вилма рускоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 09:27:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вилма рускоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/#respond Fri, 16 Dec 2022 09:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=776458

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија. Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата -Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/feed/ 0
Рускоска: Немав намера да се кандидира за повторна шефица на Обвинителството за гонење организирал криминал, но по природа сум борец! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-nemav-namera-da-se-kandidira-za-povtorna-shefica-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziral-kriminal-no-po-priroda-sum-borec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-nemav-namera-da-se-kandidira-za-povtorna-shefica-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziral-kriminal-no-po-priroda-sum-borec/#respond Fri, 21 Oct 2022 18:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=749223

Суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска вели дека во повеќе наврати изјавила дека нема намера да се кандидира за шефица во Обвинителството за гонење организирал криминал, но бидејќи „по природа сум борец и се што се случи во последните два месеци, ме мотивираше да поднесам пријава за истото работно место“. -Да не беше временото оддалечување на работното место и предлогот за поведување дисциплинска постапка, сигурно немаше да се пријавам повторно, но како што кажав, борец сум и сакам да се изборам на ниту еден колега во иднина да не му се случи ова, што ми се случи мене. Токму суспензијата и се што следуваше, ќе ги мотивира колегите обвинители да гласаат по свој избор. Сигурна сум дека нема да подлегнат на никакви притисоци, потенцира Русковска во своето гостување на „Топ тема“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-nemav-namera-da-se-kandidira-za-povtorna-shefica-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziral-kriminal-no-po-priroda-sum-borec/feed/ 0
Рускоска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-ima-doverba-vo-koleshkite-deka-dobro-kje-gi-srabotat-predmetite-tehnichki-predmet-i-finansiska-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-ima-doverba-vo-koleshkite-deka-dobro-kje-gi-srabotat-predmetite-tehnichki-predmet-i-finansiska-policija/#respond Fri, 02 Sep 2022 14:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=727950

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која е времено суспендирана, за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Рускоска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ. -Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат, изјави Русковска за „360 степени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-ima-doverba-vo-koleshkite-deka-dobro-kje-gi-srabotat-predmetite-tehnichki-predmet-i-finansiska-policija/feed/ 0
Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева, вели Рускоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ja-doziveam-sudbinata-na-katica-janeva-veli-ruskoska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ja-doziveam-sudbinata-na-katica-janeva-veli-ruskoska/#respond Fri, 19 Aug 2022 10:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=720990

Суспендиранаата обвинителката Вилма Рускоска денеска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа не сакаше да открие детали од истата, бидејќи, како што рече, со жалбата прво треба да се запознаат членовите на Советот. -Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене. Господинот Муареми направи парада нему му истече мандатот па поднесе оставка. Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева, сепак таму се докажа дека нештатат се правеле за пари. Ова не го сметам за суспензија на Рускоска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите. Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети, рече Рускоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ja-doziveam-sudbinata-na-katica-janeva-veli-ruskoska/feed/ 0
Русковска суспендирана додека трае постапката по поднесена кривична пријава, Муареми се повлече https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=719556

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата, а Арафат Муареми вчера се повлече од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Рускоска и Муареми претходно јавно разменија меѓусебни обвинувања откако Oбвинителството изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопштија од Јавното обвинителство. Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми, пак, вчера информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. – Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција. Од Управата, исто така, посочија дека одлуката на јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Муареми на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, откако беше извршен претрес во Финансиската полиција. По оваа најава шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Русковска ги повика сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави“. Русковска во реакцијата наведе дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласи тогаш, меѓу другото, Русковска. Таа воедно побара и европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откако е таа на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми. На повикот на Русковска реагираа Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ во Скопје. -Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, истакна американската Амбасада за Тв Телма. Упатување прашањето да го решат надлежните органи изнесе и Делегацијата на ЕУ во земјава. -Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се додава дека спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за ЕУ. -Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата. Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. На повикот на Русковска тогаш реагираше и Муареми, кој побара од неа доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не да изнесува „празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува“. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми во реакцијата. Тој на брифинг со новинари на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против трите обвинителки за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, појаснувајќи дека претставки до јавниот обвинител, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел поради начинот и незаконитоста во постапувањето на ОЈО ГОКК. Според него, ОЈО ГОКК во барањето до Судот навело дека сторил кривично дело и оти располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело, а на денот на претресот заедно со наредбата за претрес му било врачено и барање за доставување податоци за тоа колку анонимни пријави се доставени до управата почнувајќи од 2018 година до денот на давањето на одговорот. Муареми тврдеше дека претресот во Финансиската полиција бил исклучиво и со цел да му се наруши личниот углед, угледот на Управата и да се попречи неговото работење. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/feed/ 0
Финансиската полиција официјално ги тужи Русковска и другите обвинителки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/#respond Mon, 08 Aug 2022 12:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=715648

На адреса на Основното јавно обвинителство пристигна кривичната пријава што ја најави првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Следува откако во Управата минатиот месец претрес извршија обвинителите за гонење организиран криминал. „Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители за коишто сметаме дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела“, велат од Управа за финансиска полиција. Претходно од Управата за финансиска полиција брифираа дека станува збор за обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а пријавата се однесува за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа. „Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е сè што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка“, нагласуваат од Управа за финансиска полиција. Неофицијално, во основата на пријавата е извештајот од надзорот на Обвинителството на Љубомир Јовески, во кој се констатираат низа неправилности при претресот што го изврши Обвинителството на Русковска. Со денеска поднесената пријава, топката е повторно префрлена кај Јовески. Не се знае дали и кога ќе се постапува по пријавата и дали тој ќе покрене и евентуално обвинение. Од неговото Обвинителство сè уште нема одговор и дали врз основа на надзорот, имаат надлежности да изречат дисциплински мерки за колегите од Обвинителството за гонење организиран криминал или пак ќе чекаат тоа да го стори Советот на јавни обвинители. Веднаш откако директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми ги најави пријавите, обвинителката Вилма Русковска обвини дека ѝ се врши притисок. Таа најави дека ќе ги објави наодите што ги има против Муареми, а тој пак ѝ одговори да покрене обвинение доколку има докази против него, а не да изнесува лажни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/feed/ 0
Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/#respond Thu, 04 Aug 2022 15:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=714186

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации. – Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД. Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/feed/ 0
Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=713907

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува. Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош“- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми. Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. – Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/feed/ 0
Рускоска: Финансиска врши притисок врз Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/#respond Mon, 25 Jul 2022 18:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=710082

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска оцени дека со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот. Таа за Дојче Веле изјавила дека претставката била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во државната институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа во отворената предистрага. „Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен напад на обвинителството и судот“, вели Рускоска за ДВ. Откако минатата недела истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал извршија претреси во финансиската полиција, сод финансиската полиција упатија претставка до јавниот обвинител Љубомир Јовески. Сметаат дека обвинителството требало да побара информации кои би им биле доставени, а не да прави претреси согласно анонимни пријави и без индиции. На тој начин, од финансиската полиција која ја води Арафат Муареми, сметаат дека обвинителството предводено од Вилма Рускоска им го руши угледот и ним и на директорот, а исто така предизвикува и намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/feed/ 0
Боки 13: Камчев парите нека си ги бара кај оние што му ветувале и кај обвинителката Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/#respond Fri, 15 Apr 2022 14:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=663714

Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел ниту преборил пари кои наводно му ги дал Орце Камчев. Тој објасни дека клучниот ден, како и многупати досега, бил во домот на Камчев заедно со Кичеец, но дека пари ниту видел ниту зел. -Претходно Кичеец дојде кај мене дома и ми побара пари кои наводно треба да му ги позајми на Камчев. Парите беа во “Космо” кеса. На средбата кај Камчев не се случуваше ништо невообичаено и во еден момент Камчев и Кичеец се тргнаа во друга просторија. На излегување Кичеец носеше Луј Витон торба, а што имало внатре не знам бидејќи не прашав, а и многупати пред тоа Камчев му даваше слични работи на Кичеец. Тужителот мене ме доведе до заблуда и ме злоупотреби. Затоа Камчев парите треба да ги бара кај оние што му ветувале нешто и кај обвинителката Русковска, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/feed/ 0