викторија николова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 13:16:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png викторија николова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, за ситни кривични дела ги ставате по 3-4 години затвор, за човечки живот – око не ви трепнува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-zaginatata-viktorija-do-sudiite-ja-ubivte-vie-povekje-od-ubiecot-za-sitni-krivichni-dela-gi-stavate-po-3-4-godini-zatvor-za-chovechki-zivot-oko-ne-vi-trepnuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-zaginatata-viktorija-do-sudiite-ja-ubivte-vie-povekje-od-ubiecot-za-sitni-krivichni-dela-gi-stavate-po-3-4-godini-zatvor-za-chovechki-zivot-oko-ne-vi-trepnuva/#respond Tue, 12 Jul 2022 13:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=703906

Откако Апелација ја зголеми казната затвор за возачот кој ја прегази Викторија Николова кај „Сити мол“, за семејството на загинатата, таа е убиена по третпат. Таткото Славе Николов вели дека тие бараат правда – но не наоѓаат, бараат утеха – но и таа не ја наоѓаат, ја бараат Викторија – и неа ја нема. „Викторија во рок од 5 месеци убиена трипати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“ – посочува тој. Според него, сега се дозволува одново лудување по улиците. „Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!! Дојдете 1 ден, само 1 ден, во очи погледнете не, очи ќе ви преговорат дека ние не по наша желба го минеме овој пат, ние не по наша желба сакавме да ја искусиме горката правдина, ние не по наша желба ја изгубивме нашата Викче. Ни ја зедоа, ја нема, ја убија, а вие ја докусуривте!!“, додава таткото на Викторија. Тој додава: „Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!!“. „На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!! Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга “Ниедна мајка да не виде јас што доживев” уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!! Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се е совршено“ – додава таткото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-zaginatata-viktorija-do-sudiite-ja-ubivte-vie-povekje-od-ubiecot-za-sitni-krivichni-dela-gi-stavate-po-3-4-godini-zatvor-za-chovechki-zivot-oko-ne-vi-trepnuva/feed/ 0
Апелација ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apelacija-ja-zgolemi-kaznata-na-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apelacija-ja-zgolemi-kaznata-na-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-kaj-siti-mol/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=703892

Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена. - Одредени се четири години затворска казна, велат од Апелација. Претходно, Кривичен суд одреди тригодишна затворска казна за возачот Јродан Ѓоргиев. Судијката Љубинка Башевска ја изрече казната по само едно рочиште, на кое обвинетиот ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шутка. Според судијката, Ѓоргиев не се придржувал на прописите за сообраќајот, не обрнал внимание на пешаците, а возел и со недозволена брзина. Сообраќајката во која загина 24-годишната Викторија Николова, а нејзиното момче Леонид Даов беше повреден се случи на 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“. Возачот Јордан со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, удри во двајцата пешаци кои поминувале улица. Според обвинението, возачот не обрнал внимание дека семафорите се исклучени, со тоа, иако бил должен, тој не ги пропуштил пешаците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/apelacija-ja-zgolemi-kaznata-na-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-kaj-siti-mol/feed/ 0
Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-semejstvoto-i-bliskite-na-zaginata-viktorija-nikolova-protiv-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-semejstvoto-i-bliskite-na-zaginata-viktorija-nikolova-protiv-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/#respond Fri, 15 Apr 2022 09:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=663511

Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, денеска организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години. Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата. Сестрата на загината Викторија, Лилјана Николова, на денешниот протест читајќи ја пораката упатена до судските власти, рече дека бараат повторно и повторно правда за неправедната пресуда за целата неправда која им била нанесена и се уште им се нанесува. – Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која не боли до коска и оваа пресуда од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да не нема. Како да се кријат во нивните удобни фотелји, а трњата ние ги газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, девојка, другарка. Бараме нова пресуда со реални очекувања, зошто нема да запреме овде. Доста беше оваа тортура и ова лудило. Слушнете го нашиот глас зошто за вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет, рече Лилјана Николова. Правниот застапник на семејството Николови, адвокатот Владимир Михајловиќ, изјави дека на улица се излезени за да се слушне гласот на народот, затоа што нема владеење на правото и затоа што „на местото на Викторија утре може да биде секој од нас“. – Во законски рамки така поставен обвинителен акт каде што делото се окарактеризирува со умисла, каде што казната е од четири до 20 години, каде што нема ниту еден процент придонес на пешаците по она што е вештачење, по она што е видео-снимки, по она што е прибрано како докази, ние имаме казна под законскиот минимум. Затоа сметаме дека тоа е апсолутна неправда, затоа сметаме дека Апелација треба да ги слушне и гласот на народот и се разбира, да го слушне и види она што се докази во постапката, рече адвокат Михајловиќ. Воедно, тој додаде дека од Апелацискиот суд очекуваат повисока казна во рамки на Законот и дека никој не бара нешто повеќе. – Ние бараме правдина. Реална казна и она што следува по Закон без претходно да има лицитација. Нашиот почеток на цела постапка беше во мирен процес, останува во мирен процес затоа што мора да веруваме во правда. Еве ја немаме во првиот дел на постапката, затоа апелираме Апелација реално да ги погледне сите факти, да ги погледне сите околности, да ја види страната на оштетените, а не да стане обвинетиот одеднаш жртва и да пресуди така што истата пресуда ќе биде превенција за следни такви немили настани по улиците на Македонија, изјави Михајловиќ. Пресудата за трагичната сообраќајна несреќа кај „Сити мол”, беше објавена во понеделник. Во меѓувреме од Јавното обвинителство соопшти дека првостепената пресуда е обжалена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-semejstvoto-i-bliskite-na-zaginata-viktorija-nikolova-protiv-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/feed/ 0
ВО ПЕТОК: „Правда за Викторија“, протест пред Кривичен суд по изречената пресуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-pravda-za-viktorija-protest-pred-krivichen-sud-po-izrechenata-presuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-pravda-za-viktorija-protest-pred-krivichen-sud-po-izrechenata-presuda/#respond Wed, 13 Apr 2022 11:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=662388

Во петокот со почеток од 10 часот пред Кривичниот суд во Скопје се организира протест „Правда за Викторија“. Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден. Во креираниот настан на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека „Викторија и Леонид не добија пресуда која е правична и праведна“. -Немаме владение на правото, немаме спокој на душите. Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00ч Ве повикувам пред Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата, стои во повикот објавен на Фејсбук. Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство. 23 годишниот возач пред судот претходно ја призна вината и изрази каење. Судот, како што беше објаснето, при донесување на пресудата за олеснителна околност ги земал неговата возраст, тоа што прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-pravda-za-viktorija-protest-pred-krivichen-sud-po-izrechenata-presuda/feed/ 0
Сестрата на загинатата Викторија Николова со неутешен статус по срамната пресуда: Довербата е загубена, мојата сестра исто така! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sestrata-na-zaginatata-viktorija-nikolova-so-neuteshen-status-po-sramnata-presuda-doverbata-e-zagubena-mojata-sestra-isto-taka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sestrata-na-zaginatata-viktorija-nikolova-so-neuteshen-status-po-sramnata-presuda-doverbata-e-zagubena-mojata-sestra-isto-taka/#respond Tue, 12 Apr 2022 13:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=661880

Сестрата на младата Викторија Николова која загина на пешачкиот премин кај Сити Мол по вчерашната пресуда на возачот кој ја усмрти нејзината сестра се огласи на социјалната мрежа Фејсбук со потресен статус. Таа во него како и нејзините родители вчера го искажува гневот кон судската пресуда и нашата држава од која нејзиниот татко вчера рече дека е згрозен. „Нема утеха! Ниту вчера ниту денес, ниту пак утре! Довербата е загубена, мојата сестра исто така! Како да објаснам и да кажам дека чувството е црно,морничаво! Гневот голем,солзите уште поголеми! Незнам дали некој ја земал во предвид нашата болка! Очигледно НЕ! Еве земајќи ги во предвид сите околности по оваа пресуда под сите критериуми ние сме оцрнети цела фамилија! Не страда само еден, страдаме сите! Мајка ми, татко ми, сестра ми, нејзиниот сопруг, внуците, момчето на Викторија, јас! Кој те чека тебе убиец на сестра ми?! Никој! Така кажаа! Животот е пред тебе! Со ова пресуда имаш ветар во грб! Имаат сите потенцијални убијци! Но во предвид се земаат олеснителните околности за убиецот, кои што не се споредуваат со нашите, тој не можел да спие, не бил комуникативен, примал лекови, дали некој не праша како ни е на нас? Примал лекови, што да кажам за мојата мајка дали се запрашал колку лекарства таа прима, колку инекции, а да не сте и во кожа каква траума поминува после пресудата? Тој бил млад имал трауми, јас немам нели? Ама се што се зборува се зборува за него, тој е изгорениот во овој случај. Си ја признава вината, му е криво, но сакаа да му се ублажи казната, тоа ли е човек, тоа ли е судство? Посакувам само за миг да можат на своја кожа да осетат како печат тие олеснителни околности и дали толку лесно ќе се изречат ако се работи за нивното чедо! Дали толку ладнокрвно тој млад живот во затвор ќе ги замени со младиот живот во гроб! Срам за сите, голем срам за таа држава за тие органи што недај Боже да им паднеш во раце! Немаше да бидеме задоволни и со 15 години, да немаше! Но болката ќе беше малку помала.. Утеха дека има мала надеж за оваа судство! Но сега еве тврдиме дека нема!!!! Еден живот згасна, друг живее но механички! Тоа сме ние! Нашата мака е огромна и со неа можеби спиете мирно! Можеби не! Ако има некој совесен, изгорен да сфати колкава е таа болка немаше да биде така! Можеме ние но сите заедно да му покажеме на овој систем дека со вакви пресуди го ризикуваат и својот и животот на нивните блиски зошто стануваат потенцијални жртви на сообраќајно насилство! Престанете со тие олеснителни околносто за дела кој донеле смрт! Олеснете го обрачот на народот да почне да ви верува и да не се сомнева за вашите одлуки дека биле донесени под други околности! Крајот е блиску но не е тука! Покажете ни дека има уште една светла точка во овој мрак и овие три години фрлете ги исто како да не сте ги кажале! Зошто срамот е ваш! А со срам не се живее, се ПРЕЖИВУВА!!“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sestrata-na-zaginatata-viktorija-nikolova-so-neuteshen-status-po-sramnata-presuda-doverbata-e-zagubena-mojata-sestra-isto-taka/feed/ 0
ЗГРОЗЕН СУМ ОД ОВАА ДРЖАВА И СУДСТВО – се огласи таткото на загинатата Викторија, мајката се гушеше во солзи! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-i-sudstvo-se-oglasi-tatkoto-na-zaginatata-viktorija-majkata-se-gusheshe-vo-solzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-i-sudstvo-se-oglasi-tatkoto-na-zaginatata-viktorija-majkata-se-gusheshe-vo-solzi/#respond Mon, 11 Apr 2022 09:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=661195

Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова. Згрозени од оваа пресуда се родителите на двете семејства и на Викторија и на момчето на Викторија, Леонид Даов. Додека мајката на загинатата девојка се гушеше во плач, таткото рече дека никој нема доверба во ова судство. „Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-i-sudstvo-se-oglasi-tatkoto-na-zaginatata-viktorija-majkata-se-gusheshe-vo-solzi/feed/ 0
3 години затвор за возачот Јордан Горгиев кој ја прегази Викторија Николова од Радовиш кај Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/3-godini-zatvor-za-vozachot-jordan-gorgiev-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-od-radovish-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/3-godini-zatvor-za-vozachot-jordan-gorgiev-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-od-radovish-kaj-siti-mol/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=661164

Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова. Советот ги имаше предвид сите отежителни и олеснителни околности. Околност што возилото било поголема за 17,3 км на час, општествената опасност од сторување на кривичната одговорност како и зачестеноста на овие кривични дела, дека е изгубен човечки живот. Горгиев го призна делото и изрази каење. -Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за сообраќајната несреќа кај Сити мол. Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години. Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/3-godini-zatvor-za-vozachot-jordan-gorgiev-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-od-radovish-kaj-siti-mol/feed/ 0
„Се чувствувам виновен и се каам“ – го призна делото возачот кој ја прегази Викторија Николова кај Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/#respond Wed, 06 Apr 2022 09:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=659118

Јордан Ѓоргиев, возачот кој во сообраќајна несреќа кај Скопје Сити Мол ја усмрти Викторија Николова на пешачки премин, денеска призна вина во Основниот кривичен суд. -Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Ѓоргиев. Потоа по признанието на вината Ѓоргиев седна на обвинителното столче и гледаше надолу додека чекаше сите вклучени во постапката да се изјаснат. Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди. Според обвинението, Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, не застанал иако видел дека има пешаци и ја прегазил Викторија. Она што е познато од денешното рочиште е тоа што семејството Николови нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија, додека Леонид Даов, момче на починатата Викторија, ќе бара имотно правно побарување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/feed/ 0
Поднесено обвинение против возачот кој ја усмрти Викторија Николова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-vozachot-koj-ja-usmrti-viktorija-nikolova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-vozachot-koj-ja-usmrti-viktorija-nikolova/#respond Fri, 18 Feb 2022 12:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=633136

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот, објаснуваат од Овинителството. Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. -Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница. Имајќи ја предвид тежината на кривичното дело кое му се става на товар на обвинетиот и другите околности, јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор, стои во соопштението на Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-vozachot-koj-ja-usmrti-viktorija-nikolova/feed/ 0
Се вљубивме пред четири години, сонуваше да стане професор: Момчето на прегазената Викторија си ја отвори душата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vljubivme-pred-chetiri-godini-sonuvashe-da-stane-profesor-momcheto-na-pregazenata-viktorija-si-ja-otvori-dushata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vljubivme-pred-chetiri-godini-sonuvashe-da-stane-profesor-momcheto-na-pregazenata-viktorija-si-ja-otvori-dushata/#respond Wed, 02 Feb 2022 11:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=625890

Нашата љубовна приказна започна пред четири години. Се запознавме преку заеднички пријатели. По неколку дружби и забави, решивме да бидеме во врска, открива Леонид Даов, момчето на 24-годишната Викторија Николова која на 20 јануари беше прегазена кај „Сити мол“. Во искрено интервју за „Женски магазин“ тој отворено зборува за својата девојка. „Дипломираше на филолошки факултет, отсек англиски јазик во Штип, со најголем просек во генерацијата. Беше запишана на магистерски студии. Работеше секое лето по програмата за размена на студенти во Германија. Сакаше да ги заврши магистарските студии и сонуваше да стане професор по англиски јазик. Планираше повторно работа во Германија. Во план ни беше и прво заедничко патување“, раскажува Даов, студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vljubivme-pred-chetiri-godini-sonuvashe-da-stane-profesor-momcheto-na-pregazenata-viktorija-si-ja-otvori-dushata/feed/ 0