вила водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 May 2021 09:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вила водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денес средба Мицкоски-Пендаровски во вила Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-sredba-mickoski-pendarovski-vo-vila-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-sredba-mickoski-pendarovski-vo-vila-vodno/#respond Fri, 07 May 2021 05:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=506806

Претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе остварат средба. Средбата ќе се одржи во 15 часот во Вила Водно. Мицкоски пред два дена информираше дека партијата одлучила да ги одрзне односите со претседателот, по што била договорена денешната средба. Двете теми на кои што ќе се разговара на средбата се случувањата од 27 април и актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа нашата држава моментално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-sredba-mickoski-pendarovski-vo-vila-vodno/feed/ 0
Свикан Советот за безбедност, седницата закажана за утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svikan-sovetot-za-bezbednost-sednicata-zakazana-za-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svikan-sovetot-za-bezbednost-sednicata-zakazana-za-utre/#respond Wed, 18 Nov 2020 10:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=431119

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ утре со почеток во 12 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија. -На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република  Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на Пендаровски. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svikan-sovetot-za-bezbednost-sednicata-zakazana-za-utre/feed/ 0
Почна седницата на Советот за безбедност, ќе расправа за состојбата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost-kje-rasprava-za-sostojbata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost-kje-rasprava-za-sostojbata-so-kovid-19/#respond Thu, 29 Oct 2020 10:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=422039

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции. На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, најавена е изјава на Пендаровски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost-kje-rasprava-za-sostojbata-so-kovid-19/feed/ 0
Пахор пречекан во вила „Водно“ со највисоки државни и воени почести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-prechekan-vo-vila-vodno-so-najvisoki-drzavni-i-voeni-pochesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-prechekan-vo-vila-vodno-so-najvisoki-drzavni-i-voeni-pochesti/#respond Fri, 25 Sep 2020 08:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=408302

Словенечкиот претседател Борут Пахор кој престојува во дводневна официјакна посета на Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести. Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна. Пахор и Пендаровски најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Република Словенија. Потоа е предвидена заедничка прес-конференција. Пахор и Пендаровски ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас. Словенечкиот претседател Пахор кој престојува во дводневна во официјална посета на Македонија на покана на Пендаровски, во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Утре, Пендаровски и Пахор ќе заминат за Охрид каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-prechekan-vo-vila-vodno-so-najvisoki-drzavni-i-voeni-pochesti/feed/ 0
Седница на Советот за безбедност во Вила Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-bezbednost-vo-vila-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-bezbednost-vo-vila-vodno/#respond Wed, 23 Sep 2020 05:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=407045

Политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО, ќе биде темата на која ќе се разговата на денешната осма седница на Советот за безбедност на Република Македонија, што ќе се одржи во „Вила Водно“ со почеток во 12:00 часот. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски ќе присуствуваат и директорите на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски, како и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, по завршување на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-bezbednost-vo-vila-vodno/feed/ 0
Гаф на службите од Вила Водно: Претседателот Пендаровски најавен како „Црвенковски“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gaf-na-sluzbite-od-vila-vodno-pretsedatelot-pendarovski-najaven-kako-crvenkovski-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gaf-na-sluzbite-od-vila-vodno-pretsedatelot-pendarovski-najaven-kako-crvenkovski-video/#respond Fri, 15 May 2020 16:34:31 +0000 https://kurir.mk/?p=346359

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција беше најавен како „Стево Црвенковски“, по што и самиот тој изреагира и беше поправене грешката. Инаку, вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави Пендаровски денеска. -Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gaf-na-sluzbite-od-vila-vodno-pretsedatelot-pendarovski-najaven-kako-crvenkovski-video/feed/ 0
Лидерската средба закажана во 12 часот, најавено присуството на политичките лидери, Џафери и Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-sredba-zakazana-vo-12-chasot-najaveno-prisustvoto-na-politichkite-lideri-dzaferi-i-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-sredba-zakazana-vo-12-chasot-najaveno-prisustvoto-na-politichkite-lideri-dzaferi-i-spasovski/#respond Tue, 17 Mar 2020 09:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=317611

Со почеток во 12 часот денеска, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека на лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски. Видео инсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на прес службата на Кабинетот веднаш по почетокот на лидерската средба. Изјавите за медиумите по завршување на лидерската средба, ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-sredba-zakazana-vo-12-chasot-najaveno-prisustvoto-na-politichkite-lideri-dzaferi-i-spasovski/feed/ 0
Седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-za-sostojbata-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-za-sostojbata-so-koronavirusot/#respond Mon, 16 Mar 2020 06:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=317014

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот во земјава. На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата. Претседателот Пендаровски на прес-конференција во петокот најави дека ќе бидат разгледувани евентуалните опции за справување со опасноста од ширење на коронавирусот. Посочи дека има три опции кои на државата и стојат на располагање. Првите две што си наведе – ангажман на армијата без и прогласување кризна состојба, веќе се воведени и се применуваат во оштините Дебар и Центар Жупа, од каде се најголемиот број досега заболени. Трета опција е прогласување вонредна состојба поради загрозување на здравјето на граѓаните од поголем обем, но шефот на државата рече дека според него, засега нема потреба од тоа, но, како што потенцира, допушта дека може да има и други информации и можеби ќе треба да се размислува како опција. Се очекува на седницата да стане збор и за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Партиите до 22 март, како што најавија, ги ставија под мораториум теренските активности за изборите. Претседателот на државата најавувајќи ја седницата на Советот за безбедност, истакна дека и ако се одложат изборите за месец или два тоа нема да биде пропаст на светот додавајќи дека евентуалната одлука за одложување на изборите треба да се донесе со консензус на сите политички страни. Според него, може да се спроведе кампања на социјалните мрежи, но, како што рече, постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи. -Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори. На нашите парламентарни избори во просек гласаат милион луѓе на 3.000 гласачки места, со пет члена во одборите. Ден претходно се спроведува гигантска операција за пренос на материјалот и на крајот материјалот се предава на изборните комисии кога се калкулираат резултатите, рече Пендаровски. Досега, како што додаде, во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места. – Таму сите беа облечени со скафандери, имаше медицински тимови, но тоа беше направено за мала бројка на луѓе, рече Пендаровски. Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за воведување вонредна состојба, шефот на државата рече дека ситуацијата е уникатна и оти нема случај за време на прогласена пандемија да се организираат избори. Членови Државната изборна комисија вчера во пресрет на денешната седница на Советот за безбедност побара партиите и Владата да ја преиспитаат одлуката за изборите, бидејќи здравјето на граѓаните е пред се. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-za-sostojbata-so-koronavirusot/feed/ 0
Пендаровски им измери температура на новинарите пред влезот во Вила Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-im-meri-temperatura-na-novinarite-pred-vlezot-na-vila-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-im-meri-temperatura-na-novinarite-pred-vlezot-na-vila-vodno/#respond Fri, 13 Mar 2020 11:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=316058

Превентивни мерки против коронавирусот има и пред Вила Водно. Имено, новинарските екипи кои денес се упатија на прес-конференцијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беа кратко задржани на влезот со цел да им биде измерена телесната температура, како превентивна перка против коронавирусот. Тој прес-конференцијата ја оддржува на отворено, а во текот на неа посочи дека ова било во насока на почитување на мерките на владата. Ова е нова информација, никаде во мерките на владата не пишува дека треба да им се мери температура на новинарите и снимателите, особено ако држите прес-конференција на отворено. Дел од новинарите посведочија дека биле непријатно изненадени и не се чувствувале баш најдобро кога обезбедувањето на Пендаровски во Вила Водно им најавило и им извршило мерење на температурата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-im-meri-temperatura-na-novinarite-pred-vlezot-na-vila-vodno/feed/ 0
Вила Водно: Името Република Македонија падна и во последното упориште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vila-vodno-imeto-republika-makedonija-padna-i-vo-poslednoto-uporishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vila-vodno-imeto-republika-makedonija-padna-i-vo-poslednoto-uporishte/#respond Wed, 29 May 2019 13:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=203290

Од денеска е избришано името Република Македонија и од последната државна институција – Претседател на Република Македонија. Се менуваат таблите во Вила Водно, по изборот на Стево Пендаровски за претседател на државата. Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, и покрај промената на уставното името, одбиваше да ги промени таблите кога во Македонија масовно се менуваа истите на многу институции и објекти. Сега преку името Република Македонија е ставена налепница на која стои Република Северна Македонија, на три јазика, македонски, албански и англиски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vila-vodno-imeto-republika-makedonija-padna-i-vo-poslednoto-uporishte/feed/ 0