Вилијам Барнс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 06:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вилијам Барнс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-tsia-smeta-deka-putin-mu-podgotvuva-odmazda-na-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-tsia-smeta-deka-putin-mu-podgotvuva-odmazda-na-prigozhin/#respond Fri, 21 Jul 2023 06:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=858612

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија. - Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пренесе Би-би-си. Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија. Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин. Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс. Тој додаде дека Путин би можел да почека со одмаздата. - Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Пригожин избегне понатамошна одмазда, рече Барнс. Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден. Директорот на ЦИА исто мисли како Бајден. „Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА имала информации за бунтот на Вагнер. Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин. Брнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин. - Бунтот на Вагнер беше најдиректниот напад што Путин го видел во неговите 23 години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено врз лаги, рече Барнс. - Ако Украина постигне понатамошен напредок на бојното поле, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Пригожин за војната, нагласи тој. Шефот на ЦИА додаде дека постојат знаци дека Русија би можела да нападне бродови во Црното Море, а потоа да ги обвини Украинците за тоа, јави Би-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-tsia-smeta-deka-putin-mu-podgotvuva-odmazda-na-prigozhin/feed/ 0
Директорот на ЦИА минатата седмица имал тајна средба со Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/#respond Fri, 20 Jan 2023 11:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=789708

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс тајно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од минатата недела во Киев за да разговара за тоа, според него, што планира Русија во наредните недели и месеци, јави Вашингтон пост. Според весникот, која се повикува на американски официјални претставници и други познати извори под услов да останат неименувани, Зеленски и високите украински разузнавачи изразиле загриженост за време на состанокот, особено за тоа колку долго Киев може да се потпира на помошта од Вашингтон и другите западни сили, посебно откако во САД Републиканците сега го контролираат Претставничкиот дом на Конгресот, а меѓу делови на американското општество поддршката за помош на Украина се намалува. Барнс ја нагласил „итноста на моментот на бојното поле“, но истакна дека „во одредена фаза ќе биде потешко да се добие помош“. Според изворите, Зеленски и неговите соработници се под впечаток дека поддршката на американската влада за Украина останува силна и дека итно финансирање од 45 милијарди долари за Украина одобрено од Конгресот во декември минатата година ќе продолжи најмалку до јули или август оваа година. Сепак, Киев не е толку сигурен во изгледите Конгресот да одобри нова помош од милијарди долари, велат изворите на кои се повикува весникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/feed/ 0
Директорот на ЦИА во Киев ќе се сретне со Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-vo-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-vo-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/#respond Wed, 16 Nov 2022 07:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=761405

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е во главниот град на Украина за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и неговите колеги од разузнавањето. Барнс беше на безбедно во американската амбасада за време на руските ракетни напади врз Киев. Неговото патување доаѓа по состанокот во понеделникот во Турција со неговиот колега од руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин. Според официјален претставник на САД, Барнс „разговарал за неговото предупредување кој го испратил до шефот на СВР на Русија да не користи нуклеарно оружје и ја засили посветеноста на САД за поддршка на Украина во нејзината борба против руската агресија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-vo-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/feed/ 0
Барнс: Путин мисли дека ќе напредува во војната со интензивирање на судирите во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barns-putin-misli-deka-kje-napreduva-vo-vojnata-so-intenziviranje-na-sudirite-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barns-putin-misli-deka-kje-napreduva-vo-vojnata-so-intenziviranje-na-sudirite-vo-ukraina/#respond Sat, 07 May 2022 19:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=673450

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната. Барнс на настан организиран од Фајненшл тајмс во Вашингтон кажа дека „душевната состојба“ на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната,пренесуваат британските медиуми. -Верувам дека сега е убеден дека интензивирањето ќе му овозможи да напредува, изјави Барнс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barns-putin-misli-deka-kje-napreduva-vo-vojnata-so-intenziviranje-na-sudirite-vo-ukraina/feed/ 0
Директорот на ЦИА позитивен на коронавирус еден ден по средба со Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-pozitiven-na-koronavirus-eden-den-po-sredba-so-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-pozitiven-na-koronavirus-eden-den-po-sredba-so-bajden/#respond Thu, 31 Mar 2022 17:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656526

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс е позитивен на денешниот тест за Ковид-19 еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција. Брнс носеше маска N-95 на неговиот состанок со претседателот и одржувал физичко растојание. -Нивната интеракција не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ, а директорот Барнс ја сподели информацијата за неговиот позитивен тест поради транспарентност, се вели во соопштението на ЦИА. Барнс (65) е вакциниран со три дози против Ковид-19.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-pozitiven-na-koronavirus-eden-den-po-sredba-so-bajden/feed/ 0
Директорот на ЦИА го посетил Берлин пред Блинкен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-go-posetil-berlin-pred-blinken/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-go-posetil-berlin-pred-blinken/#respond Thu, 20 Jan 2022 14:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=621321

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц и претставници на германското разузнавање неколку дена пред планираната посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Европа, објави Вол Стрит Џурнал. Според извор на весникот, Барнс ги информирал своите соговорници за можните сценарија за развојот на ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина. Тој рекол дека Берлин треба да го запре Северен тек 2 во случај на руска инвазија врз Украина. Изворот тврди дека Шолц не дал јавни изјави за исклучување на гасоводот и такви гаранции дал во приватен разговор. Претходно, Си-Ен-Ен објави дека минатата недела Барнс се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со претставници на украинското разузнавање. Патувањето било однапред испланирано и не било предизвикано од никакви вонредни околности. На средбите се разговарало за можноста за руска инвазија врз Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-go-posetil-berlin-pred-blinken/feed/ 0
Директорот на ЦИА се сретна со директорот на руската безбедносна служба во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-se-sretna-so-direktorot-na-ruskata-bezbednosna-sluzba-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-se-sretna-so-direktorot-na-ruskata-bezbednosna-sluzba-vo-moskva/#respond Tue, 02 Nov 2021 17:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=589914

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“. За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата. Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, кој според многумина е најискусниот дипломат на САД, не беше најавена, а рускиот совет за безбедност не откри други детали. Средбата на двајцата високи функционери се одржува во време кога во руско-американските односи има големи контроверзии. Западните земји воведоа санкции кон Русија по нејзината анексија на Крим во 2014 година. Вашингтон ја обвинува Русија за серија хакерски напади и мешање во изборите во САД. Москва, од друга страна, често ги обвинува САД и Западот дека се мешаат во нејзината внатрешна политика и вршат притисок врз руски новинари. Руси и Американци се сретнаа во Женева на 30 септември за да го продолжат стратешкиот дијалог што Владимир Путин и Џо Бајден го започнаа на брегот на Женевското езеро во јуни. Бајден и Путин на историскиот самит на 16 јуни истакнаа дека дијалогот меѓу двете земји е итно потребен, иако тие не се согласуваат за многу прашања. Тие потсетија дека Москва и Вашингтон разговарале дури и во екот на Студената војна за да го спречат најлошото. Вилијам Барнс, дипломат од кариера, беше амбасадор во Русија и Јордан и заменик државен секретар во времето на Барак Обама. За време на мандатот на поранешниот демократски претседател, тој го охрабруваше зближувањето со Иран, со кој тајно преговараше во Оман во 2011 и 2012 година, иако САД не одржуваа дипломатски врски со Техеран. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-cia-se-sretna-so-direktorot-na-ruskata-bezbednosna-sluzba-vo-moskva/feed/ 0
Поранешниот американски дипломат Вилијам Барнс е новиот шеф на ЦИА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-amerikanski-diplomat-vilijam-barns-e-noviot-shef-na-cia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-amerikanski-diplomat-vilijam-barns-e-noviot-shef-na-cia/#respond Wed, 03 Mar 2021 14:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=476690

Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот. Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации за таа позиција, долгогодишното искуство во националните безбедносни прашања и посветеноста кон јавните служби, која е за пофалба“. За време на сослушувањето пред комитетот, Барнс изјави дека на „сè покомплексната и поконкурентна“ меѓународна сцена, „предаторскиот“ став на кинеската Влада претставува „најголем геополитички предизвик“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-amerikanski-diplomat-vilijam-barns-e-noviot-shef-na-cia/feed/ 0