весник „Илинден“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 15:03:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png весник „Илинден“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Весник „Илинден”: Документ од 1942 покажува дека во Корча живееле Македонци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesnik-ilinden-dokument-od-1942-pokazuva-deka-vo-korcha-ziveele-makedonci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesnik-ilinden-dokument-od-1942-pokazuva-deka-vo-korcha-ziveele-makedonci/#respond Wed, 09 Nov 2022 15:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=758082

Во напис под наслов „Кога документите зборуваат и Боговите молчат, ама не и Бугарите” македонскиот весникот во Албанија „Илинден” објавува допис од 1942 година зачуван во албанскиот државен архив, во кој стои дека во префектурата Корча, во чии рамки е и Мала Преспа, не живеат ниту Бугари ниту Срби. -Кога зборуваме за атакот кој со децении го прави Бугарија врз Македонците во Албанија со цел тие да се изјаснуваат за Бугари, а во интерес на вистината треба да посочиме дека бројни Македонци во Албанија оставиле свои сведоштва. Од нив многу јасно се гледа дека тие никогаш и никаде не пишувале дека се Бугари, стои во написот. Напротив, стои понатаму, многу јасно сведочат за нивното македонско национално чувство. – Во оваа прилика ќе наведеме податок кој говори многу за положбата на Македонците во различните временски периоди. Во книгата „Мала Преспа“ од Гуре Дума, објавена во Скопје во 2005 година на страницата 72 пишува: „До 1930 година, во размената на писмата меѓу печалбарите и домашните се пишувало на македонски јазик, но со грчки букви, а од 1930 до 1945 година, писмата се пишувале на македонски јазик, но со албански букви, наведува авторот на написот. Се заклучува дека ова доволно говори дека во периодот меѓу 1930 и 1945 година, Македонците во Албанија воопшто не го употребувале бугарскиот јазик, ниту бугарска азбука. Според весникот, за непостоење на Бугари во Албанија говорат и податоците во многуте документи а дел од нив се наоѓаат во Управата на државниот архив во Тирана. Се посочува дека еден официјален документ од 7 октомври 1942 година, зачуван во архивот, потврдува дека немало Бугари во префектурата Корча. Во документот пишува „Кралство Албанија – Чест ни е да ве информираме дека, во околината на оваа префектура, нема Бугари, ниту Срби алогени жители, од споменатите”, и е потпишан од заменик префектот Димитер Јовани. – Се разбира, овој и ваквите документи, како и сведоштвата на Македонците од Албанија не значат ништо за Бугарите, кои со фалсификати и од позиција на членка на ЕУ, успеа со уцени кај албанската власт да издејствуваат да се измисли непостоечко бугарско малцинство во Албанија, констатира весникот „Илинден”. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesnik-ilinden-dokument-od-1942-pokazuva-deka-vo-korcha-ziveele-makedonci/feed/ 0
Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми на Албанија  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-vesnik-ilinden-stana-del-od-platformata-alijansa-za-etichki-mediumi-na-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-vesnik-ilinden-stana-del-od-platformata-alijansa-za-etichki-mediumi-na-albanija/#respond Sat, 06 Aug 2022 15:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=715097

Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ)  каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. – Алијансата ги штити своите членки од не фер притисоци и напади. Таа е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот. Додава дека  „Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија, кој е дел од платформата на АЕМ, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија. – Од мое и од име на целата редакција искажувам благодарност до Одборот на АЕМ што одлучи македонскиот весник „Илинден“ да биде нејзин член, додава Ѓурѓај. Весникот „Илинден“, првпат излезе од печат во февруари 2011 година во Тирана. Весник е на македонското друштво „Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма. – Продуцира и објавува  информации на македонски јазик, за Македонците во Албанија, Македонија, Балканот, Европа и светот, политички, економски, културни и спортски, како и интервјуа. Се стремиме да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето на вестите, посочува Ѓурѓај. Во изминатите 11 години отпечатени се 53 изданија на весникот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-vesnik-ilinden-stana-del-od-platformata-alijansa-za-etichki-mediumi-na-albanija/feed/ 0