видое видичевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 07:06:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png видое видичевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: Една година од смртта на поетот и драмски автор Видое Видичевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/#respond Mon, 13 Dec 2021 07:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=607518

Денеска се одбележува една година од смртта на писателот Видое Видичевски кој почина на 89 годишна возраст. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. Во поезијата дебитира со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година. Потоа ги објавува поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“и „Биље крај езерото“. Неговата поезија e преведувана на италијански, француски, руски, турски и романски јазик. Автор е на збирката раскази „Заробеници на вечерните игри“ и на драмите „Бреговите се немирни“ и „Балада за орканата“. Бил оснoвач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид,наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности. Видое Видичевски е роден во Охрид, во 1931 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/feed/ 0