вета Богородица Болничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 08:29:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вета Богородица Болничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/#respond Fri, 07 Oct 2022 08:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=742251

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид. Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век. Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени. – За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата, истакна Велкоска. Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските. – Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување, појасни Патчев. Црквата, додаде, припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/feed/ 0