Виктор Давидовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:20:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Виктор Давидовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Давидовски: Следната сезона ќе се борам за трофеј https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-slednata-sezona-ke-se-boram-za-trofej/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-slednata-sezona-ke-se-boram-za-trofej/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=893208

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски комплетираше уште една сезона во највисокото по ранг автомобилско натпреварување на кружни патеки во Европа, продолжувајќи ја низата на резултати со кои се етаблираше во елитната дивизија на туринг трките. -Можеби ќе прозвучи нескромно, но како возач секогаш се атакувам на највисоките позиции, па имав уште повисоки стремежи. Сепак, лошата среќа на стартот од сезоната кога имав неколку малери по ред, како избуткувањето во Португалија додека бев на трето место, скината гума во Франција додека бев на второ место, како и други инциденти во кои бев оштетен, на некој начин ми ја ускратија можноста да се борам за титулата. Соработката со врвните инженери и механичари од „Comtoyou“ и Ауди ми овозможи да напредувам како возач и да бидам постојано меѓу водечките, но за жал поради грешки на други возачи, најмногу што можев да освојам беше четвртото место. Ова беше уште едно искуство од кое ќе извлечам нови поуки, а се надевам дека во 2024 година повторно ќе бидам во можност да се борам за победи и трофеи, па да го подобрам овој резултат,- изјави македонскиот возач На Гран при викендот во Барселона тој имаше осмо место во квалификациите, па првата трка ја заврши на осмото место, додека во втората кога првите десетмина стартуваа по обратен редослед, македонскиот возач беше удрен од ривалите во борба за третото место. И покрај тоа, на крајот Давидовски го освои четвртото место во генералниот пласман, веднаш зад тројцата возачи кои се бореа за шампионската титула, која на крајот му припадна на холандскиот автомобилист, Том Коронел. Давидовски на крајот го освои 4. место во генералниот поредок на Европското ТЦР првенство, постигнување какво што немало досега во историјата на македонскиот автомобилизам.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-slednata-sezona-ke-se-boram-za-trofej/feed/ 0
Давидовски: Второто место во Џеда делува како сон кој за среќа се оствари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-vtoroto-mesto-vo-dzeda-deluva-kako-son-koj-za-srekja-se-ostvari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-vtoroto-mesto-vo-dzeda-deluva-kako-son-koj-za-srekja-se-ostvari/#respond Mon, 28 Nov 2022 08:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=767405

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија. Давидовски во првата трка стартуваше како деветти и стигна до осмо место, а во втората трка кога првите десетмина ги ротираа стартуваше како втор. Сепак, првите три круга беа исклучително турбулентни и донесоа повеќе промени на позиции, но и неколку судири и излетувања. – Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи ова беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната. Знаев дека ако излезам напред ќе имам побрз автомобил, во смисла на тоа дека аеродинамиката на возилото нема да биде повлијаена, но испадна како што испадна, сите направија по некоја грешка во втората трка, па имав можност да се вратам во ритам. Како возач со „вајлд карта“ имав дополнителна тежина, а ја немав на располагање ни последната спецификација на надградби на менувачот, па затоа не очекував подиум. На крајот, сето ова делува како еден сон, кој што за среќа се оствари, но ќе ми треба време за да ми „слегне“. Давидовски сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката „Пол Рикар“ крај Марсеј. Со настапот во WTCR и освоениот пехар за второ место, тој отвори нови хоризонти за својата кариера. – Денеска продолжуваме со активностите, ќе тестираме дел од надградбите кои се планирани за 2023 година. За прв пат ќе имам можност да ги испробам автомобилите со најновата спецификација и да дознам повеќе за плановите на тимот во текот на следната сезона. Ова е прекрасен тим, големи професионалци и навистина има убава атмосфера за работа. Огромна благодарност за сите нив, верувам дека ја оправдав шансата што ми ја дадоа, се надевам дека заедно уште многу пати ќе ги израдуваме нашите навивачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-vtoroto-mesto-vo-dzeda-deluva-kako-son-koj-za-srekja-se-ostvari/feed/ 0
Давидовски не успеа да се пласира во втората квалификациска сесија за трката во Бахреин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ne-uspea-da-se-plasira-vo-vtorata-kvalifikaciska-sesija-za-trkata-vo-bahrein/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ne-uspea-da-se-plasira-vo-vtorata-kvalifikaciska-sesija-za-trkata-vo-bahrein/#respond Fri, 11 Nov 2022 13:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=759201

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски на квалификациите за трката во Бахреин го освои 15. место на стартот, односно не успеа да ја оствари личната цел да биде меѓу најдобрите 12 возачи кои продолжуваат во втора квалификациска сесија. – Зацртав скромна и остварлива цел, а тоа беше да влезам во втората квалификациска сесија, затоа што на тој начин ќе имав подинамична трка. Доколку го повторев времето од вториот тренинг, тоа и ќе се случеше. Не сакам да барам оправдување, но во ова натпреварување имаме поинакви пневматици, кои даваат подобар контакт со подлогата во првиот круг, но со нив и тркалата полесно блокираат. Ситна непрецизност во сопирањето и шансата за подобрување на резултатот отиде во неповрат. Дополнително, патеката вчера беше со повеќе песок, денес изненадувачки чиста и се забележа еволуција, триењето на гумите беше на повисоко ниво, а со тоа и температурата во вториот книг на возењето беше висока. Генерално, на сите полиња имавме помали проблеми, но дефектот кој ме оневозможи да ги возам оние 45 минути од вчерашната прва тренинг сесија, најмногу влијаеја за да бидеме подготвени за денес. Имам верба во механичарите дека ќе подготват добар автомобил за првата трка денес, па со тоа сите ќе имаме можност да го поправиме впечатокот, изјави Давидовски. Втората трка ќе се вози утре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ne-uspea-da-se-plasira-vo-vtorata-kvalifikaciska-sesija-za-trkata-vo-bahrein/feed/ 0
Неповолен расплет за Давидовски во Белгија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nepovolen-rasplet-za-davidovski-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nepovolen-rasplet-za-davidovski-vo-belgija/#respond Mon, 20 Jun 2022 06:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=692942

На патека „Спа Франкоршамп“, викендот се одржа третата рунда од Европското првенство за возила со ТЦР хомологација каде што Виктор Давидовски отпатува како победник од претходната рунда возена на Пол Рикар. Но, за разлика од убавиот расплет на трката во близина на Марсеј, на ова гран при во Арденските шуми ништо не одеше во корист на македонскиот возач. – За разлика од патеката во Франција, на патеката во Белгија не се чувствував како да имам искуство. Минатата година ја пропуштив трката, пред две години возев на дожд, а исто така пред тоа имав големо излетување на влажна патека кое уште го паметам. Оваа година со нов автомобил и нови гуми, цел викенд се возеше на суво, беше просто неспоредливо и ми требаше повеќе време во тестирање. Возилото на Ауди генерира голем воздушен потисок и тоа во одредени моменти правеше проблем бидејќи се јавуваше подуправливост, која влијаеше за побрза деградација на гумите. Мислам дека тоа се одрази на штелувањето на автомобилот, едноставно немав сетап со кој би бил поагресивен, а тоа понатаму се рефлектираше врз резултатите, изјави Давидовски. Македонскиот автомобилист го отвори викендот со резултат од 2:34.276 на првиот тренинг, за веќе во вториот да напредува до 2:31.993. Во квалификациите се чинеше дека е можно да се смне до резултат под 2 минути и 31 секунда (Коронел имаше 2:31.002, а Џиролами беше на пол позиција со 2:30.110), но мало недоразбирање со тимскиот колега го спречи во тоа и постави време од 2:32.041 по што се пласираше на 15. место. – Во најдобри околности, мислам дека можев да влезам во втората сесија на квалификациите, па од таму да се борам за пласман меѓу 5. и 10. место. За жал, при летечкиот круг во квалификациите си попречивме со Џиролами и тоа дополнително ми ја отежни ситуацијата на стартот. Ако на сите овие проблеми се додаде и тоа дека добивме дополнителен баласт од организаторот по добрите резултати на претходните трки, сликата за тоа колку беше тежок овој викенд е донекаде комплетна. Франко покажа одлична приспособливост и успеа да извади максимум, при што очекував јас и Коронел со помали проблеми да бидеме некаде веднаш зад него, открива Давидовски. Лошата среќа не беше дел само од гаражата на Виктор Давидовски, туку во првата трка Џиролами ја испушти победата и заврши втор зад Калјехас. Коронел кој во првата трка се мачеше со Клим Гаврилов, во втората трка беше најдобар од нивното трио и стигна до третата позиција, откако беше престигнат на стартот од Мато Хомола кој му го „украде“ второто место. Давидовски во првата трка беше единаесетти, а во втората трка беше удрен од Германди во последниот круг и заврши на 21. место. – Иако во првата трка имав подобар пласман, гумите ми беа истрошени по само неколку круга, без оглед што веднаш по стартот имаше инцидент и три круга возевме зад возилото за безбедност. Во втората трка имавме подобрување и на штелувањето и на однесувањето на пневматиците, но од таа стартна позиција чуда не беа можни. Судирот во кој бев инволвиран на крајот стави печат на овој фрустрирачки викенд,- изјави единствениот македонски возач во ТЦР Европа по трката на Спа Франкоршамп. Следната трка е за 14 дена во Германија на Норисринг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nepovolen-rasplet-za-davidovski-vo-belgija/feed/ 0
Давидовски останува единствен Македонец во ТЦР Европа првенството, во новата сезона ќе биде дел тимот Кометоју https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ostanuva-edinstven-makedonec-vo-tcr-evropa-prvenstvoto-vo-novata-sezona-kje-bide-del-timot-kometoju/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ostanuva-edinstven-makedonec-vo-tcr-evropa-prvenstvoto-vo-novata-sezona-kje-bide-del-timot-kometoju/#respond Fri, 08 Apr 2022 07:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=660064

Виктор Давидовски повторно ќе биде клупски колега со Франко Џиролами, со кој минатата сезона заедно се натпреваруваа во „ПСС рејсинг тим“, при што Аргентинецот стана вице-шампион, додека македонскиот возач беше прв во категоријата на возачи над 40 години и го освои трофејот „Дајмонд“. Тие ќе бидат во друштво на легендата Том Коронел, кој го заокружува триото пилоти на оваа екипа за новата сезона. По најдобрата сезона во својата кариера во ТЦР Европа, Давидовски прифати нов предизвик со белгискиот тим кој во 2020 година беше шампион во двете категории (возачи и тимови), а минатата сезона го освои второто место во тимска конкуренција. -Би сакал да му се заблагодарам на Франсоа кој веруваше во мене за сезоната во 2022 година во ТЦР Европа и ми даде шанса да бидам дел од „Comtoyou Racing Теам“ и да го имам возилото на Ауди. Како поискусен и поупатен, заедно со Франко Џиролами, а воедно како дел од пророфесионален тим со новиот модел на Ауди „RS3 LMS“ ќе го дадеме својот максимум за да ја оправдаме довербата. Чест ми е да бидам тимски колега со Том Коронел и Франко Џиролами, изјави Давидовски. Сезоната во ТЦР Европа започнува на 30 април со трка во Алгарве, Португалија, а ќе заврши со седмата трка, предвидена за 15 октомври во Барселона, Шпанија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-ostanuva-edinstven-makedonec-vo-tcr-evropa-prvenstvoto-vo-novata-sezona-kje-bide-del-timot-kometoju/feed/ 0
Давидовски на четврто место на трката „Пол Рикар“ во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/#respond Tue, 01 Jun 2021 06:01:30 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517448

Виктор Давидовски го освои четвртото место на трката што се возеше викендот на „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција, а овој пласман е највисок во историјата за македонските возачи откако се организираат трките од првенството на ТЦР Европа. Согласно пропозициите, неделниот стартен распоред беше по обратен редослед од местата освоени во квалификациите, па возачот на „ПСС Рејсинг“ беше промовиран од 10 место на пол позицијата, а неговиот тимски колега Франко Џиролами беше на второто стартно место. – Направивме подготовки и имавме изградено стратегија како да одиме и да се бориме за победа. Целта беше еден од нас да има шанса за победа и во трката влеговме подготвени, но анализата покажа дека сепак сме направиле две ситни грешки. И јас и Џиролами добивме порака преку радио врската, која ја протолкувавме дека ни се сугерира брзо менување на степените на пренос по стартот, па и двајцата направивме иста грешка, со што го испуштивме водството,- објаснува Давидовски. За разлика од ова, втората грешка се покажала дури во последните кругови, кога Давидовски беше нападнат од Сами Тафик, кој во финишот возеше побрзи времиња за половина секунда по круг. – Kога го штелувавме возилото, сметавме на пониска температура на асфалтот во втората трка, но според интерните мерења, таа се покажа 3-4 степени Целзиусови над онаа што ја измеривме на саботната трка. Тоа придонесе пневматиците да почнат побрзо да откажуваат и при крајот на трката се забележа дека автомобилот има тенденција за подуправливост. Мислам дека доколку го задржевме водството на почетокот, со ладниот воздух пред мене кој би го имал како лидер, гумите ќе траеја подолго. Со расплетот кој го имавме, на крајот не можев да парирам уште еден круг и ривалот ме достигна. Знам дека можевме повеќе и тоа е она што боли, но научивме многу од овие ситни грешки и во иднина ќе бидеме подобро подготвени. За утеха, Давидовски е лидер во ова натпреварување во конкуренција на возачи на возраст над 40 години, за што го доби пехарот во категоријата „Дајмонд“. Следната трка од ТЦР Европа се вози на холандската патека Зандворт, на 19 и 20 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/feed/ 0
Давидовски и Џиролами од ПСС Рејсинг викендот стартуваат во ТЦР Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-i-dzirolami-od-pss-rejsing-vikendot-startuvaat-vo-tcr-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-i-dzirolami-od-pss-rejsing-vikendot-startuvaat-vo-tcr-evropa/#respond Thu, 06 May 2021 07:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=506283

Претстојниот викенд со трката во Словачка стартува Европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација, а четврта сезона по ред на него ќе учествува Виктор Давидовски од тимот на „ПСС Рејсинг“. Од оваа сезона нему ќе му се приклучи и Франко Џиролами, со што екипата прв пат ќе има двајца возачи. – Во оваа сезона влегуваме со голема мотивација бидејќи лани ни беше дозволен настап само на две трки, па се надеваме дека оваа сезона глобалната здравствена ситуација ќе овозможи спортот да се врати во нормала. Одработивме повеќе тестови, а последниот од нив беше токму на патеката крај Братислава. Имаме претстава за патеката, иако тогаш возевме по мошне ладно време, но сепак главен фактор очекуваме да биде промената на пневматиците. Минатите сезони возевме со Јокохама, од оваа сезона сите автомобили ќе ги користат гумите на Ханкук, кои се забележливо потврди и имаат поинакви карактеристики. Целта е секогаш иста, да се претставиме во најдобро светло и да се бориме за подиум, изјави Давидовски. Организаторите најавија дека во ТЦР Европа има 22 пријавени возачи, а бранител на трофејот е Мехди Бенани. Предвидени се седум трки, при што освен Словачка, сите други се домаќини и на трки од Формула 1 првенството (Пол Рикар, Зандворт, Спа Франкоршамп, Нирбургринг, Монца и Каталуња). Првата трка е в сабота во 15.15 часот, додека втората е во недела во 13.55 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-i-dzirolami-od-pss-rejsing-vikendot-startuvaat-vo-tcr-evropa/feed/ 0
Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-podobri-sme-od-lani-no-nashata-cel-e-povisoka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-podobri-sme-od-lani-no-nashata-cel-e-povisoka/#respond Sun, 08 Nov 2020 09:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=426426

Македонскиот претставник на Европското првенство со туринг возила (ТЦР Европа) Виктор Давидовски се осврна на резултатите што тој ги постигна со ПСС Рејсинг во 2020 година. Поради појавата на пандемијата, календарот на ТЦР Европа беше подложен на повеќе промени, за на крајот македонскиот пилот да добие дозвола за учество само на две трки, оние во Италја и Шпанија. – Оцената за целата сезона во 2020 година е подеднакво комплицирана колку што беше комплицирана и самата сезона, но сепак параметрите покажуваат позитивен напредок на секое поле. Ова е наша трета сезона во ТЦР Европа и напредокот е забележителен во секоја форма, без оглед дали споредуваме бодови или пласмани. Лани 12 трки освоив бодови во само два наврати, а оваа година имав четири трки и два пати бев во бодови. Лани имав три бода, оваа година нивното салдо е 26. Автомобилот беше подобар, но реалноста направи да не можеме да извадиме максимум од сето тоа. Сметав и се уште сметам дека нашата цел е повисока и тука сме за да се бориме за подиуми, а видовме дека тоа е можно кога во Марсеј со нашето возило настапи Нестор Џиролами, бидејќи мене не ми беше овозможен влез во Франција. Дури и ваквиот континуитет ни дава надеж дека одиме кон повисоко ниво, бидејќи ако ја погледнете листата на учесници ќе забележите дека ПСС Рејсинг е единствената екипа од бившите југословенски простори која три години по ред се натпреварува во ТЦР Европа и акумулираните искуства вродуваат со плод,- изјави Давидовски. ПСС Рејсинг со 98 бода се најде на 10 место од 14 тимови, додека Давидовски со 26 бода е на 24 место во поединечна конкуренција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-podobri-sme-od-lani-no-nashata-cel-e-povisoka/feed/ 0