вил смит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 16:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вил смит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Тој бес кој беше во мене, тоа не сум јас“: Вил Смит за прв пат откри детали од инцидентот на Оскарите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-bes-koj-beshe-vo-mene-toa-ne-sum-jas-vil-smit-za-prv-pat-otkri-detali-od-incidentot-na-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-bes-koj-beshe-vo-mene-toa-ne-sum-jas-vil-smit-za-prv-pat-otkri-detali-od-incidentot-na-oskarite/#respond Thu, 01 Dec 2022 16:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=769148

Како дел од турнејата за промоција на новиот филм „Emancipation“, актерот Вил Смит го даде своето прво интервју по церемонијата на Оскарите каде му удри шлаканица на колегата комичар и актер Крис Рок. Вил беше гостин во новата епизода на „Дејли шоу“ во понеделникот кога водителот Тревор Ноа го праша за инцидентот. За време на интервјуто, актерот признал што го предизвикало неговиот гнев вечерта на Оскарите кога го удрил Рок. Покрај тоа, тој откри дека дома го пречекал неговиот внук (9) кој го прашал: „Вујко Вил, зошто го удри тој човек?“, пишува Дејли Мејл. – Остана буден да ме пречека. Седевме во кујната, тој ми беше во скут и ја држеше статуата на Оскар. Одеднаш ме праша: “Зошто го удри тој човек, вујко?” – рече Вил. Актерот потоа зел марамче, ја погледнал водителката и се пошегувал: – Се обидуваш да ме здробиш како Опра. Беше хаос, разбирам. Не сакам премногу да навлегувам во таа тема за да не ме разберат луѓето погрешно – додаде тој. Водителот и оскаровецот потоа го коментираа неговиот нов филм, за што Ноа заклучи дека долго време не го видел Вил во јавност. Актерот потоа повторно ја допре темата. – Страшна вечер, како што можете да замислите. Има сложена приказна зад тоа, но на крајот на денот вистината е дека само се изгубив. Таа вечер поминував низ нешто, иако тоа не го оправдува моето однесување. Имаше многу работи вклучени. Се претворив во мало момче кое гледа како татко му ја тепа мајка си. Сето тоа се појави во еден момент, но тоа не беше личноста што сакав да бидам. Изгубен сум. Тој гнев што владееше во мене го имаше долго време – изјави тој. На крајот, актерот додаде дека го убива тоа што неговото однесување на Оскарите може негативно да влијае на новиот филм „Emancipation“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-bes-koj-beshe-vo-mene-toa-ne-sum-jas-vil-smit-za-prv-pat-otkri-detali-od-incidentot-na-oskarite/feed/ 0
Вил Смит: Ќе ги разберам луѓето кои не сакаат да го гледаат мојот нов филм по шамарот на Оскарите https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-kje-gi-razberam-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-go-gledaat-mojot-nov-film-po-shamarot-na-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-kje-gi-razberam-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-go-gledaat-mojot-nov-film-po-shamarot-na-oskarite/#respond Tue, 29 Nov 2022 15:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=768353

Во едно неодамнешно интервју, Вил Смит рече дека луѓето можеби не се подготвени да го гледаат неговиот нов филм со наслов Еманципација по неговата озлогласена шлаканица на Оскарите. На 27 март 2022 година, за време на ноќта на Оскарите кои ги доделува Академијата, Вил Смит ја шокираше публиката откако го удри комичарот Крис Рок. Причината е позната, комичарот кој беше на сцената, се пошегува со избричената глава на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит. Во интервју за Good Day DC, Вил Смит рече дека ќе разбере ако луѓето не се подготвени да го гледаат неговиот нов филм по скандалот со Оскарите во 2022 година и додаде: „Целосно разбирам ако некој не е подготвен, апсолутно би го почитувал тоа, и јас ќе им дадам на луѓето простор ако сега не се подготвени“. Понатаму, актерот рече: „Мојата најдлабока грижа е мојот тим: Антоан Фуква го направи она што мислам дека е најголемата работа во целата негова кариера. Луѓето во овој тим ја направија најдобрата работа во целата нивна кариера и мојата најдлабока надеж е дека моите постапки нема да го казнат мојот тим. Во овој момент, тоа е она кон што работам“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-kje-gi-razberam-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-go-gledaat-mojot-nov-film-po-shamarot-na-oskarite/feed/ 0
„Тоа беше ужасна ноќ“: Вил Смит конечно призна дека се кае за шлаканицата на „Оскарите“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toa-beshe-uzasna-nokj-vil-smit-konechno-prizna-deka-se-kae-za-shlakanicata-na-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toa-beshe-uzasna-nokj-vil-smit-konechno-prizna-deka-se-kae-za-shlakanicata-na-oskarite/#respond Tue, 29 Nov 2022 09:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=768074

Откако извесно време остана подалеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во „Шоуто на Тревор Ноа“ заради промоција на својата нова историска драма „Еманципација“ (Emancipation). Во емисијата, меѓу другото, тој проговори и за инцидентот на „Оскарите“ кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на сцената. -Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување… Имаше многу нешта. Тоа беше „мало момче кое го гледа татко сѝ како ја тепа мајка му“… Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам!, изјави оскаровецот. Смит се потсети и на една анегдота по „Оскарите“… -Мојот внук има само девет години. Тој е најслаткото мало момче. Дојдовме дома. Тој остана буден до доцна да го види својот вујко Вил. Седиме во мојата кујна, го држам в скут, па држејќи го „Оскаров“ ме прашува: Зошто го удри тој човек, вујко?“, раскажува глумецот. Тој се кае за немилиот настан, но се надева дека тој нема да влијае на успехот на неговиот нов филм. -Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен (да го погледне филмот, б.п.). Апсолутно би го почитувал тоа и нека не биде подготвен. Но, мојата најголема грижа е мојот тим… Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава, нагласи Смит. Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на „Оскарите“. Филмот ќе се појави во американските кина оваа недела, а ќе биде достапен и на стрим-платформта „Епл ТВ плус“ почнувајќи од 9 декември.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toa-beshe-uzasna-nokj-vil-smit-konechno-prizna-deka-se-kae-za-shlakanicata-na-oskarite/feed/ 0
Крис Рок се шегува за шлаканицата на Вил Смит – Ми се врати слухот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-se-sheguva-za-shlakanicata-na-vil-smit-mi-se-vrati-sluhot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-se-sheguva-za-shlakanicata-na-vil-smit-mi-se-vrati-sluhot/#respond Sat, 14 May 2022 17:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=676760

Крис Рок, наводно, им рекол на обожавателите во Лондон дека ќе „зборува“ за инцидентот со Вил Смит на Оскарите „во одреден момент … на Нетфликс“. За време на неговиот стенд-ап настап во Лондон, 57-годишниот комичар накратко се пошегувал за „трајните последици“ од шлаканицата на Смит на Оскарите во 2022 година во март. „Добро сум, ако некој праша“, рекол Крис Рок, а пренесува британски „The Telegraph“. – Ми се врати слухот. За време на доделувањето на Оскарите, Смит излезе на сцената и го удри Рок како одговор на шегата на комичарот за избричената глава на неговата сопруга. Откако го удрил Рок, Смит се врати на своето место и извика: „Држи го името на мојата сопруга подалеку од твојата уста!“ По инцидентот, Смит – кој ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“ – јавно му се извини на Рок, велејќи дека тој „изреагирал емотивно“ бидејќи шегата за здравјето на Џејда била премногу силна за него. Актерот потоа поднесе оставка од Академијата, која исто така му забрани на Смит да присуствува на нејзините настани во следните 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-se-sheguva-za-shlakanicata-na-vil-smit-mi-se-vrati-sluhot/feed/ 0
Уловен на аеродром: Вил Смит првпат се појави во јавност по инцидентот на доделувањето на Оскарите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uloven-na-aerodrom-vil-smit-prvpat-se-pojavi-vo-javnost-po-incidentot-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uloven-na-aerodrom-vil-smit-prvpat-se-pojavi-vo-javnost-po-incidentot-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-foto/#respond Tue, 26 Apr 2022 05:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=667802

Вил Смит во саботата бил забележан на аеродром во индискиот град Мумбаи, што е негово прво јавно појавување од доделувањето на Оскарите, кога му пријде на водителот Крис Рок и му удри шлаканица откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга. Индискиот фотограф Вирал Бајани објавил кратка снимка од актерот како мавнува и им се смешка на фотографите на аеродромот во Мумбаи. Актерот исто така се фотографирал со обожавателите на аеродромот. „Hindustan Times“ објавија дека актерот престојува во хотелот „JW Marriott“ и дека ќе го напушти градот во сабота. Смит на први април ја напушти Академијата, а во своето писмо со оставката рекол: „Директно одговорив на известувањето за дисциплинската расправа на Академијата и целосно ќе ги прифатам сите последици за моето однесување. Моите постапки на 94-то доделување на Оскарите беа шокантни, болни и непростливи“.
Смит истата вечер освои награда за најдобар актер. „Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и победници им ја ускратив можноста да слават и да бидат прославени за нивната извонредна работа. Срцето ми е скршено“, рече тој. Во петокот Џејда Пинкет Смит на почетокот на новата сезона на својата емисија „Red Table Talk“, порача дека семејството Смит е фокусирано на лекување. „Со оглед на тоа што се случи во изминатите неколку седмици, семејството Смит е фокусирано на длабоко исцелување. Некои од откритијата околу нашето исцелување ќе бидат споделени кога ќе дојде времето“, објасни таа. Не е познато зошто Смит бил во Индија, но ова не е негово прво појавување во таа земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uloven-na-aerodrom-vil-smit-prvpat-se-pojavi-vo-javnost-po-incidentot-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-foto/feed/ 0
По големиот скандал со шлаканицата: Академијата денес ќе одлучи дали да му го одземе Оскарот на Вил Смит https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-golemiot-skandal-so-shlakanicata-akademijata-denes-kje-odluchi-dali-da-mu-go-odzeme-oskarot-na-vil-smit/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-golemiot-skandal-so-shlakanicata-akademijata-denes-kje-odluchi-dali-da-mu-go-odzeme-oskarot-na-vil-smit/#respond Fri, 08 Apr 2022 10:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=660255

Денес се носи одлука дали на Вил Смит ќе му биде одземен Оскарот по големиот скандал кога тој му удри шлаканица на Крис Рок. По овој непримерен чин на Оскарите, Смит се повлече од Американската филмска академија, телото кое денеска ќе одлучува за неговата судбина – дали ќе му биде одземена златната статуетка. Само неколку минути откако доби шлаканица на сцената, Смит доби Оскар за најдобар актер во главна улога за „Кралот Ричард“. Сега Академијата ќе одлучи дали ќе му ја одземе. Средбата во Академијата е закажана за денеска во 18 часот по наше време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-golemiot-skandal-so-shlakanicata-akademijata-denes-kje-odluchi-dali-da-mu-go-odzeme-oskarot-na-vil-smit/feed/ 0
Утре ќе се одлучува за судбината на Вил Смит: Одложен состанокот на Одборот на Академијата за филмски уметности и науки https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-kje-se-odluchuva-za-sudbinata-na-vil-smit-odlozen-sostanokot-na-odborot-na-akademijata-za-filmski-umetnosti-i-nauki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-kje-se-odluchuva-za-sudbinata-na-vil-smit-odlozen-sostanokot-na-odborot-na-akademijata-za-filmski-umetnosti-i-nauki/#respond Fri, 08 Apr 2022 05:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=659998

„Во интерес на сите е да се реши ова што е можно поскоро“ Одборот на Академијата за филмски уметности и науки ќе се состане утре, петок, а не на 18-ти април, како што беше претходно најавено, за да разговара за „можните санкции“ за Вил Смит, откако актерот му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите на 27-ми март. – 18-ти април е определен со калифорнискиот закон и нашите внатрешни стандарди. Бевме должни да го известиме г-дин Смит 15 дена пред состанокот на одборот на кој може да се донесе одлука за негово суспендирање или исклучување, а исто така да му дадеме можност писмено да се обрати до Одборот пет дена пред состанокот – напиша во писмо претседателот на Академијата Дејвид Рубин. Меѓутоа, откако Смит поднесе оставка од Академијата на 1-ви април, „веќе не се можни суспензија или исклучување, па веќе не важат претходно поставените рокови“. – Во интерес на сите е да се реши ова што е можно поскоро. Академијата ја продолжи истрагата за случајот откако Смит поднесе оставка. Отказот значи дека тој повеќе не може да гласа за номинираните за Оскар, но сепак може да биде номиниран, да присуствува на церемонии и да ја задржи статуата што ја доби за „Кралот Ричард“. Да се потсетиме, среде доделувањето на наградите, Смит се качи на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Набргу по инцидентот, Смит го доби својот прв Оскар и и се извини на Академијата, колегите и јавноста за претходниот инцидент, но не и на Крис Рок. Два дена подоцна му се извини на комичарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-kje-se-odluchuva-za-sudbinata-na-vil-smit-odlozen-sostanokot-na-odborot-na-akademijata-za-filmski-umetnosti-i-nauki/feed/ 0
Пристигнува „шамар“ и за Вил Смит: Дали ваквиот потег сериозно ќе ја разниша кариерата на славниот актер? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignuva-shamar-i-za-vil-smit-dali-vakviot-poteg-seriozno-kje-ja-raznisha-karierata-na-slavniot-akter/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignuva-shamar-i-za-vil-smit-dali-vakviot-poteg-seriozno-kje-ja-raznisha-karierata-na-slavniot-akter/#respond Wed, 06 Apr 2022 16:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=659314

Шамарот кој Вил Смит му го удри на Крис Рок на доделувањето на Оскарите, се чини дека полека остава последици врз кариерата на славниот актер. Смит сам отстапи од Академијата, но тој потег беше главно од симболична природа. Од друга страна, шпекулацијата која ја претставува „The Daily Beast“ која го вклучува односот помеѓу актерот и неговите агенти, би можела да биде многу посериозна. Имено, според пишувањата на овој медиум, агенцијата „CAA“ (Creative Artists Agency) сериозно размислува за прекин на соработката со Смит. Наводно во агенцијата постојат „струи“ кои се во конфликт по ова прашање. Така, Ричард Ловет, еден од најважните луѓе во агенцијата кој лично го застапува Вил Смит, сака актерот да остане кај нив, но има многумина кои би сакале да ја прекинат соработката. Факт кој на Вил Смит сигурно не му оди во прилог е дека „CAA“ наскоро ќе ја преземе конкурентската агенција „ICM“, која го застапува Крис Рок. А од рака не му одат ни некои други околности од минатото на агенцијата и светот на шоубизнисот. Пред неколку години, „CAA“ се најде во проблеми поради скандалот со Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување. Во еден момент, агенцијата дури издаде и соопштение во кое се извинува. Поради ова, можно е агенцијата едноставно да заклучи дека нема потреба да ризикува со уште еден лош маркетинг. Агенциите и претходно раскинуваа договори со актери поради слични причини. Пред 10 години, „WME“ го раскина договорот со Мел Гибсон поради неговите непристојни јавни настапи, а своевремено „раскрстија“ и со режисерот и продуцент Брет Ратнер поради наводите за сексуално вознемирување. За потсетување, по скандалот на Оскарите, „Netflix“ и „Sony“ ги одложија претстојните проекти со Вил Смит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignuva-shamar-i-za-vil-smit-dali-vakviot-poteg-seriozno-kje-ja-raznisha-karierata-na-slavniot-akter/feed/ 0
Хамилтон отворен за соработка со ВИЛ СМИТ: „Ќе го раскажам својот пат до успехот во Формула 1 преку филм“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hamilton-otvoren-za-sorabotka-so-vil-smit-kje-go-raskazam-svojot-pat-do-uspehot-vo-formula-1-preku-film/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hamilton-otvoren-za-sorabotka-so-vil-smit-kje-go-raskazam-svojot-pat-do-uspehot-vo-formula-1-preku-film/#respond Wed, 06 Apr 2022 05:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=658964

Луис Хамилтон вели дека би сакал да работи со холивудскиот актер и продуцент Вил Смит. Возачот на „Мерцедес“ објаснува дека филмот на Вил Смит за тениските легенди Серена и Венус Вилијамс го инспирирал да размислува за биографски филм кој го раскажува неговиот сопствен пат до успехот во Формула 1. Направен со поддршка на семејството Вилијамс, „Кралот Ричард“ ја раскажува приказната за тоа како Ричард Вилијамс направил од своите ќерки тениски ѕвезди, но истовремено формирајќи ги како личности со широко образование. Филмот е продуциран од Смит, кој веќе има освоено БАФТА за најдобар актер, а годинава Смит го освои ѝ Оскарот. Хамилтон, кој е пријател и на сестрите Смит и на сестрите Вилијамс, рече дека приказната за подемот на Серена и Венус е инспирација, и дека е подготвен да го раскаже сопствениот пат до врвот на Формула 1 со поддршка на неговото семејство. „Имав навистина среќа што зборував со Серена и Венус за целиот процес и колку тие беа возбудени“, рече тој на прашањето за филмот. „И секако го познавам Вил, многу сум горд на она што тој го претстави со овој филм. Навистина бев трогнат од приказната, од начинот како е претставено нивното напредување во кариерата, го видовме нивниот успех, искушенија и неволји“ – додаде Хамилтон. „Но, како и сите ние, не секогаш разбираме што е потребно за да стигнеме до таму, на врвот. Луѓето веројатно мислат дека тоа е така зашто тие се едноставно најдобри, а не ја разбираат посветеноста, времето и жртвата што треба да се вложат. А Вил успеа да го истакне токму тоа“, продолжува формула 1 возачот. „Зад секој што е успешен секогаш стои некој. Имам неверојатно семејство без кое не би бил овде денес. Мислам дека ова се инспиративни приказни за семејствата. Сигурен сум дека секој што има деца го сака најдоброто за своите деца и сака да создаде најдобра можност и да ги поттикне на вистински начин, а филмот одлично покажа како можете да го направите тоа“. Хамилтон истакна дека засега приоритет му е документарниот филм кој моментално го снима. „Мислам дека еден ден ќе го направм истото, ќе го раскажам својот пат до успехот во филм, зашто, како што споменав, ако вашата приказна може да има позитивно влијание дури и на една личност или едно семејство, тоа би можело да биде неверојатно“, објасни Хамилтон нагласувајќи дека сака на својот филм да работи со Вил Смит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hamilton-otvoren-za-sorabotka-so-vil-smit-kje-go-raskazam-svojot-pat-do-uspehot-vo-formula-1-preku-film/feed/ 0
Крис Рок брои милиони по шлаканицата од Вил Смит https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-broi-milioni-po-shlakanicata-od-vil-smit/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-broi-milioni-po-shlakanicata-od-vil-smit/#respond Sun, 03 Apr 2022 12:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=657748

По шлаканицата која ја доби од Вил Смит на доделувањето на Оскарите, Крис Рок ќе заработи над два милиони долари само од распродадената турнеја, а како што наведува „Сан“ се нижат понуди за тоа каде тој ќе даде првото интервју по инцидентот. Комичарот е преплавен со значајни парични понуди за интервју, а во својата емисија го сакаат и Опра Винфри и Елен Деџенерис. Интервјуто не е единствената работа од која би можел да заработи, бидејќи картите за неговото стенд-ап шоу се најбараните во последните неколку дена. Медиумите наведуваат дека решавањето на инцидентот со Смит со „голема грациозност и смиреност“, придонело неговата популарност да се зголеми. Неговата турнеја е распродадена со месевци однапред, а тој додал и нови датуми поради големиот интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kris-rok-broi-milioni-po-shlakanicata-od-vil-smit/feed/ 0