ветровито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Jan 2021 06:59:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ветровито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Облачно и ветровито време, од попладне дожд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vetrovito-vreme-od-popladne-dozd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vetrovito-vreme-od-popladne-dozd/#respond Sat, 09 Jan 2021 06:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=453021

Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје претежно облачно, со врнежи од дожд од попладнето. На околните планини ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени. Синоптичарите најавуваат во недела и во понеделник облачно и врнежливо време. Врнежите на места ќе бидат пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vetrovito-vreme-od-popladne-dozd/feed/ 0