ветинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Dec 2019 08:48:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ветинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден ден траеше зборот: Заев во Скопје се колнеше во ветинг на судии, во Куманово се предомисли-не било време за тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-den-traeshe-zborot-zaev-vo-skopje-se-kolneshe-vo-veting-na-sudii-vo-kumanovo-se-predomisli-ne-bilo-vreme-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-den-traeshe-zborot-zaev-vo-skopje-se-kolneshe-vo-veting-na-sudii-vo-kumanovo-se-predomisli-ne-bilo-vreme-za-toa/#respond Tue, 17 Dec 2019 08:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=278539

„Навистина не е момент за ветинг, заради тоа што ветингот ја отсликува состојбата на наша пријателска Албанија, којашто беше навистина во поразлични состојби од нашето правосудство. Но, секако не е сјајна работата во правосудството“. Ова го истакна премиерот Зоран Заев во Куманово. Еуфоричното предизборно најавување на ветингот во правосудството од страна на премиерот траеше само 24 часа. Во неделата пред своите приврзаници се колнеше во ветинг и истиот жестоко го најавуваше. Во понеделникот, „пу-пу не важи“! -Ние почнавме процес на прочистување на правосудството и не треба да користиме поимот ветинг, ако е ветинг сега треба да се подредиме позади Албанија, па да чекаме да поминеме, навистина немаме потреба. Но, за да можат да работата сите чесни судии и обвинители мора се направи прочистување на оние малкумина нечесни, со индиции сериозни за навлезеност во незаконски постапувања, ненавремени постапувања, држење предмети во фиока, поништување на предмети и враќање на почеток, застарување на предмети и сето тоа коешто претставува проблематика, со зборови на нашиот народ кажано. Очекувам дека самите институции согласно сегашната регулатива, а тоа е Законот за судски совет и Законот за судовите и Законот за антикорупција го дава, ќе си постапат по самите закони. При самото такво постапување ќе го направат прочистувањето, изјави Заев од Куманово. Само еден ден му траеше зборот, ветувањето го држеше само 24 часа. За ветингот кој жестоко го најавуваше, премиерот вели дека не било време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-den-traeshe-zborot-zaev-vo-skopje-se-kolneshe-vo-veting-na-sudii-vo-kumanovo-se-predomisli-ne-bilo-vreme-za-toa/feed/ 0
Ветингот на „стенд бај“ до изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/#respond Thu, 12 Dec 2019 07:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=276359

Дебатата за ветинг, како и започнувањето на процесот не може да се заврши пред изборите, рече министерката за правда Рената Дескоска, образложувајќи дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, додека претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски во однос на ветингот посочи дека не е проблем само малиот број на обвинители, туку и тоа што на јавното обвинителство му е загарантирана самостојноста согласно Уставот и треба да се внимава тоа да не биде прекршено. – Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 отсто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите, нагласи Дескоска. Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека се можни повеќе варијанти, односно една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции. – Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спорведува процесот. Тоа треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство, рече Дескоска. Колевски смета дека Советот на јавни обвинители би требало да учествува во процесот на ветинг и тоа да се спроведе со внатрешни сили. – Најпосле тука е Владата која го именува јавниот обвинител и надзор врз работењето на јавните обвинители секогаш врши повисокото јавно обвинителство, односно јавниот обвинител така да во секој момент тој може да нареди да се изврши вонредна контрола врз работењето на јавните обвинители покрај редовната контрола што се врши два пати годишно, рече Колевски. Тој додаде дека во процесот на ветинг може да се вклучат и меѓународни структури, но само како советници, затоа што целата операција околу стручното работење на јавните обвинители го врши самото јавно обвинителство. Колевски смета дека домашните институциите треба секојдневно да вршат проверки ако има сомневање за извршена корупција и веднаш да стапат во дејство, а не да се чека посебна акција. – Тоа е нивна работа и овластување согласно Уставот и законите, доколку тие затаат тогаш грешката е во нивна страна, односно тука се работи за нивно неработење во откривањето на криминалитетот, оцени Колевски. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека ДУИ сака добро да го осмисли ветингот за да се се врати кредибилитетот на носителите на јавни функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/feed/ 0
Ветингот во МВР на владина седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-vo-mvr-na-vladina-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-vo-mvr-na-vladina-sednica/#respond Tue, 23 Jul 2019 07:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=221450

Владата на денешната седница треба да ја разгледа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. Ветингот во МВР, како што повеќепати најави министерот Оливер Спасовски, е потребен за да се зацврсти интегритетот на полицајците и нивната отпорност кон какви било влијанија кои се спротивни на законите. Целта е декриминализирана и депаритизирана полиција која ќе го штити интересот на граѓаните и полицајци кои професонално и одговорно ќе си ја вршат својата задача. Ветингот во полицијата треба да се базира на три столба. Прво – вработувањето и кариерата на секој полициски службеник, второ – имотната состојба и трето – интегритетот и профресионалноста во извршувањето на работните задачи. Ќе се проверува стручното образование, интегритетот, имотната состојба и евентуално криминални активности. Покрај МВР, се очекува во иднина ветинг да има и во други јавни сектори. Поддржувачите на ветингот сметаат дека тоа е процес од општетсвен интерес што треба да ја зајакне професионалноста на јавните служби и да создаде систем што ќе ги штити правната државата и граѓаните, кој нема да зависи од политиката и политичарите и ќе создава можности за развој. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-vo-mvr-na-vladina-sednica/feed/ 0