виктор стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Oct 2023 11:25:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виктор стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/#respond Sun, 01 Oct 2023 11:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=883819

Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата. – Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои подоцна се користат како уцена за родителите за изјаснување како Бугари, стои во соопштението на друштвото. Реагирајќи на „невидената агресивност на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија, цениме дека властите во Република Албанија треба да изнајде начини да ги заштитат македонските жители, кои со децении се лојални граѓани на албанската држава“. – Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малцинство во Република Албанија, се наведува понатаму. Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху и координаторот за Округот Елбасан, Елса Џелили, уште се додава дека „ширејќи невистини и провоцирајќи со говор на омраза, Стојанов предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ во Република Албанија во време на попис, а со тоа го загрозува и националниот суверенитет на Република Албанија“. Како што самиот Стојанов објавува на социјалните мрежи, деновиве тој престојувал во областа Голо Брдо, како и во Либражд каде делел таблети и тетратки со ликови, како што наведува големите бугарски владетели. Тој претходно упати закана до Македонците, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши а оние кои аплицирале никогаш нема да добијат бугарско државјанство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/feed/ 0
Стојанов се закани со одземање на бугарските пасоши на жителите на Пустец кои нема да се попишат како Бугари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-se-zakani-so-odzemane-na-bugarskite-pasoshi-na-zhitelite-na-pustets-koi-nema-da-se-popishat-kako-bugari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-se-zakani-so-odzemane-na-bugarskite-pasoshi-na-zhitelite-na-pustets-koi-nema-da-se-popishat-kako-bugari/#respond Fri, 22 Sep 2023 06:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=880540

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов се закани со одземање на пасошите на сите жители на Пустец, Албанија доколку на пописот што е во тек, не се попишат како етнички Бугари. Тој појаснува дека доколку тамошните жители, се во процедура за пасош, таа ќе им биде прекината, со што испрати притисок и закана. Стојанов додава дека веќе има еден таков живот. Амбасадорот на Бугарија во Република Албанија, Ивајло Киров, допатувал во Пустец, во време кога во Албанија се одржува пописот на населението и домаќинствата и граѓаните ќе бидат прашани и за нивната етничка припадност. Потпретседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Ефтим Митревски оваа посета ја оценил како мешање и форма на притисок и оти „не е нормално на ваков начин Бугарија да се меша во внатрешните работи на Албанија“. Претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани исто така информира дека бугарскиот амбасадор ги убедувал Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди – таблети и телефони. Свое видување искажа и Никола Ѓурѓај, уредник на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија. Според него, секому му е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. -Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако, ги насочува сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа, вели Ѓурѓај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanov-se-zakani-so-odzemane-na-bugarskite-pasoshi-na-zhitelite-na-pustets-koi-nema-da-se-popishat-kako-bugari/feed/ 0
ФОТО: Пендиков и Стојанов: Мора да гледаме од Софија, оти имаме забрана за Македонија, нашата земја бугарска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/#respond Thu, 27 Jul 2023 20:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=860932

Христијан Пендиков, кого јавноста го запозна по нападот во Охрид, и претседателот на бугарска фондација „Македонија“ Виктор Стојанов денеска преку фотографија информираат дека натпреварот меѓу Шкупи и Левски мораат да го гледаат од Софија. Тие додаваат дека мораат така бидејќи имаат забрана за влез во Македонија. „Левски значи Слобода! 1:0 во Скопје. Приморани сме да гледаме од Софија дека ни забрануваат влез во Македонија. Во нашата бугарска земја!“, напиша Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/feed/ 0
Пустец ќе добие бугарски клуб на денот на големите просветители „Св. Кирил и Методиј“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/#respond Tue, 23 May 2023 06:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=837743

На утрешниот голем празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во село Пустец во Република Албанија каде што живеат само Македонци ќе биде отворен бугарски клуб. Ваквата информација преку социјалните мрежи ја објави претседателот на така наречената бугарска фондација „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов. -Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук. Ова не претставува ништо друго, освен провокација и обид за асимилација на македонското малцинство во Албанија велат мештаните, а ваквите активности се засилиле токму по потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година. Мештаните тврдат дека на терен засилено се работи и пропагира бугарска идеологија и наголемо се издаваат пасоши на Македонците во Албанија. -Тоа не е никава тајна, после потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, бугарските активности во Албанија, а особено во Мала Преспа се засилија. Невработеноста и условите за живот ги тераат младите излезот да го бараат надвор од Албанија, а најлесен иззбор во моментов е бугарскиот посош со кој можат да патуваат и работаат низ Европа. На сите им е јасно, а особено и на оние кои го пропагираат ова дека во Албанија нема Бугари и дека единствениот интерес на сите жители од економски причини е токму пасошот кој им отвора можности на младите да се иселат и да работат во некои од странските земји, велат мештаните. Инаку, договорот кој го потпишаат Македонија и Бугарија требаше да ги реши отворените прашања помеѓу двете земји, но истиот не само што не ги реши туку и ги продлабочи, притоа зголемувајќи ги бугарските барања кон Македонија, и стана главна пречка на патот на нашата земја кон ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0
МВР ќе разговарале со обвинител па ќе одлучеле: Ќе одговара ли Виктор Стојанов кривично за заканата кон македонскиот полицаец?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ke-razgovarale-so-obvinitel-pa-ke-odluchele-ke-odgovara-li-viktor-stojanov-krivichno-za-zakanata-kon-makedonskiot-politsaets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ke-razgovarale-so-obvinitel-pa-ke-odluchele-ke-odgovara-li-viktor-stojanov-krivichno-za-zakanata-kon-makedonskiot-politsaets/#respond Sun, 05 Feb 2023 14:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=796366

МВР ќе се координара со јавен обвинител па ќе одлучи дали ќе поднесе кривична пријава против Виктор Стојанов, кој вчера со објава на Фејсбук, упати директна закана кон еден македонски полицаец и неговото семејство. Во одговор за Алфа дали планираат да поднесат кривична пријава за Стојанов или да побараат тоа да го стори бугарското МВР, потсетуваат дека тој веќе имал забрана за влез во Македонија, поради неговото претходно делување и упатените закани и навреди кон македонскиот народ и правниот поредок. -Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со Јавен обвинител ќе ги преземе сите неопходни мерки во врска со заканите и омаловажувањето упатени кон полицискиот службеник од страна на бугарскиот државјанин В.С. во врска со вчерашниот настан на Деве Баир, велат од МВР за Алфа. Инаку, првиот човек на бугарската Фондација „Македонија“ нудеше пари да дознае информации за името и за семејството на полицаецот- граничар од Деве Баир, што може да се сфати како закана по животот на полицискиот службеник и неговото семејство, но и поттикнување на говор на омраза. -Давам 200 евра за името и семејството на овој македонски полицаец, напиша Стојанов на Фејсбук. Оваа објава изчезна од Фејсбук, но не била избришана од Виктор Стојанов. Тој за Алфа вели дека постот му бил избришан од самата социјална мрежа, а добил и забрана за објавување. -Фејсбук ми ја избриша објавата. Фејсбук рече дека мојата објава ги прекрши нивните правила и мојот профил беше забранет на 2 дена, вели за Алфа Стојанов. Во својата претпоследна достапна објава на Фејсбук Стојанов бара Бугарија да и воведе економски санкции, но и други ограничувања на Македонија, поради случувањата вчера. -Бугарија треба да ја разгледа можноста за воведување економски санкции и ограничувања на Северна Македонија додека Скопје не ја преиспита својата политика и однесување кон бугарската држава, бугарските граѓани и нејзините граѓани со бугарски идентитет, пишува Стојанов. Виктор Стојанов на македонската јавност и стана познат по провокациите кон Македонија и Македонците. Тој покрај од својот профил често ги испраќа и од страната на неговата Фондација „Македонија“, која според информациите дава и 30 евра месечно ако одлучите да учите бугарски јазик. Оваа организација често на својата Фејсбук страна објавува постови со провокации кон нас. Еден од нив е и географска карта каде се избришани границите меѓу двете држави, а Македонија е претставена како бугарска територија. Провокациите од организацијата предводена од Виктор Стојанов, не се никаква новост. Па од нивна страна беше поставено и бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје. Со тоа, освен серија закони кои ги прекршува со совето пропагандно дејствување, Фондацијата го прекршува и Законот за здруженија и фондации, бидејќи јасно и недвосмислено повикува на уривање на македонскиот уставен поредок и на нарушување на македонските суверенитет и независност.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ke-razgovarale-so-obvinitel-pa-ke-odluchele-ke-odgovara-li-viktor-stojanov-krivichno-za-zakanata-kon-makedonskiot-politsaets/feed/ 0