вевчански карневал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 10:28:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вевчански карневал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костадиновска Стојчевска фатена во лага, документите за Вевчанскиот карневал покажуваат дека општина Вевчани испратила целосна документација (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-fatena-vo-laga-dokumentite-za-vevchanskiot-karneval-pokazhuvaat-deka-opshtina-vevchani-ispratila-tselosna-dokumentatsija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-fatena-vo-laga-dokumentite-za-vevchanskiot-karneval-pokazhuvaat-deka-opshtina-vevchani-ispratila-tselosna-dokumentatsija-foto/#respond Mon, 16 Jan 2023 10:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787835

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа ги потврди и доказите кои испаднаа во јавноста. Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации. Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година. Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна. Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал, подвлекуваат од партијата и додаваат: „Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот. И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан. Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија. Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство. Веднаш Бисера Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-fatena-vo-laga-dokumentite-za-vevchanskiot-karneval-pokazhuvaat-deka-opshtina-vevchani-ispratila-tselosna-dokumentatsija-foto/feed/ 0
Со палење на маските заврши Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-palene-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-palene-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/#respond Sat, 14 Jan 2023 15:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=787296

Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал. Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. Иако палењето на маските, според Александра Велкоска, туризмолог од Вевчани, е понов обичај, сепак вели е добро прифатен меѓу населението и станал дел од традицијата. – Палењето на маските има значење за злото да не се повтори во Новата година, односно Новата година да почне чиста и бериќетна. Вевчанци со тоа го означуваат крајот на карневалот, а веднаш потоа почнуваат да мислат нова маска за следната година, посочи Велкоска. Вевчанскиот карневал со речиси 15 вековна традиција, со својата автентичност и обичаи се разликува од останатите карневалски манифестации, пред се поради симболиката, но и ведриот дух на василичарите, кои 365 дена во годината живеат токму за дефилето под маски. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала, се натпреваруваат кој ќе има по креативни и по уникатни маски. Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи кои со животински кожи трчаат околу нив и со чудни звуци ги штитат, на карневалското дефиле имаше и сцени од војната во Украина, маски со актуелни политички случувања, пред се со функционери од власта. Вевчанци се пошегуваа со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, а не ги заборавија ниту активистите на Анима мунди, кардиохирургот Жан Митрев, антикорупционерите во борбата против корупцијата. Вевчани изминативе два дена наликува на отворена театарска сцена, а досетливите вевчанци на несекојдневен и сатиричен начин ја отсликаа негативната состојбата во општеството. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-palene-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
Мицкоски: Ова е прва година кога министерството за култура обезбеди дури нула денари за одржување на Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ova-e-prva-godina-koga-ministerstvoto-za-kultura-obezbedi-duri-nula-denari-za-odrzhuvane-na-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ova-e-prva-godina-koga-ministerstvoto-za-kultura-obezbedi-duri-nula-denari-za-odrzhuvane-na-vevchanskiot-karneval/#respond Fri, 13 Jan 2023 12:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=786901

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Вевчанскиот карневал од каде изјави дека ова е прва година кога министерството за култура за жал обезбедило дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација. -Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднаш како што тоа го направи направи во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура. За среќа Општината е тука, градоначалникот и администрацијата кои што со сопствени сили, ова е мала општина знаете вие ограничени ресурси, сепак успева скромно да ја задржи традицијата. И во име на тоа јас сакам да им честитам бидејќи навистина покажуваат вон сериски напори да се справат со предизвиците кои што не само што ги носат економската и енергетската криза туку и власта во Македонија односно Владата на ДУИ поддржана од СДСМ. Така што уште еднаш дозволете ми да ги честитам празниците на сите оние кои што ги слават православни христијани нормално Нова година на сите граѓани и да посакам здравје, среќа, успех, многу душевен мир, љубов во оваа година која што следи, која што очекувам да биде година на промени, истакна Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ova-e-prva-godina-koga-ministerstvoto-za-kultura-obezbedi-duri-nula-denari-za-odrzhuvane-na-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
Дефиле под маски, вековна традиција во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=786702

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните. Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Преку маските вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. И како што е добро познато, Вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. По Василичарското оро, зетот и невестата од двете маала ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Следниот ден, на 14 јануари, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повотри. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Манифестацијата почна синоќа со забава на рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/defile-pod-maski-vekovna-traditsija-vo-vevchani/feed/ 0
Вевчани пулсира во традицијата, сè е подготвено за Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/#respond Thu, 12 Jan 2023 06:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=786192

Во духот на 15-вековната традиција, Вевчани пулсира во знакот на карневалот. Инспирирани од секојдневните случувања во земјава и во странство, но и од политичката состојба изминатите 12 месеци, вевчанци ги подготвуваат маските во исчекување на, за нив највозбудливиот момент, дефилето под маски. И како што е добро познато, гостопримливите и љубезни жители на Вевчани ќе кажат сè, но до последен момент, до дефилето под маски, не откриваат во што ќе бидат маскирани. Маските – коректор на негативното во општеството Организирани во две групи, Долна и Горна маала и годинава се очекува на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина. Преку својата креативност да ги исмејуваат случувањата, пред сè во државата, но нема да ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските не се лутеле, иако пред две години дипломатски скандал предизвика палењето на бугарското знаме, а имало реакции и за маски во кои учествувале живи или усмртени животни. Дефилето на креативните василичари, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го вртат василичарското оро. Го предводат зетот, невестата, глупавиот Август и ѓаволите, сите со своите симболики. Зетот и невестата за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, кои честопати завршуваат и по толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски. Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни. Спој на традицијата и модерното како туристичка атракција Ревносни на традицијата, вевчанци направија спој со модерното и карневалот стана туристичка атракција, каде покрај посетители од соседните населени места и државата, доаѓаат гости и од странство. Со звуците на зурлите и тапаните ќе ги бркаат лошите духови, за да ја пречекаат прочистени и среќни Новата година, според јулијанскиот календар. За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. За забавата вечер се задолжени рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе. Утревечер, пак, присутните ќе уживаат во звуците на народната музика интерпретирана од Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели. Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид. Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми, чии новинари веќе се пристигнати во Вевчани. Градоначалникот Спасе Кочовски за МИА потврди дека сè е подготвено за манифестацијата и оти вевчанци ги одбројуваат последните саати до спектаклот или како што честопати го нарекуваат, театар на отворено без сценарио и режија. Тој уште еднаш потенцира дека василичарите преку маските не сакаат да навредат никој, ниту да шират верска или национална омраза, туку напротив, тие се коректор на случувањата во општеството. – Василичарите преку маските пренесуваат дека нешто не чини. Тие се коректор на власта и преку хумор и сатира укажуваат на она што погрешно се правело во изминатата година, со цел во иднина да се промени, подвлече Кочовски. Сатирично и несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година Со спој на паганското и модерното Вевчани утревечер, точно на полноќ ќе ја испрати старата и ќе ја дочека Новата година по јулијанскиот календар. Маскирани, василичарите на уникатен и неповторлив начин ги бркаат злите духови и преку хумор и сатира прикажуваат што ја одбележало годината што измина. Надалеку познатиот Вевчански карневал со своите специфични особини, уникатност и неповторливост е единствен и се разликува од другите карневали во светот. Со палење на маските и василичарското оро завршува карневалот Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година. МИА

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vevchani-pulsira-vo-traditsijata-se-e-podgotveno-za-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/#respond Mon, 09 Jan 2023 13:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=785088

„Задоволство ми е да ги поканам сите љубители на добрата забава и на љубителите на традицијата и македонските обичаи да дојдат на 13 –ти и на 14-ти јануари во Вевчани, да го посетат Вевчани и да бидат дел од уште едно издание на Вевчанскио карневал“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани на денешното излагање пред медиуми. Тој посочи дека на 13-ти јануари, во 13 часот започнува Василичарското дефиле кое продолжува према центарот на Вевчани со играње на оро. А, потоа дефилето продолжува низ вевчанските улици. Традиционалните вевчански маски, зетот и невестата ќе ја посетат секоја куќа во Вевчани. Тој дел на 13-ти јануари завршува со полнење на вода на Вевчанските извори. Вечерта на 13-ти јануари е проследена и со забавен дел со познати македонски музички имиња. „На 14-ти јануари продолжува карневалот, значи уште од раните утрински часови василичарите организирано ќе ја посетат секоја вевчанска куќа каде што има човек кој што се вика Васил, бидејќи на 14-ти веќе е Свети Василија, именден на секој кој што се вика Васил. И манифестацијата продолжува во центарот на Вевчани со познатото Василичарско оро и трае неколку часови, и некаде накај 17 часот вечерта завршува Вевчанскиот карневал“, рече градоначалникот. Тој нагласи дека веќе втора година нема финансиска поддршка од министерството за култура. Минатата година таа поддршка што во минатото ја имало од министерството за култура веќе ја нема. А, причината зошто веќе министерството за култура не го поддржува Вевчанскиот карневал не се знае, барем од министерството не ја соопштуваат. „Најдовме начин да се организираме, повторно се да биде како што треба“, појасни Кочовски. Градоначалникот додаде дека сите граѓани на Македонија се поканети на 13-ти и 14-ти јануари да дојдат на Вевчанскиот карневал.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Со традиционалното палење на маските заврши Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-tradicionalnoto-palenje-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-tradicionalnoto-palenje-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/#respond Fri, 14 Jan 2022 16:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=619429

Вековната традиција на вевчанските василичари заврши со традиционалното палење на маските во центарот на селото. По дводневните акробации, хумор и сатира низ вевчанските улици, василичарите попладнево симболично го избркаа злото и со верба за среќа и бериќет во текот на претстојната година ја завршија годинашната матифестација Вевчански карневал. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со традиционалните маски зет и невеста, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, годинава беа придружувани од Талибанци, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, ја збогатија отворената театарска сцена во која уживаше бројна публика од земјава, но и пошироко. На шеговит начин го прикажаа копањето биткоинти, симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, не изостана ниту исмевањето за енергетската криза со инвестиции во зелена енергија и во производство на струја, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помонаа во гаснењето на пожарите во земјава, а одиграа и сцени од филмот „Тома“. Вевчанци уште од утре ќе почнат да планираат во што ќе се маскираат следната година. Добро познато е дека вевчанци ќе кажат се, но, до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат. Инспирирани од актуелните случувања во државата и светот на сатиричен начин ги исмеваат, но и упатуваат силни пораки кон политичарите и општеството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-tradicionalnoto-palenje-na-maskite-zavrshi-vevchanskiot-karneval/feed/ 0
Хуморот и сатирата преовладуваат низ вевчанските улици: И Мицкоски го следеше дефилето на Вевчански карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/#respond Thu, 13 Jan 2022 15:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=618958

Талибанци во акција, инвестиции во струјата, зелена енергија, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, беа само дел од маските што денеска продефилираа низ вевчанските улици во рамките на Вевчанскиот карневал. Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоинти, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите во земјава, а неизоставен дел се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, но и други маски со секојдневни и несекојдневни содржини. Градоначалникот Спасе Кочовски претходно соопшти дека василичарите не сакаат никого да навредат, ниту да повредат никакви национални или верски чувства, туку само ја прикажуваат годината што измина на сатиричен и хумористичен начин и на нив не треба да се гледа суетно. – Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Сите оние негативни работи што ќе ги видите тука, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се во навредлива форма, туку прикажуваат онаков каков што можеби не сакате да се видите во текот на годината и сте биле онаков како што ќе се видите преку маските на василичарите, нагласи Кочовски. Карневалското дефиле го следеше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со очекување дека ќе преовладува весел дух, а на вевчанци им посака успешни карневалски денови. На новинарско прашање дали очекува неговиот лик да го види меѓу маскираните, рече дека ја поздравува сатирата и ги охрабри вевчанци да бидат што покреативни. – Што се не поминав овие последни четири години, така што ништо нема да ме изненади од недобро намерните, а знам дека тие луѓе се таму сите добро намерници, така што сатирата на денешниот карневал ја поздравувам и ја поддржувам и оваа традиција треба да продолжи. Така што не сум од оние луѓе коишто лесно се навредуваат. Напротив, ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни, изјави Мицкоски. Според традицијата, двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски продолжуваат со дефиле низ вевчанските улици. Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, манифестацијата завршува на 14-ти, попладне со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/feed/ 0
На 12-ти јануари започнува традиционалниот „Вевчански карневал“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-12-ti-januari-zapochnuva-tradicionalniot-vevchanski-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-12-ti-januari-zapochnuva-tradicionalniot-vevchanski-karneval/#respond Mon, 10 Jan 2022 18:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=617705

На 12-ти јануари во Вевчани започнува традиционалниот Вевчански карневал. Тридневниот карневал покрај дефиле на маскираните василичари ќе има музичка програма и фото изложба. Општината Вевчани оваа година одлучи поради пандемиските услови да ги поддржи домашните изведувачи. Па така на музичката програма се: диџеј Фејс, Жаре Бербер и фолкерите Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски. Градоначалникот Кочовски очекува голема посетеност и повика на почитувањето на препораките за заштита од Ковид-19, што не беше случај минатата година. -Иако Свети Василиј годинава е во работен ден, очекуваме голема посетеност како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од ковид-19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски, изјави градоначалникот на Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-12-ti-januari-zapochnuva-tradicionalniot-vevchanski-karneval/feed/ 0
Пандов: Власта врши терор врз македонскиот народ преку судскиот систем, класичен пример се казните за Вевчанскиот карневал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-vlasta-vrshi-teror-vrz-makedonskiot-narod-preku-sudskiot-sistem-klasichen-primer-se-kaznite-za-vevchanskiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-vlasta-vrshi-teror-vrz-makedonskiot-narod-preku-sudskiot-sistem-klasichen-primer-se-kaznite-za-vevchanskiot-karneval/#respond Tue, 16 Mar 2021 18:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=483344

„Ова е терор, ова е фашизам, мислам ние да сме на окупирана територија сега, мислам дека таа окупаторска власт по со исаф ќе се однесува према окупираното население од она што ни го прават нам оваа власт. Имено, сите се сеќаваме на Вевчанскиот карневал, тој беше мирен, луѓето носеа и заштитни маски, се беше како што треба, но едноставно Оливер Спасовски и Зоран Заев ја имаа пратено полицијата таму и видовме колкави полициски сили доведоа за да направат или да испровоцираат неред“, истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов при гостување во емисијата „Што не е јасно“. Пандов додаде дека и апсењето на Орце Камчев, е само како да се има некое апсење во Македонија. Вели дека со тоа апсење само се прикриваат, заташкуваат сите афери кои им излегоа за само неколку дена. „Ако Љупчо Николовски ова го сфаќа како за борба против корупција со казнување на луѓето од Вевчани со 17.000 евра тоа е нон сенс, тоа е едноставно страшно, тоа е надвор од разум“, рече Пандов. Пандов посочи дека власта од самото нивно доаѓање правосудниот систем го користат за терор врз граѓаните. -Власта преку судот ги казнува граѓаните и не им дозволува да имаат право на свое мислење, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-vlasta-vrshi-teror-vrz-makedonskiot-narod-preku-sudskiot-sistem-klasichen-primer-se-kaznite-za-vevchanskiot-karneval/feed/ 0