вице заев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 10:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вице заев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фактор: Вице Заев ќе менаџира производство на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-vice-zaev-kje-menadzira-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-vice-zaev-kje-menadzira-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/#respond Fri, 07 Oct 2022 08:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=742246

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период - Солар Грин Енерџи, пишува Фактор.мк Како што пренесува порталот, претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“. Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев. Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот 18-годишен син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели. Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-vice-zaev-kje-menadzira-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/feed/ 0
Фирми во кои Вице Заев бил косопственик со години должат околу милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmi-vo-koi-vice-zaev-bil-kosopstvenik-so-godini-dolzat-okolu-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmi-vo-koi-vice-zaev-bil-kosopstvenik-so-godini-dolzat-okolu-milion-evra/#respond Tue, 22 Mar 2022 12:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=651355

Фирмите Сара инженеринг, Сара јавор и Дравас, сите со седиште во Струмица во кои во одредени периоди косопственик бил Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, со години се на листата на должници која УЈП ја објавува за неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Вкупно трите фирми, според последните листи на должници на УЈП објавени во февруари и март, должат нешто повеќе од еден милион евра, објави МКД. Според последната, мартовска листа на должници фирмата Дравас должи 43.230.711 денари, што е за 167.123 денари повеќе од минатиот месец. Сара инженеринг должи 19.104.372 или повеќе за 894.201 денари од февруари. Долгот на Сара јавор е 2.189.693 денари. Трите фирми должат вкупно 64.515.776 денари или околу 1,05 милиони евра. Долгот кон државата на овие три фирми се провлекува и во периодот кога тие беа активни, а и сега во последните неколку години кога веќе не се активни.

Според Законот за даночна постапка, УЈП има обврска да ги блокира сметките, ако треба и имотот за да го наплати долгот. Голем број и на други фирми поврзани со семејството Заеви должат на овие три фирми, Сара јавор инженеринг, Сара инженеринг и Дравас, ама не ги подмируваат долговите.

Според законот, сопствениците на фирмите можат да одговараат и со сопствен имот, односно УЈП има право да си го наплати долгот и од личниот имот на сопствениците.

Сопственици, косопственици, управители…

А кога сме кај сопствениците на овие фирми, од 2009/2010 година кога се основани, во Централниот регистар постојано се менуваа и сопствениците и управителите. Во трите фирми продефилираа дваесетина лица кои беа сопственици, косопстевници и управители.

Сара јавор инженеринг е регистрирана како друштво за градежништво, со дејност изградба на станбени и нестанбени згради, а единствен сопственик тогаш беше Марија Крстева, а управител Драги Цикарски. Подоцна управител станува Сашко Брндевски и Данче Иљашова – Атанасова. Во 2010 година како косопственик се јавува Митко Љочев. Таа година се додава и нова дејност: товарен патен транспорт. Се појавува и нов сопственик – Симеон Крстев и Горан Крстев, како содружници. На 5 јули 2013 година, доаѓа до промена на основачите и нови сопственици на Сара јавор инженеринг стануваат Митко Љочев и Горан Крстев со влог од по 1.015.000 денари и Вице Заев со влог од 2.030.000 денари. Во 2014 пак доаѓа до промена на сопствеништвото – Горан Крстев, Митко Љочев, Димитар Цикарски и Ристо Кречев, а го нема Вице Заев. Како последен управител на оваа фирма, според документите од Централен регистер се јавува Александар Барабановски.

Фирмата Дравас инженеринг е основана на 7 август 2009 година како друштво за производство, трговија и услуги со основна дејност изградба на станови и нестанбени згради. Единствен сопственик и управител тогаш е Драги Василев. Веќе во декември истата година косопственици на Василев стануваат Митко Љочев, Бранко Стамболиски, Горан Крстев и Вице Заев. Од мај 2010 година единствени сопственици се Горан Крстев и Симеон Крстев. Од 2015 година сопственици на Дравас стануваат Драги Василев, Зуље Јанева, Бранко Стамболиски, Горан Крстев, Цена Хаџијска. Во декември истата година единствени сопственици се Митко Љочев и Ристо Кречев. Во 2017 се појавува ново име, управителка на фирмата станува Анита Камческа. Oд 30 април 2019, во регистарот е запишан нов управител – Горанчо Коцев. Во август истата година фирмата добива уште еден управител – Александар Трајковски, кој од август 2020 година останува единствен управител. Од април 2021 година, со решение на Основниот суд во Прилеп привремен управител за шест месеци станува Цена Хаџијска.

Сара инженеринг – основана 9 септември 2009 година од управителите Ѓорѓи Кечев и Митко Љочев. Од 1 август 2010 сопственици се Митко Љочев, Бранко Стамболиски, Вице Заев и Горан Крстев. Од мај 2010 го нема Горан Крстев, влегува Симеон Крстев. Септември 2010 се враќа Горан, а Симеон се брише. Декември 2010 управител е Сашко Брндевски, а се брише претходниот управител Ѓорѓи Кечев. Во април 2016 на листата на сопственици се додава Ристо Крчев и Сашко Брндевски, а се избришани Бранко Стамболиски, Горан Крстев и Митко Љочев. Во април 2016 Брндевски станува еден од управителите, а веќе во јуни го нема. Како еден од управителите се појавува и името на Драган Станојевиќ. Во февруари 2021 Горанчо Коцев веќе не е управител, од листата на сопственици е избришан и Вице Заев, а додаден е Зоран Марковски. Од јануари 2021 управител пак е Горанчо Коцев.

Долговите на Сара инженеринг во листата на УЈП почнуваат да се регистрираат од 2015 година (7.658.327 за ДДВ), па во 2016 година (21.614.968 денари за данок на добивка). Септември 2017 година долгот е 19.836.488 денари за данок на добивка, а во октомври 2021 долгот за данокот на добивка е 19.710.315 и за ДДВ 8.678.189 денари.

Дравас во април 2021 година должи -26.829.410 денари за ДДВ и 14.712.468 денари за данок на добивка. Истите бројки се и во септември 2021 и со мали измени и во февруари 2022 година.

Дравас во февруари 2019 за данок на добивка должи 17.272.926 денари. Октомври 2021 14.712.468 денари за данок на добивка и за ДДВ 27.587.033 денари.

Повеќе прочитајте на МКД]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmi-vo-koi-vice-zaev-bil-kosopstvenik-so-godini-dolzat-okolu-milion-evra/feed/ 0
Арсовски: Семејството Заеви е главата на целиот рекетарски октопод, сите кои се вмешани да седнат во обвинителна клупа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/#respond Thu, 03 Feb 2022 12:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=626461

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на писмото и оние конверзации кои што беа објавени во текот на вчерашниот ден од обвинетиот и осуден во случајот „Рекет“ истакна дека после сите писма и конверзации кои што излегоа во јавноста, јасно е дека главата на целиот рекетарски октопод е Зоран Заев, а сите оние кои се вмешани треба да седнат во обвинителна клупа. - Уште при самото објавување и обелоденување на случајот рекет, ние неколку пати стотици пати можеби потенциравме дека главните виновници за целиот случај рекет, главните рекетари во Македонија не се седнати во обвинителна клупа, дека тоа не би можело да биде организирано и направено, да толку многу луѓе да бидат уценувани и рекетирани доколку конците не ги држеле на Илинденска без број односно во Владата. По сите оние писма кои што излегуваат во јавноста и кои што јавноста со загрозеност ги гледа, што се правела владата и функционерите од власта, после сите оние конверзации кои што успеа јавноста да ги прочита и види, јасно е дека главниот на целата рекетарски октопод е Зоран Заев. Сега веќе јасно гледаме дека тој е човекот кој што примал бизнисмени и понатаму што разговарале треба самиот да каже. Но не да и каже на јавноста, бидејќи јавноста има впечаток и знае, туку да им каже на обвинителството, да седне во обвинителна клупа и да каже пред судот затоа што таму му е местото за сето она што го прави, истакна Арсовски. Портпаролот Арсовски додаде и дека сето она кое што го правеле функционерите од СДСМ и Заев е да се здобијат само со личен бенефит. - Сите сведочења од бизнисмени, сведочењата од страна на обвинетите дека парите треба да се бараат во Струмица кај семејството Заеви, веќе излегуваат на виделина и се потврдуваат. Очигледно е дека спрегата помеѓу власта, бизнисмените и она кое што го правеле како власт СДСМ, Зоран Заев па и Љупчо Николовски било единствено со една намера а тоа е да се здобијат со личен бенефит. Ова е впечаток на јавноста но за жал и ова е реалноста дека ним власта единствено им служи за уцени закани и рекет, нагласи Арсовски. Арсовски истакна дека изминатите пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, и закани, а од тоа штета имаат граѓаните и затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне. - Секогаш кога ќе излезат такви наводи докази дека тие се вмешани во криминал или молчат и ги нема скриени се обидуваат да дефокусираат. За вмешаноста на Зоран Заев, Љупчо Николовски подоцна Ден Дончев и сите други поврзани со рекетирање во Македонија треба да седнат во обвинителна клупа. Изминативе пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, закани, а од тоа штета имаат граѓаните. Затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне на сите светски ранг листи за нормално функционирање на една држава, додаде Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-semejstvoto-zaevi-e-glavata-na-celiot-reketarski-oktopod-site-koi-se-vmeshani-da-sednat-vo-obvinitelna-klupa/feed/ 0
„Фирмата „СВ Инвест“ блиска до Заеви добила со сигурност над 6 милиони евра тендери од државата, а должи за даноци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmata-sv-invest-bliska-do-zaevi-dobila-so-sigurnost-nad-6-milioni-evra-tenderi-od-drzavata-a-dolzi-za-danoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmata-sv-invest-bliska-do-zaevi-dobila-so-sigurnost-nad-6-milioni-evra-tenderi-od-drzavata-a-dolzi-za-danoci/#respond Fri, 04 Jun 2021 07:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=518826

Фирмата „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, пријателот на Заеви од државата добила со сигурност над 6 милиони евра тендери, а не плаќала данок. Да потсетиме дека оваа компанија отпочна стечајна постапка, а Чифлигароски според информациите од јавноста е во бегство. Ова Власта на Заеви не го демантираше ова, што само фрла дополнителен сомнеж за сите криминални бизниси со кои беа поврзувани Чифлигароски и Вице. Имено според пријавата која постои до МВР, а која потоа беше мистериозно фалсификувана, токму фирмата „СВ Инвест“ и Вице се посочувани во изнудата на 250 илјади евра во случајот „Рекет во РЕК“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Уште посомнително после пријавувањето на случајот компанијата „СВ Инвест“ почнува стечајна постапка иако со години наназад добиваше милионски тендери од власта на Заев. Дали Чифлигароски освен бизнис потпора имал и директна закрила во матните зделки и криминогените активност од семејството Заеви? Дали Чифлигароски бил само параванот зад кој се крие Вице Заев? Дали Чифлигароски намерно бил толериран од страна на државата иако немал платено над 2,5 милиони евра даноци, само затоа што е близок со Заеви? Дали Чифлигароски бил навреме информиран за пријавата и откриените матни зделки и затоа е надвор од државата, прашуваат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека овие прашања треба да бидат одговорени, прво пред јавноста, а потоа и пред обвинителството. - Клопчето полека се отплеткува и наскоро ќе се дознае за улогата на поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски, Вице, Чифлигароски, хотелот „Вила Парк“ во Струмица и низа други лица, случаи и локации поврзувани со случајот „Рекет во РЕК“. 4 години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/firmata-sv-invest-bliska-do-zaevi-dobila-so-sigurnost-nad-6-milioni-evra-tenderi-od-drzavata-a-dolzi-za-danoci/feed/ 0
„Дали избеганиот пријател на Заеви, Чифлигароски од „СВ Инвест“ должи кон државата 2,5 милиони евра даноци? “ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-izbeganiot-prijatel-na-zaevi-chifligaroski-od-sv-invest-dolzi-kon-drzavata-2-5-milioni-evra-danoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-izbeganiot-prijatel-na-zaevi-chifligaroski-od-sv-invest-dolzi-kon-drzavata-2-5-milioni-evra-danoci/#respond Thu, 03 Jun 2021 07:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=518395

Постојат најмалку 250 илјади причини обвинителството да се разбуди и да го испита случајот рекет во РЕК Битола, а ако добро прочепкаат можеби ќе излезат милиони причини за отворање на случај. Фирмата „СВ Инвест“ која е клучна во овој случај, а која важи за многу блиска до Вице Заев, отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Повторно прашуваме дали сопственикот на оваа фирма, лицето Столе Чифлигароски, исто така близок до Вице Заев, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци? Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК Битола. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и Хотелот „Парк“ во Струмица, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека тоа што некој се обидува од самиот почеток да ја забошотува истрагата, да фалсификува изјави е само причина плус обвинителството да се одважат и да го процесуираат сериозниот криминал на власта. - Очигледно оваа власт е до гуша заглавена во корупција и тоа ја уништува Македонија. 4 години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-izbeganiot-prijatel-na-zaevi-chifligaroski-od-sv-invest-dolzi-kon-drzavata-2-5-milioni-evra-danoci/feed/ 0
„Дали газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, поврзуван со Вице Заев е избеган во САД?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-gazdata-na-propadnatata-sv-invest-povrzuvan-so-vice-zaev-e-izbegan-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-gazdata-na-propadnatata-sv-invest-povrzuvan-so-vice-zaev-e-izbegan-vo-sad/#respond Wed, 02 Jun 2021 07:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=517958

Се погласни се информациите дека газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, кој се поврзува со Вице Заев е избеган во САД, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Газдата на „СВ Инвест“ Стојан Чифлигароски според документите кои ги доставија до ВМРО-ДПМНЕ свиркачи од врвот на СДСМ е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на „Рубитон“ да ја отстапат работата во РЕК Битола или ако не сакаат да платат 250.000 евра во кеш на Вице. Јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на „СВ Инвест“ и Вице Заев? Но и зошто Вице нема дадено исказ во ЈО? Од документите се гледа дека целиот државен апарат е ставен во функција на Заеви, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека цел лист од пријавата која МВР првично ја составила недостасува, а ЈО молчи. Го нема Вице, ги нема струмичаните на Заеви.

-Ќе се најде ли маж во МВР што ќе го повика Вице Заев на распит? Веќе се повеќе луѓе од врвот на СДСМ се одважуваат против струмичката криминална екипа на Заеви. Четири години Заеви ја уништуваат Македонија. Четири години власт на Заев, четири години украден живот. Доста е, истакнуваат во своето партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-gazdata-na-propadnatata-sv-invest-povrzuvan-so-vice-zaev-e-izbegan-vo-sad/feed/ 0
Милошоски: Третиот неформален премиер кој што се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев, поради него граѓаните ќе плаќаат поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tretiot-neformalen-premier-koj-shto-se-zanimava-so-tenderi-na-neformalen-nachin-e-vice-zaev-poradi-nego-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tretiot-neformalen-premier-koj-shto-se-zanimava-so-tenderi-na-neformalen-nachin-e-vice-zaev-poradi-nego-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja/#respond Fri, 28 May 2021 11:39:48 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516066

Денес пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при остварената посета на граѓани во Охрид одговараше на прашања на медиуми. Едно од прашањата на медиумите беше за аферата со рекетот од 250.000 евра. - Во државава имаме тројца премиери, еден премиер е Заев, другиот е прв вицепремиер Артан Груби, а третиот неформален премиер кој што најчесто се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев. И во случајот на РЕК очигледно е дека тогаш формален директор на РЕК бил Васко Ковачевски, а неформален оној кој што се занимавал со тендерите и кој колку треба да плати за да изврши некоја набавка бил Вице Заев. И во државата е јасно која е неговата улога, истакна Милошоски. Милошоски додаде дека Вице може да демантира колку што сака, но колку повеќе демантира толку повеќе станува јасно дека од РЕК се направи една фирма која што заедно со ЕСМ во 2016-та година беше во добивка од 13 милиони евра за денес да биде во загуба од 16 милиони евра. Се има кусок од 29 милиони евра за кои што одговорни се Васко Ковачевски, и неформалните неговите соработници како Вице Заев и други. И народот ќе ја плати таа цена со зголемена односно поскапена цена на струја. - За, жал државата ја плаќа цената со хибриден режим и 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“ за корупција, бидејќи тие што се занимаваат со следење на корупција знаат која е улогата на братот на премиерот, нагласи Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tretiot-neformalen-premier-koj-shto-se-zanimava-so-tenderi-na-neformalen-nachin-e-vice-zaev-poradi-nego-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja/feed/ 0
„СДСМ треба да го осуди Вице Заев за рекетот, вака се само портпароли на една приватна компанија на Заеви“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-treba-da-go-osudi-vice-zaev-za-reketot-vaka-se-samo-portparoli-na-edna-privatna-kompanija-na-zaevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-treba-da-go-osudi-vice-zaev-za-reketot-vaka-se-samo-portparoli-na-edna-privatna-kompanija-na-zaevi/#respond Thu, 27 May 2021 06:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=515495

Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев , говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви. СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него. Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава. Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице. Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека и покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев. Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-treba-da-go-osudi-vice-zaev-za-reketot-vaka-se-samo-portparoli-na-edna-privatna-kompanija-na-zaevi/feed/ 0
„Вице Заев наместо да дава изјави како естраден уметник, треба да биде зад решетки“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vice-zaev-namesto-da-dava-izjavi-kako-estraden-umetnik-treba-da-bide-zad-reshetki-porachuvaat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vice-zaev-namesto-da-dava-izjavi-kako-estraden-umetnik-treba-da-bide-zad-reshetki-porachuvaat-od-vmro-dpmne/#respond Wed, 26 May 2021 13:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=515310

Вице Заев наместо да дава изјави како естраден уметник, треба да биде зад решетки. Во нормална држава одамна веќе ќе имаше постапки за сите криминали. Јавноста виде дека рекетираните пари завршувале во струмичкиот хотел за кој одамна говоревме. Јавноста виде дека биле вршени притисоци врз компании директно од страна на семејството Заеви. Јавноста виде дека биле правени промени и фалсификати на изјави на оштетените странки од страна на обвинителството и МВР, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „На крајот на краиштата со овој случај се потврдува исказот даден пред суд дека сите рекетирани пари треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев. Очигледно дека снимката евро за црквата евро за вицето не е инцидент, туку пракса на Зоран Заев, само што од евро по евро се преминало во снопче по снопче пари. Мафијата на власт организирала криминал од невидени размери, и покрај семејството Заеви како главни протагонисти ги вклучило Обвинителство и МВР како нивни адвокати и чувари. Колку и да се крие криминалот на Заев излегува на виделина, колку и да лаже Заев вистината испливува на површина. Криминалите на Заев се редат и допрва ќе се редат. Народот се ќе дознае, а потоа ќе следи одговорноста, прво политичка, а потоа и кривична. Фактот го утврдивме, Заеви се криминалци, сега само чекаме да излезат на виделина колку семејства и бизнисмени страдале од нив“ - порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vice-zaev-namesto-da-dava-izjavi-kako-estraden-umetnik-treba-da-bide-zad-reshetki-porachuvaat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
МИЦКОСКИ ОБЕЛОДЕНИ АФЕРА: 250.000 евра за Вице од РЕК Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-afera-250-000-evra-za-vice-od-rek-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-afera-250-000-evra-za-vice-od-rek-bitola/#respond Wed, 26 May 2021 10:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=515225

Аферата која денес ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопствениците на компанијата. Таа по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК, го контактира сопственикот на компанијата добитник, го принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон, да го предаде на компанијата СВ Инвест на Столе Чифлигароски. Како што беше кажано на брифингот, сопственикот на Рубитон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк, но средбата се откажува, а Вице Заев ги комнтактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Кстев од Тотал Инжинеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за „Глобал“, за да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев како кеш, а таа сума била многу поголема од можната заработка. Сопствениците на Рубитон на повиците на Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СВ Инвест во комбинатот. -Воедно и предупредувавме на фамозната Вила парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот. Случајот оштетените го пријавуваат во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Мистериозно, на веќе еднаш потпишана изјава, исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Што е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Рускоска, МВР и Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, брифираше денес Мицкоски. Во пријавата недостасува овој дел: Потоа, сопственикот Василев, гледајќи дека Рубитон не добива одобрение за влез на механизација и покрај договорната обврска да му биде овозможено од страна на РЕК Битола, преку стар познаник од Струмица Иљо Н. викан  Рамбо, несакајќи директно да го бара по делефон лицето Вице Н. кое му го посочил Ковачевски, побарал доколку е можно да му организира средба со посоченото лице, која му била закажана на 3-ти или 4-ти септември 2018-та година. Според информациите, тие отишле во „Вила Парк“ Струмица. Сопствениците Василев и Радичев дошле на договорената средба, ги пречекал пријателот на Василев и бидејќи веќе изминувало 09:00 часот, Иљо му се јавил на Вице да му каже дека се дојдени луѓето на кои икм договорил средба, на што Вице му кажал дека средбата била закажана за 9 часот навечер, а не наутро, по што тие си заминале. Остатокот од делот кој е избришан од првичната пријава, кој завршува и со директни закани, можете да го погледнете од документот:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-afera-250-000-evra-za-vice-od-rek-bitola/feed/ 0