ветувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Mar 2021 12:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ветувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нелоска: Во Ѓорче Петров ништо не е направено, а ветувањата на Наумоски останаа само на хартија – ама се даваат пари за заевиот Глобал https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/#respond Wed, 10 Mar 2021 12:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=480130

Додека општината тоне во долгови - над еден милион евра создаден долг во последните две години и секојдневно се земаат кредити, бројни ветувања остануваат нереализирани, улици со кал, нема канализација, над 400 дечиња на листа на чекање за во градинка, во основните училишта родителите сами купуваат сапун, граѓани со социјални проблеми, депонии, улици со дупки, Во Ѓорче Петров нема ништо од ветената гасификација, поврзување на Илинденска со Ѓорче Петров, амбулантата во Дексион, пазар во Даме Груев, ветениот клинички центар е ветување само на хартија, новата општинска зграда пропаѓа ние даваме пари за заевиот Глобал во Струмица, за криминалот на Заеви, истакна на денешната прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ. Трговскиот центар позади нас во кој требаше да биде и новата општинска зграда три години зјае недоправен, ама Наумоски ќе вложува во струмичкиот Глобал. Доцни исплатата од 5.000 денари за родителите кои имаат новороденче, а Александар Наумоски исплаќа десетици пати повисока сума за трговскиот центар Глобал во Струмица. Во ек на пандемија и драматични бројки на заболени општината не одвојува средства за дезинфекција на јавни површини, училишта, градинки, паркови ама одвојува средства за трговскиот центар за кој Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра. Наместо да се набават таблети и образовни помагала за учениците, Наумоски со наши пари ќе го помага Заев. КАТАСТРОФА И ДНО, рече Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/feed/ 0
Клуге: Ветувањата за вакцина против Ковид-19 се феноменални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-vetuvanjata-za-vakcina-protiv-kovid-19-se-fenomenalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-vetuvanjata-za-vakcina-protiv-kovid-19-se-fenomenalni/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=438177

Регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација Ханс Клуге, денеска оцени дека ветувањата за развој на вакцината против коронавирусот се „феноменални“ и дека тие претставуваат потенцијална точка на пресврт. Обраќајќи се на брифинг во Копенхаген, Клуге рече дека се очекува залихите на вакцини да бидат многу ограничени во раните фази и истакна дека државите мора да одлучат кој ќе има приоритет при вакцинацијата. Тој потсети дека СЗО посочи дека постои сè поголем консензус дека вакцината прво треба да им се дава на стари лица, здравствени работници и лица со хронични болести. Велика Британија вчера стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компаниите Фајзер и Бионтек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-vetuvanjata-za-vakcina-protiv-kovid-19-se-fenomenalni/feed/ 0
Градоначалниците секој ден не бомбардираат со ветувања дека ќе почнат да ги реализираат ветувањата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnicite-sekoj-den-ne-bombardiraat-so-vetuvanja-deka-kje-pochnat-da-gi-realiziraat-vetuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnicite-sekoj-den-ne-bombardiraat-so-vetuvanja-deka-kje-pochnat-da-gi-realiziraat-vetuvanjata/#respond Thu, 23 May 2019 12:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=201202

Изгледа гo знаат само зборот „ќе“… За Скопје веќе може да се каже дека е футуристички град. Не, не дека е напреден и потсетува на иднината, туку заради вокабуларот на неговите градоначалници. Тие цело време најавуваат само проекти за иднината. Последниве две години речиси целосно и исклучиво и Шилегов и неговите општински колеги зборуваат во – идно време. „Ќе направам ова, ќе направам она“… Едноставно, тие како да се во периодот на кампањата за локалните избори, а проблемот е во тоа што од тогаш поминаа 24 месеци. Уште поедноставно кажано: во Скопје скоро ништо не се гради, ама затоа пак има многу најави дека „ќе“ се гради. Најавите се најчесто за истите работи кои биле ветени и претходно. Па така, граѓаните пак добиваат куп ветувања дека ќе бидат исполнети ветувањата. Зошто е така? -Сите градоначалници, па и нашиот во Аеродром, Златко Марин, пред изборите ветуваа брда и планини, а сега гледаме дека се работи за ноторна лага. Ветеното како да го фрлија во корпа за отпад. По изборите слабо работат, живеат лагоден живот, а власта си ја користат лично. Ветеното е заборавено, на работа како да и не помислуваат, ни рече Верче Николова од Аеродром. За ова најдобро може да се суди според она што било ветувано и што досега е направено. „Ќе направам тунел под Кале, гасификација, ќе ги продолжам „Илинденска“ и „Љубљанска“ со мостови на Вардар, ќе направам спуштена крстосница кај „Мавровка“, ќе направам кружен тек во Сарај, ќе ја доградиме канализацијата, ќе го исчистиме воздухот, ќе направиме зелени згради, Луна-парк, во езерото Треска ќе се бањаат скопјани, ќе ја обновиме Универзалната сала, ќе направам централен комунален сервис… се главните ветувања кои ги слушаа и се уште ги слушаат скопјани од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Во меѓувреме добија уште ветувања кои тогаш не биле ветени. „Ќе направам и трамвај, ќе направам мост кај Ќерамидница, железнички прстен, ќе направам адреналинска жичница од Кале до Градскиот парк…“, објави тој пред повеќе месеци. Но не започна ништо од ова. Се прават, практично, само булевар „Босна и Херцеговина“, вториот дел од булеварот „Х.Т. Карпош“ и сега околу 900-те метри од вториот дел од булеварот „АСНОМ“. -Воопшто не оди добро и брзо со проектите. Напротив, се оди бавно и се прават периферни проекти. Не знам што чека градоначалникот Шилегов. Речиси нема направено улица во овие две години. Не се решаваат проблеми во сообраќајот со велосипедски патеки. Крајно е време да почнат да се градат капитални објекти, смета скопјанецот Боре Неделковски. Нема дилеми дека кога ќе дојде ред да се прават некои од овие објекти, ако тоа и воопшто се случи, пак ќе се држат конференции за печат на кои што ќе се најавува дека „ќе се гради ова и она…“. А потоа, како и за тунелот под Кале, може да пропадне тендер, па да мора пак да се распишува и пак да се најавува… Слично на ова се и објектите кои во идно време се градат по општините. Минатиот месец од општина Карпош пак дојде најава дека ќе се гради спортско-адреналински парк во близина на вливот на реката Лепенец во Вардар. -Адреналинскиот парк ќе го опфати потегот кај вештачката карпа, која ќе биде реконструирана, како и скејт паркот. Ќе има и фудбалско и одбојкарско игралиште на песок, зип – лајн и детски парк, најави неодамна градоначалникот Стефан Богоев. Тоа е ново повторување на ветувањето во ситуација кога граѓаните се уште чекаат голем дом за сместување на стари лица, три базени, бесплатни часови за основци за странски јазици, уредување на левата страна на Вардар… и кои никако да почнат да се прават. Во Кисела Вода уште се чека и најавува дека ќе биде завршен кружниот тек кај поранешната крајна автобуска постојка на „24-ка“. На секои десетина дена се збори дека „ќе се најде“ новата локација за Центарот за зависници. Градоначалникот Филип Темелковски лани изјави дека првата година „ќе помине во анализи и правење проекти, а во наредните три ќе покажеме колку сме различни“. Тука, инаку, се уште се чека на ветената поликлиника, гасификација, енергетски фасади, нова општинска зграда, катна гаража… И во Аеродром „ќе се прават“ – гимназија, гасификација, домови за стари лица, паркинзи… „Ќе биде…“ се слуша и во Бутел за поликлиниката, спортски комплекс, во Гази Баба за новиот базен, за ново училиште, поликлиника во Автокоманда, гасификација. -Сите политичари лажат само за да дојдат до фотеља и власт. И тоа не донесе до оваа дереџе. Само не се тие виновни туку народот е виновен што им верува 30 години. Овој народ, очигледно, тешко памети и брзо заборава, потенцира скопјанецот Златко Стојановски. Дали нешто ќе се смени во наредниот период? Односно, наместо во идно време градонашалниците да зборуваат во сегашно. Скопјани не сакаат футуристичко Скопје кое егзистира само во ветувањата на Шилегов и компанија… Лаги спакувани во нови ветувања Пред секои избори скопјани упатуваат пораки со кои од градоначалниците бараат да не им даваат лажни ветувања за она што планираат да го направат. -Сакам јасно да ми кажат што можат, а што не можат да направат. Вака, се се сведува на давање многубројни ветувања, напишани програми, рокови… а на крајот ништо од тоа. Дел од лагите им препознаваме, но и тие напредуваат во лажењето па даваат се поинакви ветувања. Но резултатот пак е ист – тие нема ништо да направат, а ние пак сме излажани, вели Јован Р. од општина Центар. Целиот текст може да го прочитате во бесплатниот неделник СКОПСКО ЕХО]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnicite-sekoj-den-ne-bombardiraat-so-vetuvanja-deka-kje-pochnat-da-gi-realiziraat-vetuvanjata/feed/ 0
Кога мажот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе ѝ ги вети овие работи… https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koga-mazot-kje-ja-pronajde-ljubovta-na-svojot-zivot-toj-kje-gi-veti-ovie-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koga-mazot-kje-ja-pronajde-ljubovta-na-svojot-zivot-toj-kje-gi-veti-ovie-raboti/#respond Fri, 14 Sep 2018 07:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=100765

Ако некогаш се женам, ова се ветувањата кои би сакал да ѝ ги исполнам на љубовта на мојот живот: Ветувам дека секогаш ќе се трудам да бидеш во моите очи. Еден ден кога ќе остариме и кога ќе бидеме збрчкани, јас и натаму ќе ја гледам твојата вистинска убавина. Ветувам дека ќе те слушам, но нема да молчам. Сакам да го слушам моето срце. Секогаш ќе ти кажувам што мислам, затоа што повеќе се грижам за тебе отколку за зачувување на лажен мир. Ќе бидам доволно храбар да бидам свој онолку колку што можам. Од некоја луда причина си се заљубила во мене и јас сакам тоа да остане така. Ти ветувам дека ќе те допирам. Секој ден. Ти ветувам дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Ќе бидам твојот грб и секогаш ќе те чувам. Ти ветувам дека ќе поддржувам колку што можам. Не сакам да ги решавам твоите проблеми, но сакам да те држам за рака додека ти го правиш тоа. Ти ветувам дека ќе бидам твојот највреден студент. Ќе го студирам факултетот на твоето срце и ќе се радувам кога ќе дипломирам. Ти ветувам дека никогаш нема да дозволам да легнеш да спиеш без да ти кажам дека те сакам. Ти ветувам дека ќе бидам искрен. Ти ветувам дека целосно ќе те прифатам. Твоите соништа, твоите стравови, твоите надежи и твојата љубов. Ти ветувам дека ќе живејам во сегашноста, затоа што тоа е сѐ што имаме. Ти ветувам дека ќе те сакам и кога ќе заврши нашето време на оваа Земја, затоа што знам дека повторно ќе те најдам. Како знак на мојата љубов ти го давам моето срце. Сѐ додека љубовта не нѐ раздели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koga-mazot-kje-ja-pronajde-ljubovta-na-svojot-zivot-toj-kje-gi-veti-ovie-raboti/feed/ 0
Уште една лага на СДСМ: Нема субвенции од 9.000 денари за нововработени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-laga-na-sdsm-nema-subvencii-od-9-000-denari-za-novovraboteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-laga-na-sdsm-nema-subvencii-od-9-000-denari-za-novovraboteni-lica/#respond Fri, 09 Feb 2018 17:27:23 +0000 http://kurir.mk/?p=20109

Уште еднаш се покажа дека програмата и ветувањата што ги даваше Заев во предизборната кампања во 2016-та година се само уште еден политички памфлет. Заев во тој период се расфрлаше речиси со секаков вид на ветувања. Ветуваше брз економски развој, вработувања, повисоки плати, пензии, субвенции и што уште не, но сепак реалноста е сосема поинаква. Се со цел да го “стимулира“ вработувањата на повозрасна група на граѓани, Заев во предизборието вети субвенции од 9.000 денари за исплатена месечна бруто плата во период од 12 месеци  за компаниите кои ќе вработат невработени лица на возраст до 50 години, a на оние фирми кои ќе вработат лица постари од 50 години, државна помош од 9.000 денари за исплатена месечна бруто плата, во период од 18 месеци. Потврда на ваквото ветување има на страна 208 и на страна 209 од памфлетот наречен “План за живот“. Да биде поапсурдно ова ветување СДСМ и Заев го ставиле во поглавјето “Итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци“За потсетување, Заев и СДСМ се на власт речиси 8 месеци. Како потврда на ваквата лага на СДСМ е новиот “План за економски раст“. Во него се предвидува дека секоја онаа компанија која ќе вработи нови луѓе и ќе им даде нето плата повисока од 300 евра, државата ќе ѝ помогне во поврат на средствата во износ од 60 евра и тоа е тоа. Но тука никаде не е спомнато дека ќе има субвенции за оваа специфична категорија на луѓе, на возраст до и над 50 години. Од вака приложеното се доаѓа до заклучок дека Заев и СДСМ ги изиграа граѓаните на Македонија посебно оние кои имаа каква-таква надеж дека ќе најдат било какво вработување. Познато е дека компаниите во Македонија се потешко се одлучуваат да вработат лица кои се отприлика на оваа возраст и дека само со субвенционирање компаниите на некој начин ќе се охрабрат да ја вработат оваа категорија на граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-laga-na-sdsm-nema-subvencii-od-9-000-denari-za-novovraboteni-lica/feed/ 0