вевчани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 07:08:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вевчани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Вевчани започнува Фестивалот на народна култура ,,Пображење” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/#respond Wed, 16 Aug 2023 07:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=867228

Денеска во Вевчани започнува 13-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” со програмската содржина ,,Народната култура во Вевчани инспирација за младите ликовни уметници” при што во текот на целиот ден на различни локации низ Вевчани ќе творат децата на детското ликовно студио ,,Св.Кирил и Методиј” од Битола, а вечер во дворот на МКЦ во Вевчани ќе бидат изложени нивните дела за посетители. Веднаш по изложбата започнува Ревијата на народни носии насловена ,,Моштенки” на авторот Филип Јаковлески од Битола на која ќе бидат презентирани носии, песни и ора од етничкиот предел Леринско поле во изведба на КУД ,,Илинден” - Битола. Фестивалот свечено ќе биде отворен утревечер на големата сцена во центарот на Вевчани, каде две вечери на 17 и 18 Август, народната култура ќе ја презентираат ансамбли од нашата земја и од странство. Во рамки на програмата овваа година од Македонија на фестивалот ќе учествуваат КУД-ва и Ансамблите: Бојмија од Гевгелија, Блажевски од Скопје, Ефрем Каранов од Кратово, Копачка од Драмче, Кочо Рацин од Скопје, Здружение на пензионери од Охрид, како и фолклорните ансамбли од Ескишехир - Р.Турција, Морачки морнари од Шериќи - Босна и Херцеговина и Топлица од Прокупље - Србија. Фестивалот завршува на 19 Август на големиот празник Преображение Христово со концерт на Ансамблот ,,Македонија” до Скопје со почеток во 20,30 часот на анфитеатарот ,,Успение на Пресвета Богородица” во центарот на Вевчани. - И оваа година се потрудивме да обезбедиме содржајна програма на нашиот фестивал, впрочем каква што доликува за Вевчани и секако за нашата држава. Се трудиме фестивалот да си ја задржи својата автентичност, разноликост и посебност при што во иднина уште повеќе ќа работиме во таа насока. Не радува што интересот за учество на овој фестивал од година во година е се поголем, но, поради ограничувачки пред се смештајни капацитети во Вевчани програмата ја конципираме на толку учесници колку што можеме домаќински и професионално да ги пречекаме и угостиме - изјави д-р Тошо Чочороски, директор на фестивалот. Фестивалот ,,Пображење” покрај презентација и развој на народната култура има за цел да ги поттикне нашите македонски фолклорни друштва да истражуваат и презентираат што повеќе изворен традиционален фолклор, при што доделува плакета ,,Чувари на изворната традиција” на оној ансамбал кој најдобро ќе презентира на фестивалот ваков тип на фолклор. За плакетата одлучува стручниот совет на фестивалот во состав: проф-др Мирјана Мирчевска, етнолог; проф-др Велика Стојкова Серафимовска,етномузиколог; проф-др Даворин Трпевски, етнолог; Јовица Блажевски, професионален играч и пејач во Танец; Наташа Кукоска, етнолог. Фестивалот на народна култура ,,Пображење” во Вевчани е во организација на КУД,,Дримкол” од Вевчани, а под покровителство на општина Вевчани и на општествено одговорни фирми и организации од Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/feed/ 0
Траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/#respond Fri, 31 Mar 2023 17:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=818643

Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“. Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за истурен талог од нафта, на локација каде што нелегално бил одложен различен цврст отпад. Талогот од нафта бил истурен нелегално од „Флауер Пауер“, фабрика за медицински канабис при отстранување на стара цистерна за нафта. - При увидот константирано е дека на локацијата која е нелегално одлагалиште на цврст отпад има остатоци од нафтен дериват измешан со земја. И северно спрема селото Лабуништа има создадено вир од вода во кој се видливи мрсни дамки на површината од водата во пречник од околу два метри квадратни. Наслаги има и на страните од брегот, кои се останати при намалување на водостојот во вирот од вода, стои во соопштението на Инспекторатот. Инспекциски надзор бил извшен и во објектот за производство на медицински канабис, кој е во изградба, каде, според информацијата, било константирано дека уште нема отпочнато со работа за одгледување на медицински канабис. Во надворешниот дел, пак, како што е наведено, се наоѓала бетонска јама во која имало стара цистерна за чување гориво, која била отстранета за старо железо во отпад. Подот бил тампониран и на еден дел од ѕидната површина имало остатоци од нафтен дериват. Правниот субјект бил задолжен веднаш да го отстрани исфрлениот отпаден нафтен дериват помешан со земја кој претставува опасен отпад, со овластен постапувач, кој поседува дозвола за отстранување и транспорт од МЖСПП. Во рок од седум дека треба да достави доказ дека цистерната за гориво е отстранета на соодветно место, по што треба да го извести Инспекторатот. За утврдената законска повреда, според информацијата, ќе следува соодветна санкција согласно законските прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/feed/ 0
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-palene-na-maskite-i-vasilicharsko-oro-zavrshuva-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-palene-na-maskite-i-vasilicharsko-oro-zavrshuva-vevchanskiot-karneval/#respond Sat, 14 Jan 2023 09:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=787194

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата каде што има име Васил, Василиј. Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. На сатиричен и уникатен начин вевчанци ги прикажаа енергетската и економската криза, изградбата на автопатот Кичево – Охрид, а се пошегуваа и со работењето на актуелната власт. Во Вевчани пристигна и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со Францускиот предлог, имаше обид за решавање на спорот со соседна Бугарија, активисти на Анима мунди се бореа за правата на животните, продефилира и Жан Митрев со дел од неговата клиника, а антикорупционерите работеа на решавање на проблемот со корупцијата. И војната во Украина и Светското првенство во фудбал беа инспирација за вевчанци, но не ја заборавија ниту кралицата Елизабета, а свој настап имаше и Мањифико со својот бенд. Поворката ја предводеа зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави августи, веднаш зад нив одеше оркестарпт со зурли и тапани. Вевчанци 365 дена во годината живеат за Карневалот, тоа го потврди и еден повозрасен жител, кој со скршена нога маскиран во „полицајка“ продефилира низ улиците нагласувајќи дека е вевчанец и мора да е василичар. – Ако сакаш да си вевчанец мора да имаш маска, било каква, рече вевчанецот. По палењето на маските, односно уште утре ќе почнат да планираат во што да се маскираат следната година. Добро познато е дека вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат. Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство. Покрај традиционалното, не изостана ниту модерното со забава за присутните и привлекување гости од соседните населени места, кои Новата година, според Јулијанскиот календар ја дочекаа во Вевчани со огномет и настапи на групата Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-palene-na-maskite-i-vasilicharsko-oro-zavrshuva-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
КУРИР ВО ВЕВЧАНИ – сите очи денес и утре вперени во ова мало место, улиците наликуваат на театар, особено една маска го опишува нашето општество (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vo-vevchani-site-ochi-denes-i-utre-vpereni-vo-ova-malo-mesto-ulitsite-nalikuvaat-na-teatar-osobeno-edna-maska-go-opishuva-nasheto-opshtestvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vo-vevchani-site-ochi-denes-i-utre-vpereni-vo-ova-malo-mesto-ulitsite-nalikuvaat-na-teatar-osobeno-edna-maska-go-opishuva-nasheto-opshtestvo-foto/#respond Fri, 13 Jan 2023 12:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=786867

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне се одржа официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчани денеска и утре буквално наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Карневалот во Вевчани има традиција од пред 1400 години. Манифестацијата во малата општина во Македонија не е единствен пример за карневалската традиција на овие простори. Обичаи, традиција, сатира, песни, мaски, вера, паганство… Ова може да се види и почувствува во Вевчани денес и утре во оваа мала општина во Македонија, во близина на Струга која за миг се претвора во европски, но и светски карневалски центар. „Вевчанскиот карневал” за кој се верува дека има 14 вековна традиција се одржува во деновите кога по стариот јулијански календар се пречекува Новата година. На 14 јануари се празнува и Свети Василиј Велики, ден познат и како Василица. Во продолжение уживајте и во фотографиите кои ги направи екипата на КУРИР:

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vo-vevchani-site-ochi-denes-i-utre-vpereni-vo-ova-malo-mesto-ulitsite-nalikuvaat-na-teatar-osobeno-edna-maska-go-opishuva-nasheto-opshtestvo-foto/feed/ 0
Дефиле под маски, вековна традиција во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=786702

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните. Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Преку маските вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. И како што е добро познато, Вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. По Василичарското оро, зетот и невестата од двете маала ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Следниот ден, на 14 јануари, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повотри. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Манифестацијата почна синоќа со забава на рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/feed/ 0
Вевчани пулсира во традицијата, сè е подготвено за Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/#respond Thu, 12 Jan 2023 06:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=786192

Во духот на 15-вековната традиција, Вевчани пулсира во знакот на карневалот. Инспирирани од секојдневните случувања во земјава и во странство, но и од политичката состојба изминатите 12 месеци, вевчанци ги подготвуваат маските во исчекување на, за нив највозбудливиот момент, дефилето под маски. И како што е добро познато, гостопримливите и љубезни жители на Вевчани ќе кажат сè, но до последен момент, до дефилето под маски, не откриваат во што ќе бидат маскирани. Маските – коректор на негативното во општеството Организирани во две групи, Долна и Горна маала и годинава се очекува на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина. Преку својата креативност да ги исмејуваат случувањата, пред сè во државата, но нема да ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските не се лутеле, иако пред две години дипломатски скандал предизвика палењето на бугарското знаме, а имало реакции и за маски во кои учествувале живи или усмртени животни. Дефилето на креативните василичари, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го вртат василичарското оро. Го предводат зетот, невестата, глупавиот Август и ѓаволите, сите со своите симболики. Зетот и невестата за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, кои честопати завршуваат и по толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски. Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни. Спој на традицијата и модерното како туристичка атракција Ревносни на традицијата, вевчанци направија спој со модерното и карневалот стана туристичка атракција, каде покрај посетители од соседните населени места и државата, доаѓаат гости и од странство. Со звуците на зурлите и тапаните ќе ги бркаат лошите духови, за да ја пречекаат прочистени и среќни Новата година, според јулијанскиот календар. За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. За забавата вечер се задолжени рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе. Утревечер, пак, присутните ќе уживаат во звуците на народната музика интерпретирана од Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели. Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид. Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми, чии новинари веќе се пристигнати во Вевчани. Градоначалникот Спасе Кочовски за МИА потврди дека сè е подготвено за манифестацијата и оти вевчанци ги одбројуваат последните саати до спектаклот или како што честопати го нарекуваат, театар на отворено без сценарио и режија. Тој уште еднаш потенцира дека василичарите преку маските не сакаат да навредат никој, ниту да шират верска или национална омраза, туку напротив, тие се коректор на случувањата во општеството. – Василичарите преку маските пренесуваат дека нешто не чини. Тие се коректор на власта и преку хумор и сатира укажуваат на она што погрешно се правело во изминатата година, со цел во иднина да се промени, подвлече Кочовски. Сатирично и несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година Со спој на паганското и модерното Вевчани утревечер, точно на полноќ ќе ја испрати старата и ќе ја дочека Новата година по јулијанскиот календар. Маскирани, василичарите на уникатен и неповторлив начин ги бркаат злите духови и преку хумор и сатира прикажуваат што ја одбележало годината што измина. Надалеку познатиот Вевчански карневал со своите специфични особини, уникатност и неповторливост е единствен и се разликува од другите карневали во светот. Со палење на маските и василичарското оро завршува карневалот Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година. МИА

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
Вевчани ги чека гостите, карневалот подготвен – дознајте каква е програмата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vevchani-gi-cheka-gostite-karnevalot-podgotven-doznajte-kakva-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vevchani-gi-cheka-gostite-karnevalot-podgotven-doznajte-kakva-e-programata/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=784899

Како наближува традиционалниот датум на оддржување деновите пред Св. Васиља ( Стара Нова година) така и полека но сигурно се спремаме за супер доживување на овогодинешното издание на карневалот. Подготовките се во финална фаза, маските се спремни, или што би рекле вевчанци, СУРАТИТЕ. Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаме Новата година прочистени и среќни. Карневалот започнува уште од утрото на 13-ти, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите, околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани, и од тука започнува Василичарското дефиле, односно околу 14:30 часот, поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, зетот и невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, зетот и невестата од Горна и Долна Маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (СУРВА) година, а домаќините ги даруваат. Дарувањето во минатото било со луканци, леб и пари. Целата вест и повеќе за програмата, прочитајте на порталот ВИСТИНА

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vevchani-gi-cheka-gostite-karnevalot-podgotven-doznajte-kakva-e-programata/feed/ 0
ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Вевчани лечени од лице кое не било доктор, полицијата го „чешла“ здравствениот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/#respond Tue, 25 Oct 2022 13:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=750257

Шок и неверување кај вевчанци, ги лечел ли шест години млад лекар кој што воопшто немал завршено медицински факултет? Како што објави ТВ Алфа, сомнежот меѓу мештаните се јавил уште пред неколку дена кога молскавично се пренесла информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го чешла полиција, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33 годишниот лекар со спорна диплома,на кому вевчанци 6 години му го доверувале сопственото здравје. За скандалот кој го тресе вевчанскиот Здравествен дом, Алфа стапи во контакт со директорот на оваа здравствена установа. Директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски, во изјава за МИА посочи дека истрагата е во тек и оти не сака да го коментира случајот. - Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо, вели Јован Стојкоски – Директор на Здравствен дом Вевчани Лекарот кој има проблем со неговото формално образование веќе една недела не работи, се додека не се расветли оваа афера која фрла дамка врз Здравствениот дом во кој се лечат пациети не само од околниот регион, туку и од Охрид и Струга. Она што е извесно дека младиот вевчанец се запишал и студирал на Медицинскиот факултет во Штип,мештаните се присетуваат дека во неговиот дом имало богата прослава по повод неговото дипломирање кое сега се проверува дали е всушност лага. Целиот текст и видеото може да го отворите ТУКА. Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки по насока на надлежното Јавно обвинителство за расчистување на случајот со лекар од Вевчани, кој, според гласините лекувал пациенти без соодветна диплома. – По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштиja денеска СВР Охрид.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/feed/ 0
Заврши фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazenje-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazenje-vo-vevchani/#respond Sat, 20 Aug 2022 10:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=721406

Со звуците на македонската чалгиска музика синоќа на анфитеатарот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Вевчани заврши 12. издание на фестивал на народна култура „Пображење“. Со целовечерен концерт се претставија членовите на музичката група „Чалгија мерак“, кои преку изведба на стари македонски песни и ора се претставија пред многубројната вевчанска публика, но и гостите. Наградата „Чувари на традицијата”, како што соопшти организаторот, КУД „Дримкол“, му била доделена ДМБУЦ „Илија Николосвки – Луј“, насока за традиционална музика и игра. Беше презентирано и ликовното дело од авторот Никола Угриноски, кој оваа година беше учесник во програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”. Фестивалот „Пображење“ се одржа под покровителство на Министерството за култура и општина Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazenje-vo-vevchani/feed/ 0
Кочовски: Се поплочува улицата „Пупини-Ќежој“ во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/#respond Wed, 01 Jun 2022 13:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=684986

Започна поплочување на улицата „Пупини-Ќежој“, информира Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани. „Започнавме со поплочување на улицата „Пупини-Ќежој“ со камени плочи. Со тоа ќе се подобри пристапот долж кејот на Вевчанска река“, посочи тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/feed/ 0