Виктор Димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 14:38:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Виктор Димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милошоски: Очекувам нов кандидат за амбасадор во Франција наместо Виктор Димовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-ochekuvam-nov-kandidat-za-ambasador-vo-frantsija-namesto-viktor-dimovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-ochekuvam-nov-kandidat-za-ambasador-vo-frantsija-namesto-viktor-dimovski/#respond Thu, 02 Mar 2023 14:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=807193

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски не очекува поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој е кандидат за амбасадор во Франција, да остане предлог на власта и на претседателот Стево Пендаровски за иден амбасадор во оваа земја членка на ЕУ. - Ние како Комисија за надворешна политика закажавме седница која е, да кажам на одредена пауза, и на која што седница свое излагање требаше да има и кандидатот за амбасадор Виктор Димовски за Париз, Француската Република. Но, чекавме сигнал од Владата и од министерот за надворешни работи и од претседателот, дали по скандалот е останат на своето убедување и одлука дека тој треба да биде амбасадор во Франција. Тоа што го имаме како информација, неофицијално од МНР, е дека претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи веќе се усогласиле Виктор Димовски да не биде амбасадор на Македонија во Париз. Но, дали имаат донесено одлука кој треба да биде следен амбасадор, за тоа немаме информации иако мое лично мислење е дека во самото МНР има доби кандидати кои што би можеле да бидат сериозни амбасадори на Македонија во Париз, изјави Милошоски во одговор на новинарско прашање. Тој самиот очекува дека како кандидат би требало да биде предложен кариерен дипломат од МНР. Прашан во однос на мошне бавното пополнување на испразнетите амбасадорски места во за нас клучни политички центри, Милошоски оцени дека тоа се должи на, како што вели, „немањето капацитет кај власта, односно на проблеми во коалицијата“. - Мислам дека две места, веќе ги набројав како важни дипломатски места – Вашингтон, како дипломатска дестинација која што 4,5 години не беше пополнета и во моментов Пекинг, која што три и пол години не е пополнета, покажуваат дека власта нема капацитет, има внатрешни меѓукоалициски проблеми по однос на делегирањето на амбасадори. Собранието не е проблем за хендикепот кој што го имаат МНР, Владата и претседателот, рече Милошоски, по денешната седница на Комисијата на која тезите за дипломатската активност ги бранеа новите амбасадори на земјава во Шпанија и Словенија, Едмонд Адеми и Горан Милевски. Заминување на Виктор Димовски за амбасадор во Франција е доведено во прашање по случајот со доделувањето на македонско државјанство на контроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко, по добиено позитивно мислење од страна на АНБ, во период кога нејзин директор беше Димовски. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-ochekuvam-nov-kandidat-za-ambasador-vo-frantsija-namesto-viktor-dimovski/feed/ 0
Виктор Димовски наместо на Шанзелизе, останува во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-namesto-na-shanzelize-ostanuva-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-namesto-na-shanzelize-ostanuva-vo-skopje/#respond Thu, 12 Jan 2023 19:39:45 +0000 https://kurir.mk/?p=786638

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, отпаѓа од листата за амбасадори. Алсат дознава дека тој сепак, нема да биде нов амбасадор на Македонија во Париз. Иако постапката за негово испраќање беше при крај, сепак Владата и претседателот Пендаровски одлучиле да не ја привршуваат поради скандалoт со Олександар Онишченко. Контроверзниот проруски бизнисмен од Украина доби македонско државјанство иако во Киев го гонеле за перење на пари, а бил на црната листа на САД за мешање во тамошните претседателски избори.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-namesto-na-shanzelize-ostanuva-vo-skopje/feed/ 0
По божикните празници ќе се разговара за кандидатите за амбасадори, меѓу нив и за Виктор Димовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-boziknite-praznici-kje-se-razgovara-za-kandidatite-za-ambasadori-megju-niv-i-za-viktor-dimovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-boziknite-praznici-kje-se-razgovara-za-kandidatite-za-ambasadori-megju-niv-i-za-viktor-dimovski/#respond Wed, 04 Jan 2023 21:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=783864

По божикните празници ќе се знае дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе замине за амбасадор за Франција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека по празниците е планирано да има средба со претседателот на државата и премиерот на која ќе се разговара за целата листа на кандидати за испразнетите амбасадорски места. – На 9-ти месецов, планираме со претседателот и премиерот да седнеме не само на таа тема, туку за целата листа што јас ја имам испратено за нови кандидати, околу 14 кандидати. Тоа е предлог кој треба да се филтрира, меѓутоа за целата листа вклучувајќи го и амбасадорот во Париз ќе се разговара од 9 јануари со претседателот, рече Османи. Во јавноста се отвори прашањето дали поранешниот директор на АНБ Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз поради случајот со доделувањето на македонско државјанство на рускиот државјанин Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-boziknite-praznici-kje-se-razgovara-za-kandidatite-za-ambasadori-megju-niv-i-za-viktor-dimovski/feed/ 0
Закажано продолжение на сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/#respond Thu, 15 Dec 2022 06:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=775751

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Првото продолжение на седницата, кое беше затворено за јавноста, беше прекинато бидејќи имаше информации дека на јутјуб се слуша она што го зборувал Димовски. Собранискиот спикер Талат Џафери го информираше МВР и беше спроведена истрага. Денешното продолжение Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека извештајот од МВР пристигнал. Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Зарко Милошевски кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз. Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби Пренџов, и покрај тоа, закажа продолжение на отчетот на Димовски и очекува тој да се појави во Парламентот. По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик,. -Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме, рече тогаш Димовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Димовски станува амбасадор во Париз, Владата утре ќе именува нов директор на АНБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/#respond Tue, 13 Dec 2022 10:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=774883

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. -Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Димовски поради скандалот со Онишченко да си поднесат оставки веднаш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-dimovski-poradi-skandalot-so-onishchenko-da-si-podnesat-ostavki-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-dimovski-poradi-skandalot-so-onishchenko-da-si-podnesat-ostavki-vednash/#respond Thu, 24 Nov 2022 07:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=765669

Владата на СДС и Димитар Ковачевски дала македонско државјанство и буквално го вдомила Александар Онишченко, украински политичар обвинет за перење пари кој е на црната листа на нашиот стратешки партнер САД поради мешање во претседателските избори, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Овој скандал го подбива целиот безбедносен систем и институциите во државата и го руши кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност, директорување на Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Законот на Агенцијата за Национална безбедност е јасен, и доколку истиот се имплементирал Онишченко наместо да добие македонско државјанство, ќе добиел екстрадиција во Украина. Скандалозно е тоа што скоро две недели, институциите во државата не можат да откријат како Онишченко добил македонско државјанство, а премиерот Ковачевски наместо да побара одговорност од Димовски и веднаш да го разреши го испраќа за амбасадор во Франција. Уште поскандалозни се и изјавите на министерот Спасовски, дека тоа што Онишченко е на црната листа на САД не значи дека е криминалец, и дополнително ги урива позициите и негативно влијае на рејтингот на Македонија кај нашиот стратешки сојузник САД. Спасовски од „успешните реформи во безбедносниот систем“ може да се пофали само единствено на успешна соработка со белосветски мафијаши и издавање на македонски пасоши на криминалци и наркобосови, велат од партијата. Од таму додаваат дека владата на СДС и Ковачевски води политика на двојни стандарди, од една страна дава пасош на лице на црната листа на САД, а од друга страна устата им е полна со презентирање на проевропски и прозападни вредности и принципи. -Ова не се ниту проевропски, ниту прозападни принципи, ова е скандал од невиден размер и мора да има одговорност. Владата на СДС, Ковачевски, Спасовски и Димовски тотално го изгубиле компасот и покренување на постапка за одземање на пасошот е задоцнета реакција. Најмалку што треба е веднаш да си поднесат оставка и да распишат предвремени парламентарни избори. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го обзнанеше пред јавноста овој скандал, се поставува прашање на уште колку вакви лица на црната листа на САД ќе им беа издадени пасоши од страна на АНБ? Владата на СДС и Ковачевски повеќе нема ниту капацитет, а ниту кредибилитет да продолжи да ја води државата и граѓаните. Потребни се промени и функционални институции кои ќе гарантираат за безбедноста на граѓаните и почитување на уставниот поредок на државата, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-dimovski-poradi-skandalot-so-onishchenko-da-si-podnesat-ostavki-vednash/feed/ 0
Директорот на АНБ денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/#respond Wed, 23 Nov 2022 10:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=765303

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово рече дека Димовски ќе информира за сите детали како е издадено државјанството на Укранинецот Олександер Онишченко, односно како се обезбедени позитивните мислења. – Понатаму од тоа не можам да коментирам, со оглед на тоа дека од затворени седници на Влада не може да се даваат информации, бидејќи тоа е тешко казниво дело, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за нова инвестиција на германската компанија Киел во ТИРЗ Тетово. Ковачевски, исто така, не одговори и дали средбата со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедност и контраразузнавање била за случајот „Онишченко“. – Не можам да кажам детали за разговорот со помошникот генерален секретар на НАТО за безбедност, изјави кусо Ковачевски. Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Затворена седница на Владата: Димовски треба да реферира за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=764486

На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександр Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ, според медиумите, суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко. Дополнително во Собранието во тек е истрага за пренесувањето во живо на Јутјуб на затворената комисиска седница на која Димовски зборуваше исто така за случајот „Онишченко“. Премиерот Ковачевски изјави дека побрал детален извештај за работата на АНБ. -Она што јас побарав е детален извештај врз основа на спроведена истрага или анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Влада. И тоа ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден. Меѓутоа и вие самите знаете дека од затворена седница на Влада не може да се даваат извештаи и информации со оглед на казнивоста на давање такви информации од затворена седница на Влада, рече Ковачевски. Потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции врз основа на кои тоа е доделено. Според Ковачевски одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што таму треба да биде спроведена, која веќе и се спроведува. Наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, но смената на Димовски ќе биде поради тоа што тој треба да замине на амбасадорска позиција во Франција. Медиумите вчера објавија дека двајца службеници во АНБ се суспендирани поради случајот со издавањето македонско државјанство на Онишченко. Димовски во петокот по седницата матичната собраниска комисија изјави дека при интерната постапка во АНБ за евентуален пропуст за случајот „Онишенко“ е констатирано дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со партнерите од НАТО пред да се даде позитивно мислење. Според него, „лоциран е прстенот и поединецот“ што го ставил потписот и ќе се преземе одговорност. Димовски додаде дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност. Токму оваа затворена седница на Комисијата се пренесуваше во живо на Јутјуб, по што беше прекината и за што се истражува како и зошто се случило тоа. Од МВР за МИА истакнаа дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал и оти веќе се постапува по него, без други детали. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери посочуваат дека истрагата е во тек и дека штом Собранието добие официјални информации од МВР, јавноста ќе биде информирана. Во врска со случајот „Онишченко“ вчера се огласи и Советот на амбасадори кој, како што се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко. Овој вид, како што стои, небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми. Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги поддржува ставовите на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски државните институции да преземат итни чекори во обелоденувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочат не само со морална, туку и законска одговорност (доколку ја има), бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и им наштетуваат на евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори. Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Џафери ја чека истрагата на МВР, за да информира кој е одговорен за тајното снимање на директорот на АНБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-ja-cheka-istragata-na-mvr-za-da-informira-koj-e-odgovoren-za-tajnoto-snimanje-na-direktorot-na-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-ja-cheka-istragata-na-mvr-za-da-informira-koj-e-odgovoren-za-tajnoto-snimanje-na-direktorot-na-anb/#respond Mon, 21 Nov 2022 09:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=764058

Претседателот на Собранието Талат Џафери чека резултатите од истрагата на МВР за скандалот во Комисијата за надзор над безбедносните служби, за да информира чија е одговорноста за тајното снимање на затворената седница, на која директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше за македонското државјанство на олигархот Олександр Онишченко. –Истрагата е во тек. Штом добиеме официјални информации од МВР, ќе информираме – велат од кабинетот на Џафери. Комисиската расправа во петокот беше прекината откако пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз на говорницата во Собранието рече дека од некои новинари добил информација дека тонот од затворената комисиска седница, на која сведочеше Димовски, се слушал во позадина на јутуб-преносот од пленарната седница на Собранието, која беше во тек. По ова, седницата беше одложена, а преносот од Собранието е исклучен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-ja-cheka-istragata-na-mvr-za-da-informira-koj-e-odgovoren-za-tajnoto-snimanje-na-direktorot-na-anb/feed/ 0
„Виктор Димовски нема да биде амбасадор во Париз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/#respond Fri, 18 Nov 2022 18:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=763126

Пендаровски оцени дека ова е голем удар врз кредибилитетот на АНБ, на Владата, на претседателот и на државата воопшто. Тој рече дека или за овој случај ќе извлечеме одговорност до крај или повеќе нема да не гледаат со исти очи. Ако се утврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, е одговорен за издавањето македонско државјанство на Олександр Онишченко, нема да оди амбасадор во Париз. Но, ако се покаже дека од луѓето во четирите сектори во АНБ, некој од нив е кабает, тој мора да биде сменет и да понесе одговорност. Ова вечерва го порача претседателот Стево Пендаровски, во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24. Претседателот рече дека во случајот треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ, каде постојат четири сектори. „Три се функционални, имаат засебна област во која работат. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Тука имаме посебни тимови кои работат со сите, но најмногу со трите – четирите најсилни служби на земјите-членки на Алијансата. Ако е точно тоа што го знам, дека од сите тие сектори во АНБ, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ, на Владата, претседателот, државата, членката на НАТО“, смета Пендаровски. За да знаете дека Онишченко е на црната листа на САД, наведе тој, не мора формално да ги прашувате ЦИА или ФБИ бидејќи црната листа е податок што е јавно објавен на интернет. Или ќе извлечеме одговорност од овој случај до крај, смета Пендаровски, или нема да не гледаат со исти очи. „Ние мораме да ја извлечеме одговорноста до крај во рамки на овој случај, бидејќи е недозволено државата која има направено, дадено огромен придонес, мислам на САД, од нашата независност до денес, и денес, имаме документ од 2008 потпишан, ова лето го обновивме. Ако човеков се мешал во нивните внатрешни избори и работи кои се надвор од законот и е ставен на листа на санкции, популарно црна листа, со кои очи ние ќе излеземе пред Американците и ќе кажеме од утре повторно да соработуваме. Или ќе го извлечеме до крај процесот на одговорност по сите овие четири сектори или ви велам нас нема да нè примат, со исти очи нема да не гледаат ако не го направиме тоа“, рече Пендаровски. Тој кажа дека до него, а најверојатно и до Владата, имало реакции од амбасадата на САД од каде прашувале како е можно тоа да се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/feed/ 0