викенд без ддв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 19:45:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png викенд без ддв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лукаревска: Викенд без ДДВ е на барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-vikend-bez-ddv-e-na-baranje-na-opoziciskata-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-vikend-bez-ddv-e-na-baranje-na-opoziciskata-vmro-dpmne/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=771479

Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи и заменик претседател на СДСМ рече дека во предлог Буџетот за 2023 година е прифатено барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за викенд без ДДВ. Од една страна сакате да го наполните буџетот, а од друга страна ќе има Викенд без ДДВ, зошто е тоа така, ја праша новинарката Лупевска, на што Лукаревска рече дека тоа е барање од страна на опозицијата кои како што рече го побарале тоа на прес конференција. -Викенд без ДДВ е по барање на опозицијата, нели тие излегоа на прес конференција и кажаа бараме неколку викенди без ДДВ, рече Лукаревска. За потсетување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара викенд без ДДВ со кој што на основните прехранбени продукти ќе им овозможи пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз да се купуваат одредени основни прехранбени производи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-vikend-bez-ddv-e-na-baranje-na-opoziciskata-vmro-dpmne/feed/ 0
Граѓаните гневни: „Викенд без ДДВ“ излезе голема лага на Заев! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-gnevni-vikend-bez-ddv-izleze-golema-laga-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-gnevni-vikend-bez-ddv-izleze-golema-laga-na-zaev/#respond Sun, 15 Nov 2020 10:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=429741

Незадоволството на граѓаните од страна на власта и понатаму расте. Деновиве по социјалните мрежи можеше да се забележи дека граѓаните сеуште чекаат да ги добијат средствата од долгонајавуваната мерка „Викенд без ДДВ“ од страна на власта. Исто така дел од граѓаните на кој им се исплатени средствата од оваа мерка посочија дека имаат исплата во вредност од 2,3,7,8 денари. По ваквите реакции граѓаните се прашуваат зошто се исплаќа толку мала сума на пари и каде всушност одат тие пари кои беа ветени од страна на надлежните? Како што информираше Упрвата за јавни приходи во трите дена 204.088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и биле скенирани три пати повеќе фискални сметки, а остварениот промет бил за 9,5 пати поголем во однос на истиот викенд лани.Во „Викендот ДДВ“ бил остварен промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари. Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот„Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари. - Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Мерката „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-gnevni-vikend-bez-ddv-izleze-golema-laga-na-zaev/feed/ 0
Граѓаните гневни: Владата не излажа се уште нема пари од „Викенд без ДДВ“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gragjanite-gnevni-vladata-ne-izlaza-se-ushte-nema-pari-od-vikend-bez-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gragjanite-gnevni-vladata-ne-izlaza-se-ushte-nema-pari-od-vikend-bez-ddv/#respond Mon, 09 Nov 2020 13:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=426943

На лагите на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев им нема крај. Граѓаните овојпат се излажани за мерките „Викенд без ДДВ“ и „Мој ДДВ “. Долго најавуваната мерка „Викенд без ДДВ“ никако да се реализира од страна на надлежните. Оваа мерка се однесуваше за периодот од 9-ти до 11-ти октомври односно прометот кој граѓаните го направија во овој период за домашни производи, услуги и комјутери или ИТ-уреди требаше да го добијат целосниот поврат на платениот ДДВ. Според првичните најави на власта исплатата на средствата од оваа мерка требаше да се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметка. Но, поминаа 30-тина дена, а Владата сеуште нема ништо исплатено. -За време на викендот од 9-ти до 11-ти октомври скенирав сметки за кои поврат на ДДВ добив околу 300 денари. Иако помина периодот од две недели сеуште немам добиено ништо на мојата трансакциска сметка,а според најавите од власта до сега требаше да ни бидат исплатени тие средства, вели граѓанин кој скенирал сметки за овој период. Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот„Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари. - Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Незадоволство кај граѓаните се појави и за мерката „Мој ДДВ“. Станува збор за тримесечно скенирање на фискални сметки односно за месеците јули, август и септември. За едно тромесечје граѓаните може да добијат најмногу поврат на ДДВ од 1800 денари. Парите се исплаќаа еден месец подоцна откако ќе заврши тромесечјето. -Ја имам инсталирано апликацијата„Мој ДДВ“ и скенирам фискални сметки.Мислам дека за ова тромесечје имав поврат на ДДВ од 800 денари. Но, сеуште од страна на Управата за јавни приходи немат направено исплата. Исплатата се правеше во првите десетина дена од месецот, ни раскажа граѓанин кој скенира сметки. Поради ова кај граѓаните се појавија реакции зошто сеуште не е направена никаква исплата во врска со овие мерки. Имено надлежни укажуваа дека проблем е тоа што не е изгласан ребалансот на буџетот за 2020 година и дека штом се изгласа ребалансот на буџетот веднаш на граѓаните ќе им биде исплатени средствата.Но, за потсетување Ребалансот за буџетот беше на дневен ред минатата недела во Собранието и иститот беше изгласан.И покрај тоа што е изгласан ребалнсот на буџетот, сеуште не се иплатени никакви средствата од овие мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gragjanite-gnevni-vladata-ne-izlaza-se-ushte-nema-pari-od-vikend-bez-ddv/feed/ 0
Почнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vrakjanjeto-na-pari-od-vikend-bez-ddv-nad-200-iljadi-gragjani-kje-dobijat-okolu-1-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vrakjanjeto-na-pari-od-vikend-bez-ddv-nad-200-iljadi-gragjani-kje-dobijat-okolu-1-milion-evra/#respond Sun, 08 Nov 2020 08:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=426374

Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од следната недела, најави вчера на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа донесени ребалансот на Буџетот и законите кои овозможуваат реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и фирмите подгодени од корона кризата. Бесими не прецизира колку вкупно пари ќе им бидат вратени на граѓаните, но од претходно објавените податоци, станува збор за околу еден милион евра. Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра. Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра. Според податоците од УЈП, поврат на ДДВ од продолжениот викенд ќе добијат вкупно 204.088 граѓани кои купувале македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но се покажа дека некои од нив не можеле или не сакале да ги искористат поволностите за поврат на ДДВ. Инаку, според најавите повратот на средствата требаше да се изврши во рок од три недели по викендот без ДДВ, или најдоцна до крајот на октомври, но се пролонгира поради носењето на неопходната законска регулатива за реализација на четвртиот пекет мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vrakjanjeto-na-pari-od-vikend-bez-ddv-nad-200-iljadi-gragjani-kje-dobijat-okolu-1-milion-evra/feed/ 0
Стојаноски: Самиот Заев призна дека „Викенд без ДДВ“ беше неуспешна мерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-samiot-zaev-prizna-deka-vikend-bez-ddv-beshe-neuspeshna-merka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-samiot-zaev-prizna-deka-vikend-bez-ddv-beshe-neuspeshna-merka/#respond Fri, 16 Oct 2020 14:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=417262

Самиот Зоран Заев призна дека мерката Викенд без ДДВ е неуспешна, истакна денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. -Човекот кажа дека мерката е неуспешна, народот е сиромашен, купува само работи кои му се најважни. Ние не сме против таква мерка, ние предложувавме да има 4 викенди, но тука имаше владини функционери кои ветуваа обрт од 180-200 милиони евра, па кажуваа колку ќе се купува. Ние апелиравме и Пазарната инспекција да  излезе на терен, да не се качуваат цените. Родители може да сведочат дека нагло порасна цената на ИТ производите кои беа ставени на пазарот. Едноставно беше невозможно да се најде по таа цена лаптоп. Затоа ние предложувавме 4 викенди, да се постигне ефектот на мерката, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-samiot-zaev-prizna-deka-vikend-bez-ddv-beshe-neuspeshna-merka/feed/ 0
Во Викендот без ДДВ констaтирани 15 прекршоци кај трговците во однос на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vikendot-bez-ddv-konstatirani-15-prekrshoci-kaj-trgovcite-vo-odnos-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vikendot-bez-ddv-konstatirani-15-prekrshoci-kaj-trgovcite-vo-odnos-na-cenite/#respond Wed, 14 Oct 2020 11:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=416297

Пазарните инспектори за време на Викендот без ДДВ констатирале 15 прекршоци на Законот за трговија и за заштита на потрошувачите. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција соопшти дека за време на спроведување на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат извршиле контрола во насока на тоа дали цените на производите внесени во трговските книги соодветствуаат со оние што се истакнати, а со цел да се спречи можна манипулацја со цените. При спроведените контроли, соопшти таа, пазарните инспектори констатираа 15 прекршоци на Законот за трговија и заштита на потрошувачите. Викендот без ДДВ се спроведе изминатиот викенд на 10,11 и 12 октомври, кога како дел од четвртиот сет економски мерки на Владата,, граѓаните имаа можност за купени македонски производи и услгуи и компјуерска опрема да го добијат назат целиот износ на пресметаниот ДДВ на фискалната сметка за таквиот производ или услуга. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vikendot-bez-ddv-konstatirani-15-prekrshoci-kaj-trgovcite-vo-odnos-na-cenite/feed/ 0
Мала заинтересираност за „викенд без ДДВ“ – „Имаме компјутери за да следиме онлајн настава“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mala-zainteresiranost-za-vikend-bez-ddv-imame-kompjuteri-za-da-sledime-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mala-zainteresiranost-za-vikend-bez-ddv-imame-kompjuteri-za-da-sledime-onlajn-nastava/#respond Sat, 10 Oct 2020 18:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=414873

Нема да ја користиме мерката „Викенд без ДДВ“. Вака ни одговорија повеќето од граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 во Центарот на Скопје. Двајца млади кои ги сретнавме како чекаат пред продавница за технолошка опрема, веќе купиле лаптопи за да следат онлајн настава, објавува ТВ21. Само ова граѓанка планира да купи монитор за компјутер и тоа за да го користи за работни обврски. Другите велат дека не скенираат фискални сметки бидејќи им изгледа бескорисно и затоа не планираат да купат технолошка опрема во текот на овој викенд. „Викенд без ДДВ“ стапи на сила денеска откако вчера Собранието ги усвои законските измени. Мерката трае до понеделник, 12 октомври, и во рамките на ова мерка се предвидува да има поврат на ДДВ од 100% за сите граѓани кои купуваат домашни производи и технолошка опрема. Фискалната смета не треба да има вредност повисока од 30 илјади денари и тие треба да се скенираат во апликацијата „МОЕ ДДВ“ во рок од три дена од купувањето на производите. Од друга страна, опозицијата ја критикуваше оваа мерка, бидејќи велат дека ќе се создаде нов кластер на заразени со Ковид-19, проценувајќи дека ќе се создадат долги редици во продавниците за да се користи оваа мерка. Во меѓувреме, Владата увери дека контролите ќе бидат засилени за да се спречат прекршувања на протоколите против Ковид-19, кои се носење на маски и растојание помеѓу потрошувачите. Во меѓувреме, известено е дека апликацијата „Мој ДДВ“ ја користат 350 илјади граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mala-zainteresiranost-za-vikend-bez-ddv-imame-kompjuteri-za-da-sledime-onlajn-nastava/feed/ 0
„СДСМ е против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ДДВ викенд без ограничување секој викенд“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-e-protiv-predlogot-na-vmro-dpmne-za-ddv-vikend-bez-ogranichuvanje-sekoj-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-e-protiv-predlogot-na-vmro-dpmne-za-ddv-vikend-bez-ogranichuvanje-sekoj-vikend/#respond Fri, 09 Oct 2020 12:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=414420

СДСМ ги манипулира граѓаните. Во предизбори ветија четири викенди без ДДВ во септември, а сега гласаат само еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци, не за септември, туку за во октомври, и сето тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ ветија, но не реализираа. СДСМ не се стави над ситуација и над секојдневната теза за добивање ситни политички поени и не го прифати предлог амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за четири викенди без ДДВ. Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ реално ќе се помогнеше на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ беа искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатеа овој наш амандман. Така и ќе го реализираа она што го ветија. Законот за викенд без ДДВ ваков како што го истурка СДСМ не носи придобивка за сите граѓани. Граѓаните кои немаат паметен телефон, немаат право на поврат на ДДВ! - привилегија имаат само оние граѓани кои ја инсталирале апликацијата МОЈ ДДВ. Тие што немаат пари за набавка на опрема за учениците и овој викенд ќе немаат да купат! А најважно од се‘ е што есенскиот бран на зараза зема замав, а граѓаните во брзање да го искористат единствениот викенд без ДДВ, ќе го ризикуваат своето здравје, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку СДСМ излезеше од партиската политика и малку се ставеше во функција на народот, ќе се заштитеше здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, но СДСМ избра повторно да оди на штета на народот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-e-protiv-predlogot-na-vmro-dpmne-za-ddv-vikend-bez-ogranichuvanje-sekoj-vikend/feed/ 0
Димитриевска Кочоска: Власта ги излажа граѓаните за мерката „Викенд без ДДВ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievska-kochoska-vlasta-gi-izlaza-gragjanite-za-merkata-vikend-bez-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievska-kochoska-vlasta-gi-izlaza-gragjanite-za-merkata-vikend-bez-ddv/#respond Mon, 28 Sep 2020 17:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=409743

Гордана Димитриевска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 говореше за мерката викенд без ДДВ која ја промовираше владата каде посочи дека оваа мерка има одредени недостатоци и не е онака како што владата ја најави. -Прво беше кажано дека ќе имаме викенд без ДДВ и беше кажано дека ќе биде септември. Не беше септември, се доцни. Втората работа која што сега ја кажаа е тоа дека секој еден граѓанин кога ќе отиде да пазари прво има лимит од 30.000 денари и второ кога ќе пазари ќе си го плати ДДВ што тоа значи дека ќе ја акредитираш државата со ДДВ додека не го чекаш повратот на ДДВ наназад. Според најавите беше кажано дека повратот на ДДВ ќе биде за 3-4 дена и тоа не е возможно да се оствари заради тоа што има технички проблеми во УЈП и жално е што во изминатиот период УЈП во некога институција што работи работи кои не се својствени за нејзе, истакна таа Таа посочи дека она што е многу битно е дека има граѓани кои што сега се погодени на платите, некои имаат минимални плати, на дел од граѓаните им се намалија, кризата тоа го наметна. -Ако имаме таква ситуација целта беше да имаме викенд без ДДВ, да нема 18%, тоа е како да добиле попуст од 18 проценти кога ќе платат помалку. А, сега им велите не, вие велите платете го ДДВ, па ќе ви го вратиме, што е сосема различно, додаде таа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievska-kochoska-vlasta-gi-izlaza-gragjanite-za-merkata-vikend-bez-ddv/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Проектот викенд без ДДВ не е истиот тој кој Заев го ветуваше пред избори, лага давана на лажичка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proektot-vikend-bez-ddv-ne-e-istiot-toj-koj-zaev-go-vetuvashe-pred-izbori-laga-davana-na-lazichka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proektot-vikend-bez-ddv-ne-e-istiot-toj-koj-zaev-go-vetuvashe-pred-izbori-laga-davana-na-lazichka/#respond Sun, 27 Sep 2020 14:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=409239

Четвртиот пакет на мерки на мафијата на власт е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните и истиот ќе ја продлабочи тешката состојба во државата.Зоран Заев пред изборите бомбастично најавуваше викенд без ДДВ. Тогашните лаги на Заев беа дека во септември месец, секој викенд граѓаните ќе го користат купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Септември месец помина, а денеска гледаме како на лажичка повторно на граѓаните им ветува дека тоа всушност нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд и тоа во месец октомври, продолжениот викенд помеѓу 10 и 12-ти октомври и нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано пред избори, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финансираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност, потенцираат тие. -Лажното ветување дадено од Зоран Заев пред избори кое беше помпезно најавено и во третиот сет на таканаречените мерки од страна на Владата за помош за македонските граѓани и македонската економија, а тоа е околу 31 милион евра евтини кредити со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30% грант за компании управувани од жени кои вработуваат млади луѓе извозно ориентирани, исто така требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но месец септември помина од оваа мерка ни трага ни глас, велат од партијата. -Резултатите од ваквите погрешни политики и лажни ветувања се, историски пад на индустриското производство и извозот, пад на економската активност во вториот квартал, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал, раст на невработеноста од 40.000 лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата, заклучуваат ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proektot-vikend-bez-ddv-ne-e-istiot-toj-koj-zaev-go-vetuvashe-pred-izbori-laga-davana-na-lazichka/feed/ 0