на синот и снаата, а и нема ни право на тоа. Нагласува дека, како што велат старите, Господ нека нè чува од лошо и децата и нас, сè ќе си дојде на свое, да сме живи и здрави! Само трпение!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-se-srushija-site-planovi-za-vo-idninata-od-ovie-zborovi-na-soprugata-na-vuchikj-kazani-pred-eden-mesec-solzite-sami-kje-vi-nadojdat/feed/ 0