виктор паунов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 17:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виктор паунов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Паунов: Ние како општина правиме се што е во наша моќ за да се задржат граѓаните во руралните средини, но институциите воопшто не се занимаваат со овој проблем https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-nie-kako-opshtina-pravime-se-shto-e-vo-nasha-mok-za-da-se-zadrzhat-graganite-vo-ruralnite-sredini-no-institutsiite-voopshto-ne-se-zanimavaat-so-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-nie-kako-opshtina-pravime-se-shto-e-vo-nasha-mok-za-da-se-zadrzhat-graganite-vo-ruralnite-sredini-no-institutsiite-voopshto-ne-se-zanimavaat-so-ovoj-problem/#respond Tue, 19 Sep 2023 17:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=879597

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека тенденцијата на иселување продолжува и дека општините работат на задржување на граѓаните посебно во руралните средини. Но, владините институции воопшто не се занимаваат со задржување на населението. Моќта на општините не е толку голема како што е на централната власт. „Во минатото се градеа капитални проекти, инфраструктурни кои што го подобруваа животот на граѓаните, а денес имаме од страна на институциите запоставување. Токму овие институции можеби треба да се позанимаваат со задржување на населението, за да не ни се иселува. Имаме еден навистина поинаков однос по ова прашање од страна на власта. А, ние како локална самоуправа правиме се што е во наша моќ и ингеренции за да можеме да го подобриме квалитетот на животот, да ги подобриме условите на граѓаните. И во оние населени места практично каде што е критична онаа линија на целосно изумирање се обидуваме со разно разни проекти да го стимулираме истото или да го сопреме она иселување“, појасни градоначалникот Паунов. Тој укажа дека низ низа мерки општините се обидуваат да ги задржат граѓаните. Но, трендот на иселување е одамна популарен во Македонија, а особено во Источна Македонија. „Тежнееме кон подобро утре, кон подобри услови и со мерките да успееме на некој начин да ги задржиме жителите во своите огништа“, рече Паунов. Градоначалникот додаде дека општините за да се доближат до европските фондови или да имаат пристап до истите потребно е да се поедностават процедурите. „Она што е важно е да преку министерството за локална самоуправа се направат нови концепти за разработка на овие фондови, да се понуди стратегија со која што ќе можеме да аплицираме без дополнителни потешкотии. Знаете ние помалите општини од рурален карактер се соочуваме со недостатоци на административци, од стручни служби кои што се неопходни за да се подготват вакви апликации итн.“, појасни тој. Паунов посочи дека крајната цел преку искористување на ваков тип на фондови се за проекти кои што ќе значат подобрување на животот и запирање на иселување на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-nie-kako-opshtina-pravime-se-shto-e-vo-nasha-mok-za-da-se-zadrzhat-graganite-vo-ruralnite-sredini-no-institutsiite-voopshto-ne-se-zanimavaat-so-ovoj-problem/feed/ 0
Паунов: Работиме на реконструкција и доградба на подрачното училиште во Таринци старо 5-6 децении, во вредност од 15 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-rabotime-na-rekonstruktsija-i-dogradba-na-podrachnoto-uchilishte-vo-tarintsi-staro-5-6-detsenii-vo-vrednost-od-15-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-rabotime-na-rekonstruktsija-i-dogradba-na-podrachnoto-uchilishte-vo-tarintsi-staro-5-6-detsenii-vo-vrednost-od-15-milioni-evra/#respond Fri, 07 Jul 2023 10:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=853991

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме на увид на градежните активности овде во село Таринци. Се работи за голем капитален проект кој што го работиме, а проектот е реконструкција и доградба на подрачното училиште овде во Таринци, истакна Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци. -Училиште кое што беше ветено од моја страна во програмата, но и проект кој што го бараа и жителите овдека како приоритет за решавање на долгогодишниот проблем кој што, старото училиште беше постаро од пет-шест децении и го памтиме како едно руинирано и со несоодветни услови. Се работи за голем капитален проект кој што е со вредност од 15 милиони денари. Исклучително сум задоволен затоа што една мала општина како Карбинци успеа да започне и да реализира ваков голем капитален проект, кој што, пак ќе кажам, е од суштинско значење за населението овдека. Така да, ние продолжуваме да работиме посветено, продолжуваме да реализираме капитални проекти на барање на жителите, се со цел да ги подобриме условите за живот, ад го подобриме квалитетот на животот на жителите од Општина Карбинци. Само ќе споменам неколку детали во врска со актуелните активности. Паралелно со ова, работиме на неколку нови проекти. Се работи на изградба на еден нов резервоар за вода за пиење овде во село Таринци, кој што ќе опслужува повеќе населени места, поточно три населени места од општина Карбинци. Паралелно со ова работиме на три спортски терени, односно на едно спортско игралиште и две помали детски игралишта, кој што се предмет на целосна реконструкција и обнова. Во изминатиов период реализиравме неколку нови улици во делот на патната инфраструктура, кој што за нас беа исто така, исклучително важни. Во период кој што ќе следи ќе продолжиме да работиме посветено, не очекуваат многу проекти. Како што најавив и претходно, не очекува едно жешко лето кога е во прашање оваа градежна офанзива, додава Паунов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-rabotime-na-rekonstruktsija-i-dogradba-na-podrachnoto-uchilishte-vo-tarintsi-staro-5-6-detsenii-vo-vrednost-od-15-milioni-evra/feed/ 0
Паунов: Општина Карбинци добива урбан лик, од пролет и лето ќе има градежна офанзива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-opshtina-karbintsi-dobiva-urban-lik-od-prolet-i-leto-ke-ima-gradezhna-ofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-opshtina-karbintsi-dobiva-urban-lik-od-prolet-i-leto-ke-ima-gradezhna-ofanziva/#respond Wed, 01 Feb 2023 12:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=794693

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сме овде во селото Таринци, општина Карбинци да направиме увид во градежните активности кои што се случуваат во овој момент, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. -Се работи на проект за реконструкција на дел од главната улица во селото Таринци, која што е со површина од 2.600 м2 и која што вклучува комплетно санирање односно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение на самата улица. Проектот е со вредност од 8 милиони денари и е финансиран делумно од страна на Бирото за регионален развој, а остатокот или конфинасирањето поголемиот дел исто така е од страна на Општина Карбинци. Се надевам искрено дека со реализацијата денес, со завршувањето на овој проект ќе успееме да го доловиме она односно она што го ветувавме во минатото да го реализираме и да го оствариме кон жителите овде. Ја подобруваме инфраструктурата со тоа што жителите овде повеќе нема да газат кал, нема да одронети остатоци од асфалт, туку ќе имаме комплетно нова инфраструктура и еден урбан лик на селото Таринци овде во општина Карбинци. Покрај ова само ќе напоменам на кратко дека се во тек неколку нови проекти кои што заедно со службите ги изработуваме техничките документации и многу наскоро следи нивна реализација. Се работи за неколку нови улици во повеќе населени места, селото Радање ќе добие две нови улици, селото Долни Балван исто така една нова улица и неколку други кои што ќе следат во текот на годината, истакна Паунов. Значи да сумирам нѐ очекува една би рекол бурна пролет, и едно жешко лето кога е во прашање градежната офанзива во општина Карбинци, додаде Паунов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-opshtina-karbintsi-dobiva-urban-lik-od-prolet-i-leto-ke-ima-gradezhna-ofanziva/feed/ 0
Паунов: Обезбедени се 1 милион денари за реконструкција на земјен пат во атарот на село Таринци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedeni-se-1-milion-denari-za-rekonstruktsija-na-zemjen-pat-vo-atarot-na-selo-tarintsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedeni-se-1-milion-denari-za-rekonstruktsija-na-zemjen-pat-vo-atarot-na-selo-tarintsi/#respond Wed, 25 Jan 2023 16:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=791851

Градоначалникот на оштина Карбинци преку статус на Фејсбук пишува дека обезбедени се 1 милион денари за реконструкција на земјен пат во атарот на село Таринци. „По реконструкцијата на неколку полски патишта во нашата општина продолжуваме понатаму, обезбедени се финансиски средства во висина од 1.000.000 денари од страна на АФПЗРР за реконструкција на земјен пат, тампонирање во атарот на село Таринци. Со овој проект ќе го подобриме пристапот до земјоделските површини и околните фарми. Постапката ќе започне за избор на изведувач а веднаш по изборот ќе се започне со реализација“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedeni-se-1-milion-denari-za-rekonstruktsija-na-zemjen-pat-vo-atarot-na-selo-tarintsi/feed/ 0
Скандал откриен во Карбинци: Неконтролирано се трошело гориво за службените возила на претходната локална власт https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/#respond Thu, 29 Dec 2022 18:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=782300

На денешната седница на совет на општина Карбинци обелоденивме скандал за работењето на претходната власт на кој никој од СДСМ нема одговор, открива градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов. -Во период на избори од општина Карбинци неконтролирано се трошело гориво за службените возила на општината. Имено, ќе дадам само еден пример: 632,5 литри нафта за време на викенд во неработни денови каде е фактурирано на возилото „Багер“ кое има максимален капацитет од 140л. а потпишано од директорот и поранешниот градоначалник. Многу нелогичности се во прашање. Дали овде има очигледна злоупотреба? Како може едно возило за помалку од 24ч. да потроши речиси 1 тон нафта? Како се трошело народни пари и за какви цели пресудете сами, а одговорноста наскоро и ќе ја има, порача тој.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/feed/ 0
Паунов: ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/#respond Mon, 26 Dec 2022 15:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=780704

ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска, вели во интервју за Курир градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов. Како општина Карбинци ја помина календарската 2022 година? - Во Карбинци оваа година беше полна со предизвици, проекти, градежна офанзива во текот на целата година и многу реализирани и завршени проекти. Кои проекти би ги издвоиле како најважни за годината што изминува? - Општина Карбинци реализираше повеќе од 5км улици со асфлат, клучниот проблем со мостот кај село Долни Балван е саниран во помал период од 1 год. речното корито на Козјачка река во должина од 140м во село Карбинци и многу други важни проекти за нашата општина иако не зафати голема енергетска криза успејавме да го реализираме планираното. Како Карбинци се справуваше со оваа енергетска криза? - Знаете дека најголемиот предизвик во првата година од овој мандат е токму овој проблем за електричната енергија. Успејавме да ставиме под контрола со мерки кои ги воведовме заедно со општинската администрација. Но она што не успејавме како општини е токму преку ЗЕЛС каде што сум член на УО, по интензивни разговори и состаноци на УО резултатот е катастрофален. Претседателството на ЗЕЛС незаинтересирано цела година без воопшто да присуствуваат на поголем дел од седниците придонесе да општините сами доваѓаат до решенија. Кои се предизвиците за во иднина во 2023 година? - Многу проекти кои веќе ги имаме во програмата и буџетот. Клучно ќе биде училиштето во село Таринци како капитален проект, канализирањето на каналот во Долни Балван и многу улици кои ќе бидат во програмата за асфлатирање. Вие сте и дел од Управниот одбор на ЗЕЛС, како ја оценувате работата на ЗЕЛС за изминатата 2022 година? - ЗЕЛС практично ништо не реализираше. На чело со Арсовска општините не може да се надеваат на позитивни резултати на ЗЕЛС. Игнорантскиот однос и незаинтересираноста не доведе до изгубено време цела една година. ЗЕЛС бара заложби, и тврди ставови за борба која ја очекуваат општините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/feed/ 0
Паунов: Започна реконструкцијата на една од главните улици во село Таринци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-edna-od-glavnite-ulici-vo-selo-tarinci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-edna-od-glavnite-ulici-vo-selo-tarinci/#respond Wed, 30 Nov 2022 16:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=768990

Градоначалникот на општина Карбинци преку статус на Фејсбук пишува дека започнала реконструкцијата на една од главните улици во село Таринци. -Денес започнуваме со реконструкција на една од главните улици во село Таринци. Атмосверска канализација и тротоарско решение се дел од проектот. Преку Бирото за регионален развој се обезбедени финансиски средства во висина од 6.169.000 денари по програмата за развој на селата. Градежна офанзива ќе продолжи и понатаму. За подобри услови во нашата општина, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-edna-od-glavnite-ulici-vo-selo-tarinci/feed/ 0
Паунов: Обезбедивме бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче во ООУ „Страшо Пинџур“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedivme-besplatno-ranche-so-uchilishen-pribor-za-sekoe-prvache-vo-oou-strasho-pindzur/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedivme-besplatno-ranche-so-uchilishen-pribor-za-sekoe-prvache-vo-oou-strasho-pindzur/#respond Mon, 22 Aug 2022 11:41:19 +0000 https://kurir.mk/?p=722019

Пред стартот на учебната година заедно со ООУ „Страшо Пинџур“ обезбедуваме бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов. За прв пат во ООУ „Страшо Пинџур“ обезбедуваме и бесплатни училишни униформи за учениците од прво до петто одделение. Општина Карбинци се залага и за помош на родителите на првоодделенчињата, средношколците и студентите од Карбинци, каде помагаме со парична помош од 3000 ден, пишува Паунов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-obezbedivme-besplatno-ranche-so-uchilishen-pribor-za-sekoe-prvache-vo-oou-strasho-pindzur/feed/ 0
Паунов: Финишира изградбата на цевководот до селото Црвулево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-finishira-izgradbata-na-cevkovodot-do-seloto-crvulevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-finishira-izgradbata-na-cevkovodot-do-seloto-crvulevo/#respond Tue, 24 May 2022 19:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=681069

Финишира и изградбата на цефководот до селото Црвулево, информира Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци. -Многу брзо ова населено место ќе добие чиста и здрава вода за пиење, проблемот кој траеше со години конечно добива решение, истакна тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-finishira-izgradbata-na-cevkovodot-do-seloto-crvulevo/feed/ 0
Паунов: Се подобрува стандардот на живеење во Карбинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-se-podobruva-standardot-na-ziveenje-vo-karbinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-se-podobruva-standardot-na-ziveenje-vo-karbinci/#respond Wed, 04 May 2022 09:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=671597

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и делот од раководството на партијата сме на увид изградбата во индустриската зона во општина Карбинци односно во индустриската зона во близина на селото Таринци, истакна денеска Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци. Рече дека се работи за две улици и два крака за целосно инфраструктурно уредување. Тоа подразбира асфалтирање на овие нови улици, со тротоарско решение и со атмосферска канализација. Како што посочи се работи за проект кој што е финансиран буџетот на Општина Карбинци во износ од 9 милиони денари и е од суштинско значење и би рекол за овој дел. -Се надевам дека со ова финиширање ќе ги допуштиме оние услови би рекол кои што ги заслужуваат инвеститорите во овој дел. Инаку се работи за индустриска зона која што веќе има отпочнато инвеститори да градат и се надевам дека во идно време и целосно ќе биде изградена.Да најавам во склоп на сето ова се работи и на неколку други клучни проекти во општина Карбинци. Имено, се асфалтираат во овој момент и други две улици, претходните денови се завршија неколку улици кои што се од суштинско значење за населението. И практично со вие проекти ја заокружуваме онаа рано пролетна офанзива која што ја најавуваме во минатото. Паралелно на сето ова во идно време започнуваме со изградба на три нови игралишта, да ги најавам тоа е игралиштето, ново игралиште во село Крупиште, реконструкција на помалото спортско игралиште во село Карбинци и една нова асфалтна површина во селото Кучица во Кочовискиот регион, истакна Паунов. Така да со овие проекти продолжуваме да го подобруваме стандардот и животот на жителите во општина Карбинци затоа што навистина го заслужуваат тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunov-se-podobruva-standardot-na-ziveenje-vo-karbinci/feed/ 0