Виктор Соколовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 05:55:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Виктор Соколовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба на фотографии „Stolen moments“ од Виктор Соколовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-na-fotografii-stolen-moments-od-viktor-sokolovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-na-fotografii-stolen-moments-od-viktor-sokolovski/#respond Tue, 25 Apr 2023 05:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=827145

Во Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложба на фотографии од Виктор Соколовски насловена „Stolen moments“. Фотографот Виктор Соколовски ќе ѝ се претстави на публиката со деветтата самостојна изложба на фотографии, од 25 април до 4 мај, во салата Империјал 2, во Културно-информативниот центар. На оваа изложба се претставува со серија портретни фотографии од концерти. Соколовски е љубител на музиката и фотограф што со децении фотографира на „Скопскиот џез-фестивал“, „ОФФест“ и на слични музички и културни манифестации во земјава и регионот. Станува збор за огромен број фотографии - најчесто портрети на музичари, напревени за време на концертите на кои присуствувал како гледач, но и како фотограф дописник, за еден од најреномираните портали за култура во регионот - SEECULT од Белград. Соколовски е инаку магистер по геодезија а со фотографија се „заразува“ во детството, на курсевите организирани од Народна техника. Пред публиката првпат самостојно се претставил во Скопје, во 2007 година, во винотеката „Темов“, каде што изложил 200 фотографии, претежно портрети на музичари и гости направени за време на „свирки“ во овој своевремено култен ноќен клуб. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-na-fotografii-stolen-moments-od-viktor-sokolovski/feed/ 0