виетнам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 11:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виетнам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Во еден момент ручате, во друг се поместувате да не ве удри воз! Дали би ја посетиле оваа необична улица? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-vo-eden-moment-ruchate-vo-drug-se-pomestuvate-da-ne-ve-udri-voz-dali-bi-ja-posetile-ovaa-neobichna-ulitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-vo-eden-moment-ruchate-vo-drug-se-pomestuvate-da-ne-ve-udri-voz-dali-bi-ja-posetile-ovaa-neobichna-ulitsa/#respond Wed, 09 Aug 2023 11:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=865023

Во Ханој, главниот град на Виетнам, постои тесна улица, со ресторани и продавници, а необична е по тоа што низ неа минуваат возови. Доколку некогаш го посетите Ханој, главниот град на Виетнам, морате да ја видите тамошната славна „улица на возови“, која е токму тоа што си го замислувате. Улицата има сè што би очекувале – продавници, кафулиња, барови, но со масивен воз, кој вози по средината. Меѓутоа, доколку некогаш јадете таму, бидете подготвени да ве станат од масата, за да не завршите трагично. Дали би сакале во живо да ја видите оваа атракција? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-vo-eden-moment-ruchate-vo-drug-se-pomestuvate-da-ne-ve-udri-voz-dali-bi-ja-posetile-ovaa-neobichna-ulitsa/feed/ 0
Судот во Виетнам осуди 54 лица во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-vietnam-osudi-54-litsa-vo-eden-od-najgolemite-antikoruptsiski-sluchai-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-vietnam-osudi-54-litsa-vo-eden-od-najgolemite-antikoruptsiski-sluchai-vo-zemjata/#respond Sun, 30 Jul 2023 07:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=861605

Судот во Виетнам вчера осуди 54 лица на затворски казни, меѓу кои и неколку високи државни функционери и поранешен министер, во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата, пренесе Бета. По повеќе од две недели судење, судот во Ханој осуди десетици поранешни функционери, вклучително и неколку високи дипломати и поранешен заменик министер за надворешни работи, за прифаќање, нудење или соучесништво во поткуп, измама и злоупотреба на службената положба. Поранешен министер е осуден на 16 години затвор за примање мито од над 900.000 долари (околу 815.000 евра). Четворица поранешни високи функционери во министерствата за надворешни работи, за здравство и за јавна безбедност се осудени на доживотни казни, а десет бизнисмени и цивили се осудени на условни казни. Обвинетите биле вклучени во шема во која дипломати и бизнисмени земале пари од виетнамски граѓани во странство кои сакале да се вратат во земјата со летови за време на пандемијата, кога комерцијалните патувања не биле дозволени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-vietnam-osudi-54-litsa-vo-eden-od-najgolemite-antikoruptsiski-sluchai-vo-zemjata/feed/ 0
Топлотен бран ги зафаќа земјите низ светот: Во ОВАА ЗЕМЈА измерени рекордни 44 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-gi-zafaka-zemjite-niz-svetot-vo-ovaa-zemja-izmereni-rekordni-44-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-gi-zafaka-zemjite-niz-svetot-vo-ovaa-zemja-izmereni-rekordni-44-stepeni/#respond Mon, 08 May 2023 07:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=831705

Виетнам регистрираше рекордна висока температура од 44 степени Целзиусови, што ги натера метеоролошките експерти и властите да им сугерираат на жителите да останат во затворен простор во најтоплите делови од денот. Научниците велат дека глобалното затоплување дополнително ги фаворизира високите температури. Националниот центар за хидрометеоролошки прогнози соопшти дека виетнамскиот рекорд бил измерен во затворен простор во саботата на станицата Хои Ксуан во северната провинција Тан Хоа, соборувајќи го рекордот од 2019 година од 43 степени. И соседните земји забележаа рекордни температури за време на азискиот топлотен бран во април. Властите, исто така, му наложија на градското водоводно претпријатие да обезбеди соодветно снабдување со вода за домашна употреба. Во саботата, центарот на Ханој беше речиси празен напладне бидејќи многу луѓе останаа во затворени простории за да го избегнат сонцето. Понатаму на запад, Дака, главниот град на Бангладеш, ја забележа највисоката температура од 1960-тите. Инаку, во многу земји на европскиот и азискиот континент од минатиот месец преовладуваат високи температури, над просекот за овој период од годината. Поради оваа причина, се претпоставува дека 2023 година ќе биде потопла од претходната, која веќе е рекордна според измерените температурни вредности. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-gi-zafaka-zemjite-niz-svetot-vo-ovaa-zemja-izmereni-rekordni-44-stepeni/feed/ 0
Најмалку две лица загинаа при пад на хеликоптер во Виетнам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-litsa-zaginaa-pri-pad-na-helikopter-vo-vietnam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-litsa-zaginaa-pri-pad-na-helikopter-vo-vietnam/#respond Wed, 05 Apr 2023 16:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=820684

Две лица загинаа откако хеликоптер се урна во близина на природниот резерват Ха Лонг Беј во североисточниот дел на Виетнам. Со хеликоптерот Бел 505, произведен во САД, управуван од припадник на виетнамските вооружени сили, се превезувале четворица туристи. Две безживотни тела и остатоци од хеликоптерот пронајдени се во близина на брегот, а започна потрага по исчезнатите патници.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-litsa-zaginaa-pri-pad-na-helikopter-vo-vietnam/feed/ 0
Виетнамскиот претседател Нгуен Ксуан Пу поднесе оставка по корупциските скандали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnamskiot-pretsedatel-nguen-ksuan-pu-podnese-ostavka-po-koruptsiskite-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnamskiot-pretsedatel-nguen-ksuan-pu-podnese-ostavka-po-koruptsiskite-skandali/#respond Tue, 17 Jan 2023 14:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=788481

Претседателот на Виетнам, Нгуен Ксуан Пук денеска поднесе оставка, по серијата корупциски скандали во кои беа вмешани официјални претставници. Фук поднел оставка на состанокот на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија, а текстот на соопштението покажува дека тој бил принуден да се повлече. После извршувањето на функцијата на покраинско ниво во текот на неколку децении, Фук во 2006 година помина на државни позиции. Тој во 2011 година стана член на Политбирото, највисокото тело на Комунистичката партија, а беше премиер од 2016 до 2021 година, кога Парламентот го избра за шеф на државата. Во соопштението за оставка, Фук беше пофален за неговите напори како премиер во борбата против пандемијата на коронавирусот, но беше речено и дека тој е политички одговорен за сериозни скандали во кои се вмешани неговите поранешни подредени, меѓу кои и двајца вицепремиери и тројца министри. Во Виетнам, земја со околу 100 милиони жители, функцијата претседател е главно церемонијална, а најмоќната функција е генералниот секретар на Комунистичката партија, на која Нгуен Фу Тронг во 2021 година го започна третиот петгодишен мандат. Главната карактеристика на неговото владеење е долготрајната антикорупциска кампања.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnamskiot-pretsedatel-nguen-ksuan-pu-podnese-ostavka-po-koruptsiskite-skandali/feed/ 0
Расте бројот на загинати во пожарот во караоке бар во Виетнам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-vo-karaoke-bar-vo-vietnam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-vo-karaoke-bar-vo-vietnam/#respond Wed, 07 Sep 2022 14:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=729994

Најмалку 23 лица загинаа во пожарот што избувна во трикатен бар за караоке во јужен Виетнам. Во пожарот се повредени десетици луѓе, јави ДПА. Бројот на загинати се искачи од 12 на 23 откако уште 11 жртви беа пронајдени во јагленосаната зграда во градот Туан Ан, кој се наоѓа на околу 50 минути од градот Хо Ши Мин. Лекарите во болницата Ан Фу соопштија дека примиле околу 40 повредени лица, од кои 12 со сериозни повреди, а еден човек има трауматолошка повреда на мозокот. Полицијата соопшти дека им помогнала на 22 лица да избегаат од зградата преку балкон. Вработените во караоке барот се обиделе да го изгаснат пламенот но не успеале. Пожарот брзо се проширил низ зградата, зафаќајќи над 400 метри квадратни на вториот и третиот кат и ги заробил и вработените и посетителите внатре. Очевидци рекоа дека пожарот брзо се проширил низ звучната изолација која е од пена и дрвените панели кои веднаш се запалиле и ги блокирале излезните патишта. Многу луѓе излегле на балкон и скокнале од вториот кат, од околу осум метри височина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-pozarot-vo-karaoke-bar-vo-vietnam/feed/ 0
Првиот директен лет од Виетнам до САД е закажан за 28 ноември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-direkten-let-od-vietnam-do-sad-e-zakazan-za-28-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-direkten-let-od-vietnam-do-sad-e-zakazan-za-28-noemvri/#respond Wed, 17 Nov 2021 06:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=596355

Националниот авиопревозник на Виетнам – Виетнам ерлајнс ќе го изврши првиот директен лет за САД на 28 ноември, јавија виетнамските медиуми. Виетнам ерлајнс вчера добил официјална дозвола од американската Федерална авијациска управа да врши цивилни летови без трансфер меѓу Виетнам и САД. На тој начин, превозникот станува првата, и засега единствена виетнамска авиокомпанија, на која и е дозволено да врши редовни директни летови до САД. Летот ќе биде од јужниот виетнамски град Хо Ши Мин до Сан Франциско, Калифорнија. Ќе биде извршен со Боинг 787-9 Дримлајнер и ќе трае 13 часа и 50 часа од градот Хо Ши Мин до Сан Франциско и 16 часа и 40 минути во спротивна насока. Првично се планирани два лета неделно, а во иднина нивниот број може да се зголеми на седум неделно. Подготовките за започнување на директни летови меѓу Виетнам и САД траат веќе две децении – откако Виетнам ерлајнс отвори свое претставништво во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-direkten-let-od-vietnam-do-sad-e-zakazan-za-28-noemvri/feed/ 0
Маж осуден на пет години затвор затоа што заразил осум лица со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-osuden-na-pet-godini-zatvor-zatoa-shto-zarazil-osum-lica-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-osuden-na-pet-godini-zatvor-zatoa-shto-zarazil-osum-lica-so-koronavirus/#respond Tue, 07 Sep 2021 07:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=560410

Маж во Виетнам е осуден на пет години затвор затоа што го пренел коронавирусот на други лица. Со тоа, осудениот ги прекршил строгите мерки за карантин, објавија државните медиуми. Ле Ван Три (28) е осуден за „ширење опасна заразна болест“ во јужната провинција Ка Мау. Три се вратил во Ка Му од градот Хо Ши Мин, со што го прекршил правилото за карантин од 21 ден. Тој заразил осум лица, од кои едно починало по еден месец лекување, пренесува „Ројтерс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-osuden-na-pet-godini-zatvor-zatoa-shto-zarazil-osum-lica-so-koronavirus/feed/ 0
Нова мутација на Ковид-19 откриена во Виетнам, мешавина е од овие два соја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/#respond Sat, 29 May 2021 07:20:53 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516345

Нов сој на коронавирусот – мешавина од индискиот и британскиот – е откриена во Виетнам, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг. – Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Особено, тоа е де факто како индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија, рече министерот. Ова беше откриено со секвенционирање гени. Виетнам досега објави циркулација на седум варијанти на коронавирус во земјата. Сега истражувањата покажаа дека новата варијанта се реплицира многу брзо и ова објаснува зошто толку многу нови случаи на инфекција се појавија во различни делови на земјата за краток временски период. Од втората половина на април, скоро 3.600 лица се заразени во 31 од 63 градови и провинции на Виетнам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/feed/ 0
Виетнам: Се преврте брод, исчезнаа 15 морнари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnam-se-prevrte-brod-ischeznaa-15-mornari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnam-se-prevrte-brod-ischeznaa-15-mornari/#respond Thu, 17 Dec 2020 19:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=444875

Најмалку 15 морнари се водат како исчезнати, откако брод кој пловел под панамско знаме, денеска се преврте во морето кај Виетнам. Инцидентот се случи во близина на провинцијата Бинх Туан, кога се преврте бродот Син Хонг, чиј екипаж бил составен од 11 Кинези и четворица Виетнамци, кои превезувале 7.800 тони глина од Малезија во Хонгконг. Морнарите побарале помош од виетнамската крајбрежна стража претходно денеска, кога бродот навлегол во разбрануваното море, соопштија локалните власти. Виетнам испратил спасувачки екипи, вклучувајќи и брод на крајбрежната стража, во потрага по исчезнатите морнари, но бил пронајден само превртениот брод на кој немало никого. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vietnam-se-prevrte-brod-ischeznaa-15-mornari/feed/ 0