вето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 16:20:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stavija-veto-na-rezolutsijata-na-on-za-izrael-i-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stavija-veto-na-rezolutsijata-na-on-za-izrael-i-gaza/#respond Wed, 18 Oct 2023 16:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=890436

Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас за да се дозволи доставување хуманитарна помош во Појасот Газа. За предлог-резолуцијата на Бразил гласаа 12 членки, додека Русија и Велика Британија беа воздржани. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на огнот за ослободување на заложниците и испорака на хуманитарна помош во Газа. Нацртот го прозиваше Израел, без да го спомене конкретно, да ги повлече повиците до цивилите и персоналот на ОН да се повлечат на југот на палестинската енклава и ги осудува „терористичките напади на Хамас“. Резолуцијата исто така го осудува секое насилство и непријателство кон цивили и сите терористички недела и повика на итно и безусловно ослободување на сите заложници. Израел минатата недела повика 1,1 милион жители на Газа, или речиси половина од населението, да се повлечат на југ додека се подготвува за копнена офанзива како одговор на најлошиот напад на Хамас врз цивилите во 75-годишната историја на Израел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stavija-veto-na-rezolutsijata-na-on-za-izrael-i-gaza/feed/ 0
Швајцарија стави вето на извозот во Украина на околу 100 тенкови на приватна компанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-stavi-veto-na-izvozot-vo-ukraina-na-okolu-100-tenkovi-na-privatna-kompanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-stavi-veto-na-izvozot-vo-ukraina-na-okolu-100-tenkovi-na-privatna-kompanija/#respond Thu, 29 Jun 2023 18:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=850998

Швајцарија стави вето на планот за извоз на речиси 100 стари борбени тенкови Леопард во Украина, повикувајќи се на законот за неутралност, пишува лондонски „Фајненшл тајмс“ (ФТ), кој додава дека одлуката е донесена токму во моментот кога влегува во одлучувачка фаза. офанзива на Киев против окупаторските сили на Русија. „Ветото на Берн веројатно ќе предизвика гнев кај европските сојузници на Швајцарија, кои со месеци вршеа притисок врз нејзината влада да го ублажи своето рестриктивно толкување на нејзината долгогодишна политика на неутралност“, наведува ФТ. Тие тенкови никогаш не биле во употреба во Швајцарија, не биле ни наменети за нејзината армија, ниту пак се наоѓаат во таа земја. Сите 96 се складирани во Италија од 2016 година, кога швајцарскиот производител на оружје Руаг ги купи од италијанската армија во приватна трансакција. Федералниот совет - седумчлената извршна власт на швајцарската влада - во средата заклучи дека продажбата на тие 96 тенкови на Украина не е можна според швајцарскиот закон бидејќи тоа би било во спротивност со Законот за воен материјал и „би значело швајцарско отстапување од политиката на неутралност“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-stavi-veto-na-izvozot-vo-ukraina-na-okolu-100-tenkovi-na-privatna-kompanija/feed/ 0
Генералот, командантот и дезертерот https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=792246

Наместо да се срамат што дилер на кокаин тврди дека е Бугарин и се тепа по македонски кафеани, бугарските власти од истиот тој непресметлив и криминоген лик направија маченик и профил на наводно репресиран Б’лгарин, мустра за ширење лажна пропаганда. Јаз’к и превртенава психологија, нели... Арно ама, некој повторно ја утна работата, ама „скроз“... Прво, софиското раководство кое ја обвинува Македонија за наводна ретроградност, со крајно потценувачкиот и проѕирен пристап покажа дека никогаш и не излегло од матрицата на Варшавскиот пакт и изветвената пропагандна комунистичка машинерија. Радев, ало, ова не е 1953-та, па што ќе кажете со Коминтерната во двете мизерни пишани гласила да мора да биде и вистина, јок. Во денешно време на интернет и наплив на медиуми ко печурки по дожд, време кога и бабичките во престилката имаат андроид-мобиљка, утката ви е голема. Никој не пие нафта, одамна, башка, прескапа е. Ова можеби ќе заинтригира и запали некој национал-шовинист кај вас, но ја промашивте прикаската. Ко што од секое гранче не бива свирче, така и од секој претепан дилер не бива маченик... Второ, дигањето на една криминална пресметка на ниво на меѓудржавен проблем е повеќе од патетичен обид  да го искористите сегашното „внимание“ кое ви го посветуваат Европјаните и Американците поради вашата геостратешка позиција во војната со Украина. Безобразен крик на очајни и искомплексирани шовинисти, кои преку познатиот метод на Гебелсовата „голема лага“ од еден претепан криминалец градат Потемкиново село и шират дезинформации за наводни репресии на Б’лгарите во Македонија. Ај што нив и ги нема, а сега со парите што им ги „фукнаа“ службите се појави и по некој од немајкаде, ама знаете дека вашите сојузници се информирани 100 пати подобро од истите тие сезнајни бабички со мобиљките. Ве тинтраат сега дека им требате, ама дека некој ви ја купува евтината прикаска полна со дупки ко интегритетот на Заев и Таче, тешко... Трето, ако си баравте алиби за да повторно не’ блокирате и така притиснете за да ги донесеме забеганите и непотребни Уставни измени, можевте и малку повеќе да се потрудите. Дека некој ќе поверува дека не блокирате поради тепаниот нарко-дилер, тешко. Дека поради Пендиков и скршената му вилица ќе ве внесеме во Устав, уште потешко. Ќе треба да скршите многу повеќе пратеници и луѓе во Македонија за да дојдете до посакуваното. А ова, да не ти бил Преспански договор и смена на име, па интересот на „сојузниците“ за такво кршење и не бил толку голем, барем се надеваме... Четврто, дали сте свесни каква пизма и омраза создавате со ваквите лаги и дејствувања? Во стилот на командантот Али кај нас, вашиот генерал Радев преку лаги крајно  ја закрвува работата меѓу Македонците и Бугарите. Тотално непотребно, исто ко закрвувањето на Алија на Албанците со две независни национални телевизии и нивните „само“ 800 илјади гледачи. И кој ќе биде виновен за следната, не дај Боже, тепачка во која можеби ќе падне нешто повеќе од скршена вилица? Македонците ли пак ќе глумат дежурни виновници, како и секогаш? Да, тоа го сакате, ама не бива... Пето, имаме несреќа при еден генерал на едната и „командант“ на другата страна, нас да не’ „води“ еден арогантен и неписмен дезертер, чија македонштина е на ниво на бегалец од Авганистан кој вчера стапнал во Македонија. Ок, Авганистанецот сигурно има почесни намери од трајно неспособниот Таче. И така, „водени“ од Бујар, гавазот на командантот и од дезертерот Ќуран, ќе го трпиме срамот и ќе набиваме гнев и бес во себе, доволни за 10 следни генерации. Ќе слушаме како вашиот министер тресе зелени за некакво си враќање на мрачни времиња во Макеоднија, периоди на убиства, мачење и прогони, А Бугар Османов ќе молчи ко залиен. Туку, сакаше ли да каже пустиот ваш министер дека кај нас се вратиле времињата на бугарската фашистичка окупација, описот на дејанијата е совршен. Можеби, пак, Милков сакаше да се извини за крвопролевањата, силувањата, теророт, сечењето глави, за децата од Ваташа, за Дуња, за Мучето, за сите егзекутирани македонски херои и хероини? Не, ама требаше... И што по ова, пак ќе тврдите дека сме „един народ, две држави“ ли? Ќе се мавате во гради и ќе не убедувате дека сме биле браќа? По сите уцени, лаги, блокади, негации и изживувања ние ќе треба да ве прифатиме за наши, ќе заборавиме на се’, ќе ја свртиме капата и ќе си свиркаме, гушнати и насочени кон демек европската ни иднина??? Не, не бива така, не сме златни рипки со меморија од 3 секунди и не ја правете поголема. Да, ќе не блокирате пак, иако, реално, никогаш и не го дигнавте ветото условено со инфантилните уставни измени. Не, нема да ги усвоиме и да ве внесеме насила во Уставот, ако уште има, а за наша среќа има Македонци во државата и политиката. И аман, берете умот, не се глупирајте да правите инциденти и да ни доаѓате организирано со смислени бедни провокации од неофашистите Џамбаски и Костадинов на 4-ти февруари на гробот на македонскиот великан и корифеј Гоце Делчев, не поганете го светото место, за последиците ќе бидете виновни вие и само вие. Имајте предвид дека на македонскиот народ „филмот“ му е многу пукнат, врие во секого, татни по дамарите, премногу резил и гнев има насобрано во нас, не ни давајте повод. Не, нема да гледате реприза од денот на Мара Бунева, за Гоце се работи. А ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!   П.С. И дајте луѓе, уште поАМАН, под итно да ги тргнеме од власт овие безрбетни и ултра-сервилни човечиња од Илинденска бр.2, Собрание и од Вила Водно. Понизни суртуци кои не сфаќаат што е љубов кон татковината, историјата и своето, ајвани кои гледат само да си ги наполнат џебовите и стомачињата, копуци кои не разбираат дека кога ќе ја наведнеш главата, оној со мечот не може да одолее на предизвикот и податливоста на сечењето на истата таа празна направија. Да, да не беа тие на власт, ништо од ова немаше ни да се случи...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/feed/ 0
Ќучук: Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=791600

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. – Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“. На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“. – Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук. Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи. Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава. – Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/feed/ 0
Министер најави вето на Австрија за влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/#respond Thu, 08 Dec 2022 10:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=772663

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел. Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета. Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minister-najavi-veto-na-avstrija-za-vlezot-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/feed/ 0
Француското претседателство завршува, нема информации за нов предлог за тргање на бугарското вето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-nema-informacii-za-nov-predlog-za-trganje-na-bugarskoto-veto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-nema-informacii-za-nov-predlog-za-trganje-na-bugarskoto-veto/#respond Thu, 30 Jun 2022 05:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=697549

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков. Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Северна Македонија. Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ. – Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Северна Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски. Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ. Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите. Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Северна Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог. Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство. За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува. Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог. – Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски. Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи. Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Северна Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава. – Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска. Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-nema-informacii-za-nov-predlog-za-trganje-na-bugarskoto-veto/feed/ 0
БГНЕС: Објавен е францускиот документ, Петков дозволува ЕУ да започне преговори со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bgnes-objaven-e-francuskiot-dokument-petkov-dozvoluva-eu-da-zapochne-pregovori-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bgnes-objaven-e-francuskiot-dokument-petkov-dozvoluva-eu-da-zapochne-pregovori-so-makedonija/#respond Fri, 17 Jun 2022 15:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=692257

Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Од документот со кој се запозна БГНЕС, јасно се гледа дека ништо од досегашната официјална бугарска позиција не фигурира во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија. Ниту еден од бугарските услови наведени во Рамковниот став од 2019 година не се појавува во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската унија. Единствено условот, кој не е дел од Рамковниот став и кој е објавен во 2021 година, за вклучување на Бугарите во уставот на Македонија, се гледа во заедничкиот став на Советот. Сите други услови, особено оние кои се однесуваат на објективизација на заедничката историја, говорот на омраза во учебниците и медиумите, рехабилитацијата на жртвите на комунистичкиот режим врз граѓаните со бугарски идентитет, воопшто не фигурираат во предлог-одлуката. Не се предвидува ниту еден од бугарските услови во самата преговарачка рамка, а оттука и немање гаранции за спроведување на преземените обврски од страна на Скопје. Предлог-одлуката се однесува на два дополнителни билатерални документи, чија содржина засега не е позната, објави БГНЕС. Едниот е веројатно поопшт документ наречен протокол, кој преклопува некои од точките што Кирил Петков му ги опиша на пратеникот на ИТН Балабанов. Без оглед на неговата специфична содржина, гаранциите за имплементација на овој протокол не се предвидени во самата преговарачка рамка, како што сведочи предлог-одлуката на Советот. Другиот билатерален документ што најверојатно ќе биде објавен се однесува на формулацијата на македонскиот јазик, што значи и негово де факто признавање. Во документот се наведува дека Бугарија и Македонија ќе дадат еднострани декларации за македонскиот јазик, а самите декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата Меѓувладина конференција. Како што вчера објави БГНЕС, Франција најави дека ќе достави формален предлог до сите земји-членки за укинување на ветото за северна Македонија, а потоа бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание. На 16 јуни 2022 година, Националното собрание беше домаќин на средба на француската амбасадорка Флоренс Робин со заменици од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција. На средбата, која започна во 11.00 часот, таа изјави дека во рок од неколку часа ќе биде доставен францускиот предлог за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија и се надева дека ќе се изгласаат во наредните денови. Договореното е постигнато. Претходно БГНЕС го извести премиерот Кирил Петков дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „Во четврток (16.06.) официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ. и јас лично ќе го испратам утре во парламентот“. Ова беа токму зборовите со кои се пофали и дека „Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, а потоа ќе паднеме и ќе продолжиме понатаму“. На самиот почеток на состанокот на Советот на министри во средата, Петков го прочита барањето, кое веднаш беше прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“. Со овој потег Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарската јавнбост крие се што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати. Кирил Петков денеска вети и „брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија“. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати. Вчера на сослушувањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание стана јасно дека Кирил Петков му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство на крајот на зимата, кое завршува само десет дена подоцна, на 1. јули. Очигледно Кирил Петков има намера лично да ја донесе оваа одлука за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Париз. Упатствата што бугарската Владата ги испратила до постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров во врска со разговорите меѓу Скопје и Софија го истакнуваат недостатокот на чувствително прашање за заедничката историја и постои намера да не се придржува до Бугарската Рамка од октомври 2019 година. Позиција, поддржана со декларација на Националното собрание и два Советодавни совети за национална безбедност под претседателот (имплементацијата на Договорот за добрососедство ќе биде дел од условите што се применуваат во преговорите, а првата Меѓувладина конференција ќе биде поврзана со вистински напредок во спроведувањето на Договорот). Вознемирувачки е и молкот на претседателот Румен Радев, кој пред еден месец му се заблагодари на претседателот Макрон за неговите напори, објави БГНЕС. БГНЕС го објави целосниот тест на нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија: 1. Потсетувајќи се на своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Македонија да продолжи со реформската агенда на ЕУ и да постигне опипливи и одржливи резултати, што го отвори патот за одлуката за отворање на пристапните преговори во март. 2020 година 2. На патот на Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и добронамерното спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. 3. Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. 4. Исто така, ќе ги зајакне правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците во Македонија и, како такви, ќе придонесе за усогласување со политичките критериуми од Копенхаген. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Македонија приоритетно да иницира и спроведе релевантни уставни измени со цел во преамбулата на Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во државата и дел од други народи, како што се како Бугари. 5. Земајќи го целосно предвид овој напредок и континуираното усогласување со барањата во сите области идентификувани од Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Рамката за преговори и да одржи, во согласност со подобрената методологија, политичка меѓувладина конференција со Македонија на 23 јуни 2022 година во Брисел на ниво на шефови на држави или влади за да ги претстави следните чекори во процесот на проширување по усвојувањето на Преговарачката рамка 6. Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Македонија ја исполни својата обврска за да ги склучи горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури. 7. Во овој контекст, Советот забележува дека Комисијата постигна напредок во спроведувањето и завршувањето на процесот на аналитички преглед на правото на ЕУ (ЕЦА) и е подготвена да ги претстави своите резултати на Македонија во догледно време. Врз основа на ова, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да ја оценува состојбата на подготовките на Македонија за почеток на преговорите во одредени области и да ги идентификува најверојатните прашања што ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи од кластерот Основи, кој со прво ќе се отвори преговарачката рамка, откако северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот. Со оглед на чувствителноста на темата, БГНЕС смета дека е неопходно да се наведе воведната реченица од Декларацијата на ЕУ за пристапни преговори: „Во име на Европската Унија, со задоволство ги пречекувам денеска угледните претставници на Македонија за отворањето на преговорите за пристапување на вашата земја во Европската унија. Ова е историски момент за сите нас, кој означува пресвртница во развојот на нашата врска. Процесот на проширување дава силен поттик за политичките и економските реформи, ги зајакнува мирот, демократијата и стабилноста во Европа и ги зближува луѓето“, објави БГНЕС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bgnes-objaven-e-francuskiot-dokument-petkov-dozvoluva-eu-da-zapochne-pregovori-so-makedonija/feed/ 0
Најавен француски предлог за ветото, Скопје и Софија бараат гаранции од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaven-francuski-predlog-za-vetoto-skopje-i-sofija-baraat-garancii-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaven-francuski-predlog-za-vetoto-skopje-i-sofija-baraat-garancii-od-eu/#respond Fri, 17 Jun 2022 05:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=691961

Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ се очекува официјално да биде испратен до бугарската Влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. И Скопје и Софија од ЕУ бараат гаранции за евентуално решение за остранување на ветото. Скопје бара гаранции дека барањето за влез на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем. Софија, пак, бара, ЕУ да биде гарант дека Северна Македонија ќе ги исполни условите на Бугарија. Вчера француската амбасадорка во Бугарија Флоранс Робин имаше средба со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот Парламент. На средбата која не беше официјално најавена, учествуваа и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Софија. Како што пренесе Бугарското национално радио, се очекуваше и официјално да биде испратен до бугарската Влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Францускиот предлог, кој ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, според објавените неофицијални информации, предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. Властите од земјава пак, велат дека има политичка волја Бугарите да бидат внесени во нашиот Устав, но, дека тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. -Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија, рече вчера претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид. Нагласи дека не постои политички проблем – ни кај власта, ни кај опозицијата, во однос на внесувањето на Бугарите кои живеат Северна Македонија во Устав. -Значи, има политичка волја за тоа. Ние само бараме да се земе предвид една политичка и една техничка работа. Техничката работа е дека нашиот Устав, и кога има политичка волја за двотретинско мнозинство во Собранието, и кога би имало волја, не може да се спроведе пред три, три и пол месеци. Побрзо технички не е возможно. Денес да почнеме, помеѓу 95 и 105 дена е според проценката на најдобрите уставни експерти во земјава, рече Пендаровски, појаснувајќи дека има три фази за промена на Уставот, потребна е јавна расправа и, како што рече, сериозен процес на објаснување на народот зошто се прави промената. Но, вели, покрај техничкиот дел, прашањето има и политички – дали ако влеземе во уставни промени, тоа ќе биде последното барање од бугарска влада – сегашната или некоја следна. -Многу е несериозно ако ние влеземе во еден сериозен потфат, промената на конституцијата на секоја држава е многу сериозна работа, за која треба многу размислување. Замислете шест месеци од сега, до година, некоја следна бугарска влада или истава, сеедно, да каже сега бараме уште нешто. Значи ние во тој дел бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија. Проштевајте тоа нема да ни биде доволно. Бараме гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем, во однос на ова прашање, истакна Пендаровски. На прашање дали доколку тоа барање биде ставено во преговарачката рамка ќе биде доволна гаранција дека Бугарија ќе нема други барања, Пендаровски одговори дека „ако во преговарачката рамка има формулација во која ќе се каже дека ова е последното бугарско барање во однос на ова прашање, немаме проблем со тоа“. – На Балканот ние сме изгорени многу пати. Меѓу нас сме имале турбулентна историја и најчесто политичката реторика или само зборовите не ни се доволни. Не е лошо да има нешто и на хартија, рече претседателот Пендаровски. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, вчера во одговор на прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија кон Северна Македонија, и дали има кокретни ставови, рече дека прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и потоа да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. – Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме, истакна Османи на прес-конференција во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022. Според Османи, не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но, вели, ние го следиме патот што го трасира француското претседателство. – Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки, рече Османи. Министерот повтори оти тој не би се откажал за можно решение во јуни, но очекуваме насока од француското пртседателство во наредните денови. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека сакаат и работат да го одблокираат процесот за Северна Македонија и за Албанија. -Не сум сигурен што ќе се случи на претстојниот состонок на Европскиот совет, но ќе направиме се да бидат преземени одлучувачки чекори, рече Мишел одговорајќи на новинарско прашање што содржи францускуот предлог за тргање на бугарското вето, кој, како што јавија медиумите во Софија, премиерот на Бугарија Кирил Петков требаше да го достави до Парламентот. Сметаме, додаде Мишел, дека ќе имаме попросперитетна иднина со земјите од Западен Балкан. -Има фрустрација и недоверба на двете страни. Време е да се делува. Војната во Украина го забрза процесот. Сакаме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и Албанија. Многу е важно да се одржува темпото и да се биде активен во процесот, рече Мишел. Тој не сакаше да коментира кои ќе бидат заклучоците што ќе ги поднесе француското претседателство за состанокот на Европскиот совет, но посочи дека се работи да се најде решение. – Се надевам дека ќе биде постигнат договор во вистинска насока. Сакаме да посредуваме да се најде решение меѓу 27-те лидери. Го подготвуваме овој состанок и тоа значи дека мора да имаме одредено ниво на дискреција за да бидеме ефикасни, рече Мишел. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, во коментар на информациите во дел од медиумите дека со францускиот предлог бугарските услови би влегле во преговарачката рамка оцени дека тој предлог е нокаут за македонската дипломатија. – Тоа е класичен „нокаут“. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Затоа што денеска, покрај овој нокаут за македонската дипломатија кој што го слушаме сега, слушам уште еден, би рекол преседан, а тоа е да се уценува Македонија, земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус. Македонија беше во 1999 добар домаќин на стотици илјади НАТО војници. Имавме војна на нашата северна граница, никој тогаш не ни рече од утре сте членка на НАТО, туку, напротив, во 2008 повторно бевме уценувани да менуваме име, менуваме устав за да еден ден бидеме членка на НАТО. Македонија имаше внатрешен конфликт, никој тогаш не кажа од утре сте земја кандидат за ЕУ, чекавме до 2005. Работевме, исполнувавме реформи, болни, некои не ни се допаѓаа, за да дојдеме до тој кандидатски статус, рече Мицкоски синоќа во телевизиско гостување. Франција вчера требаше да го достави официјалниот предлог за кревање на ветото кон Северна Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaven-francuski-predlog-za-vetoto-skopje-i-sofija-baraat-garancii-od-eu/feed/ 0
Генчовска: Петков му вети на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/genchovska-petkov-mu-veti-na-varheji-deka-kje-go-ukine-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/genchovska-petkov-mu-veti-na-varheji-deka-kje-go-ukine-vetoto-za-makedonija/#respond Wed, 15 Jun 2022 10:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=691161

Бугарскиот премиерот Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за старт на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство за време на негова средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред пратениците во бугарското Собрание. – Тоа беше на мојата прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа седум-осум луѓе од тимот на МНР и како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го поставивте во вашето прашање, изјави Генчовска во одговор на прашање на пратеникот и лидерот на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов. Како што јави БГНЕС, Костадинов при денешното сослушување на Генчовска на седница на бугарското Собрание ја праша дали на средба со Вархеји на 17 февруари, Петков се обврзал дека Бугарија ќе го укине ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ до крајот на француското претседателство, односно до крајот на јуни. Претходно, Генчовска во обраќање пред бугарските пратеници изјави дека Петков испратил предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР.. Генчовска оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“. – Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, кажав: комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на Република Северна Македонија продолжија да бараат контакт надвор од МНР со цел да се отстрани клучното бугарско барање – Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, рече Генчовска. На 5 април годинава, како што посочи таа, советникот за надворешна политика на премиерот испратил нацрт за ажурирање на Рамковната позиција, којшто сугерирал ревизија на националната позиција на Бугарија. – Нацртот на таа нова Рамковна позиција не го вклучува бугарскиот став за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции во однос на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Практично, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам за спроведување на договорот. МНР оцени дека документот е целосно погрешен и го отфрли како можност, рече Генчовска. Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се создавал впечаток дека Бугарија може да се согласи и на помалку и оти е подготвена за отстапки. Таа наведе дека има четири теми за кои треба да се направи напредок за да се заштитат бугарските национални интереси: имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на земјава со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/genchovska-petkov-mu-veti-na-varheji-deka-kje-go-ukine-vetoto-za-makedonija/feed/ 0
Асен Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asen-vasilev-ne-sum-slushnal-bugarija-da-se-podgotvuva-da-go-ukine-vetoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asen-vasilev-ne-sum-slushnal-bugarija-da-se-podgotvuva-da-go-ukine-vetoto/#respond Sun, 12 Jun 2022 17:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=689953

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев беше дециден дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц беше сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото. Василев рече дека постојано се водат разговори за Северна Македонија. Тој коментира дека во Европа се зборува дека не станува проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу ЕУ и Северна Македонија. Кога ЕУ ќе ја сфати бугарската позиција и тоа ќе стане европски предлог до Северна Македонија, тогаш веќе би можеле да започнат вистински разговори. Сето тоа мора да го оцени бугарскиот парламент, беше категоричен бугарскиот вицепремиер Асен Василев. „Продолжуваме со промената“ нема да бара гласање за доверба од бугарското народно собрание. Тој рече дека покани до министрите во заминување на „Има таков народ“ да останат во владата на премиерот Кирил Петков не биле упатени, но тој лично добро соработувал со двајца од нив за спорт и енергетиката Радостин Василев и Александар Николов. „Има таков народ“ мора да одлучи, според Василев, кому сака да биде лојален – на политиката на борба против корупцијата или на лидер кој е отцепен од реалноста. Василев рече и дека владејачката партија во Бугарија „Продолжуваме со промената“ не се плаши од нови предвремени парламентарни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asen-vasilev-ne-sum-slushnal-bugarija-da-se-podgotvuva-da-go-ukine-vetoto/feed/ 0