вилијам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 19:15:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вилијам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смртта на кралицата го направи принцот Вилијам милијардер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-kralicata-go-napravi-princot-vilijam-milijarder/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-kralicata-go-napravi-princot-vilijam-milijarder/#respond Mon, 12 Sep 2022 19:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=731898

Според „Дејли Мејл“ богатството на синот на новиот крал Чарлс Трети, претходно проценето на 34 милиони фунти (околу 40 милиони долари), пораснало на 1,1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари) откако ја доби новата титула, како имотот што му следува со тоа. Наследникот на британскиот трон принцот Вилијам стана милијардер веднаш по смртта на кралицата Елизабета Втора, со добивањето на титулата принц од Велс, објави „Дејли стар“. Според весникот, богатството на синот на новиот крал Чарлс Трети, претходно проценето на 34 милиони фунти (околу 40 милиони долари), пораснало на 1,1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари) откако ја доби новата титула, како имотот што му следува со тоа. Според написот, покрај претходните титули на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон стануваат војвода и војвотка од Корнвол и принц и принцеза од Велс. Титулата принцеза од Велс не ја носеше никој по смртта на принцезата Дијана во 1997 година. Според таблоидот, тоа значи дека двојката сега поседува речиси 52 000 хектари земја во Англија и Велс. Традицијата на британската монархија предвидува титулата принц од Велс да ја носи престолонаследникот. Кога најстариот син на кралицата, принцот Чарлс, се искачи на тронот по смртта на неговата мајка како Чарлс Трети, тој му ја даде на Вилијам титулата принц од Велс. Монархот, исто така, истакна дека принцот Вилијам ќе ги преземе шкотските титули, вклучувајќи ја и титулата војвода од Ротези, како и титулата војвода од Корнвол, која новиот крал ја има повеќе од пет децении.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-kralicata-go-napravi-princot-vilijam-milijarder/feed/ 0
Кралот Чарлс им ги додели титулите принц и принцеза од Велс на Вилијам и Кејт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-im-gi-dodeli-titulite-princ-i-princeza-od-vels-na-vilijam-i-kejt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-im-gi-dodeli-titulite-princ-i-princeza-od-vels-na-vilijam-i-kejt/#respond Fri, 09 Sep 2022 19:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=730956

Британскиот крал Чарлс на својот најстар син Вилијам и на снаата Кејт им ги додели титулите принц и принцеза од Велс, кои тој и неговата покојна сопруга Дијана претходно ги имаа. Дијана беше многу популарна личност која беше под постојана медиумска лупа, а нејзината прерана смрт на 36-годишна возраст предизвика огромна тага во Британија и светот. Од Кралското семејство велат дека Кејт ја ценела историјата поврзана со титулата, но дека ќе се обиде да создаде свој пат како принцеза од Велс. Одржувајќи го својот прв говор пред нацијата по смртта на неговата мајка, Чарлс рече дека е горд што својот наследник Вилијам го направил принц од Велс, титула што Чарлс ја има од 1958 година. „Со Кетрин (Кејт) покрај него, нашиот нов принц и принцеза од Велс, знам, ќе продолжат да ги инспирираат и да ги водат нашите национални разговори, помагајќи да се доведе маргиналното до централното место каде што може да се даде витална помош“, рече тој. фото: EPA-EFE/NEIL HALL]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-im-gi-dodeli-titulite-princ-i-princeza-od-vels-na-vilijam-i-kejt/feed/ 0
Принцот Вилијам првпат се огласи по одлуката на Хари и Меган да се повлечат од кралските должности: „Не можам повеќе да го поддржувам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/#respond Sun, 12 Jan 2020 11:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=288532

Цел живот го поддржував брат ми, но повеќе не можам, изјави принцот Вилијам откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности. Тој изјави дека е тажен поради одлуката на принцот Хари да се повлече од кралското семејство. -Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство. Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности. Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/feed/ 0
Вилијан: Би сакал повторно да работам со Мурињо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vilijan-bi-sakal-povtorno-da-rabotam-so-murinjo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vilijan-bi-sakal-povtorno-da-rabotam-so-murinjo/#respond Tue, 07 Aug 2018 06:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=85253

Бразилскиот фудбалски интернационалец Вилијам призна дека би сакал повторно да работи под водство на Жозе Мурињо. Сепак, тој не кажа дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед каде тренер е Португалецот. - Мурињо е најдобриот тренер со кого сум работел. Имаме добри односи, ние сме пријатели. Понекогаш кореспондираме. Тој е одличен тренер, јас сакам да работам со него повторно. Не знам дали има некој предлог од Манчестер Јунајтед. Но, Мурињо често комуницира со мојот агент и вели дека ми помогна да се преселам во Јунајтед. Сепак, јас сум среќен со Челзи. Ми се допаѓа животот во Лондон. Моето семејство се адаптира овде, па сакам да останам, изјави Вилијам. Тој во Челзи пристигна во 2013 година кога менаџер на „сините“ беше токму Мурињо. Инаку, португалскиот стручњак пред два дена побара од раководството на Манчестер Јунајтед да му обезбеди неколку засилувања за да има конкурентен тим за највисок пласман, а една од желбите му е ангажирање на Вилијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vilijan-bi-sakal-povtorno-da-rabotam-so-murinjo/feed/ 0
Поради Марсијал, Челзи не го пушта Вилијан во Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-marsijal-chelzi-ne-go-pushta-vilijan-vo-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-marsijal-chelzi-ne-go-pushta-vilijan-vo-junajted/#respond Thu, 26 Jul 2018 13:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=81389

Челзи ги продолжува преговорите со Барселона за продажба на Вилијан, а варијанта за трансфер на Бразилецот во Манчестер Јунајтед е исклучена, пишуваат на Островот. Каталонскиот клуб го постави крилото на врвот на својата листа за летни трансфери и нема да се откаже лесно. Кандидат за 29-годишниот Бразилец исто така е Јунајтед, но трансферот на „Олд Трафорд“ е невозможен. По блокирањето на Челзи за Антони Марсијал, „црвените ѓаволи“ се соочија со истиот одговор од „сините“. Минатата година, Челзи му дозволи на Немања Матиќ да се пресели на „Олд Трафорд“ за 40 милиони фунти, а сега нема намера да ја повтори оваа грешка, а продажбата на Вилијан е можна само во клуб од странство. Челзи сака 65 милиони фунти за Вилијан во оваа фаза, но тимот од Лондон се подготвени да ја намалат цената за да го продадат Бразилецот на тим надвор од Англија. Барселона не е подготвена да плати повеќе од 50 милиони фунти. Каталонците се подготвени да ги задоволат финансиските барања на 29-годишниот фудбалер. Бразилецот сака плата од 8 милиони евра за сезона. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-marsijal-chelzi-ne-go-pushta-vilijan-vo-junajted/feed/ 0