видеоигри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Dec 2022 07:44:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png видеоигри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Компанија за видеоигри казнета со 520 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-za-videoigri-kazneta-so-520-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-za-videoigri-kazneta-so-520-milioni-dolari/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=778401

Компанијата што ја создаде светски познатата видеоигра „Фортнајт“ (Fortnite), „Епик гејмс“ (Epic Games) се согласи да ја плати спогодбата од 520 милиони долари по обвинувањата дека ги довела во заблуда играчите, вклучително и деца, наведувајќи ги на ненамерни купувања, притоа прекршувајќи ги законите за приватност на децата. Спогодбата е поделена на два дела, 275 милиони долари ќе ѝ бидат исплатени на американската влада за подмирување на трошоците за тужбите. Оваа сума е најголемата во историјата исплатена поради кршење на правилата на Федералната трговска комисија (ФТЦ) на САД. А, други 245 милиони долари ќе ги покријат трошоците на корисниците. – Како што беше забележано во нашите поплаки, „Епик гејмс“ користеле стандардни поставки за загрозување на приватноста и измамнички содржини кои ги измамија корисниците на „Фортнајт“, вклучително и тинејџери и деца. Заштитата на јавноста, а особено децата, од навлегувања во приватноста на интернет и од темни обрасци е главен приоритет, изјави директорот на ФТЦ, Лина Кан. „Фортнајт“ е игра за бесплатно преземање на компјутер и конзоли, но таа е преполна со дополнителна платена содржина. Во тужбата, исто така, се наведува дека компанијата користела тн. „темни обрасци“ за да ги измами играчите да направат несакани купувања и оти неовластено дошла до одредени податоци за децата без никакво знаење на родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-za-videoigri-kazneta-so-520-milioni-dolari/feed/ 0
Истражување: Жените признаваат дека сакаат видеоигри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-zenite-priznavaat-deka-sakaat-videoigri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-zenite-priznavaat-deka-sakaat-videoigri/#respond Thu, 11 Feb 2021 08:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=467120

Просечниот гејмер има над 30 години и е татко на три деца. Но, сега, и 41 отсто од жените признаваат дека сакаат видеоигри, но не толку на конзоли или компјутери, туку најмногу на паметните телефони. Како што објави британски „Мирор“, истражување во коешто учествувале 2.000 луѓе открива дека просечен гејмер е семеен човек, со куќа или стан и заработува 40.000 фунти (45.000 евра) годишно. И покрај тоа што, „традиционално“, мажите се тие кои претпочитаат видеоигри, како што се „Cole of Duty“ или „Fortnight“, сега и жените сѐ повеќе се нарекуваат „гејмерки“, иако своите омилени видеоигри најмногу ги играат на телефони. Мажите сакаат спортски или „пукачки“ (со оружје) игри, а жените претпочитаат стратегија и загатки. Но, и тие и тие минуваат скоро исто време пред екранот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-zenite-priznavaat-deka-sakaat-videoigri/feed/ 0
Новиот Плејстејшн 5 во ноември за 400 и 500 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/noviot-plejstejshn-5-vo-noemvri-za-400-i-500-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/noviot-plejstejshn-5-vo-noemvri-za-400-i-500-dolari/#respond Thu, 17 Sep 2020 06:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=404367

Јапонската компанија Сони објави дека следната генерација на својата позната конзола за видеоигри, Плејстејшн 5 ќе ја пушти во продажба во ноември. Јапонската компанија објави дека новата конзола ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјвер и, 399,99 долари без тој дел. Уредот ќе се најде на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, а во останатиот дел од светот, ќе биде достапна седум дена подоцна – на 19 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/noviot-plejstejshn-5-vo-noemvri-za-400-i-500-dolari/feed/ 0